Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Од вистинските вљубеници во природата ќе чуете дека не постои подобар начин да се ужива во нејзината убавина од кампувањето. Секој би се согласил дека чувството на спокој и слобода кои одат рака под рака со преноќувањето в природа е неспоредливо со никое друго. Покрај шансата да се изолирате од урбаниот хаос и да се сплотите со недопрената природа, кампувањето нуди одлична, на некој начин и медитациона можност за човек да остане сам со себе и ...
Сместен помеѓу Јава и Ломбок, провинцијата Бали е една од најатрактивните и најпопуларните дестинации за одмор. Овој раскошен остров изобилува со долги песочни плажи, прекрасна природа и голем број на видови на птици, оризови полиња, кокосови палми, тутун и кафе. Фасцинантната сина боја на Индискиот океан и неговите масивни бранови пак, како и вкусната храна и пријатниот народ се само уште неколку карактеристики на Бали што го прават овој остров ...
Плетивата вообичаено се резервирани за зима. И тоа е првата асоцијација кога ќе се спомене плетенина. Но, модниот свет одамна гледа подалеку од првата асоцијација. Модните визионери уште во средината на минатиот век им отстапија комерцијален простор на плетените парчиња во лето. Се разбира се мисли на плетени парчиња изработени од тенок конец со што се обезбедува пријатно чувство додека ги носите и на високите летни температури. Замислете си ...
Врело сонце, тиркизни бранови и песочна плажа - копнежот кон совршеното летување, далечни дестинации и неоткриени пејсажи претставува инспирација за секого, а модното дуо eNVy room, Никица Иванчевиќ и Вјеко Франетовиќ, најдоа совршен начин да ги проткаат своите спомени од неодамнешното патување во живописната Шпанија низ нивната нова колекција. Преку фотосесијата направена на устието на Неретва ја, eNVy room ја претставува својата нова женствена ...
Неколку месеци откако беше објавена веста дека Дизни+ подготвува продолжение на еден од најпопуларните филмови за Ноќта на вештерките, „Hocus Pocus" од 1993 година, филмот е официјално потврден и веќе се знае датумот на неговата премиера. Фото: elle.com Дизни неодамна објави дека „Hocus Pocus 2" ќе биде премиерно прикажан на стриминг платформата на 30 септември, еден месец пред Ноќта на вештерките. Иако детали за филмот сè уште се чуваат во ...
Идеалниот одмор не секогаш значи плажа и гужва. Некој броените денови од летниот одмор, во неговото најсовршено издание, ги гледа далеку од гужва, во мала дрвена куќичка, изолирана во длабоките сенки на шумата или мирот на планина. Во некои земји, особено скандинавските, традицијата многу често вклучува токму таква опција за летен семеен одмор. Вообичаено, тоа се дрвени куќи со мала квадратура, доволна за да ги задоволи основните потреби за ...
На почетокот на месецов, во јапонското крило на Музејот Метрополитен во Њујорк беше отворена изложбата "Кимоно стил: Колекцијата Џон К. Вебер" чија цел е да ја прикаже еволуцијата на оваа традиционална јапонска облека, како и нејзиниот однос со Западот. Изложбата ќе биде отворена до 20 февруари 2023 година. Фото: Bruce Schwarz / MET / Vogue Иако изложбата вклучува голем број на модерни кимона од колекцијата на Џон К. Вебер, таа исто така ...
Откако ќе ги посетите Колосеумот, Фонтана ди Треви и најпопуларните знаменитости на Рим, веројатно ќе посакате да го доживеете вечниот град и од една поинаква, поавтентична перспектива. Да се почувстваувате како да припаѓате таму... Ако сакате да го искусите вистинскиот Рим посетете го најспонтаниот и најавтентичниот реон на градот, Трастевере. Тука можеби нема да сретнете монументални споменици, какви што ќе сретнете на најпопуларните ...
Уште во екот на пандемјата кога светот беше принуден да биде затворен во четири ѕида, потребата да се биде повторно во допир со природата беше почетокот на раѓањето на „зелената манија". Голем дел од нас сакаа да научат како да изградат сопствена „домашна џунгла", а туторијалите за тоа како да се биде добар „родител на растенијата" беа едни од најгледаните видеа во последниве неколку години. Подарувањето на саксиски растенија стана една од ...
Од вчера па до 10. јули во фокусот на светската спортска јавност е тенискиот гранслем-турнир, престижниот Вимблдон. Меѓу ѕвездите на спортскиот терен ќе ги гледаме и Серена Вилијамс, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, но исто толку познати имиња ќе гледаме и во публиката меѓу кои и британското кралско семејство, што овој настан го прават атрактивен и од моден аспект. Традиционално секоја година публиката на Вимблдон има свое модно шоу. ...
