Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело „насилство“. Првоосомничениот вчера се заканувал и физички ја нападнал градоначалничката на Скопје, која заедно со вработени во градските служби, по претходна пријава, излегле да извршат вонреден надзор на нелегален објект во градба на улицата „Севастополска“. Тој, како што се наведува, се претставил како сопственик на објектот во градба, па почнал грубо да ја ...

Министерството за внатрешни работи информира дека по вчерашниот инцидент во Општина Чаир, врз основа на оперативни сознанија и безбедносна проценка изготвена од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), донесена е одлука за определување 24-часовни мерки за обезбедување на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. – Градоначалничката во текот на денешниот ден ќе биде контактирана од надлежните служби со цел да се координираат нејзините ...

Американската министерка за правда и воедно главен државен обвинител, Пам Бонди, вчера отпушти уште девет вработени во Министерството за правда, кои работеа за специјалниот советник Џек Смит, кој го истражуваше Доналд Трамп за задржување на доверливи документи и неговите напори да побара преглед на изборите во 2020 година, јавија британските медиуми. Најмалку двајца од отпуштените беа обвинители кои неодамна работеле во обвинителства во Флорида ...

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека руските воздушни напади во текот на ноќта опфатиле неколку области, вклучувајќи ги Харкив, Суми, Л’вивскиот регион и Буковина, и дека притоа биле лансирани 26 крстосувачки ракети и 597 нападни дронови, од кои повеќе од половина биле од типот „Шахед“ од иранско производство. Зеленски потврди дека биле уништени над 20 ракети и огромното количество дронови, за што им се заблагодари на ...

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk. -Граѓаните сега можат брзо и лесно, без чекање и без гужви да закажат термин за следните услуги: издавање лична карта, издавање пасош и издавање возачка дозвола. Процедурата е едноставна и достапна од кој било електронски уред, наведува ...

Од денеска попладне до недела во Галичник ќе се одржува традиционалната Галичка свадба на која годинава младенци се Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски. Нивната венчавка во црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ во Галичник, со извршување на вековните свадбени обичаи и обреди, ќе биде в недела, 13 јули, што е и централен настан на манифестацијата. Организаторот на Галичката свадба – Месната заедница Галичник, најави богата тридневна програма, ...

На повеќе локации во Скопје и околината од вторник, 15 јули, до крајот на август ќе се снима осмиот игран филм по сценарио и режија на Милчо Манчевски – „Збогум, Копакабано“, со работен наслов „Биста“. Филмот е во продукција на „Банана филм“ и со меѓународна екипа од Македонија, Србија, Италија, Велика Британија, Албанија и Бугарија. Се работи за социјална трилер-комедија за брат и сестра – Виктор, момче со интелектуална попреченост, и Малина ...

Уметникот и графички дизајнер Зоран Кардула се враќа на уметничката сцена со нова самостојна изложба насловена „Flora Imaginarium“, која ќе биде отворена на 18 јули (петок) во холот на Националната опера и балет. Изложбата е резултат на двегодишна работа на проект за еден познат македонски бренд, кој Кардула го трансформира во визуелна уметност. „Чест ми е да ве поканам на оваа изложба по подолго време. И покрај топлото време, се надевам дека ќе ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во гостувањето на ТВ Сител изрази жалење и осуда за инцидентот во којшто беше вклучена градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, појасни какви дејствија презело Министерството и ја повика Арсовска да не бега од МВР и од институциите. Тој демантираше дека МВР не постапило по денешниот инцидент. -Не е точно дека МВР не презема дејствија и оти не постапува. За денешниот инцидент факт број ...

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку видео објава на социјалните мрежи изнесе тешки обвинувања за постапувањето на полициските службеници по инцидентот во кој, според неа, била физички и вербално нападната од страна на непознато лице. Арсовска вели дека заедно со советничката Ирена Витина, поминале два часа во полициската станица во Кисела Вода, каде наместо поддршка, добиле третман што таа го оцени како обид за прикривање ...

