Доколку размислувате за промена на вашата фризура, но сте во потрага по опција која е лесна за одржување, не бара голем напор и нема комплетно да го промени вашиот изглед, шишките се можеби правилниот избор за вас. Шишките имаат „супер моќ" да му дадат младешки изглед на речиси секое лице, па затоа и никогаш не излегуваат од мода. Но, пред да се одлучите за должината на вашите шишки, важно е да се следат одредени естетски наоски со цел да ја ...

Изборот на практични, а истовремено атрактивни парчиња облека, може да ни заштеди време и брзо да ни го реши прашањето: што да облечам за оваа или онаа прилика. Од тој аспект, комбинезонот е секогаш рационален избор. Парче кое е многу едноставно за носење и комбинирање. Џинс, лен, памук се секогаш присутни во потесниот летен избор, кога се во прашање материјалите од кои е изработен. А со оглед на тоа дека оваа сезона интензивните бои се водечки ...

Џенифер Лопез беше ѕвездата на црвениот килим на отворањето на 21-то издание на филмскиот фестивал Трибека во Њујорк, каде воедно и го промовираше нејзиниот документарен филм „Halftime". Во секси црна тоалета со транспарентни исечоци, дизајн на Том Форд, 52-годишната Џеј Ло даде уште поатрактивна нота на првата вечер на етаблираниот филмски фестивал. „Сѐ уште не сум го гледала финалниот проект. Нервозна сум, но и возбудена и не би го ...

Пред нас е продолжен викенд. Иако временската прогноза можеби не е ветувачка, тоа воопшто не смета на нашето расположение. А ние сме расположени за викенд авантура низ прекрасната природа на нашата земја. Кампување на планина или прошетка во некое од помалите гратчиња кои до сега не сте ги посетиле? Искористете ги рационално деновите пред нас, да вкусите домашна храна во некое од малешевските селца или можеби да осовите нови планински врвови и ...

... А одговорот на прашањето во насловот е: на платформи. Или ги сакате или не, но сигурно е дека чевлите на ултра високи платформи ова лето се хит. Веројатно на прв поглед делуваат гломазно и „тешки" за носење, но добро дизајнираните чевли изработени од соодветни материјали, може да бидат и пријатни и удобни за носење. Иако имаат специфична естетика, на која многумина гледаат со резерва, овој модел на чевли е веќе нашироко прифатен и во светот ...

Вчеравечер момците од „Некст Тајм", Стефан и Мартин Филиповски пред своите пријатели, колеги, соработници и фанови го промовираа нивниот најнов албум кој носи наслов „Мајка". На албумот се наоѓаат девет композиции, од кои повеќето веќе познати, а три од нив сосема нови, плус уште една бонус. Во полната сала на хотелот „Мериот" „Некст Тајм", заедно со својот бенд во живо на чело со музичкиот продуцент на албумот Николче Мицевски за присутните ...

Иако вообичаен амбиент за костими за капење е на плажа или покрај базен, толку е богат изборот на модели што лесно може да пронајдете таков што ќе го носите во склад со вашите секојдневни комбинации. Така костимот за капење лесно може да го пренамените во ултра модерен топ. Може да го носите под кошула или наметка или едноставно во комбинација со бермуди, здолништа или панталони со висок струк. Ако до сега не сте пробале, ќе се изненадите колку ...

Тие ретко се појавуваат во јавноста, но кога ќе се појават сите симпатии се нивни. Кијану Ривс и неговата девојка, уметницата Александра Грант, минатиот викенд присуствуваа на гала настанот MOCA во Лос Анџелес, што беше прво нивно заедничко појавување на црвениот килим по речиси три години. Можеби токму и поради тоа, јавноста е секогаш љубопитна и со големи симпатии гледа на нив кога јавно ќе се појават заедно. Природни, насмеани и непосредни ...

Амал и Џорџ Клуни во друштво на нивните долгогодишни пријатели Синди Крафорд и Ранде Гербер, деновиве уживаат на заеднички одмор во Јужна Франција. Двата пара во понеделникот слетаа со приватен авион во регионот Вар, каде семејството Клуни го поседува имотот „Domaine du Canadel", што се простира на површина од 170 хектари. Во меѓувреме, медиумите ги забележаа и на заедничка вечера, за која и двете дами одбраа летни комбинации со колоритни, ...

Дизајн изведен од инстинкт, вака есенцијално би можеле да ви ја доловиме новата ресорт колекција на Живанши. Така ја доживува и пренесува и креативниот директор на брендот, Метју Вилијамс, кој запрашан од Вог што стои како инспирација, вели: -Навистина дизајнирам инстинктивно, тоа што мислам дека е кул, како гледам како жените се облекуваат... И навистина оваа колекција е кул. Особено за новата генерација, која под кул подрабира едноставно, ама ...

