Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески денеска даде свечена изјава во Собранието, а пред медиумите рече дека неговата работа ќе биде во согласност со Уставот, законите, ратификуваните меѓународни документи и меѓународните стандарди. Савески се заблагодари за поддршката и за коректните ставови во однос на професионалните аспекти. – Тоа за мене е голема одговорност и во овој момент сакам да ги повикам сите јавни обвинители заедно со мене, ...
Град Скопје отвори нов шелтер-центар наменет за заштита и поддршка на жртви на семејно насилство, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Со потпишување договор, стан во сопственост на Градот е отстапен на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство „Глас против насилство“, со што се обезбедува сигурен простор за згрижување и помош. Новиот центар ќе нуди заштита, советување и поддршка, со цел жртвите да добијат ...
Документарецот „Цената на правдата“ е отстранет од YouTube по пријави за авторски права, а авторите добија 90-дневна забрана за објавување. Според соопштението на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), пријавите биле поднесени од медиумите Плусинфо и Лидер, поради користење кратки исечоци од нивни видеа во рамки на документарецот. Од ИРЛ наведуваат дека овие материјали биле употребени во контекст на критичка анализа на медиумската ...
Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Помина една година. Но ноќта од 16 март 2025 не поминува. Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 63 луѓе – најмногу млади. Тоа не беа бројки. Тоа беа животи што штотуку почнуваа. Кочани е трагедија. Но и предупредување. И пресуда! Пресуда за еден систем, а уште повеќе, пресуда за власта која се обиде одговорноста да ја префрли на апстрактното поимање на системот – како тие да немаат ништо со тоа. Не постои ...
Собранието со 66 гласа „за“ го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Против неговиот избор гласаа двајца пратеници, додека осуммина беа воздржани. Владиниот предлог го образложи вицепремиерот Александар Николоски, кој истакна дека на државата очајно ѝ е потребна правда и владеење на правото. Тој го опиша Савески како врвен професионалец без ниту една дамка во кариерата. „На Македонија очајно и е потребна правда и владеење на ...
„Станувате соучесници во секој следен напад, во секоја следна жртва“ – ова е пораката што претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, ја упати до пратениците од парламентарното мнозинство, откако по втор пат беше одбиен предлогот за воведување електронски нараквици за следење на насилниците. Во објава на социјалните мрежи, таа остро реагира дека наместо превенција, мнозинството избрало „соучесништво во насилството“. Според неа, одбивањето на оваа ...
Денеска 17 амрт, денот е под влијание на Месечината во Риби, што ја засилува интуицијата, емоциите и чувството за внатрешна насока. Ова е период кога луѓето почесто реагираат од срце отколку од логика, а разговорите и ситуациите можат да добијат подлабока смисла. Бидејќи Месечината се наоѓа во последната фаза пред младата Месечина, енергијата на денот е насочена кон завршување на некои процеси и подготовка за нови почетоци. Ова е добар момент ...
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) соопшти дека работниците во земјата добиле поддршка од Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC), најголемата синдикална организација во светот, по големиот работнички протест одржан вчера за зголемување на минималната и на работничките плати. Според ССМ, „десетина илјади работници“ учествувале на протестот, при што, како што наведуваат, покажале дека не потпаѓаат под притисоци, закани и уцени ...
„На вчерашниот долгонајавуван протест демек на Сојузот на синдикати на Македонија, на дело се докажа она за кое ние ви укажувавме“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ. Петрушевски обвини дека протестот што го организираше Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) бил координиран со СДСМ и дека, како што рече, „вчера сите виделе дека ССМ и СДС делуваат заеднички“. Според Петрушевски, на ...
Хавиер Бардем се појави на 98-тото доделување на Оскарите носејќи беџ што последен пат го употреби пред повеќе од две децении, како протест против војната на Блискиот Исток. Актерот првпат го носеше беџот „No a la Guerra“ („Не за војна“) во 2003 година на Goya Awards, кратко по инвазијата на Ирак во 2003 година. Во тоа време, со овој симбол тој изрази противење на војната што ја започнаа Соединетите Држави во Ирак. Годинава Бардем го носеше ...
