Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Британскиот возач на Мекларен, Ландо Норис, го презеде водството во генералнито пласман во Формула 1, откако синоќа ја освои Големата награда на Мексико. „Беше одличен викенд. Мора да продолжиме во ист стил. Имав добар старт и добар прв круг и продолжив така. Ова е одлично, голема благодарност до сите фанови“, рече Норис по десеттата победа во неговата кариера,а шеста оваа сезона. Втор низ целта со заостанување од 30 секунди мина Шарл Леклер во ...
Месечината во Јарец ни носи смиреност, зрела перспектива и сила да ги довршиме задачите со достоинство. Ден кога трпението е злато, а резултатите – камен темелник на иднината. Почетокот на неделата е тест на зрелоста, не на брзината. ♈ Овен (21. март – 20. април) Денес си како оган во камен – мора да најдеш начин да блеснеш без да изгориш. Месечината во Јарец те учи на самоконтрола, стратегија и издржливост. Дури и ако некој те провоцира, задржи ...
Во Културно-информативниот центар – Скопје, вечерва, ќе се одржи промоција на книгата „Индиго солзи“ од Нино Наумовски во издание на „Бата Прес“. Како што стои во соопштението на КИЦ, книгата ќе ја промовираат Снежана Стојчевса и Александар Русјаков. Освен со поезија Наумовски паралелно и активно се занимава со музика како сценски изведувач и со водителство на неколку културни настани. Од КИЦ додаваат дека Наумовски се појавува како ветувачки ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, даде изјава од Брвеница, во рамки на вториот круг од локалните избори закажани за 2 ноември 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“. Тој испрати порака неговата лична поддршка и поддршката на Владата ја имаат сите оние кои работат на иднината на заедничката државата без разлика на етничка верска и политичка припадност. -Секој оној кој зборува ...
Американски борбен авион и воен хеликоптер се урнаа во Јужното Кинеско Море кратко време еден по друг по полетувањето од носач на авиони, соопшти вчера американската Пацифичка флота. Сите членови на екипажот се спасени и се во стабилна состојба, соопшти флотата во објавата на „X“, додавајќи дека причината за двата инцидента е под истрага. -Хеликоптерот MH-60R Sea Hawk се урна околу 14:45 часот по локално време вчера за време на рутинска ...
Литванија ги затвори своите гранични премини со Белорусија на неодредено време откако балони од Белорусија го нарушија нејзиниот воздушен простор трета ноќ по ред, соопштија официјални лица на 26 и 27 октомври, пренесува Кијив Индипендент. Меѓународниот аеродром Вилнус привремено ги прекина операциите неколку часа на 26 и 27 октомври поради еден или повеќе балони што летаа во правец на аеродромот, соопштија официјални лица на аеродромот. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска му честиташе на аргентинскиот претседател Хавиер Милеј на убедливата победа на среднорочните парламентарни избори одржани вчера, на кои неговата партија освои нешто повеќе од 40 проценти од националните гласови. „Честитки до претседателот Хавиер Милеј за убедливата победа во Аргентина. Тој одлично ја врши работата! Аргентинскиот народ ја оправда нашата доверба во него“, напиша Трамп утрово на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека би сакал да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ако тој сака и не ја исклучи можноста за продолжување на неговата тековна турнеја низ Азија. -Не сум закажал ништо, но би сакал да се сретнам со него, ако тој сака да се сретне. Се сложував одлично со Ким Џонг Ун, ми се допаѓаше – ако сака да се сретне, ќе бидам во Јужна Кореја“, изјави Трамп пред новинарите во „Ер Форс Уан“ на ...
По секој пораз доаѓа нервоза, а тоа најдобро се виде кај Али Ахмети. Симнат од тронот, излезе да ги навреди Албанците. Почна со „загари“, заврши со „Газиместан“. Ова е вистинскиот Али Ахмети без филтерот на пропагандата и без телепромптерот на Груби, реагираат од ВЛЕН. Оттаму велат дека „победите на ВЛЕН во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и Теарце, како и водството во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и Долнени, целосно го разобличија ...
