
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара итно повлекување на законот за полиција, предложен од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Како што соопшти денеска на прес конференција пратеникот на СДСМ Миле Талевски, овој предлог закон сметаат дека е опасен и антиевропски. – Предлог законот е опасен, антиевропски, главно корумпиран обид за формирање на партиска полиција, под команда на Тошковски. По стапките на Никола Груевски, ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарско прашање кога ќе се официјализира коалицијата со владините партнери ЗНАМ и со ВРЕДИ и како ќе настапат на локалните избори, одговори дека разговорите се конструктивни и оти очекува процесот да се финализира во втората половина на август. -Што се однесува до настапот на локалните избори, разговорите се исклучително конструктивни, се движат во позитивна насока, очекувам по годишните ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши при денешната посета на Тетово на новинарските прашања најави дека локалните избори ќе се распишат во првата половина од август. Според него тој период претставува законски утврден термин. -Очекуваме и чекаме уште малку да видиме дали може да донесеме закони и да не попречиме во работата на другите институции. Ќе гледаме да ги искористиме максимално овие денови. И во утврден датум каде што е во рамките на ...
Градот Скопје се наоѓа во една очајна состојба, политиката мора да се тргне од градот кога се во прашање интересите и потребите на граѓаните, потенцираше потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, во вечерашното интервју во „Тема на денот“, на телевизија Сител. Во интервјуто Шукова се осврна на трите најгорливи проблеми со кои секојдневно се соочуваат скопјани – јавниот превоз, чистотата и ...
Ребалансот на буџетот не е само техничка корекција, туку резултат на анализа на тековните економски движења и прилагодување на приоритетите. Со него нема да се финансираат кампањи, туку ќе се финансираат проекти, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска пред денешното гласање за Ребалансот на буџетот за 2025 година. Во обраќањето по завршување на собраниската расправа, министерката рече дека ребалансот е дел од редовната ...
Собранието попладнево со 65 гласа „за“ и 14 гласа „против“ го донесе Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година. Во текот на расправата, власта и опозицијата со спротиставени мислења за овој стратешки економски документ. Ставот на владејачкото мнозинство е дека Дополнетиот ребаланс на Буџетот ќе обезбеди економски раст и дека се работи за буџет во кој има повеќе средства за пензионерите, за младите и за реализација на големи капитални ...
Министерството за внатрешни работи информира дека на социјалните мрежи во последните денови има лажна објава во која се тврди дека некои малоплодажни компании за техника наводно нудат модерни телефонски уреди преку „внатрешна програма” поради оштетена амбалажа. – Доколку забележите ваква објава: НЕ кликнувајте на линкови во вакви објави, НЕ споделувајте лични информации, НЕ потпаѓајте на приказни кои играат на емоции за да ви измамат доверба, ...
Министерството за финансии изврши исплата на главницата и каматата за втората година од издадената прва Грѓанска обврзница. На сметките на 1 448 граѓани, кои на аукцијата објавена во 2023 година запишаа граѓански обврзници се исплатени 1,4 милијарди денари (23,5 милиони евра), износ кој беше запишан во граѓански обврзници и камата за втората година во износ од 72,4 милиони денри (1,2 милиони евра). Првата граѓанска обврзница беше издадена на 13 ...
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На Граничниот премин Табановце за влез и на граничниот премин Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 30-40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Во периодот од ...
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје апелира до сите жители на Скопје за рационална и совесна употреба на водата за пиење, како и избегнување непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени и сл. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ и денеска се продолжува со енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода на дневно ниво, што предизвикува повторно нарушување на ...
Центарот за управување со кризи по добиено известување од ЕВН Македонија АД информира дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Карпош и Кисела Вода. Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. Бриселска во Општина Карпош, а во од 09.35 до 12.00 часот, корисниците од улиците Студеничанска и Драчевска, како и корисниците од реонот кој гравитира кон ул. Јустинијан Први во Општина ...
