Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Пред нас е долго и топло лето. Како температурите се качуваат, така и нашата потреба да се чувствуваме пријатно во своја кожа е сѐ поизразена. И дали тоа значи дека жешките денови не дозволуваат да се дотераме со мерак и по мерка? Дали пријатноста значи да се направи компромис со стилот? Секако дека не, напротив. Летото дозволува толку слобода и варијации дури и на +35C, што дури делува и дополнително инспиративно како да се облечеме, а притоа ...
Вчеравечер бевме сопатници на едно необично патување низ универзумот на новата генерација студенти на Технолошко-металуршкиот факултет на Институтот за дизајн и инженеринг на облека, под менторство на професорката Лидија Георгиева. Меѓу виртуелното и опипливото, меѓу фантазијата и реалноста, студентите креираа своја проекција за свет во кој и покрај сите технолошки придобивки на новото време и животот на далечина, допирот и непосредната ...
Малкумина од нас се свесни колкаво влијание имаат чистиот и квалитетен воздух и целосната атмосфера во спалната соба врз квалитетот на нашиот сон и нашето здравје. Растенијата во нашиот дом, вклучително и нашата спална, се многу повеќе од декорација. Зеленилото во вашата спална има моќ да ги подобри вашето расположение, креативност и продуктивност, да го намалат нивото на стрес и природно да ги филтрираат загадувачите на воздухот, како што се ...
Од инстаграм профилот на Ивана Темелкоска лесно е да се забележи дека оваа девојка знае како креативно да ја искористи секоја минута од своето време. Покрај нејзините професионални ангажмани како графички дизајнер, дури и во деновите со најгусти распореди, Ивана успева да најде време за да ја проткае својата креативност и имагинативност низ лични проекти. Од колажи, фотографии на природа и концептуални фотографии, па сè до фотографии од храната ...
Иконата Бијонсе (40), во четвртокот го најави својот камбек, позирајќи на насловната страница на британскиот Vogue. По цели шест години пауза, пејачката и добитничка на Греми награди, се враќа со нов албум налсовен „Ренесанса". Албумот ќе биде објавен на 29 јули, а како дел од промотивниот процес, Бијонсе позираше за фотосесија на Vogue. На насловната страна, таа седи на коњ, облечена во црна кадифена тоалета, а на главата носи драматична круна ...
Netfliks го објави првиот трејлер за филмот „Blonde" на Ендрју Доминик, каде актерката Ана де Армас ќе се појави во улога на холивудската икона Мерилин Монро. Филмот со рејтинг NC-17, е базиран на истоимениот роман и бестселер на Џојс Керол Оутс. Филмот, чија споредна актерска екипа ја сочинуваат Боби Канавал, Адриен Броди, Џулијан Николсон, Ксавиер Семјуел и Еван Вилијамс, ќе биде премиерно прикажан на стриминг платформата Netflix на 23 ...
Графички и апстрактни принтови, ретро вибрации од 60-те и романтична естетика ја сочинуваат палетата на новата ресорт колекција на либанскиот моден магионичар, Ели Сааб. Низ приказната ве води ритам кој спојува неколку стилски различни аспекти, што во ваква целина хармонично функционираат. Еден сегмент се геометриските и апстрактните принтови имплементирани во силуети со чисти кроеви. Вториот сегмент се неонските бои кои ѝ даваат вибрантна ...
Во моменти кога останувате без инспирација за што да облечете во жешките летни денови, секогаш можете да се потпрете на безвременскиот Гингам принт. Мора да постои добра причина зошто Викторија Бекам, Рис Витерспун, Холи Вилоби и Сара Џесика Паркер се само дел од многуте ѕвезди и модни икони што го сакаат овој класичен принт, нели? Убавината на фустаните во Гингам принт, кои најчесто се изработени од памук или лен, се состои во тоа што принтот е ...
За време на прославата на својата деветта годишнина што се случи во вторникот неделава, во YouTube видео, мегапопуларната к-поп група BTS соопшти дека ќе ги паузира групните активности со цел да ѝм отстапи простор и време на секој од членовите поединечно да се фокусираат на своите соло кариери и личен раст. Групата откри дека се чувствува истоштено и изрази загрижување дека можеби е „предоцна да се истакнат талентите на поединците". Сепак, ...
Важат за една од најсреќните холивудски двојки, кои и покрај тоа што се долги години заедно никогаш не ја официјализирале нивната врска – Курт Расел и Голди Хоун деновиве уживаат на одмор во Грција. Според фотографиите што ги објави Daily Mail, очигледно токму тоа што се растеретени од притисокот за перфекција (и двајцата се во осмата деценија од животот), влијае добро и на духот и на нивната релација, па делуваат навистина среќно, опуштено и ...
