Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Музичката легенда Карлос Сантана колабираше на сцена за време на вчерашниот настап во Мичиген. Според изјавата на неговиот менаџер, причината била „топлотна исцрпеност и дехидрација". Фото: CNN Натсапот на Сантана се случуваше во музичкиот театар Пајн Ноб, амфитеатар на отворено во Кларкстон, кој е на околу 64 километри од Детроит. Температурите во Кларкстон достигнаа до 31 степени во вторникот, речиси 10 степени над просекот, а 74-годишниот ...
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам вчера премиерно се појавија на годинешниов Вимблдон на мечот помеѓу Британецот Камерон Нори и Белгиецот Давид Гофан. Покрај тоа што важи за еден од најетаблираните тениски турнири, Вимблдон е секогаш е интересен да се анализира и од стилски аспект кога е во прашање публиката, особено кога британското кралско семејство е во фокусот. Кејт Мидлтон речиси и да нема модно промашување на овој настан. И за премиерното ...
За својата ревија на Висока мода есен-зима 2022-2023 година, куќата Шанел ја напушти палатата Grand Palais Éphémère и се пресели во Étrier de Paris, во Bois de Boulogne. Шанел го започна вториот ден од Модната недела на Висока мода со грандиозна ревија оркестрирана од Етриер де Париз и по втор пат го пат го повика Хавиер Веилхан со кого претходно работеше за декорацијата на колекцијата на Висока мода пролет-лето 2022 година. Комбинирајќи ...
Откако направи драстична трансформација за Мет гала, со цел да го облече фустанот што оригинално го носела Мерилин Монро во 1962 на роденденот на Џон Кенеди, Ким Кардашијан во новата кампања за нејзиниот бренд Skims е повторно непрепознатлива. Веројатно на прва ќе се посомневате, но да, на фотографиите што неодамна беа објавени на Инстаграм е Ким Кардашијан комплетно трансформирана во естетиката на познатата серија од 80-те „Династија". Со ...
Можеби еден од најатрактивните популарни ликови за филмаџиите кои се занимавале со биографски филмови несомнено е Кралот на рокенролот - Елвис Присли! Оваа година за музичката биографија во режија на Баз Лурман, улогата на Елвис Присли му беше доделена на Остин Батлер. За оваа прва главна филмска улога, младиот актер посветил две години за комплетно да го трансформира својот изглед, како и своето држење и однесување. Напорниот труд секако се ...
Грациозна, а истовремено забавна и со смел пристап кон модата. „Age plus" шпанската блогерка Пилар де Арсе навистина знае како да го истакне најдоброто од себе, а притоа да се забавува со сите можности што ги нудат модните тенденции и да ги приспособи на својот стил. Оваа дама во шестата деценија од животот стана популарна на социјалните мрежи како „age plus" блогерка во која жени од различни возрасти наоѓаат модна инспирација и мотив храбро да ...
Грациозна, а истовремено забавна и со смел пристап кон модата. „Age plus" шпанската блогерка Пилар де Арсе навистина знае како да го истакне најдоброто од себе, а притоа да се забавува со сите можности што ги нудат модните тенденции и да ги приспособи на својот стил. Оваа дама во шестата деценија од животот стана популарна на социјалните мрежи како „age plus" блогерка во која жени од различни возрасти наоѓаат модна инспирација и мотив храбро да ...
Кога украинската уметница Олесија Трофименко се претстави со својата колекција оваа пролет, на Марија Грација Кјури ѝ стана јасно дека везот влече потекло од украинската народна носија. Кјури веднаш пројави интерес за соработка со Трофименко за есенското шоу за висока мода, а уметницата која живее во Киев, предложи користење на симболот на Дрвото на животот како елемент од украинскиот фолклор, кое исто така се провлекува и во други култури и ...
Имаме СУПЕР вести! Директно од временската машина на Fashionel... Радосни сме што конечно може да ве запознаеме со нашето првенче: RETRO BABE – прва линија маички со оригинални дизајни кои го враќаат ретро духот на урбаните улици и во вашиот гардеробер. Ретро е кул. Ретро е забавно. Ретро е фрекфенцијата на ова лето. Кејт Буш се врати на врвот на топ листите... Вистинско време е за рето! Новата линија на маички на Fashionel ве носи на временско ...
Денес постојат бескрајни можности и неодоливи модели на бикини кои не само што успеваат во тоа да направат жените да се чувствуваат убаво и добро во својата кожа, туку и значително да ја крене нивната сигурност и самодоверба. Но, се чини дека враќањето на костимот за капење со висок струк во мода ги засени сите останати, а причината за тоа е доста силна. Овој неодоливо женствен модел на бикини му се додворува на женското тело повеќе од било кој ...