Култниот шведски бенд повторно е на турнеја – но, овојпат дигитална во облик на аватари кои на сцена од иднината го враќаат минатото. ABBA се распаднаа во 1983 година и никој не очекуваше дека некогаш повторно ќе ги види заедно, особено не на турнеја. Но, 39 години подоцна Бени (75), Агнета (72), Ани-Фирд (76) и Бјорн (77) повторно се заедно на сцената, иако овојпат благодарение на напредната технологија и нивните дигитални аватари. Идејата за ...

Ен Хатвеј се појави во жолто од глава до пети на настан на Bvlgari во Париз и денеска е главна модна тема во медиумите. Изборот на ваква нијанса бара храброст, но уште повеќе бара умешност како да ја комбинирате и став како да ја носите на себе. Ен очигледно го направила успешниот спој од сите. Изгледа фантастично и свежо, во долга наметка и кратки бермуди во интензивна, лимон-жолта боја. Но, целиот изглед добива луксузна нота преку изборот на ...

Принцот Хари и Меган Маркл споделија фотографија од првиот роденден на нивната ќерка Лилибет. Роденденот го прославија на 4 јуни во саботата, откако претходно присуствуваа на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора. Ова беше прво јавно реобединување на семејството од 2020 година, а воедно и прва прилика на кралицата да се запознае со својата правнука Лилибет која инаку е родена во Санта Барбара, Калифорнија. На ...

Од 2. до 5. јуни, кралицата Елизабета Втора со низа настани и почести го славеше својот платинест јубилеј, 70 години на тронот на Британија, што воедно ја издвојува како монарх со најдолго владеење во кралството. Интересно беше да се анализира ова четиридневно славење и од моден аспект. Особено ако во модниот фокус ја имате војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон која покажа врвна елеганција и естетско чувство и за оваа прилика, што секако беше и ...

Содржината на летниот плакар оваа сезона добива силен колоритен интензитет. Боите се тренд, а особено под влијание на актуелните тв серии и тенденции наметнати од модните писти. Но, класиката секогаш е игра на сигурно. Белите парчиња припаѓаат на оваа категорија, со што секогаш си го присвојуваат епитетот: вредни за инвестиција. Од практични причини, бели комбинации секогаш се добредојдени во лето. Особено кога тоа подразбира ленена облека, ...

Деновиве на интернет кружат фотографии на кои еден од омилените холивудски актери изгледа непрепознатливо. Се работи за Бредли Купер кој од неодамна започна со снимањето на нов филм во продукција на Netflix, а фотографиите објавени на интернет се од филмскиот сет. Станува збор за биографскиот филм „Maestro" во кој Бредли ја толкува главната улога, а истовремено повторно ја презеде режисерската палка во свои раце. Филмот ќе го обработува ликот и ...

Малиот грчки остров Тилос на прв поглед не се разликува по ништо од останатите мали грчки острови. Но, ова мало егзотично место сместено на половина пат помеѓу Кос и Родос, со околу 530 жители, е многу блиску да стане првиот зелен остров со нула отпад од домаќинствата. Тука од неодамна е имплементирана програмата Just Go Zero, која има за цел да воспостави нов модел на интегрирано менаџирање на цврстиот отпад. Поточно, идејата е максимално ...

Џенифер Лопез викендов доби специјална награда за нејзините постигнувања во филмската и телевизиската кариера, „Generation Award" на MTV Movie&TV awards што се одржаа во Санта Моника. За приликата, Џеј Ло на црвениот килим се појави во смела црна комбинација, со длабоко изразено деколте. Се работи за креација на младиот, но доста актуелен либански бренд Mônot чии дизајни се почесто ги гледаме на црвениот килим, препознатливи по сензуалната и ...

Нова приказна и нови почетоци во нов дом. Денешниов ден има посебна вредност за реномираната градежна компанија Elena Luka Home и станарите во новиот современ станбено-деловен објект „Futura". Станарите денеска ги добија клучевите со кои ќе отклучат едно убаво поглавје во својот живот и ќе го започнат домувањето во еден од најубавите и најсовремени станбено-деловни објекти, кој му дава еден посебен архитектонски белег на Скопје. Elena Luka Home ...

Културно-Информативниот Центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на промоција на култната книга за деца „Бушава азбука" од Горан Стефановски и Душан Петричиќ на издавачката куќа Чудна Шума, на ден 8 јуни 2022 година, со почеток во 19:19 часот, во Култ парк (паркот пред КИЦ-Скопје) Kултната книга за деца „Бушава азбука" од Горан Стефановски и Душан Петричиќ конечно го доживеа своето реиздание, во рамки на едицијата за деца и ...

Од денеска па до 5. јуни во Лондон се организираат низа настани и почести за обележување на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора која цели 70 години е на британскиот трон, подолго од било кој друг нејзин претходник. Четиридневната прослава започна денеска со традиционална воена парада Trooping the Color во центарот на Лондон на која учествуваат околу 1500 војници како и 70 авиони на Кралското воздухопловство, поставени во свечена ...