Поради топлотниот бран и високите температури што од вчера ја зафатија Грција, археолошките локалитети во Атина, како и Акропол заклучно со петок, ќе бидат затворени за туристи во периодот од 12 до 17 часот, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за култура на Грција и од Археолошката управа во Атина соопштија дека одлуката што важи до 25 јули е за заштита на вработените и посетителите од високите температури. Новиот топлотен бран ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека е постигнат трговски договор со Токио, според кој Јапонија ќе плаќа реципрочни царини од 15 проценти за стоки извезени во САД, се вели во објавата на неговата социјална мрежа Truth Social. Трамп, исто така, рече дека Јапонија се согласила да инвестира 550 милијарди долари во САД, при што Вашингтон ќе добие „90 проценти од профитот“. Американскиот претседател не даде дополнителни детали за ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека интензивно работи со професори и со министерот за економија и труд, за преземање мерки за намалување на цените на производите, како и на предлог за нови анализи за потрошувачката кошничка. Тој денеска од Тетово на прашањето за денешното објавување на висината на минималната синдикална кошничка, која е повисока за 600 денари и дали се размислува за нови мерки одговори и дека очекува наскоро да биде закажан ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент, во која ќе се потврди посебноста на македонскиот идентитет и македонскиот јазик, би било пример двете држави да покажат што значи добри соседи и меѓусебна поддршка. Не одговори дали од официјална Софија има одговор на неговиот предлог за заедничка резолуција, но посочи дека тоа што го предложил е „одговор на темата што ја отворил бугарскиот ...
– Во целосен очај и паника е ВМРО-ДПМНЕ откако се обелодени скандалот дека Мицкоски имал бугарска самосвест и барал да извади бугарски пасош. Мицкоски се уште на ги демантира информациите за тоа дека барал бугарско државјанство, па наместо тоа во паника мора да ја обивнуваат СДСМ за да си го спасат рејтингот, соопштуваат од СДСМ. „Кампањата на ДПМНЕ преполна со лаги, навреди и барање внатрешни непријатели е одамна прочитана книга. Излитена плоча ...
Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри, лекари и друг персонал ќе добијат договори за вработување на неопределено време, најави на денешната прес-конференција, министерот за здравство, Азир Алиу. Со ова, како што кажа ќе заврши агонијата на 155 лица од кои некои од нив со години работат во институцијата без решен статус. Тој ја обвини опозициската ДУИ дека со децении, иако биле на власт не го решиле проблемот на овие лица. – ...
Два ер-трактори претпладнево го гаснеа пожарот кој избувна во атарот на преспанските села Езерани, Волкодери и Покрвеник. Од секторот за односи со јавност на Општина Ресен, за МИА попладнево потврдија дека побарана е помош за дополнително дејствување на ер-трактор и гаснење на огнот кој не е локализиран. -Оштетени се повеќе површини, а опасноста го демне и националниот парк Езерани, кој како што е познато, претставува заштитено подрачје. На ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска остварил средба со министерот за економија на Република Азербејџан, Микаил Џабаров, на која разговарале за можностите за унапредување на соработката меѓу двете земји. На состанокот, како што соопшти собраниската прес-служба, присуствувал и заменик-генералниот секретар на Собранието, Никола Ѓошевски. -Претседателот Гаши изрази задоволство за денешната средба со министерот Џабаров, која се реализира ...
Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Од интервјуто што го даде премиерот Христијан Мицкоски за Канал 5 на 17 јули не очекував ама баш ништо посебно, но морам да признам, ме изненади со едно признание. Ќе набројам само неколку поенти, со забелешка дека дел од овие констатации се однесуваат на неговите јавни настапи воопшто. Ајде прво за општите впечатоци кои воопшто не се изненадувачки. Ако не навлеземе во длабочината, тогаш ќе останеме на површината – гласи ...
Папата Лав Четиринаесетти денеска телефонски разговарал со палестинскиот претседател Махмуд Абас, соопшти Ватикан. Според соопштението објавено од прес-службата на Светата Столица, папата примил повик од претседателот Абас при што разговарале за најновите случувања во конфликтот во Појасот Газа и насилството на Западниот Брег. – За време на телефонскиот разговор, Светиот Отец го повтори својот апел за целосно почитување на меѓународното ...