Не е прв пат Викторија Бекам да ги сврти погледите кон себе со својата појава. Па така и овој пат, за време на Француската модна недела, на модната ревија на Порт Жакемус, „Le Papier" (The Paper) што се случи во близина на крајбрежниот Арл, таа беше вистински магнет за вниманието на присутните и јавноста. Фото: dailymail.co.uk На неконвенционалното модно шоу кое се одржа на блескаво бела солена површина во близина на Камарг, Викторија (48) се ...
Медитеранскиот шарм и прекрасната стара камена архитектура се само две причини поради кои хрватскиот остров Корчула се смета за вистински бисер во Јадранското море. Капејќи се во длабокото сино море, Корчула привлекува туристи од целиот свет со своите вошебни пејсажи, како и атрактивни локации за едукација и забава, вклучувајќи ги музеите, шармантните ресторани и барови, и вибрантниот ноќен живот. Островот е еднакво привлечен за младите, како и ...
Седумдесетиосум годишната соул пејачка Дајана Рос, вчеравечер го затвори фестивалот Гластонбери со воодушевувачки настап и искрена порака до илјадниците присутни да ја „почувствуваат моќта на љубовта". Сетот со кој Рос настапи ги вклучуваше сите нејзини хитови кои со децении ги пленат срцата на слушатели од повеќе генерации. Пејачката се појави на сцената облечена во светкав фустан со соодветна бела наметка и деликатна круна со пердуви на ...
Секое лето носи нови тенденции, но бела кошула и краток џинс во комбинација, остануваат есенцијална летна униформа независно од трендовите. Функционална и безвременска, пред сѐ пријатна за носење, оваа летна комбинација наоѓа примена во сечиј стил, а може да се носи и во различни прилики – различно стилизирана. Токму затоа и останува атрактивна летна варијанта секоја сезона. Може да ја надополните со впечатлива марамна со принт, суптилен накит, ...
По повеќе од 20 години, во март годинава во скопската Зоолошка градина се родија три лавчиња. Лавчињата одлично напредуваат под будното око на вработените во Зоолошката градина кои со професионалност и внимание се грижат мајката и малите да се безбедни и да ги имаат сите потребни услови. Лавчињата ја примија и првата вакцина, како превентивна мерка во ветеринарната заштита на здравјето на животните. А од денеска ќе бидат пуштени во надворешното ...
Викендов во градскиот парк во Скопје се одржа Моден Викенд Скопје кој оваа сезона комплетно беше посветен на студентите по моден дизајн. Во рамки на еднодневната програма со ревии имаа можност да се претистават студенти од повеќе образовни институции. Први се претставија студентите од ДУЦОР „Партенија Зографски" од Скопје со нивната колекција „Разбој во развој". Колекцијата е осмислена да можат во неа да се пронајдат разни генерации, секој да ја ...
Неделава модната сфера беше сведок на едно од најочекуваните ревии за Париската машка модна недела: пролет/лето 2023 година - првата колекција целосно произведена од студиото Луј Витон по смртта на Вирџил Абло. За време на ревијата, во публиката можеа да се забележат големи ѕвездени имиња, како Наоми Кембел, Кендрик Ламар и Ела Емхоф, но сепак се чини дека најголемо внимаиние привлекоа Џастин Тимберлејк и Џесика Бил, кои беа облечени во Луј ...
Сигурно честопати се случува да се најдете во ситуација да видите некаква прекрасна локација на Инстаграм без да е обележано каде е направена фотографијата. Секако, можете да го прашате лично оној кој ја објавил, но доколку станува збор за профил со голем број следачи, станува помалку веројатно дека ќе добиете одговор на вашето прашање во брзо време. За среќа на сите оние кои се во постојана потрага по прекрасни локации за фотографирање, ...
Модата отсекогаш била незапирлива река која непрестано тече и трансформира сè околу себе. Па така, секоја сезона сме возбудени за новите модни трендови кои испливуваат на површина, или пак со нетрпение чекаме да видиме кој ретро стил ќе добие нов живот. Она што е карактеристично за трендовите во последно време е тоа што доминира природниот материјал како што е ленот (особено бојадисаниот лен), како и рачните изработки. А во светот на чантите, ...
Вчера во Скопје се одржа третата Парада на гордоста која годинава беше под мотото „Излези за љубов! достоинство, еднаквост, правда", во организација на националната мрежа против хомофобија и трансфобија. Почетната точка беше во паркот „Жена-борец" а по кратките поздравни говори започна протестниот марш по скопските улици што заврши со забавна програма на стадионот на АРМ во градскиот парк. Во склоп на програмата, со неверојатна енергија на ...
