Новинарката на „Слобода ТВ“, Олена Храмова, и снимателот Јевген Кармазин, беа убиени во руски напад со беспилотно летало врз Краматорск, Донецка област, на 23 октомври, објави регионалниот гувернер Вадим Филашкин, пренесува Кијив Индипендент. Нападот бил извршен со помош на руски камикази дрон „Лансет“, кој удрил во автомобил во кој се наоѓале новинарите, рече Филашкин. Храмова и Кармазин биле на задача во регионот кога биле убиени. Нивната ...

Рускиот претседател Владимир Путин нареди зголемување на бројот на редовната руска армија на 1,5 милиони, што ќе ја направи армијата на Руската Федерација втора по големина во светот. Оваа одлука, како што јавуваат британските медиуми, доаѓа по сè почестите напади на украински беспилотни летала врз клучните рафинерии и гасоводи длабоко на руска територија. Високо рангирани руски воени претставници изјавија дека ќе се обидат да користат ...

Во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија денеска беше доделена државната награда „23 Октомври“ за 2025 година. Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија. Годинава за остварување во областа на културата ...

Сеопфатниот 19-ти пакет санкции кон Русија што денеска го одобрија лидерите на ЕУ, опфаќа дополнителни 69 листи на индивидуални и економски рестриктивни мерки насочени кон „клучните сектори што ја поттикнуваат руската илегална инвазија врз Украина, вклучувајќи ги енергетиката, финансиите и воено-индустрискиот комплекс“. Како што соопшти Советот на ЕУ, со овој пакет се зајакнува контролата врз движењето на руските дипломати низ ЕУ и се преземаат ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и Киер Метер, министер за воздухопловство, поморство и декарбонизација, во Лондон го потпишаа Договорот за редовен воздушен сообраќај помеѓу Македонија и Велика Британија, информира Министерството за транспорт. Оттаму наведуваат дека Договорот ја отвора можноста за воспоставување на нови директни авиолинии меѓу двете земји, а со тоа и зголемување на бројот на туристи ...

До вчера течеа роковите за поднесување евентуални приговори за постапката на гласање и приговори за утврдување и сумирање на резултатите од гласањето, ДИК по истекот на законските рокови објавува за кои општини резулатите од гласањето се конечни. Од 44 општини за кои ДИК во понеделникот објави првични официјални резултати од гласањето за избор на градоналници, во меѓу време констатиравме дека од овие 44 општини во 11 општини се пристигнати ...

Денот кога идеите се претворија во движења, а музиката стана револуција во џебот. Наука, технологија и космос — „Денот кога музиката стана мобилна“ На 23 октомври 2001, компанијата Apple го претстави првиот iPod, уред што засекогаш ја промени музиката и начинот на кој луѓето ја носат со себе. „1.000 песни во твојот џеб“ беше слоганот што го означи почетокот на дигиталната ера. Од тогаш, слушалките станаа симбол на лична слобода, а секој чекор ...

Светската здравствена организација (СЗО), за првпат откако пред две недели стапи на сила прекинот на огнот во Појасот Газа, пренесе тешко болни и повредени деца на безбедно место, јавува ДПА. Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, објави на платформата X дека 41 дете, заедно со 145 придружници, се изнесени од Газа. Сите пациенти се деца, рече портпаролот на СЗО, а поради „оперативни проблеми“, сè уште не може да се открие во кои земји ќе бидат ...

Израел и натаму им забранува на странските новинари да имаат слободен пристап до опустошениот Појас Газа, дури и по договорот за прекин на огнот во конфликтот во Газа, јави ДПА. Иако имаше расправа пред највисокиот суд во Ерусалим во врска со барањето од Здружението на странски новинари (FPA) да им се дозволи на новинарите да патуваат до затворената крајбрежна енклава, судот ѝ даде на израелската Влада дополнителни 30 дена за да презентира јасна ...

Деветнесеттиот пакет санкции кон Русија има многу јасни точки поврзани со енергијата и финансиските институции, чија цел е да се лиши Москва од можностите за финансирање на војната во Украина, изјави денска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас пред почетокот на Самитот на Европската Унија во Брисел. – Среќни сме и за пораките што доаѓаат од Америка во врска со санкции кон Русија. Тоа е важен ...