Доколку живеете во стан, особено во голем и густо населен град, сигурно сте добро запознаени со сите позитивни и негативни страни на малите и тесни балкони. Но, со доволно креативност и имагинација, дури и најмалите балкони можете да ги трансформирате во удобни бајковити катчиња каде ќе ги поминете топлите денови и пријатните летни вечери. Тајната лежи во паметно уредување на малиот простор со компактен мебел кој одговара на димензиите на вашиот ...
Откако актерката Марго Роби беше потврдена дека ќе ја толкува улогата на Барби во истиомениот филм на Грета Гервиг, филмската публика и фановите на популарната кукла со нетрпение очекуваа да видат кој ќе го игра Кен. Во средата, од Warner Brothers конечно ја објавија првата фотографија од изгледот на актерот Рајан Гослинг како Кен, но коментарите што следеа беа далеку од позитивни. Сепак, иако Рајан е еден од најголемите миленици на филмската ...
Добивате покана за формална вечера, венчавка, коктел прием или забава за вработените од твојата компанија. Наведени се место, датум и време, и уште еден важен момент: дрес код. Понекогаш пропишаниот дрес код може да звучи збунувачки. Доколку конкретно не е наведено што е и што не е прифатливо, се отвораат низа прашалници доколку темата не ви е блиска и не сте доволно информирани. Кога сте во ситуација каде ви е јасно што се очекува од вас да ...
Јуни е месец посветен на татковците, а секоја трета недела во овој месец е Светски ден на таткото. Еден татко и една ќерка овој месец уживаат во Венеција. Дејвид Бекам деновиве на Инстаграм споделува неодолива серија фотографии и видео од неговиот престој со ќерката Харпер во Венеција. И очигледно поминуваат одлично време заедно. Ги посетуваат културните знаменитости на градот, јадат сладолед, а беа и на настан во оперската куќа „Ла Фениче", ...
Еден од најпознатите модели на столици за градини и балкони, Акапулко, веќе седумдесет години не излегува од тренд. Ова парче мебел е помеѓу омилените избори за уредување на отворени простори и достапно е на пазарот во безброј варијанти. Но, исто како и издржливите и флексибилни кабли што ја обвиткуваат базата на столот, околу овој модел и неговото потекло се обвива и одредена нишка на мистерија. Во педесеттите години на 20-тиот век, ...
Барате идеја каде да избегате од скопските жештини ова лето? Доста беше сонување за сончеви плажи, длабоки сини тонови, пенливи бранови и освежувачки коктели. Време е да ги спакувате куферите и да заминете на патување. Одморете се онака како што заслужувате. Но каде? Со своите бројни рајски заливи и песочни плажи, шармантни приморски гратчиња и камени куќи, 1185 острови, богата култура, прекрасни музеи и фасцинантна природа, Хрватска повторно се ...
Откако предизвика големо внимание, но и различни коментари (голем дел негативни), кога Ким Кардашијан се појави на годинешнава Мет гала во иконскиот фустан што Мерилин Монро го носела пред 60 години, на роденденот на Џон Кенеди, сега овој случај го следат нови контроверзии. Инстаграм профилот Diet Prada објави фотографии на кои јасно се гледа како историскиот фустан е оштетен. На фотографиите е направена споредба пред и по Мет гала, што јасно ...
Иако можеби беше сосема неочекувано јужнокорејската трилер серија „Squid Game" да го постигне успехот што го постигна и да стане најгледаното шоу на Netflix со неверојатни 1,65 милијарди часови од серијата прегледани во првите 28 дена од објавувањето, сепак речиси секој што имаше шанса да ја погледне серијата, уште веднаш очекуваше втора сезона. За големо задоволство на љубителите на „Squid Game", на почетокот на оваа недела, стриминг ...
4 дена по почетокот на календарското лето, едно од најголемите модни случувања во земјава се враќа во Скопје. И тоа не било каде, туку во Градскиот парк. Симболот на младите, на авантуристите, на македонската авангарда и андерграунд. Впрочем, сите оние модерни зданија во градот и оние урбани ликови кои му даваат толку големо значење на Скопје како метрополоа, сите доаѓаат од едно место. Од „улицата". Или ајде, ќе бидеме малку поблаги, затоа што ...
Флората и фауната во моден контекст, секогаш реферираат на нешто совршено, раскошно како што е и самата природа. Затоа и дизајнерите низ историјата на модниот дизајн, секогаш наоѓале некој нов аспект и нова провокација за истражување на оваа тема, како непресушна инспирација. Така модата продуцирала иконски дизајни кај кои цветот ја прави магијата (сетете се на фантастичната креација на Ели Саб што ја носеше Хали Бери на Оскарите во 2002 година ...
