Во Македонија многу се зборува, а малку се прави за лицата со попреченост- вели Оливера Савеска од невладината организација „Созвездие“, мајка на дете со попреченост. Според неа иако се бележи мал напредок во унапредување на условите за живот на лицата со попреченост, сепак постојат горливи проблеми кои со години се таложат и не се решаваат. „Да се биде родител на дете со попреченост е голем и тежок предизвик. Во нашето родителство нема етапи ...

Секаде каде што државата затајува, страдаат најранливите – оваа вистина секојдневно ја живеат илјадници родители на деца со попреченост во Македонија. Додека министрите се менуваат, а владејачките коалиции ги собираат политичките поени на декларативни заложби за „инклузивност“ и „социјална правда“, вистината е дека ниту една влада досега не нашла сили – или волја – да го реши прашањето на родителите кои 24 часа дневно се негуватели на ...