Индискиот министер за надворешни работи Сухбрахманјам Џаишанкар синоќа изјави дека постигнал „извесен напредок“ за време на разговорите што ги имал со ирански претставници, а во врска прашањето за повторното отворање на Ормускиот теснец за поморска пловидба што речиси целосно беше затворен по почетокот на воените напади на САД и на Израел врз Иран. „Моментално сум во контакт со нив и разговорите дадоа извесни резултати“, изјави Џаишанкар во ...
Филмот „One Battle after Another“ беше најголемиот победник на 98-тото доделување на Оскарите, кое се одржа во Dolby Theatre во Лос Анџелес. Остварувањето на режисерот Пол Томас Андерсон ја освои најпрестижната награда – Оскар за најдобар филм – и уште пет други значајни категории, со што ја одбележа филмската година. Церемонијата на Оскарите, што ја организира Академијата за филмски уметности и науки, ги наградуваше најдобрите филмови ...
Месечината денеска – 16 март, го заокружува овој дневен хороскоп и продолжува да се движи низ знакот Водолија, знак поврзан со идеи, нови перспективи и колективна енергија. Кога Месечината е во Водолија, вниманието природно се насочува кон разговори, размена на мислења и размислување за иднината. Овој транзит често носи чувство дека нешто треба да се промени или освежи. Некои луѓе чувствуваат потреба да се дистанцираат од емоционални ситуации ...
САД извршија големи воени напади врз иранскиот остров Харг, клучен центар за извоз на нафта, со што конфликтот меѓу САД, Израел и Иран влезе во нова фаза на ескалација, јавува CNN. Нападите се случиле во петокот навечер и биле насочени кон воена инфраструктура на островот, кој се смета за срцето на иранскиот нафтен извоз. Според американски воен претставник, операцијата намерно избегнала директни удари врз виталните нафтени објекти. Островот ...
Во Лос Анџелес вечерва се одржува најголемата филмска вечер во годината – доделувањето на наградите на Академијата за филмски уметности и науки, познати како Оскари. Церемонијата втора година по ред ќе ја води американскиот комичар и телевизиски водител Конан О’Брајан. „Sinners“ води со најмногу номинации Хорор филмот Sinners на режисерот Рајан Куглер освои дури 16 номинации за Оскар, со што се вбројува меѓу филмовите со најмногу номинации во ...
Неделата од 16 до 22 март носи постепена, но многу јасна астролошка динамика. Почетокот на периодот се одвива под влијание на Месечината во Риби, што создава атмосфера на интуиција, чувствителност и потреба за внатрешно расчистување. Ова е момент кога многумина ќе почувствуваат дека некои ситуации треба да се затворат или да се разберат на подлабоко ниво. Веќе од вторник енергијата се менува. Месечината преминува во Овен, носејќи силен импулс ...
Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ Колку треба да си исклучен од реалноста овој народ работнички кој бара минималец од 600 евра и нормални плати за преживување да го наречиш дека е под команда на партија дојден на протестот? Колку треба да си оддалечен од секојдневието на луѓето за да мислиш дека илјадници работници од цела Македонија кои денеска допатуваа во Скопје да бараат пристоен живот, ќе излезат на улица затоа што некој им рекол, а не затоа што ...
„Помина цела недела, Владата не презема никакви мерки за намалување на цените на горивата“, соопштија од СДСМ, обвинувајќи ја Владата предводена од Христијан Мицкоски дека не реагира на растот на цените. Во соопштението се наведува дека поскапувањето на горивата веќе има директни последици врз цените на основните производи. Според партијата, притисокот од новите цени веќе се чувствува во маркетите, при што како пример се наведува дека „цената ...
Италија има повеќе светски наследства под заштита на УНЕСКО од која било друга земја во светот. Повеќе ремек-дела по квадратен километар од каде било. Повеќе музеи, урнатини, цркви и галерии отколку што може да посетите во еден живот. А сепак, секој ден туристи губат часови во погрешни редици, плаќаат трипати повисоки цени за билети, ги враќаат од врата поради несоодветна облека и брзаат низ простории што заслужуваат часови – затоа што никој ...
Денеска беа одбележани 45 години од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи – една од најреномираните и највисокопрофесионални полициски формации во државата, информираат од Министерството за внатрешни работи. како што нагласуваат на настанот се обратил министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој истакнал дека „во изминатите четири и пол децении ...
