Додека Скопје се дави во загадување, јавниот превоз практично не постои, инфраструктурата се распаѓа, а сè повеќе луѓе едвај врзуваат крај со крај – Борко Ристовски и Орце Ѓорѓиевски свечено отвораат уште едно игралиште. Убаво е да има спортски терени. Но ова не е политика – ова е декор, фотосесија во време кога главниот град се распаѓа. Како граѓаните да стигнат до тој „уреден простор“ кога градот е парализиран од сообраќаен хаос? Како да ...

Опозициската СДСМ побара итно запирање на процесот за отворање на нов рудник за антимон во кривопаланечкото село Луке, инсистирајќи на поширока јавна дебата и директно изјаснување на граѓаните преку локален референдум. Од партијата нагласуваат дека најавата на премиерот Христијан Мицкоски за овој проект е сериозно прашање кое задира во одлучувањето за државните ресурси, здравјето на луѓето и иднината на локалните заедници. „За најавата на ...

Цените на нафтата на светските берзи забележаа остар пад откако Иран официјално објави дека Ормускиот Теснец ќе биде „целосно отворен“ за комерцијални бродови до крајот на примирјето. Цената на нафтата од типот „брент“ падна на 88 долари за барел, по претходниот скок над 98 долари во текот на вчерашниот ден. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, потврди дека преминот низ оваа клучна точка, низ која поминува петтина од ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, објави дека скопскиот и охридскиот аеродром ја потврдуваат својата лидерска позиција во регионот, што е нотирано и од специјализираните меѓународни воздухопловни медиуми. Според податоците пренесени од порталот „EX-YU Aviation News“, Меѓународниот аеродром Скопје бележи раст од 32% во споредба со истиот период минатата година. „Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во ...

СДСМ обвинува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ангажирал странска приватна разузнавачка компанија за активности насочени кон опозицијата, повикувајќи се на, како што наведуваат, „ист модел што веќе бил користен во други европски држави“. Во соопштението, СДСМ тврди дека станува збор за израелската компанија „Black Cube“, за која велат дека е „позната како приватен Мосад“. „Мицкоски ги ангажирал ‘Black Cube’ – приватниот ‘Мосад’ ...

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати серија критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за целосна отуѓеност од реалноста и водење на партијата кон бездна. Според партијата, опозицијата наместо да се соочи со сопствените слабости, се занимава со политички случувања во други држави за да најде лажна утеха. „СДС и Филипче стануваат се поарогантни, а и делуваат целосно отуѓени од реалноста. Не се соочуваат никако со ...

Додека сезоната 2025/26 влегува во својата финална фаза, англискиот фудбал се соочува со две екстремни приказни: една за големо враќање на „паднатите“ великани и друга за потенцијално историско испаѓање на еден од најстабилните клубови во Премиер лигата. Враќање на легендата: Ковентри Сити е првиот патник за Премиер лигата! По повеќе од две децении чекање и премрежја низ пониските рангови, Ковентри Сити е првиот клуб кој и официјално обезбеди ...

Научниците предупредуваат дека ниту една мерка за адаптација можеби нема да биде доволна за долгорочен опстанок на Венеција, бидејќи порастот на нивото на морето се заканува целосно да го проголта градот. Според новата студија објавена во списанието „Scientific Reports“, италијанскиот бисер би можел да биде принуден на преселување доколку не се преземат итни и радикални чекори за негово спасување. Студијата ги анализира постоечките и ...

Овој празничен викенд, 18 и 19 април, е под целосна доминација на земјениот, плоден и сензуален знак на Бик. Ова е период на нагло приземјување по бурната енергија на Овенот, време кога космосот нè повикува да забавиме, да ги активираме нашите сетила и да ги продлабочиме врските со материјалниот свет и сопственото тело. Саботата е посветена на „активирање“ – моментот кога започнуваме конкретно да ги градиме нашите долгорочни планови и да ...

Мохамед Салах објави дека ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната 2025/26, со што ќе стави крај на деветгодишната ера на „Енфилд“, потврдија и клубот и самиот фудбалер. Во пораката до навивачите, Салах порача дека сакал одлуката да ја соопшти навреме, од почит кон клубот и поддржувачите, нагласувајќи дека Ливерпул за него бил дом и место каде доживеал незаборавни моменти. Клубот соопшти дека египетскиот напаѓач постигнал договор според ...