Британскиот премиер Кир Стармер го опиша Западен Балкан како европски „котел“, отворајќи го самитот во Лондон, кој е главно фокусиран на решавање на предизвикот со миграцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ). Британскиот премиер е домаќин на лидерите на шесте земји од Западен Балкан – Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, додека Велика Британија се обидува да се договори за понатамошни мерки за ...

Јас многупати кажувам дека мора да победуваме дома и тука немам никаква дилема, дека домашната задача е најважна, но мора да победуваме и во Лондон и во Брисел и во Париз и во Берлин и во Рим и во Вашингтон и во другите главни градови на земји-членки и на ЕУ, но и на влијателни држави во светот. Ќе се бориме за да ги браниме националните интереси и интересите на Македонија, генерално и на граѓаните. Иднината на државата е во рамките на ЕУ, тоа е ...

По завршувањето на локалните избори, Македонија се соочува со засилен меѓународен притисок да ги усвои уставните измени, предуслов за отворање на нови поглавја со Европската унија. Лидерите на ЕУ и САД бараат јасен сигнал дека земјата е подготвена да продолжи по европскиот пат. По 2 ноември, Северна Македонија влегува во клучна политичка фаза поврзана со евроинтеграциите. Лидерите на Европската унија и стратешките партнери од САД бараат итно ...

Американските сили извршија уште еден напад во источниот Пацифик врз брод за кој се тврди дека превезувал дрога, при што загинаа три лица, изјави министерот за одбрана Пит Хегсет доцна синоќа. „Нашите разузнавачки служби знаеја дека бродот бил вклучен во нелегален шверц на наркотици, минувал низ позната рута за трговија со наркотици и превезувал наркотици“, рече Хегсет во објава на платформата на социјалните медиуми X. „Тројца наркотерористи ...

Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез и излез е околу 40 минути, а на „ГП“ Блаце околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува ...

Во август годинава просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 45 310 денари, а просечната бруто-плата била 68 180 денари што во однос на истиот месец лани е згоелмување од 10,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Зголемувањето на нето платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита за 14.6 %, Образование за 14.5 % ...

Холивуд зад завесата – Кога научната фантастика престана да глуми и почна да пресметува. Во време кога повеќето холивудски блокбастери го сведуваат универзумот на визуелен спектакл, „Интерстелар“ на Кристофер Нолан направи нешто ретко: го натера светот повторно да верува дека науката може да биде поубава од фикцијата. Од кината, каде што гледачите запираа здив гледајќи ја црната дупка „Гаргантуа“, до лабораториите, каде што физичари анализираа ...

Месечината е во Скорпија, Сонцето штотуку влегува во истиот знак – емоциите се продлабочуваат, а интуицијата се изострува. Ден исполнет со тајни што се откриваат и вистини што бараат храброст. ♈ Овен Денес чувствуваш потреба да се нурнеш под површината на нештата. Месечината во Скорпија те тера да гледаш подлабоко во мотивите – и своите, и на другите. Не брзај со реакција, туку слушај го внатрешниот глас. Можно е некој разговор да открие нешто ...

Експлицитен и понижувачки говор на омраза кон ромската заедница во Неготино упати новоизбраниот советник од партијата Македонска акција – Конзервативна партија (МААК), Љубе Темелков. Во своја објава на социјалната мрежа Фејсбук на 20 октомври, ден по гласањето на првиот круг за Локални избори 2025, Темелков навредливо напиша: „Ѓупците од Криволак со ѓупска работа решаваат со нас 15.000 во Неготино дали ќе живееме во здрава животна средина или ќе ...

Орце Ѓорѓиевски кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во дневникот на ТВ Сител во Тема на денот каде што истакна дека во првите 72 часа ќе направи генералка на цело Скопје и истакна дел од проектите кои се приоритетни како изградбата на подземна сообраќајница во Скопје, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува во интегрална форма. „Проблемот со сметот не е само од денес и не е изминатата недела, ние ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ја откажал очекуваната средба со рускиот претседател, Владимир Путин. „Едноставно не ми се чинеше исправно. Не чувствував дека ќе стигнеме таму каде што требаше – па затоа откажав, но ќе го направиме тоа во иднина“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба на Белата куќа, пренесе ДПА. Кога го прашаа дали мисли дека рускиот претседател сака да ја заврши актуелната војна со Украина, Трамп ...