Академик Катица Ќулавкова остро реагираше на предлогот за заедничка резолуција меѓу Македонија и Бугарија за потврда на македонскиот јазик и идентитет, инициран од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Таа предупреди дека таквата иницијатива претставува загрозување на веќе стекнатиот статус на македонскиот јазик и идентитет и повика на институционална воздржаност од вакви, како што вели, политички импровизации. „Предлогот за заедничка ...
Петнаесетгодишниот Андреј Ѓурчиновски испиша историја со освојување на бронзен медал во категоријата „десетка“ на Европското првенство во билјард за играчи до 17 години, кое се одржува во Подчетртек, Словенија. Ова е четврт настап на Ѓурчиновски на големите континентални собири, при што тој минатите години остваруваше пласмани како делба на петтото место со пласман во четвртфинале. Согласно пропозициите, младинците играат во четири поединечни ...
Денеска во 07.16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје настанал пожар во автобус на ЈСП, управуван од С.Б., додека се движел по булеварот. „Огнот бил изгаснат од страна на С.Б., која што потоа со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од ...
Шампионот Шкендија и куп-освојувачот Вардар ги добија можните противници за 3. коло во Лигата на шампионите, односно Лига Европа, како и Конференциската лига. Во случај Шкендија ја помине Стеауа, тогаш ќе игра со еден од победниците во пресметките: Ноа/Ференцварош, Пафос/Макаби или Шелбурн/Карабах. Ако биде елиминирана од ЛШ, тогаш Шкендија ќе игра во Лига Европа, а можни противници се поуспешните од двомечевите: Пафос/Макаби, Слован/Зрињски или ...
– Иницијативата за усвојување заедничка резолуција во Европскиот парламент со цел потврдување на македонскиот идентитет и јазик – според мене, само на прв поглед изгледа како прагматичен и умерен обид за надминување на блокадата со Бугарија. Ако се задлабочиме, ќе мора да се признае дека оваа стратегија носи значителни ризици и може да создаде уште подлабока и потрајна политичка стапица од онаа што веќе ни е поставена и со Договорот за ...
Комесарот за правда на Европската унија, Мајкл Мекгра, изрази шокираност од токсичноста и опасностите што ги носат некои производи продавани преку кинеските онлајн платформи Shein и Temu, во контекст на засилена европска акција против овие трговци. „Шокиран сум од тоа што го видов. Имаме должност да ги заштитиме европските потрошувачи“, изјави Мекгра за Гардијан, во пресрет на објавувањето на резултатите од голема тајна операција на купување, ...
Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски денеска изрази уверување дека предлогот за заедничка резолуција со Бугарија до Европскиот парламент, со која ќе се потврди самобитноста на македонскиот идентитет и јазик е стигнат и сега Софија е на потег, како што рече, да застане на страната на прогресот, што не е само наш, туку и европски интерес. Муцунски одговараше на новинарско прашање во врска со најавите на премиерот Христијан Мицкоски дека ќе побара ...
Ве молам болката е преголема, се уште сите ја чувствуваме. Ве молам таа тема да ја оставиме на политичките глодари и лешинари, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, во Тетово и посочи дека сочувствува со болката на родителите и семејствата на загинатите млади луѓе во кочанската дискотека. – Јас сочувствувам со родителите. Ве молам да ја оставиме таа тема на тие луѓе што навистина чувствуваат голема болка, а не што сакаат ситни политички ...
Иран смета дека европските земји се виновни за неуспехот на нуклеарниот договор од 2015 година и ги обвини дека не ги исполниле своите обврски, соопшти денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи на земјата. Претставници на Техеран треба в петок во Истанбул да се сретнат со колеги од Франција, Германија и Велика Британија за да разговараат за нуклеарните активности на Иран. Париз, Лондон и Берлин во последните неколку недели му се ...