Облеката е составен дел од човечкото општество, а со нејзината вековна еволуција, таа прераснува во нешто многу повеќе од основна потреба на човекот и заштита од надворешните фактори. Од симбол за општествен статус, средство за идентификација и јасна диференцијација помеѓу мажите и жените во минатото, па сè до начин на интелектуално, политичко и креативно изразување, улогата на облеката и модата во секојдневниот живот на човекот постојано ја ...
На деветтиот Фестивал на актерот во Коњиц на кој учествуваа девет професионални театри од регионот: Србија, Хрватска, РС Македонија и БиХ, нашата актерка Дарја Ризова ја доби наградата за најдобра актерка за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот" по текст на Аднан Лугониќ, а во режија на Нина Николиќ. Како што истакна и директорот на фестивалот, Бенјамин Мушиновиќ, радува фактот што оваа награда како жири-комисија ја ...
За Шерлиз Терон, плавата коса е пропознатливост. Но, сите нејзини трансформации со потемна нијанса на коса нам ни се омилени (сигурно се сеќавате колку беше магична на оскаровскиот црвени килим во 2019 година кога се појави како бринета во прекрасна сина тоалета на Диор). Познатата актерка во пресрет на летото реши повторно да направи трансформација со косата. Иако вообичаено овој период од годината, најчесто одлуката паѓа на посветли нијанси ...
ред модните дизајнери, оваа пролет/лето сезона ќе биде сезона на проѕирни парчиња, а меѓу нив, транспарентните панталоните веќе стануваат најпопуларна опција за вечерни излегувања. По речиси две години живот во делумна изолација од социјални случувања, бескрајни денови поминати во удобни тренерки и хеланки, модните брендови и вљубениците во модата решија дека е крајно време да ги вратат голата кожа и „секси" облеката во тренд. Познатите лица и ...
Оскаровката од филмот „A Star is Born" е во преговори да се појави наспроти Хоакин Феникс во продолжението на филмот „Joker" на режисерот Тод Филипс. Филмот ќе биде мјузикл, а според „Холивуд Репортер", Лејди Гага би требало да се појави во улога на Харли Квин, доколку пејачката и актерката успешно го финализира договорот за снимање на филмот. Минатата недела, режисерот Филипс, преку својот Инстаграм профил потврди дека веќе работи на ...
Иако најчесто коментирани на црвениот килим, гламурот, елеганцијата и префинетоста на Холивуд се несомнено присутни и на филмското платно, а со тоа и неизбежно влијателни врз модната индустрија и секојдневниот живот. Бројните награди за „Најдобар костим" во филмовите е само уште еден доказ за тоа колку важна улога има костимот во целосниот квалитет и успех на крајниот филмски продукт. Земајќи предвид колку е значаен филмскиот костим, можеме да ...
Актерката Џулија Гарнер, која се прослави со улогите во популарните Нетфликс серии „Ozark" и „Inventing Anna", неодамна ја доби и главна улога во биографскиот филм на една од најголемите музички, модни и филмски икони во светот-Мадона. Филмот, чиј режисер е самата Мадона, ќе се снима според сценарио на Дијабло Коди, кој исто така го напиша сценариото за „Young Adult". Планот на Мадона да го сними овој филм ѝ беше претставен на јавноста уште во ...
Нашите пејачки Антониа Гиговска и Мартија Станојковиќ минатата недела присуствуваа на настан во познатиот хотел „Салон 1905" во Белград. Српскиот магазин „Блиц" објави фотографии од гостите на настанот, меѓу кои и од присуството на Антониа и Мартија, што беа проследени со коментари во кои го критикува нивниот избор на стајлинг за вечерта посочувајќи го како модна катастрофа. „Мартија носеше зелен фустан со предлабоко деколте, а Антониа ги ...
Дури за 140% се зголемило онлајн пребарувањето со клучни зборови: жолт фустан, откако неодамна во жолти фустани во јавноста се појавија војвотката Кејт Мидлтон и актерката Ен Хатвеј. Според податоците на Google Trend, откако пред една недела војвотката од Кембриџ на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата, се појави во елегантен жолт фустан на дизајнерката Емилија Викстед, а истиот период Ен Хатвеј на гала настан облече комбинација во ...
После неколкуте спектакуларни појавувања на црвениот килим на годинешниот Кански филмски фестивал, Шерон Стоун повторно позитивно ја изненади модната јавност, овојпат на хуманитарен настан за поддршка на непрофитната организација CORE. За приликата, Шерон Стоун покажа како и патики може да бидат добар избор за црвен килим, доколку се искомбинирани во соодветен моден контекст. А познатата актерка го направи вистинскиот спој: бели патики со ...