МВР информира дека денеска ќе има посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје поради одржување атлетска трка. Се работи за траса на движење од паркот „Жена борец“ преку Камени мост, улица „Иљо Војвода“, тротоарот на мостот „Гоце Делчев“ и по кејот на реката Вардар и обратно, за сообраќај ќе биде затворена улицата „Иљо Војвода“, пешачките површини и делот од кејот по кој ќе се движат учесниците во трката. Единицата за безбедност на патниот ...

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, предупреди дека одобрувањето на закон за проширување на израелскиот суверенитет на Западниот Брег од страна на израелскиот Парламент-Кнесетот, потег што е еднаков на анексија на територии што Палестинците ги сакаат за своја држава, би можело да го „загрози“ прекинот на огнот во Појасот Газа. -Мислам дека претседателот (Доналд Трамп) јасно кажа дека ова е нешто што не можеме да го поддржиме во овој ...

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска по Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, што се одржа во Лондон, изјави дека проширувањето на ЕУ е геостратешка инвестиција во безбедноста на цела Европа. https://x.com/kajakallas/status/1981063092860833928?t=D8ELrl1nzDpV4T7b2HZsow&s=19 „Прозорецот за проширување на ЕУ сега е широко отворен. Денеска се сретнавме во Лондон со нашите ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне ...

Денот кога науката се издигна, падобранот се отвори, а светот го задржа здивот. 22 октомври е ден запишан со белези на иновација и храброст — од првиот индиски чекор кон Месечината, до човечкиот скок со падобран што го отвори небото за сите. Ден кога науката, историјата и совеста зборуваат со ист глас. 🔭 Наука и космос — „Месечевиот лет на Индија“ На 22 октомври 2008, Индија го лансираше „Чандрајан-1“, својот прв сателит за истражување на ...

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс денеска во Ерусалим изјави дека разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа ќе бидат „многу тешки задачи“. – Пред нас е многу, многу тешка задача, да го разоружаме Хамас и да ја обновиме Газа, да го направиме подобар животот на народот во Газа, но и да се осигураме дека Хамас нема повеќе да биде закана за нашите пријатели во Израел, посочи Венс пред средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. ...

Премиерот Христијан Мицкоски, кој ја предводи владината делегација во Лондон на Самитот за Западен Балкан – Берлински процес, попладневно информира дека потпишал Меморандум за разбирање со американско-британската компанија „Бурсток“, која што ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија. -Денеска потпишавме меморандум за разбирање со американско-британската компанија „Бурсток’, која што ќе инвестира во наменската воена индустрија во ...

Интензивните руски напади со дронови и ракети врз градовите во Украина однесоа најмалку шест жртви, вклучувајќи две деца. Уште 21 лице беше рането, во уште една ноќ на напади кои дојдоа откако, неколку часа претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговите планови за претстојниот самит во Будимпешта со рускиот претседател Владимир Путин се одложени бидејќи не сака „залуден состанок“. „Не сакам да имам залуден состанок“, им ...

ЏАБИР ДЕРАЛА Во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани CIVIL Today Оваа недела насловите жестоко ги повторуваат тврдењата дека Доналд Трамп „го повикал Володимир Зеленски да ги прифати условите на Владимир Путин или да биде ‘уништен’ од Русија“. Објавите експлодираа на социјалните мрежи и беа коментирани во медиумите ширум светот. Иако тие објави делумно се потпираат на веродостојни извештаи, нивната поедноставена форма го ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
100%
1017
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
88%
1017
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
92%
1017
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
1018
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.88
97%
1018
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 2ᴼ
0.0
93%
1017
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
4.92
88%
1017
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
88%
1016
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
100%
1015
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
2.06
94%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.79
94%
1015
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
94%
1019
Currency

61.5038

Currency

53.1929

Currency

69.846

Currency

34.5366

Currency

37.8684

Currency

66.0499

Currency

7.47357

Currency

0.65794

Currency

0.34652

Currency

0.52488

Currency

0.60009

Currency

1.26056