Краткометражниот анимиран филм „Неми филмови“ на Крсте Господиновски во официјална селекција на најстариот фестивал за анимирани филмови Анеси во Франција. Новиот краткометражен анимиран филм на македонскиот автор Крсте Господиновски, „Неми филмови“, во продукција на Фокус Покус Филмс и Флип Бук Продакшнс и поддржан од Агенцијата за филм, премиерно ќе биде прикажан во официјалната селекција на овогодинешното издание на најпрестижниот и најстар ...

Од 3.900 филмови пријавени од сите континенти, „Неми филмови“ ќе се натпреварува со уште 70 филмови за една од најзначајните награди во светот на анимацијата. Успехот на екипата предводена од Господиновски претставува значаен исчекор за македонската авторска анимација, бидејки ова е првиот македонски филм по „Адам“ на Петар Глигоровски од 1977 година кој успева да биде вклучен во официјалната селекција на фестивалот. Филмот е работен по сценарио ...