Кога обично парче облека е „украсено" со карнер, добива сосема нова димензија. Овие детали имаат моќ целиот изглед да го претворат во романтичен, шармантен, женствен. Затоа неколку сезони наназад ретко која колекција или сезонска линија поминува без карнери, што ги потврдува симпатиите на дизајнерите за овие впечатливи детали. Кошули, блузи и маички со карнери, во секојдневната улична мода, но и свечени изгледи, комбинизони, тоалети прикажуваат ...
Сакате да внесете свежина во домашното уредување, но не знаете од каде да почнете? Дизајнерите на ентериер препорачуваат дека најдобар начин да зачекорите во жешкиот летен период е да го промените мебелот и декоративните елементи во вашиот дом. Транзицијата од една сезона во друга најчесто вклучува отстранување на орнаментите кои ја означувале претходната, како и отстранување на прекривки, густи ќебенца, перници во темни бои и чергички кои ...
Во текот на последните неколку сезони, предимензионирнаите парчиња облека ги освоија срцата како на модните дизајнери, така и на секој моден ентузијаст. Предимензионираните парчиња се особено атрактивни затоа што со правилен стајлинг можат да изгледаат одлично на сите типови градба на тело. Особен шарм поседуваат предимензионираните кошули од машките колекции кои комбинирани со одбрани модни додатоци можат да постигнат неодоливо женствен и ...
Веројатно „на прв поглед" делува невозможно во ист концепт да се спојат: деловен, стилски и пријатен изглед со екстремно високи летни температури. Но, ако се направи вистинскиот избор на ткаенини и естетика, со малку умешност при комбинирањето, оваа невозможна летна мисија може да премине во вистинско уживање кое ќе ви помогне да се чувствувате подобро и попријатно во вашата работна средина, оваа сезона од годината. Најзначајниот сегмент за да ...
Утре, со почеток во 20 ч, во Културно-информативниот центар – Скопје (Империал 1 и 2) ќе се отвори групната изложба насловена ПРОЕКТ 4 од ликовните уметници од Србија Татјана Армуш, Данијела Тасиќ Цветковиќ, Мила Алексиќ и Татјана Димитријевиќ. „Проектот 4 не постои. Просторот во кој е родена идеjата, поставката на Проектот 4, во еден момент поседуваше димензии во рамките на кои се наоѓаше сè, воедно и временската димензија во која, надвор од ...
Со секоја промена на сезоната доаѓа и потребата да промениме нешто во нашиот стајлинг. Некому е доволно да го освежи својот гардеробер со неколку нови модни парчиња, а некому му е потребна подрастична промена, како нова фризура. Доколку сте дел од оваа група на луѓе кои сакаат да го прослават влезот во летото со освежување или комплетно менување на фризурата, почнувајќи од должината па сè до бојата на косата, имаме еден неодолив и „вкусен" ...
Невозможно е да се одолее на долгиот лежерен фустан на пруги и целата удобност што тој ја нуди. Неговата едноставност и можност за разновидно стилизирање, го прави ова модно парче омилено за секојдневни комбинации во летните периоди. Фустанот на пруги е повеќе од само удобен фустан. Пругите имаат моќ да го разиграат и наједноставниот модел и да му дадат нова димензија на целиот изглед, а со својата лежерност и едноставност, зависно од модните ...
Во текот на својот двовечерен концерт овој викенд што се случи во рамките на фестивалот American Express Presents BST Hyde Park, британската пејачка Адел ја воодушеви публиката со својот глас, но и со својот беспрекорно елегантен и гламурозен стајлинг со два изгледи, кои совршено го рефлектираат нејзиниот стил и склоност кон класичните силуети на Стариот Холивуд. Фото: Getty Ова е прв јавен концерт на Адел во последните пет години, а за време на ...
Доколку ова лето се одлучите да заминете за Црна Гора, направете простор и време во вашиот дневен план за посета на еден од најубавите барови во земјата. Фото: bonjour.ba Во мај годинава, црногорското крајбрежје стана дом на едно од највозбудливите и најдолго очекуваните новитети од светот на гастрономијата и забавата, Buddha-Bar Beach Porto Montenegro, кое донесе нова димензија на летната забава, како за жителите на Порто Монтенегро, така и за ...
Можеби најчесто фокусот го ставаме на ноктите на рацете, но грижата за нашите стапала е подеднакво важен чекор во рутината за убавина. А за време на жешките летни денови кога најчесто нозете ни се во влечки или сандали, покрај тоа што ни е важно да го одржуваме здравјето на ноктите на стапалата, сакаме тие да изгледаат добро исто така. Па, доколку сакате да го освежите изгледот на вашите стапала, ви препорачуваме да зачекорите во ова врело лето ...