Десет лица треба да се појават на суд во Париз денеска под обвинение за сексистичко онлајн вознемирување на Брижит Макрон, во најновиот случај предизвикан од години неосновани тврдења за полот на првата дама на Франција. Судењето доаѓа неколку месеци откако Брижит и претседателот Емануел Макрон поднесоа тужба за клевета во Соединетите Држави поради онлајн гласини дека Брижит Макрон е родена како машко. Неоснованите тврдења ја следат ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера изјави дека „многу брзо ќе ја реши“ кризата меѓу Авганистан и Пакистан, и тоа го кажа во време кога во Истанбул се оддржуваше вториот ден од мировните преговори. „Слушнав дека Пакистан и Авганистан започнаа разговори. Но, ќе го решам тоа многу брзо“, рече Трамп на маргините на самитот на АСЕАН во Малезија, јавија американските меидуми. Трамп даде изјава за време на потпишувањето на мировниот договор ...
Стотици илјади цивили се заробени поради ескалацијата на борбите во Ел Фашер, главниот град на суданската држава Северен Дарфур, соопшти вчера Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA). „Со борците што се продлабочуваат во градот и отсечените патишта за бегство, стотици илјади цивили се заробени и преплашени – гранатирани, гладни и без пристап до храна, здравствена заштита или безбедност“, рече координаторот на ОН за итна ...
Аргентинскиот ултралиберален претседател Хавиер Милеј постигна изненадувачки успех на изборите за Конгресот на земјата и покрај низата корупциски скандали околу него и континуираната слаба економија. Неговата партија „Ла Либертад Аванза“ освои околу 40 проценти од гласовите, според изборната канцеларија откако беа преброени речиси сите гласови. Левичарската опозиција доби нешто помалку од 32 отсто. Гласањето, на кое беа избрани половина од Домот ...
Холивуд зад завесата: Џорџ Клуни Во 2013 година холивудскиот актер Џорџ Клуни им приредил незаборавна вечер на своите најблиски пријатели – и буквално им подарил богатство. На вечера организирана во неговиот дом, Клуни им поделил по еден милион долари во кеш, уредно спакувани во куфери на брендот Tumi, а притоа сам ги покрил и сите даноци за подарокот. Приказната првично ја раскажа неговиот долгогодишен пријател Ренди Гербер, кој изјави дека ...
Екипата на Реал Мадрид славеше во дербито на 10.коло на Ла Лига и на домашен терен ја совлада Барселона со 2:1 во 261.то „Ел Класико“. Со овој триумф „кралскиот клуб“ ја прекина серијата на големиот ривал, кој минатата сезона ги доби сите четири меѓусебни натпревари. Дербито почна со досудениот пенал за Реал Мадрид, но по прегледувањето на ВАР снимката судијата го поништи пеналот. Неколку минути подоцна радост на Сантијаго Бернабе, но голот на ...
На автопатот Скопје – Велес, по патарина Сопот, пред тунелите на Башино село, поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се. АМСМ информира дека во меѓу време на истото место се случиле две сообраќајни несреќи со материјална штета. Повредени нема, а сообраќајот се одвива по една коловозна лента. На терен е испратена служба од ПС за БПС Велес. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по ...
Шаховскиот клуб Алкалоид го освои второто место на Европскиот клупски куп (ЕКК) што синоќа заврши на Родос. Во дуелот од последното седмо коло Алкалоид го победи израелскиот шампион Ришон Ле Цион со 4,5:1,5. Цел поен за Алкалоид донесоа: Веи Ју (втора табела – црни); Александар Инѓиќ (петта табла – бели) и Абиманју Пураник (шеста табела – црни). Реми завршија партиите на: Арјун Еригаиси (прва табла – бели); Ју Јангји (трета табла – бели) и ...
Собранието на Косово, со 56 гласа „за“ и четири воздржани, денеска не го избра лидерот на движењето „Самоопределување“, Албин Курти, за премиер. Претседателот на парламентот, Димаљ Баша, по гласањето изјави дека постапката сега бара од претседателката на Косово, Вјоса Османи, да одлучи за друг кандидат за премиер врз основа на уставните овластувања по консултација со партиите. Османи има рок од десет дена да назначи нов мандатар, а во случај и ...
Заврши 40.јубилејно издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во Штип. Третата фестивалска вечер беше резервирана за безвременските песни, хитови кои беа испеани низ изминатите четири деценции на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“. Организаторот, односно градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на основачот на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ му врачи признание за животно дело. Со многу овации, емоции, солзи, ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денес од Аеродром упати повик до граѓаните масовно да излезат на гласање во вториот изборен круг и да ја поддржат кандидатурата на Александар Трајановски за градоначалник на општината. „Ги повикувам сите граѓани на Аеродром да излезат во уште поголем број отколку во првиот круг и да го дадат својот глас за Александар Трајановски“, изјави Филипче, истакнувајќи дека кандидатот на СДСМ ја има поддршката од ...