Една деценија по историскиот референдум за излез од Европската Унија, расположението кај британските гласачи бележи значаен пресврт. Според најновото истражување на организацијата „Best for Britain“, објавено од The Guardian, поддршката за целосно враќање во ЕУ сега изнесува 53% на ниво на целата држава, додека кај поддржувачите на прогресивните партии тој процент надминува 80%. Истражувањето покажува дека дури 83% од гласачите на ...

Комисијата за култура на СДСМ преку соопштение упати остри критики до министерот Зоран Љутков, обвинувајќи го дека проектите на археолошкиот локалитет Стоби, кои ги претставува како сопствени успеси, всушност се обезбедени и финансирани во време на претходната власт. Од опозициската партија велат дека министерот се занимава со дневна ПР-пропаганда наместо со реална културна политика. Според СДСМ, клучните активности во Стоби не се резултат на ...

Системот за влез во Европската унија (EES – Entry/Exit System) од денеска треба да стане целосно оперативен и да ги регистрира сите странски државјани што ќе ги преминуваат надворешните граница на ЕУ преку кој било копнен премин, пристаниште или аеродром. Со системот што почна да се применува делумно од 12 октомври лани, на надворешните граници на Европската Унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјаните ...

Правната разврска околу поранешниот премиер и бегалец од затворска казна Никола Груевски добива нова динамика по најавените политички промени во Будимпешта. Додека Основниот кривичен суд Скопје официјално потврди застарување на една од неговите затворски казни, истовремено потенцираше дека за останатите дела тој сè уште се соочува со повеќе од една деценија затвор. Оваа правна прецизност се поклопи со заострената реторика на домашната сцена – ...

Денешниот петок 17 април, носи енергија на „продлабочување“ на влијанието на Месечината во Овен. Ова е ден кога првичниот оган на иницијативата се претвора во константен пламен кој бара насока и стратешка примена. Додека вчера беше важно да се започне, денес е клучно да се разбере суштината на нашите мотиви и да се зацврсти позицијата која ја извојувавме. Фазата на продлабочување во Овен нè поттикнува да ја искористиме нашата храброст не само ...

Претседателот Венко Филипче во името на СДСМ упати официјални писма до Европската Унија, Европската комисија, Европскиот парламент, известувачот за Македонија како и амбасадорите на земјите членки на ЕУ за сериозното нарушување на демократскиот и уставниот поредок, поделбата на власта и владеењето на правото во Македонија, соопштуваат од СДСМ. „Подолг период сведочиме на системско поткопување на поделбата на власта, владеењето на правото и ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска упати остри критики до дел од академската заедница кои се противат на новиот Закон за високо образование, обвинувајќи ги за политички шпекулации и страв од воведувањето на нови, повисоки критериуми за избор во звања. Тој изрази задоволство од вчерашниот настан во Владата каде што ректорите на сите државни универзитети дадоа јавна и едногласна поддршка за новото законско решение. Мицкоски ...

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска изјави дека економијата на државата се наоѓа на добра патека, посочувајќи дека во последните шест квартали по ред е остварен просечен раст на бруто домашниот производ од 3,5%. Тој потенцираше дека ваквите резултати се постигнати во услови кога растот во Европската Унија е под 1%, што значи дека домашниот раст е за повеќе од три и половина пати поголем од европскиот просек. Според премиерот, овие бројки се ...

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција соопшти дека партијата поднела кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски. Според опозициската партија, премиерот директно го урива правниот систем со тоа што јавно најавува кривични прогони и однапред нарачува судски процеси против политичките неистомисленици. Од СДСМ истакнуваат дека Мицкоски ги користи државните институции како алатка за ...

На денешната дискусија во организација на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) на панелот „Обликување на Европа заедно – Прогресивни гласови од Западен Балкан“, што се одржа во Барселона, претсеседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, порача дека прогресивните сили се последната линија на одбрана од авторитарните режими. Тој посочи дека кризата на демократијата започна со кризата на социјалдемократијата и на прогресивните сили, соопштуваат од ...

Музичкиот фестивал „Сепак се врти“ отвори кампања за онлајн донации преку платформата за заедничко финансирање „eCrowd“ со цел да се обезбедат средства за овогодишното издание на манифестацијата. Организаторите од колективот „Гола планина“ се одлучија на овој модел откако фестивалот не доби поддршка од Министерството за култура и туризам, иако ресорното министерство го поддржа ланското издание. Овој музички фестивал е од патувачки тип и е ...

