Скопје од денеска се поврзува воздушно со Мадрид, со директната авилинија што ќе ја опслужува нискобуџетната компанија „Виз ер“. Првиот лет ќе се реализира попладне во 16:05 часот од Меѓународниот аеродром Скопје, каде по тој повод прес-конференција ќе одржат вицепремиерот Александар Николоски, амбасадорот на Шпанија Рафаел Сориано Ортиз, и Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија. Летовите од Скопје до Мадрид ќе се реализираат секој ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени. Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а ...

Руските трупи ги концентрираа своите главни ударни сили во правец на градот Покровск во Доњецкиот регион на Украина, каде што продолжуваат жестоките борби на територијата на градот, објави украинскиот претседател на Украина, Володимир Зеленски. -Разговарав со војската – посебно внимание беше посветено на Покровск, како и на соседните области, рече Зеленски во своето редовно вечерно видео обраќање, пренесено од Укринформ. Тој истакна дека во овој ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, д-р Александар Трајановски, најави дека во првата година од својот мандат ќе започне со реализација на три приоритетни проекти — новата општинска зграда, една од двете планирани градинки и програмата за субвенции за инвертер клими. „Верувам дека функцијата градоначалник мора да значи работа, отчетност и одговорност. Ако не се започне со реализација на проектите во првата година од мандатот, ќе ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, реагираше на засилената негативна кампања во вториот изборен круг, оценувајќи дека таа е резултат на јасниот сигнал што граѓаните го испратија уште во првиот круг. „Ги гледаат анкетите, ги видоа резултатите од првиот круг и се обидуваат на секој можен начин – преку црни кампањи, омаловажување, притисоци и ширење лаги – да направат подобар резултат. Но таа работа во Центар и кај центарци не ...

Македонската ракометна репрезентација денеска имаше собир и ги почнува подготовките во пресрет на двомечот со Јапонија. Селекторот Кирил Лазаров во рамките на ЕХФ недела ќе работи со репрезентацијата, а дуелите со Јапонија треба да бидат воигрување пред настапите на нашиот национален тим на Европското првенство што ќе се одржи во јануари 2026. По објавувањето на списокот на играчи левото крило Дејан Манасков преку социјалната мрежа Фејсбук го ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на новинарско прашање поврзано со кампањата и која е неговата оценка за истата, изјави дека СДСМ води чесна, искрена кампања, насочена кон граѓанските интереси, нагласувајќи ги сериозните изборни притисоци и нерегуларности од страна на ВМРО-ДПМНЕ, кои уредно биле пријавени до ДИК и набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР. „Пријавивме притисоци и закани по работните места ...

На 29 и 30 октомври, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар, ќе се одржи единаесеттото издание на фестивалот за музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“. Годинава фестивалот ја става Холандија во фокус, а свеченото отворање ќе биде со култниот филм „Контрола“ на славниот холандски режисер и фотограф Антон Корбајн. Овој реномиран уметник, познат по своите впечатливи фотографии и музички видеа со светски ѕвезди, ќе биде ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната средба со граѓани во крушевското село Јакреново, Крушево, ги повика граѓаните од крушевскиот регион и во вториот круг од локалните избори да ја дадат поддршката на кандидатот за градоначланик од СДСМ за Крушево, Томе Христоски. Тој посочи дека Крушево и Христоски се пример за тоа како треба да се работи во интерес на сите граѓани. „Во сите места во ...

Неколку месеци откако беше претставена првата министерка создадена со вештачка интелигенција во Албанија, премиерот Еди Рама објави дека е „бремена“. Тој во своето обраќање на Глобалниот дијалог (БГД) во Берлин, наведе дека министерката Диела треба да „роди“ 83 „деца“ со вештачка интелигенција, по едно за секој пратеник од Социјалистичката партија во Парламентот, кои ќе служат како дигитални помошници во простотиите на власта. Презедовме доста ...

Поп ѕвездата Кејти Пери (41) и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо (53) официјално се појавија заедно како пар, потврдувајќи ги гласините за нивната романса. Двојката беше забележана во Париз на 25 октомври, кога ја прославија роденденската вечер на пејачката со романтична посета на прочуениот кабаре театар Crazy Horse Paris, пренесува TMZ. Папарацо-фотографи ги уловија како си заминуваат насмеани и држејќи се за раце. Само две недели ...

Пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ Писма веќе никој не пишува, долги анализи веќе никој не прави. Сé се сведува на кратки пораки кои секој си ги толкува како што нему му одговара. Премиерот доправа ќе добива пораки, барања, до него ќе доаѓаат известувања од министри и владини службеници со фризирана содржина, ама писмо со наслов и крај тешко дека некој ќе му напише. Ова според мене е резултат на изборните победи во последните две години. Кој би требало да ...

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик. – По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници преземаат дејствија за обезбедување докази. Приведени се и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во врска со сомненија за Загрозување на ...

По повод Светскиот ден на мозочниот удар – 29 октомври, Универзитетската клиниката за неврологија утре организира отворен ден за граѓаните за подигнување на свесноста за превенција, препознавање на симптомите рана дијагностика и навремено лекување на мозочниот удар, под мотото „Мозочниот удар се лекува“, соопшти Министерството за здравство. Во рамки на отворениот ден утре во периодот од 10 до 12 часот во просториите на Клиниката за неврологија ...

Државната изборна комисија (ДИК) утре ќе ги објави целосните конечни резултати од гласањето во сите општини поединечно на 19 октомври во првиот круг на Локалните избори, соопшти претседателот на ДИК, Борис Кондарко на денешната 150. седница на Комисијата. -ДИК ја информира јавноста дека ние за денеска планиравме конечно да ги објавиме конечните резултати во сите општини врз основа на спроведените постапки по приговори и поднесени тужби до ...

Американскиот Пентагон изразил незадоволство од начинот на кој режисерката Кетрин Бигело го прикажала ракетниот одбранбен систем на САД во нејзиниот нов филм на Нетфликс, „A House of Dynamite“, пишува Индипендент. Трилерот ја следи приказната за 18-те минути што следат по лансирањето на нуклеарна ракета кон САД, додека државните функционери очајнички се обидуваат да утврдат кој стои зад нападот и како да реагираат. Во една сцена, секретарот за ...

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88 отсто во споредба на претходната пресметка. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 73,5 денари за литар, ...

Италијанскиот фудбалски прволигаш Јувентус го раскина денеска договорот со тренерот Игор Тудор, ден по поразот од Лацио со 0-1 во рамки на 8. коло во Серија А. До назначување на нов шеф на стручниот штаб, тимот привремено ќе го води тренерот на вториот тим, Масимо Брамбиља. „Клубот му се заблагодарува на Игор Тудор и на целиот негов персонал за професионализмот и посветеноста што ги покажаа во изминатите месеци и им посакува многу успех во ...

Гламурот на старото Холивудско време оживеа на студиската локација на Paramount Pictures во Лос Анџелес, каде што се одржа спектаклот „Vogue World: Hollywood“. Настанот, посветен на филмската историја и модната елеганција, го отвори австралиската ѕвезда Никол Кидман, која со својот настап им оддаде чест на легендите од класичниот филмски период. Кидман, оскаровка и октомвриска насловна ѕвезда на Vogue, ја започна вечерта со импресивна ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од СДСМ, д-р Александар Трајановски, во изјава за медиумите ја претстави својата визија за поуреден, зелен и здрав град, со фокус на хуманото живеење и грижата за секојдневието на граѓаните. „Нашата визија за Аеродром е јасна: општина што дише чисто, живее уредено и се грижи за здравјето на своите жители“, истакна Трајановски. Тој најави дека во неговата програма е предвидена целосна реорганизација ...

Цивилизацијата на Маите од Централна Америка одамна е позната по своите импресивни достигнувања во астрономијата и математиката, но сè уште не се разбрани сите детали од нивните пресметки. Ново истражување, објавено во списанието Science Advances, конечно расветлува како древните Маи успевале да ги предвидат идните затемнувања со неверојатна прецизност. Научниците го анализирале Дрезденскиот кодекс – најпознатиот зачуван ракопис за мајанската ...

