Мексико секогаш го наоѓа своето место на списоците со земји кои мора да се посетат, особено кај луѓе кои се во потрага по далечна и егзотична дестинација. Но, покрај главниот град и останатите популарни локации кои сè почесто се преплавени со туристички групи, постојат и дестинации кои имаат потенцијал да ги освојат вашите срца со својата уникатна убавина и невообичаена природа. View this post on Instagram A post shared by Bree Travel + ...

Доколку следите патувачка содржина на социјалните мрежи, можеби сте забележале дека розовите солени езера во Австралија, Сенегал и Баку се особено популарни дестинации во последно време. Па не е ниту чудно доколку сте почнале да го планирате вашето следно патување во таа насока. Но, што ако ви откриеме дека едно исто такво - розово и прекрасно се наоѓа во наша близина? View this post on Instagram A post shared by Lepo iz Srbije (@lepo_iz_srbije) ...

Добредојдовте во луксузниот свет на чантите! Пред Вас е новата фантастична линија чанти потпишана од ЕЛЕНА ЛУКА. Раскош и гламур спакувани во уникатни дизајнерски чанти што на секој изглед ќе му дадат луксузен финиш. Деликатната изработка, отмените украсни детали, екстравагантниот дизајн ги прават овие мали уникати сон на секоја дама. Ексклузивитетот е во автентичноста на секој дизајн, изработен прецизно и внимателно до најситен сегмент. Од ...

Џенифер Лопез вчера наполни 53 години. Роденденот го искористи како добар повод за да ја промовира нејзината нова козметичка линија за тело „JLo Body by JLo Beauty", соблекувајќи се целосно гола. Видеото од промотивната кампања за Firm + Flaunt, крема за тело која воедно е и првиот производ од новата козметичка линија, го објави на нејзиниот Инстаграм профил и очекувано предизвика лавина од реакции. „Сите најчесто посветуваме внимание и нега на ...

Уличната мода во Загреб не е ништо помалку возбудлива од онаа во Милано, Париз и Њујорк на пример. Во тоа секојдневно нè уверува инстаграм профилот @stylezagreb, каде низ фотографија редовно се документира уличното модно расположение на хрватската престолнина. Зад профилот се неговите авторки Ана Јосиповиќ (воедно и фотограф) и Славица Јосиповиќ кои успеале да ја изнајдат совршената формула како да се долови духот на еден град преку неговта ...

Без разлика на тоа дали себеси се категоризирате како љубители на филмот или пак љубители на модата, седмата уметност е прекрасна можност за овие две сфери да се испреплетат на забавен, уметнички и информативен начин. Па така, доколку решите викендот да го поминете дома и сте во потрага по филмски наслов со кој ќе можете да се релаксирате навечер, ова се неколку филмови кои на уникатен начин навлегуваат во модниот универзум во кој секој љубител ...

На Инстаграм профилот @leoleoparis, ќе го запознаете Париз во една поинаква димензија и од една друга перспектива. Тука Париз е обичен, свој, од секојдневието на неговите граѓани кои таму се дома. Зад профилот е Ханибал Ренберг (44), роден во Париз, живее во Париз и градот секојдневно одново го доживува преку фотографиите кои ги прави исклучиво со неговиот смарт телефон, иако долги години претходно фотографирал со фотоапарат. Тој својата ...

Познатата колумбиска актерка Софија Вергара, неодамна го прослави 50-от роденден и можеби тоа бил повод да се наврати на старите семејни албуми и да ги освежи сеќавањата од своите тинејџерски години. Па вчера, на својот Инстаграм профил со над 26 милиони следбеници, објави две фотографии од 80-тите, кога таа имала 14 години. На фотографијата, тогаш 14-годишната ѕвезда во најава, е со плава коса. Нема потреба да потенцираме дека уште тогаш била ...

Годинешното 43. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки", традиционално ќе се одржи во Битола, но ќе трае подолго, поточно 8 дена, почнувајќи од 20 до 27 август. Во главна програма ќе се натпреваруваат вкупно 14 играни филмови, наградени остварувања од европски и светски фестивали, Меѓу другото ќе се натпреваруваат и два македонски филма, „Снежана на крајот умира" на режисерот Кристијан Ристески и „Мими" во режија ...

Сезона е на хортензијата – раскошна грмушеста билка со волшебни цветови. Влече корени од Јапонија, а Европа со ова цвеќе се запознава во 18-от век. Постојат околу седумдесеттина видови, во бела, розова, жолта, виолетова, сина, црвена боја, во крупни цветови кои можат да бидат широки и плочести, како купола или целосно округли. Најмногу успеваат засадени во влажна почва на место кое што е во полусенка. Едноставни се за одгледување, треба само ...

Сакате да ги избегнете неподносливите горештини овој викенд? Без разлика на тоа дали ќе се одлучите да поминете ден-два некаде низ градовите и селата на Македонија, во природа, на планина, покрај езеро или пак во некоја од соседните држави, со себе секако ќе мора да понесете соодветна облека, како и производи кои ќе ви бидат потребно во текот на престојот. Фото: Pinterest Но, кога станува збор за патување на кратки релации и за краток временски ...