Писателката и ѕвездата на „My Big Fat Greek Wedding" Ниа Вардалос на својот Инстаграм профил објави дека снимањето на третиот дел од франшизата веќе е започнато во Атина. - Во Грција сме на снимањето на „Мојата голема дебела грчка свадба 3" и ви благодариме за сите прекрасни пораки. - вели Вардалос во своето видео, притоа заблагодарувајќи се на Playtone, Gold Circle, HBO и Focus. View this post on Instagram A post shared by Nia Vardalos ...
На 24, 25 и 26 јуни, во Младинскиот културен центар, ќе се одржи првиот книжевен и творечки фестивал за деца „Ни ден без творба" во организација на издавачката куќа Чудна шума. Настаните, кои вклучуваат промоции на книги за деца и млади, читања и дружења со автори и илустратори на книги за деца, креативни работилници, како и летен саем „Ни ден без книга" со книги за деца и млади на повеќе издавачки куќи, ќе се одржуваат на две локации - на ...
Зависни сте од адреналин и копнеете за чувство на слобода? Се чувствувате доволно храбро да преноќите во „воздух" и вистински да се одморите од секојдневните обрвски и грижи? Совршеното место за вас постои и се наоѓа во Перу. Skylogde | Фото: CNN Луксузните стаклени капсули на Skylodge се поставени на 3658 метри висока планина во Светата долина Куско и се всушност ексклузивни висечки апартмани на хотелот Natura Vive опремени со кревети, ...
Првиот заеднички портрет на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам беше официјално откриен во четвртокот во музејот „Фицвилијам" на Универзитетот во Кембриџ. За време на нивната посета на регионот Кембриџшир, покрај својот портрет, тие имаа можност да ги погледнат и останатите насликани уметнички дела, кои во ист период беа за прв пат откриени и за јавноста. Портретот на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам | Фото: People.com Делото беше нарачано во 2021 ...
Постои одреден ризик кој доаѓа со снимањето на документарен филм за популарна филмска или музичка ѕвезда, особено кога идејата е да прикаже тешкиот и трнлив пат по кој ѕвездата е принудена да се движи додека не се пробие до целта по која копнее. Документарниот филм за мегапопуларната пејачка Џенифер Лопез, во режија на Аманда Мишели, што беше премиерно прикажан на Netflix на 14 јуни годинава, очекувано, генерираше голема гледаност уште во првата ...
Деновиве беше објавено исклучително емотивно и длабоко интервју на Бред Пит за магазинот GQ, каде воедно е и на насловната страна за авустовското издание. Очекувано, интервјуто предизвика особен интерес кај јавноста, но она што можеби за јавноста не беше очекувано е естетиката на фотосесијата во кога се појавува големата актерска ѕвезда. Можеби и без претходно да се прочита и разбере интервјуто, пристигнаа критиките на јавноста во контекст на ...
За максимално уживање во сите удобности што ни ги нуди летото, не мора секогаш да се лоцираме на далечни, егзотични дистанци. Некогаш летниот хедонизам во вистинско светло, може да го искусиме и без да го напуштиме домот или викендичката. Ако си подготвиме пријатен амбиент во пријатно друштво (па макар и сами со себе), со освежителен пијалок и добра книга или музика, не е невозможно идеалната замисла за летно уживање да ја доживееме и во нашата ...
Викенд, лето, сончево време... Ова е идеална основа за супер кул викенд стајлинг, за сликата да биде комплетна. Ако имате потреба да промените нешто во вашиот имиџ, охрабрете се тоа да го направите сега. Експериментирајте со некоја боја која до сега никогаш не сте ја носеле, а сте посакувале или искомбинирајте ги ретро очилата за сонце што ги наследивте од вашата баба или мајка. Осмелете се да си поиграте со модата и искористете го слободниот ...
За некои смело и атрактивно, за други пак „невкусно" - овој тренд кој комбинира градник и сако без маичка или кошула измеѓу, несомнено прави драстична поделба помеѓу љубителите на модата. Но овој тренд на градник директно под сако или блејзер не е „топла вода" измислена денес, туку напротив. Како и голем број други трендови на кои сме сведоци, така и овој претставува ехо на модата од 80-тите и 90-тите. Брук Шилдс на премиерата на филмот „Staying ...
Месецов, на Меѓународниот ден на детето 1 јуни, беше промовирана едицијата „Нови бајки од Македонија", во издание на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!" и издавачката куќа „Арс Ламина". Тенденцијата за креирање и интересот за читање детска литература на македонски, годиниве наназад забрзано искачува вертикали, што секако е за поздрав, а токму ваквите иницијативи придонесуваат за овој позитивен тренд. Како што ...