Само неколку часа пред стапувањето на сила на 10-дневниот прекин на огнот меѓу Либан и Израел, високиот лидер на Хезболах, Вафик Сафа, во ексклузивно интервју за BBC децидно порача дека групата „никогаш, под ниту еден услов“ нема да го предаде своето оружје. Оваа изјава доаѓа како директен одговор на барањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој разоружувањето на Хезболах го постави како темелен услов за какви било понатамошни ...

Американскиот претседател Доналд Трамп преку официјална објава на социјалните мрежи соопшти дека Иран упатил известување за целосно отворање на стратешкиот поморски премин. Според објавата, преминот е веќе подготвен за непречен транзит на сите бродови. „Иран штотуку објави дека Теснецот е целосно отворен и подготвен за целосен премин. Ви благодарам!“, стои во пораката на претседателот Трамп, која беше споделена и од официјалната страница на ...

Точно на полноќ, во Либан стапи на сила договорот за 10-дневен прекин на огнот меѓу Израел и либанските сили, потег кој беше поздравен со огномет и славенички истрели во Бејрут. Ова привремено примирје доаѓа по шест недели интензивни воени дејствија кои го доведоа регионот на работ на тотална војна. Биланс на жртви и раселени лица Конфликтот остави длабоки лузни на двете страни од границата. Според податоците пренесени од BBC, повеќе од 2.000 ...

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) денеска одржа масовен протест пред Министерството за култура. Културните работници алармираат дека по цели три децении борба за системско уредување на нивните права, денес се соочуваат со обид за целосно укинување на единствениот функционален Колективен договор во овој сектор. Од Синдикатот истакнаа дека овој пат не станува ...

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, денеска на прес-конференција објави дека партијата поднела кривична пријава до Јавното обвинителство против сопствениците и управителите на телевизија Алфа. Пријавата се однесува на сомнежи за организирана шема за перење пари, даночно затајување и фалсификување деловни книги. Според наводите на СДСМ, кривичната пријава опфаќа повеќе физички и правни лица, меѓу кои е и Питер Шац, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно предизвика бурни реакции во јавноста откако на својата социјална мрежа „Truth Social“ сподели илустрација на која е прикажан во прегратка со Исус Христос. Овој потег доаѓа во екот на острата дипломатска и теолошка војна меѓу неговата администрација и папата Лео, кој е првиот американски папа во историјата и жесток критичар на војната против Иран. Сликата го прикажува Трамп со затворени очи како ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) на денешната седница донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73 отсто. Новите, пониски цени стапуваат на сила од ноќеска на полноќ и ќе важат за сите бензински станици во државата. Најголемо намалување има кај дизел горивото, чија цена се намалува за 2,5 денари по литар. Истовремено, малопродажните ...

Новото истражување објавено во списанието „Science Advances“ открива дека критичниот систем на атлантските струи има значително поголеми шанси за колапс отколку што претходно се мислеше. Научниците го опишаа ова откритие како „многу загрижувачко“, бидејќи прекинот на овој систем би имал катастрофални последици за Европа, Африка и Америка, пренесува Гардијан. Атлантската меридијална превртлива струја (Amoc) е клучен дел од глобалниот климатски ...

Пишува: Кристина КОСТОВА Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти. И тоа е најважната вест за Македонија која произлезе од крахот на шеснаесетгодишниот суров, путинистички, антихуманистички режим на Орбан. Впрочем, тоа е и мотивот зад френетичните објаснувања и цинични забелешки на главните „маслени“ пропагандисти дека „џабе се радуваат опозиционерите.“ Истите тие пропагандисти се со години „подмачкани“ за да ја извртуваат ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
0.68
34%
1019
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
5.6
56%
1021
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
2.4
61%
1024
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.54
41%
1019
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
1.0
40%
1018
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
0.5
87%
1024
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
5.81
35%
1013
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
1.2
38%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.58
35%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
5.81
57%
1019
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
50%
1024
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
4.98
76%
1015
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Паладиум

43596.41

Алуминиум

3.36

Платина

56263.81

Сребро

2099.49

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Родиум

278907.73

Бакар

13.39

Злато

141562.95

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Калај

55.56