Во Музејот Метрополитен во Њујорк, вчеравечер се одржа Мет Гала 2025, која што годинава го стави акцентот на еден специфичен моден правец од минатото – црнечкиот дендизам. Ана Винтур и тимот овојпат сакаа да оддадат почит на нешто што е повеќе од мода – став, гордост и ослободување од стегите на изразувањето. Со ова всушност и се дефинира овој правец, којшто зазема еден значаен дел од црнечката историја и стил. Дизајнерите како и секоја година ...

Првиот понеделник во месецот мај традиционално е резервиран за Мет Гала – најважниот моден настан во годината, хуманитарен гала настан кој на едно место, во њујошкиот музеј Метрополитен, ги собира важните ликови во модата, шоубизнисот, културната сцена, спортот… Годинешната тема на настанот и на изложбата која ќе се случи во Институтот за костими при музејот, е Superfine: Tailoring Black Style, со фокус на машката мода, поспецифично на ...