Портокалова фаза, екстремно високи температури е прогнозата за викендот пред нас. Веројатно веќе планирате да се изгубите под некоја дебела сенка во природа или можеби веќе сте на плажа? Независно каде ќе го поминете викендот, важно е да се заштитите од високите температури, а облеката има своја улога и во овој сегмент. Препораките се: лесна облека изработена од природни материјали. А ние на функционалното и практичното би додале и ушта малку ...

Постои одредена шема која покажува дека кога неколку познати имиња ќе бидат забележани да носат исто модно парче, опсесијата со него почнува да се шири во круговите на познатите, но и вон нив. Па тоа не е исклучок ниту овојпат, гледајќи како една мала и симпатична чанта за преку рамо на Гучи ги освои срцата на многумина, вклучувајќи ги и Ен Хатавеј, Ел Фанинг, Дакота Џонсон и Џоди Тарнер-Смит. Фото: Vogue Фото: Vogue View this post on Instagram ...

Има нешто посебно во комбинациите од складни парчиња облека. Сетовите кои комбинираат елементи во соодветни бои, дезени и текстури му даваат особена елеганција и префинетост на изгледот, без разлика на тоа дали станува збор на спортски комплети од тренерки, сетови од палта и долги панталони, блејзери и здолништа... Фото: Pinterest Но ова лето, овој тренд на складни сетови се прошири со неодоливи комбинации од соодветни шорцеви и кошули, а ...

Ни претстојат уште многу жешки летни денови за кои сме нетрпеливи да ги поминеме покрај вода. Како дел од возбудата е секако и изборот на совршениот костим за капење со кој сакаме да блеснеме на плажа. Или пак едноставно сакаме да ѝ внесеме дополнителен сјај на летната облека. Но што ако сте љубители на едноставни модели и дезени, а сепак сакате да го избегнете ризикот од тоа да изгледате здодевно и сакате да оставите впечаток? Постои и друг ...

Дали знаевте дека еден од најприсутните трендови годинава, комбинацијата на минијатурен и тесен топ со предимензионирани и широки пантолони е всушност ехо на трендот кој го поставија пејачката Алија во 90-тите, а подоцна и Аврил Лавињ, додавајќи му панк твист на овој типичен хип-хоп имиџ? Фото: Pinterest Денес, главниот „виновник" за растечката популаност на овој тренд е генерацијата Z и корисниците на TikTok платформата кои објавуваат содржина ...

Откако поранешната членка на поп-групата „Spice Girls", Викторија Бекам, го остави поп-имиџот зад себе и се посвети на градење на својата бизнис кариера како модна креаторка, нејзиниот стил значително се промени. Низ годините, нејзините обожаватели и јавноста беа сведоци на стилската трансформација на поранешната пејачка која полека преминуваше од нејзините карактеристични темни нијанси кон елегантни комбинации. Фото: Vogue Иако можеби јавноста ...

Утре во Musee des Arts Decoratifs во Париз ќе биде отворена изложбата "Shocking! The Surreal World of Elsa Schiaparelli" посветена на дизајнерката која уште пред 90 години направи вистински пресврт во светот на модата и ја промени засекогаш. Фото: elle.hr 'Фото: Vogue Куратор на изложбата на која ќе бидат прикажани 577 дела, вклучувајќи 212 костими и модни додатоци, поставени покрај 365 слики, скулптури, накит, шишиња со парфеми, керамика, ...

Да беше некој друг, веројатно ќе предизвикаше поизразени поделени реакции. Но, појавувањето на Бред Пит во здолниште на црвениот тепих во Берлин, на премиерата на неговиот нов филм „Bullet Train", во јавноста се протолкува како: Може, затоа што е Бред Пит. Па дури имаше и коментари дека изгледа „Кул", „Како рок ѕвезда", а Вог го охрабри и поздрави овој необичен избор на 58-годишнот катер. Потестувајќи на гранџ естетиката од 90-те, Бред лененото ...

Како секој тренд кој се појавува (или враќа) и останува активен не подолго од една сезона или година пред да биде заменет од некој нов, така и за надуените ракави мислевме дека ќе си заминат бргу откако направија вистински бум во пролетта 2018 година, како елегантен додаток на кошули инспирирани од Викторијанската ера, како и романтични фустани. Фото: Vogue Но се чинии дека волуменозните ракави немаат немаат никаква намера да си заминат, ...

Српската актерка и модел, Нина Сеничар (36) му кажа ДА на својот долгогодишен партнер, холивудскиот актер и ѕвездата на „Топ Ган: Маверик", Џеј Елис на бајковита свадбена церемонија во замокот „Вила Манџакале" во Тоскана. Церемонијата се одржала на 9-ти јули, а деновиве Сеничар тоа го потврди со фотографиите објавени на нејзиниот Инстаграм профил. Актерката е шармантна невеста во екстравагантна венчаница од Долче и Габана во минималистички ...