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска тврди дека денеска при увид и инспекциска контрола на дивоградба во Општината Чаир, таа и екипата која била со неа, биле нападнати прво вербално, потоа физички, со клоци и тоа пред припадници на МВР. Лицето кое, како што вели, најверојатно е сопственик на дивоградбата и се заканувало нејзе и на нејзиното семејство. По нападот, таа се обратила во Ургентниот центар „8-ми Септември“, каде и била ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче бара итно да се осудат насилниците кои ја нападнале градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска додека вршела увид на дивоградба во Чаир, а бара да се поведе постапка против службениците на МВР кои, како што вели, не постапиле и не ги заштитиле претставниците на Градот. -Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, а од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сè уште нема ни збор за осуда. Молкот ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека во нападот при увид на дивоградба во скопската општина Чаир врз градоналаничката на Град Скопје Данела Арсовска имало физички контакт, но, дека е лага и повторен обид за манипулација на јавноста тврдењето оти тоа се случувало пред припадници на полицијата. Тој во интервју за Телма вели дека Министерството за внатрешни работи постапило во два случаи и дека се отворени дисциплински постапки ...

Миграциите во Европската Унија минатата година доведоа до рекорден број од 450,4 милиони жители, надоместувајќи го природниот пад четврта година по ред, покажаа податоците што денеска ги објави Евростат. Од 2012 година, ЕУ бележи повеќе смртни случаи отколку раѓања годишно, со што миграцијата е единствениот фактор за раст на населението. Овој тренд предупредува на големи демографски предизвици, бидејќи сè постарото население и ниските стапки на ...

Рускиот претседател Владимир Путин си играше со американскиот претседател, Доналд Трамп, „како со виолина“ во врска со плановите за Украина, но сега „се преигра“, смета поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер. Јангер, кој ја водеше британската тајна разузнавачка служба од 2014 до 2020 година, верува дека обидите на Путин да го измами американскиот претседател и да го натера да мисли дека се пријатели му се удриле од главата. Тој предупреди дека ...

Во Бундестагот се одржа дебата по повод Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Но, тоа сеќавање беше засенето од инсистирањето на AfD на тврдењето дека „примерот на Босна и Херцеговина покажува дека коегзистенцијата е невозможна“, пишува Дојче Веле на српски јазик. Претседателката на Бундестагот, Јулија Клекнер, на почетокот на едночасовната дебата истакна дека станува збор за невообичаена постапка. „Општата дебата за буџетот ...

Усвоените реформски закони, Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници ќе значат крај за партиските вработувања, клиентелизмот и формалните реформи што со години служеа како параван за нефункционалност, порача денеска министерот за јавна администрација Горан Минчев. Тој на прес-конференција информираше дека овие закони не се само ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, најостро го осудува нападот врз официјални лица од Градот Скопје. Овој брутален напад е последица на атмосферата на страв и беззаконие што ја создава оваа власт. Овој напад е уште еден доказ дека кога се зборува за криминал, кога се откриваат злоупотреби, институциите не ве штитат — туку ве оставаат на милост и немилост на насилниците, реагира портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „Со недели наназад, ...

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани, кратко соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Било кое такво однесување е неприфатливо и надвор од здравиот разум. Воедно бараме институциите да го расветлат случајот, се до конечно дознавање на вистината и утрдување на фактите на случајот кој ја разбранува јавноста“, се наведува во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Градоначалничката на Град Скопје, ...

По околу две недели под контрола е ставен пожарот кај Бешиште, Мариово до грчката граница. Заменик-командирот во прилепската противпожарна единица, Виктор Стојчески истакна дека овие денови гори мешана шума и оти се правеле пристапни патишта за да се локализира пожарот. На теренот се екипи од ЈП „Национални шуми“ од Прилеп, Кавадарци и Битола. -Пожарот кај месноста Жерлезна Врата, близу до границата со Грција во Мариово е ставен под контрола, ...

Американскот државен секретар, Марко Рубио, денеска изјави дека постојат области на потенцијална соработка меѓу Вашингтон и Пекинг, како и дека постојат големи шанси претседателите на САД и Кина наскоро да се сретнат. Рубио се сретна со шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, за време на сесијата на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) и оцени дека разговорот со кинескиот функционер бил многу конструктивен и позитивен. Рубио по ...

Пишува: НИКИЦА КОРУБИН Во сенка на наводната грижа за декларативниот идентитет, и неговата флагрантна политизација преку извештајот на европскиот парламент; падна реалната (не)грижа за вистинскиот идентитет: културното наследство, и тоа она кое е заштитено од страна на Унеско – Охрид и охридскиот регион. Почетокот на летото, е време кога Унеско ги одржува своите редовни сесии и кога прави пресек и проценка на состојбата на сите заштитени ...