Возачот на Мекларен Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико. Тој на ноќешните квалификации имаше најдобро време на Автодромот Браќа Родригез. Норис оствари време од 1:15.586 минута. Белег на квалификациите оставија и возачите на Ферари Шарл Леклер и Луис Хамилтон. Тие се пласираа на второто и третото место. Четвртото место му припадна на Џорџ Расел од Мерцедес, а од петтата позиција ќе стартува Макс ...
Двајца мажи беа приведени синоќа како дел од истрагата за грабежот на накит од музејот Лувр во Париз, објавија денеска два извори блиски до истрагата на случајот, потврдувајќи ја информацијата за француските медиуми, пренесува МИА. Еден од осомничените беше уапсен на аеродромот Шарл де Гол во близина на Париз, додека се подготвувал да замине во странство, објави „Паризиен“ и неделникот „Пари-Мач“. Вториот беше уапсен кратко потоа во предградие ...
ФронтКосмос VIII дел: Хелиосфера што има надвор од неа? Сончевиот систем не мирува. Тој патува низ галаксијата со брзина од над 720 илјади километри на час, опкружен со невидлива обвивка – хелиосферата, последната линија меѓу сончевиот ветер и меѓуѕвездената прашина. Но што има надвор од неа? И дали човекот е подготвен да погледне таму каде што и светлината на Сонцето веќе е туѓинец? Хелиосферата – Сонцето како вселенски штит Сончевиот ветер — ...
Уапсените за учество во нелегални спортски облози и организирање на незаконски покер игри, меѓу кои и звучни имиња од американската професионална кошаркарска лига НБА биле поврзани со мафијата „Коза Ностра“, изјави директорот на американското Федерално истражно биро (ФБИ), Каш Пател. ФБИ вчера спроведе голема акција на територијата на Њујорк, при што беа уапсени триесетина лица под сомнение за учество во нелегални спортски облози и организирање ...
Работничката партија на Курдистан (ПКК) денеска објави дека ги повлекува сите свои сили од Турција во северен Ирак, а воедно ја повика Анкара да преземе „веднаш“ законски мерки за да го спаси мировниот процес што започна пред една година. „Спроведуваме повлекување на сите наши сили од внатрешноста на Турција“, се вели во соопштението на ПКК прочитано на церемонија во северен Ирак. Во исто време, движењето објави фотографија на која се прикажани ...
Руската армија успешно ја тестираше својата нуклеарна крстосувачка ракета „Буревестник“, способна да носи нуклеарна боева глава, за која Москва тврди дека може да избегне каков било одбранбен систем, и ќе започне со распоредување на оружјето, изјави претседателот Владимир Путин. Американците ја нарекуваат ракетата „летечки Чернобил“, пренесува МИА. Рускиот генерал Валериј Герасимов, началник на Генералштабот на руските вооружени сили, му рече на ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните „од врата до врата“. Поддршката од центарци во пресрет на вториот круг од локалните избори за Герасимовски значително се зголемува. Тој, на вчерашните средби доби поддршка да продолжи да ја води општината како во изминатите четири години. Герасимовски, на центарци им ги најави клучните проекти за вториот мандат, тоа ...
Граѓани на Кочани, пред нас е клучен момент за иднината на нашиот град. По години на поделби, неправди и притисоци, Кочани заслужува нов почеток – почеток на обединување, одговорност и заедничка работа. Време е да избереме живот, светлина и иднина. Да го избереме човечкото, доброто и она што нè обединува. Кочани треба повторно да заживее — со чест, со правда и со вера, стои во соопштението на независниот кандидат за градоначалник на Кочани, што ...
Венецуела организира воени вежби насочени кон заштита на своите брегови од можни „тајни операции“ одобрени од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави венецуелскиот министер за одбрана Владимир Падрино Лопез. „Развиваме маневри за крајбрежна одбрана. Вежбите започнаа пред 72 часа. Целта е да се заштитиме не само од големи воени закани, туку и од трговија со дрога, терористички закани и тајни операции насочени кон ...
Денот кога Пиколомини го запали Скопје, уметноста се роди, а светот научи да ги слави тестенините. 25 октомври е датум што ги спојува трагедијата и инспирацијата, уништувањето и создавањето. Од огнот во Скопје до платното на Пикасо, од формирањето на Оската до првиот акорд на Кејти Пери — секој момент сведочи за тоа дека човештвото постојано гори, па повторно се раѓа. Историја — Пиколомини го запали Скопје; Се роди Оската на злото На 25 октомври ...