Сезоната за костими за капење и официјално е отворена. Тенденциите за ова лето носат тропско расположение, разиграни принтови и детали со кои костимите за капење преминуваат на едно ново ниво каде може да ги носите и како парче од секојдневните комбинации. Неколку моменти се издвојуваат како највпечатливи. Животински принтови Зебра или леопард, животнските принтови често ќе ги гледаме на плажа ова лето. Впечатливи дезени кои даваат доза ...

На одбележувањето на Меѓународниот ден на детето – 1 јуни, беше промовирана едицијата „Нови бајки од Македонија", со што се збогати македонската литература за деца. На настанот беа промовирани и авторите на бајките, како и илустраторите кои работеа на визуализација и „оживување" на ликовите. Четирите бајки од едицијата „Нови бајки од Македонија" – „Бакнежот на пролетта", „Перуника", „Сончевото момче Ил" и „Осаменото дрво" се во издание на ...

Џони Деп го доби судскиот спор против поранешната сопруга, актерката Амбер Херд која ја тужеше за клевета поради колумна во „Вашингтон пост" во 2018 година, во која таа го обвини за семејно насилство. Во судскиот спор кој речиси два месеци беше шоу за јавноста, поротата донесе одлука дека обвинувањата на Херд против Деп не биле докажани, со што на актерот му додели отштета од 15 милиони долари. За време на судскиот процес сведочеа и повеќе ...

Вчера во просториите на ЕУРМ, осносно во големата хала на поранешната печатница, беше отворена традиционалната Годишна изложба на студентите од графички, моден и ентериерен дизајн при Факултетот за арт и дизајн од акадамеската 2021/2022 година. „Изложбата насловена „Имагинариум" е портал кон умствениот простор во кој царува бесконечната имагинација на нашите студенти. По две изданија на Годишната изложба кои се реализираа во дигитална форма ...

Една тенденција која можеби е најприсутна и најзабелжителна оваа сезона се бермудите. Многу често комбинирани како алтернатива на дводелниот костум, со сако или блејзер, што ги отвора можностите да ги носите и на работа, доколку работната позиција и амбиентот на работното место ви го дозволува тоа. Со висок струк, најчесто во поширок крој, со должина малку над или до колена – во основа обезбедуваат пријатно чувство додека ги носите, а притоа се ...

Покрај малиот црн фустан, уште едно класично модно парче во кое вреди да се инвестира е романтичниот бел фустан. Неговата безвременост ги анулира границите на трендовите и сезоните, па токму затоа секогаш е корисно во плакарот да имате едно вакво женствено парче. Секако топлите денови се идеални за бел фустан, а едиствено што ви треба за да го комбинирате, се добар пар чевли: лесни сандали за преку ден или високи потпетици за некоја коктел ...

Во пресрет на престојното лето, Сергеј Четковиќ одлучи да ги израдува своите фанови со нова песна, односно втор сингл од седмиот студиски албум „Кофер", кој се очекува да излезе на есен. По истоимената водечка нумера од албумот кој ја објави минатата година, со нешто поинаков музички и авторски израз, Сергеј овојпат се претставува со нова љубовна балада со наслов „Не долазиш", која дефинитивно спаѓа меѓу неговите најубави песни, со оглед на тоа ...

Шпанската кралица Летиција, истовремено е и кралица на елеганцијата. Оваа дама речиси и да нема модна утка. Елегантните женствени фустани станаа заштитен печат на нејзиниот имиџ, што знае да ги носи со некоја посебна грациозност. Така беше и неодамна кога на еден формален настан се појави во прекрасен фустан со точки. Во нежна сина боја, со нагласен струк и суптилни карнери – едноставно овој модел на неа изгледа беспрекорно. За почит е тоа што ...

Откако лани италијанскиот дизајнер Џамбатиста Вали дебитираше со венчална колекција, деновиве ја промовираше и втората линија венчаници, односно вториот дел од колекцијата „Love". Како што ќе посочи и самиот дизајнер, продолжението на колекцијата го карактеризира подраматична нота во однос на првиот дел, затоа што едноставно неговиоте клиенти тоа и го очекувале од него. „Во првата колекција играв на сигурно, на некој начин. Но, моите клиенти ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
87%
1016
weather icon

Белград

9ᴼ / 9ᴼ
5.66
84%
1016
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
85%
1017
weather icon

Софија

12ᴼ / 9ᴼ
5.14
60%
1018
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
3.69
93%
1018
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 6ᴼ
2.24
84%
1016
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
2.68
77%
1015
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
77%
1013
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
82%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
90%
1019
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 10ᴼ
1.76
69%
1017
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
88%
1017
Currency

61.52

Currency

53.1929

Currency

69.8011

Currency

34.5859

Currency

37.8411

Currency

66.1753

Currency

7.49216

Currency

0.65521

Currency

0.34892

Currency

0.52589

Currency

0.60216

Currency

1.26793