Најмалку 798 лица се убиени додека се обидувале да добијат помош во храна во Газа од крајот на мај, соопшти во петок Канцеларијата на ОН за човекови права, објави Гардијан. Од вкупниот број на луѓе убиени додека примале помош во храна од 27 мај, 615 биле во близина на локациите на Хуманитарната фондација во Газа, изјави портпарол на Канцеларијата на високиот комесар за човекови права (OHCHR) за новинарите. Додадено е дека 183 од вкупниот број ...

Турскиот орган за конкуренција го казни технолошкиот гигант „Гугл“ (Google) со 355,1 милиони турски лири (8,86 милиони долари) за кршење на обврските, поврзани со локалните услуги за пребарување со новиот формат наречен „деловни реклами“. Според турскиот регулатор „Гугл“ е казнет оти не ги исполнил обврските насочени кон обезбедување фер конкуренција и заштита на потрошувачите. Исто така е утврдено дека новиот дизајн, означен како „деловни ...

Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска – во изјава за Фронтлјан ја критикува актуелната власт: „Наместо да гради интеркултурна комуникација, оваа Влада ги продлабочува поделбите во општеството.“ Според неа, мултикултурализмот е социјален факт, не идеологија, додека Охридскиот договор го претвори тоа во политички систем. „Сѐ што е надвор од ова е чекор назад!“, вели потпретседателката на СДСМ. – Мултикултурализмот во земјава е социјален факт, ...

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска е физички нападната при извршување на работни задачи во Чаир. Кон неа биле упатени и вербални закани од повеќе лица. Информацијата ја потврдија од Министерството за внатрешни работи од каде соопштија дека инцидентот се случил на улицата „Кумбара“, а случајот бил пријавен во СВR Скопје во 12:15 часот. – На 11.07.2025 во 12:15 чaсот од страна на А.Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при ...

Македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација денеска во натпреварот за пласман од 17. до 21. место на Европското првенство од Дивизијата „Б“ ја совлада Австрија со 78-70 и со тоа дојде до првиот триумф на турнирот во Литванија. Во израмнет натпревар, избраничките на селекторот Виктор Петровски до победата дојдоа со одлично одиграна последна четвртина во која направија разлика од десет поени (21-11) што беше доволно за прва радост. ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска упати порака по повод 30 години од геноцидот во Сребреница, во која оддаде почит на жртвите и истакна дека ова злосторство засекогаш ќе остане опомена за светот. „Денеска се навршуваат 30 години од ужасното злосторство во Сребреница, кога во јули 1995 година, над 8.000 невини луѓе беа убиени во еден од најголемите геноциди во историјата на Европа по Втората светска војна,“ порача Филипче. Тој истакна ...

Македонската фудбалска репрезентација се искачи за пет места на најновата ранг-листа на ФИФА, која беше објавена денеска и се наоѓа на 62 позиција. Напредокот на ФИФА рангирањето е поврзано со успешниот настап во мундијалските квалификации во јуни во кои Македонија одигра нерешено 1-1 против фаворитот Белгија во Скопје, а триумфираше на гостински терен над Казахстан со 1-0. На најновата ранг-листа на ФИФА, Хрватска се врати во Топ 10, ...

– Додека државата гори, додека пожарникарите со мизерни плати се борат со пламените стихии, додека семејствата во Кочани молат за помош и чекаат државата да им помогне, Владата на Христијан Мицкоски ќе потроши 1,8 милиони евра од народните пари за да се луксузира, да прави логоа, брошури, тотеми и кетеринзи за ЕКСПО што ќе се случи дури во 2027 година, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „Повеќе од 110 милиони денари ќе платат на ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.06
23%
1014
weather icon

Белград

35ᴼ / 33ᴼ
6.17
27%
1016
weather icon

Загреб

36ᴼ / 34ᴼ
3.09
30%
1015
weather icon

Софија

33ᴼ / 30ᴼ
6.17
22%
1017
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
6.15
18%
1017
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 32ᴼ
5.66
40%
1017
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
6.17
45%
1013
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
4.63
29%
1013
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
5.14
25%
1011
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 32ᴼ
7.2
24%
1018
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 34ᴼ
1.34
29%
1017
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
11.83
48%
1014
Currency

61.54

Currency

52.5547

Currency

71.3135

Currency

34.3787

Currency

38.1702

Currency

65.2959

Currency

7.32516

Currency

0.66149

Currency

0.35636

Currency

0.52485

Currency

1.28904

Currency

0.60088