Трансформирачката моќ на актерката Лили Џејмс (33) која на јавноста ѝ е најпозната по своите улоги во „Cinderella", „Mamma Mia! Here We Go Again", „Baby Driver", „Downton Abbey", „Pride And Prejudice And Zombies", неодамна ја потврди својата трансформирачка моќ појавувајќи се и како Памела Андерсон во филмот „Pam & Tommy" кој се емитува на Hulu. Оваа улога ѝ донесе и номинација за Еми награда за најдобра главна актерка. Но, се чини дека оваа ...

Амал Клуни отсекогаш важела за пример за префинет стил и беспрекорен вкус за мода за кои постојат безброј сведоштва. Амал отсекогаш била вљубеничка во винтиџ облеката, дури и пред таа да стане вистински тренд во текот на последните неколку години. Незаборавен пример е оној од минатата година кога Амал се појави во фустан од 16Арлингтон за време на филмскиот фестивал во Лондон, како и мини фустанот со светки од Ermanno Scervino во кој беше ...

Моите први сеќавања за џинсот се врзуваат со моето рано детство, кога веќе имав омилено парче облека и тоа беа – фармерки. Во прилично широк крој, поставата им беше во пруги (која наѕираше од џебовите), со висок струк, а на половната беа набрани со ластик. Но, ништо не ми беше пофасцинантно од тоа дека на едната ногавица беше пришиена апликација: патика со врвци. Истовремено, (периодот на раните 90-ти) паметам дека сите околу мене носеа џинс: ...

Деловниот имиџ особено во лето може да биде вистински предизвик. Како да се направи соодветнот спој на функционална, пријатна деловна комбинација, која истовремено ќе биде складна со нашиот личен имиџ и соодветна на нашата работна позиција. Но, постојат многу солуции како сите овие сегменти да ги вклопите во еден успешен летен деловен стил. Од една страна е навистина богатиот избор на летни парчиња што умешно може да се вклопат во бизнис ...

Љубителите на книгата неретко имаат тенденција да се вљубат и во книжарниците кои за нив претставуваат неисцрпен бунар на знаење и имагинација. Дури и самото одење до книжарница, пребарувањето и потрагата по совршената книга, читањето и несвесното задлабочување во еден нов свет пред да се одлучите да ја купите книгата што ви е на ум, претставува некој вид медитационо искуство и шанса за вљубениците на пишаниот збор да избегаат од реалноста и ...

Утре, во рамките на фестивалот Охридско лето кое се одржува од 12.7. до 20.8.2022 година ќе учествува Драмски театар Скопје, со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта". Претставата, работена според романот на Марк Хадон својата премиера ја имаше на крај на претходната година. Режијата е на Зоја Бузалковска,асистент на режија е Димче Николовски, драматургија на Александра Бошковска, сценографија на Константин Трпеноски, а асистент на ...

Минатиот месец во Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро" домашната публика имаше прилика да посведочи на една мултидимензионална уметничка поставка која иако е создадена од сè она што нам ни е секојдневие и е реалност која нè опкружува, сепак делува вонземски, како временски сегмент од некој друг универзум. „Форми на повторно создавање" ја има токму таа идеја во својот концепт: да го натера набљудувачот да стане активен и ангажиран учесник ...

Секој кој барем за момент посветил внимание на кариерата на Гага и нејзината сценска присутност би се согласил дека покрај нејзината музика, Лејди Гага е позната и како модна икона со невообичаена храброст за експериментирање со нејзиниот стил. Фото: Vogue Оваа карактеристика на Гага е присутна од самиот почеток на нејзината кариера и до ден денешен се провлекува како еден од нејзините главни одлики. Па така, нејзиниот карактеристичен стил се ...

Откако Линда Евангелиста, икона во модниот свет, одлучи да се пензионира и да се повлече од јавноста и светот на модата поради козмететичкиот третман кој „тргнал наопаку", како што вели таа, манекенката сепак повторно се враќа на модната сцена со нова кампања. Фото: buro247.hr Овојпат Евангелиста застана пред објективот на Стивен Мајзел и позираше за специјална кампања за најпопуларната чанта Baguette на Fendi по повод 35 години од познатата ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
93%
1016
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
3.6
84%
1017
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
85%
1018
weather icon

Софија

13ᴼ / 10ᴼ
5.14
57%
1018
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
5.03
89%
1019
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
91%
1018
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
2.06
60%
1015
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
82%
1014
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
58%
1014
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
7.2
86%
1020
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
3.09
76%
1020
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
73%
1015
Currency

61.5137

Currency

53.3948

Currency

69.8011

Currency

34.5859

Currency

37.8411

Currency

66.1753

Currency

7.49216

Currency

0.65521

Currency

0.34892

Currency

0.52589

Currency

0.60216

Currency

1.26793