Долче и Габана и нивниот совршено луксузен крој

27 февруари 2023

Долче и Габана се неприкосновени кога станува збор за совршениот крој. И токму тоа го докажаа со својата есенска колекција на Миланската модна недела.

За нив, како што велат се започнува од основата, од чистотата на првичната скица.

Сакаме да работиме со најквалитетната свила и волна, без некои чудни ткаенини.

Така и се случи, со исклучок на неколку пара црни пардуви и златесто сјајни лисја.

Во нивната ланска Ready-to-wear приказна се вклучи и Ким Кардашијан, а таа соработка се наѕираше и овој пат. Посведочивме на волнено црно палто во форма на песочен часовник, како и на бел смокинг со црни сатенски ревери.

Долна облека во форма на аутфит е веќе присутна во колекциите на младите модни дизајнери и нивните следбеници, но да напоменеме дека модното дуо уште пред 30 години го стартуваше овој тренд.

Тоа го докажува корсетот од 1991 година што Долче и Габана го комбинираа со кропирана јакна и панталони со „цигара" крој.

Доминацијата на црната боја беше очигледна, низ која се протнаа бели, црвени и златни нијанси.

Фото: Vogue

Објавено:
27 февруари 2023
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
323 пати
Тагови: 
Долче и Габана