Во чест на 50-годишнината од објавувањето на албумот „Hunky Dory" на Дејвид Боуви , (првично објавен на 17 декември 1971 година), брендот за играчки Mattel вчера ја објави втората „Дејвид Боуви" Барби кукла од својата Signature Collection. Новата „Дејвид Боуви" Барбика носи костим во светло сина боја, исто како популарниот костум што Боуви го носи во спотот за песната „Life on Mars?" од албумот „Hunky Dory". „Дејвид Боуви“ Барбика | Фото: ...
На 7-ми јули, четврток, Македонската премиера на долгометражниот игран филм „Мими" во режија на Даријан Пејовски ќе го отвори овогодинешното издание на Фестивалот на Европски Филм Синедејс. Филмот е селектиран во SEE програмата на Фестивалот и ќе се натпреварува за една од наградите за кои ќе одлучува жирито составено од словенечкиот режисер Дамјан Козоле, Диего Апарисио основач и уметнички директор на кипарскиот фестивал Queer Wave и Ѓулин ...
Вчера беше објавен официјалниот трејлер за новата романтична комедија „Ticket to paradise" во која Џулија Робертс и Џорџ Клуни глумат разведен пар. Во режија на Ол Паркер (Mamma Mia! Here We Go Again), приказната ги содржи сите класични компоненти што ги очекуваме од овој жанр: прекрасни егзотични локации, љубовни хитови од 90-те и постојана надеж за среќен крај. Само колку да ја заскокоткаме вашата љубопитност, дејството се одвива околу обидот ...
Поминаа цели две децении од мега популарниот, деби албум „Let Go" со кој Аврил Лавињ стана светска ѕвезда. 20 години од неговата реализација, поп-рок пејачката се врати точно на истата локација во Њујорк, на Canal Street во кварото SoHo, каде е фотографиран каверот на албумот и направи негова рекреација што ја објави на нејзиниот Инстаграм профил. „20 години подоцна! Ова беше уште еден магичен момент за мене, да се вратам точно на истата ...
Денеска започнува долгоочекуваното и најмасовно 12. издание на Д ФЕСТИВАЛ, кој ќе се одржува од 1 до 3 јули во Дојран! Најголемиот летен музички фестивал во Македонија, ова лето конечно ќе се одржува повторно во полн сјај и во комплетно издание со повеќе од 150 музички изведувачи, уметници и учесници во најбогатата програма досега која ќе се одвива низ вкупно 15 различни бини и зони на Фестивалот, вклучувајќи го и славниот Д-КАМП за ...
Еден од омилените холивудски комедии и можеби еден од позначајните филмови кои ја отслика неизмерната енергија на модната индустрија, овозможувајќи му на обичниот човек да погледне во светот на високата мода, „The Devil Wears Prada", денес слави 16 години. Патриша Филд, најпозната по својата работа на костимите во „Sex & The City", му донесе номинација за оскар за најдобар дизајн на костими на „The Devil Wears Prada", а во чест на роденденот ...
„Водопадите не можат да молчат, исто како и мудроста. Кога тие зборуваат, гласот на моќта зборува", ќе рече турскиот писател Мехмет Мурат Илдан. Хипнотизирачката убавина на водопадите отсекогаш претставувала инспирација за уметници, писатели и мислители, а нивната смирувачка моќ особено е атрактивна за авантуристи и ентузијасти, како и за секој љубител на природата. Во Македонија, планините покриваат над 80% од површината, што ја прави земјата ...
Жешкото време, влажноста и дополнителното изложување на сонце во летниот период може да резултираат со затнати пори, изгореници од сонце и темни дамки. Но постојат неколку измени што можете да ги направите во вашата секојдневна рутина за нега на кожа за да ги минимизирате сезонските несакани ефекти што летото може да ги има на вашата кожа. Ова се најчестите дерматолошки совети за нега на кожа во лето. 1. Користете крема со заштитен фактор 50 Во ...
Лето во полн ек. Јули, високи температури, време за летни одмори и ладни коктели. Модата во овој летен месец е забавна, колоритна, опуштена и го следи ритамот на оваа за многумина омилена сезона. Повеќето од вас можеби веќе се на плажа или ги пакуваат куферите, па затоа во нашиот стилски предлог за секој ден од месецов, вклучивме комбинации што совршено ќе се влопат во таквата атмосфера. Лелеави кроеви, природни и пријатни материјали, виножито ...
Време е за летно шопинг освежување. ЕЛЕНА ЛУКА денеска ја започнува кампањата „MID SEASON SALE" преку која добивате огромни попусти на најтрендовските дизајнерски парчиња од женските и машките линии на етаблираниот бренд. Од денеска до 31 јули – на располагање ви е цел месец шопинг уживање со одлични цени на уникатни дизајнерски парчиња. Вашите омилени ЕЛЕНА ЛУКА уникати, само овој месец се достапни со ексклузивен попуст од 30% до 50%. Сега е ...