Германскиот град Минхен се приклучи на трката за германски кандидат за домаќин на Летните олимписки игри во 2036, 2040 или 2044 година, откако жителите на овој баварскиот град ја поддржаа кандидатурата на ререфердум во неделата. Повеќе од 60 проценти од гласачите на референдумот се изјаснија „за“ Минхен да биде домаќин на Летните олимписки игри. Вкупно 1.097.034 жители на Минхен имаа право да гласаат, од кои 460.217 го искористија своето право ...

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулациите објавени на одредени портали за наводна коалиција со Рамиз Мерко, изјави дека се апсолутни неточни. – Тоа се портали кои, претпоставувам, се финансирани од еден ист центар, којшто сега е разочаран бидејќи Рамиз Мерко не ги поддржува ДУИ во вториот круг. Претпоставувам сега за да најдат противтежа, како да направат сензација ...

Во КСП Центар – Јадро вечер ќе биде oтворена изложбата „Мрежи замесени, очи претечени, процеси пер-течени“, дел од континуираната читачка група што веќе пет години функционира во рамките на програмата за критичка теорија и современа уметност. Како што соопштија од Јадро, оваа година форматот е проширен – покрај теоретските средби, проектот вклучува и уметничко истражување кое ја поврзува теоријата со уметничката практика, отворајќи простор за ...

ДУИ и ВЛЕН во меѓусебни обвинувања за анти-НАТО политики, српски влијанија и коалиции со Левица – реториката станува сè поостра пред вториот круг на локалните избори. Пет дена пред вториот круг на локалните избори, политичката сцена во Северна Македонија се наоѓа во атмосфера на зголемени тензии и остри меѓупартиски обвинувања. Главните албански политички субјекти ВЛЕН и ДУИ — разменуваат тешки зборови и меѓусебни критики, додека партијата ...

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека не треба да стравуваме од енергетска криза со недостиг на гас во државава по санкците од САД и ЕУ кон Русија, бидејќи, како што изјави денеска, Владата е подготвена и работи тоа да не се случи. На новинарско прашање Мицкоски потенцираше дека и при неодамнешните ремонтни активности на гасоводот не останавме без гас, односно топланите работеа. – Не, нема да има, подготвени сме, ние ова одамна го ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ја исклучува можноста да се кандидира за потпретседател на изборите во 2028 година, пристап што некои од неговите поддржувачи го предложија како заобиколен начин републиканскиот претседател да добие нов претседателски мандат. – Би смеел да го направам тоа, им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион Air Force One, но додаде: „Не би го направил тоа. Мислам дека е премногу ...

Под влијание на стабилна воздушна маса, следува период на суво и стабилно време. Како што прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи, од утре утринската температура ќе се спушти под нулата, а во одредени котлини ќе има појава на магла. Врнежите што ја зафатија земјава, денеска попладне насекаде ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Во западните делови од државава до крајот на денов ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен ...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги информираат радиодифузерите дека денеска е крајниот рок за објавување резултати од испитувањето на јавното мислење за вториот круг од Локалните избори 2025 година. – Согласно Изборниот законик, анкетите на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот определен за одржување на изборите за вториот круг на гласање, односно ...

Повеќе од 8000 летови вчера беа одложени низ САД, бидејќи отсуствата од работа на контролорите на летање, поради проблеми со буџетското финансирање на нивните плати, продолжија да го попречуваат американскиот воздушен сообраќај, а финансиската блокада на федералната администрација влезе во 26-от ден. Американскиот секретар за транспорт, Шон Дафи, рече дека Федералната управа за воздухопловство во саботата имала проблеми со персоналот за контрола ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
93%
1017
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
91%
1017
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
91%
1017
weather icon

Софија

10ᴼ / 6ᴼ
1.54
63%
1018
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.71
98%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.38
93%
1017
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
3.13
89%
1017
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
88%
1016
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
94%
1016
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 11ᴼ
2.57
95%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
94%
1016
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
94%
1019
Currency

61.5038

Currency

53.1929

Currency

69.846

Currency

34.5366

Currency

37.8684

Currency

66.0499

Currency

7.47357

Currency

0.65794

Currency

0.34652

Currency

0.52488

Currency

0.60009

Currency

1.26056