На 4 март го одбележуваме Светскиот ден за подигнување на свеста за хуманиот папилома вирус (ХПВ) – еден од најчестите вируси што се пренесуваат по сексуален пат и главен причинител на карцином на грлото на матката. Овој ден е потсетник дека станува збор за сериозен, но, превентабилен здравствен проблем, соопштија денеска од Македонската асоцијација на гинеколози и опстеричари (МАГО). – ХПВ претставува група од повеќе од 200 типови вируси, од ...
Во пресрет на 98-тото доделување на наградите на Американската филмска академија, филмските критичари на BBC ги објавија своите финални прогнози за најважните категории на Оскарите. Според нивната анализа, неколку категории се практично решени, додека други остануваат неизвесни до последниот момент. Трката за најдобар филм станува непредвидлива На почетокот на сезоната на награди изгледаше дека главната битка ќе се води меѓу филмовите Hamnet ...
Физичкиот изглед често игра важна улога во првиот впечаток. Но психологијата на односите покажува дека привлечноста ретко се задржува само на надворешниот изглед. Истражувања од универзитетите Харвард и Стенфорд укажуваат дека долгорочната привлечност најмногу зависи од однесувањето, емоционалната интелигенција и начинот на комуникација меѓу луѓето. Токму затоа понекогаш се случува маж кој на прв поглед изгледа привлечно и самоуверено брзо да ...
Четворица од шесте членови на екипажот загинаа откако американски воен авион за полнење гориво се урна во западен Ирак, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM), пренесува NBC News. Несреќата се случила во четврток за време на операции поврзани со војната меѓу Иран и САД. Според соопштението на американската војска, станува збор за авион KC-135 Stratotanker, кој се користи за полнење гориво во воздух на борбени авиони. Спасувачка ...
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави голем работнички протест за зголемување на платите, кој ќе се одржи денеска на 14 март во Скопје, со почеток во 12:05 часот пред Работничкиот дом, седиштето на ССМ. Според соопштението на ССМ, протестот ќе започне пред зградата на синдикатот на улицата „Мирче Ацев“ во центарот на Скопје и ќе продолжи низ повеќе улици во градот, по што ќе заврши пред Владата. Протестна маршрута низ центарот на ...
Викендот 14 и 15 март носи интересна промена во енергијата на деновите. Саботата се одвива под влијание на Месечината во Водолија, додека во текот на неделата таа преминува во Риби. Овој премин носи двоен ритам – од интелектуална слобода кон емоционална длабочина. Саботата ја носи енергијата на Водолија, знак поврзан со идеи, разговори и нови перспективи. Ова е момент кога многумина ќе почувствуваат потреба за социјална интеракција, размена ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во интервјуто за неделникот Фокус, посочи дека премиерот Мицкоски наместо да им помогне на граѓаните со конкретни мерки во овој период на ценовни шокови, тој им држи лекции како да живеат, само за да не ја покачи минималната плата. „Погледнете ги цените во маркетите, погледнете ја цената на струјата. Енормно поскапеа горивата.Што да прават луѓето? Мицкоски вели не ...
„Постојат настани во историјата на една држава кои не се мерат со време, туку со болката што ја оставаат зад себе. Трагедијата во Кочани е еден од тие настани.“ Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски на конференцијата посветена на одбележувањето една година од трагедијата во Кочани, нагласувајќи дека станува збор за настан кој оставил длабока рана во македонското општество. „Таа беше трагедија на еден град. Но и трагедија која ја потресе ...
По силната и блескава енергија на Лавот, зодијакот влегува во поинаква фаза. Ако Лавот ја слави индивидуалноста и креативноста, следниот знак ја носи енергијата на организацијата и разбирањето на светот преку детали. Тоа е Девицата. Како шести знак на зодијакот, Девицата ја претставува фазата во која животот бара ред, систем и подобрување. Таа не се води од импулс или драматична емоција, туку од нешто многу пофино – вниманието кон малите ...
Војната меѓу САД, Израел и Иран се шири кон морето, со напади врз нафтени танкери и бродови во близина на Ормускиот теснец – еден од најважните енергетски коридори во светот, низ кој поминува околу една петтина од глобалниот извоз на нафта, јавува CNN. Нападите врз цивилни бродови и енергетска инфраструктура ја зголемија загриженоста дека конфликтот во Блискиот Исток може сериозно да ја потресе светската економија. Напади врз танкери и ...