Во оваа земја најевтин е животот. Тетовската модуларна болница, Беса-Tранс, Kовид жртвите, родилки, бебиња, деца. Илјадници трагични приказни, страшни и жални, но реални, вели Рашела Мизрахи, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ. -Во оваа држава лекувањето се сведе на СМС-пораки и донации собирани по социјалните медиуми. А со аферата на онкологија се стави црна дамка на сите бели мантили во државата. Па поради гревови на поединци или групи гори и сувото ...

Сè повеќе млади луѓе заболуваат од рак на дојка. Тоа е едно од водечките малигни заболувања кај женската популација, но светските податоци за возраста во која се појавува се загрижувачки. Д-р Маја Стојчевска-Чапова, радиолог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, вели дека веќе нема возрасна граница и дека еден од најголемите предизвици на денешницата е што карциономот сè почесто се јавува кај помлади, а од друга страна, најчесто поради ...

Со криењето на промената во анкетниот лист на лидерот на ДУИ и пратеник Али Ахмети го крши Законот за спречување на корупцијата за што треба но не е гонет од Антикорупциската комисија. Ахмети според неговиот имотен лист со непријавување на имотот на неговите блиски роднини прави прекршок за кој е предвидена парична казна во износ од 500 до 1.000 евра. Но досега за јавниот случај на криење имот во анкетен лист Државната комисија за спречување на ...

Американската амбасадорка Анџела Агелер во врска со предложенииот закон за амнестија денеска изјави дека за САД и Американската амбасада е важно ваквите процеси да се одвиваат транспарентно и да бидат легални. Таа одговарајќи на новинарско прашање при посетата на селото Радово по повод пуштање во употреба на предучилишен едукативен центар во Босилево, преку програма на УСАИД, нагласи дека е запознаена оти законот е влезен во собраниска ...

Ќе го блокираме автопатот, регионалниот пат, а ќе поставиме и шатори пред Министерството за образование и наука. Вака родителите на учениците во Гази Баба му се заканија на министерот за образование Јетон Шакири кој најави дека ќе ѝ ги одземе ингеренциите на Општина Гази Баба ако не најде решение каде да ги смести 13-те албански ученици од О.О.У „Његош“ во Јурумлери. Притоа, родителите се гневни поради тоа што министерот се фотографирал со лица ...

Оваа Влада сака да затскрие сторен криминал и така помина Кривичниот законик, а законот за амнестија по скратена постапка пристигна вчера и пракса е веднаш да се на дневен ред но не беше ставен што е малку чудно. Веројатно се чека СДСМ конечно да донесе став за истиот дали ќе е за или не, бидејќи има различни ставови, рече Ели Панова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисјата Студио 10 на телевизија 24. Панова укажа дека е многу јасно оти ...

На врата ни трупа уште една тешка зима. Споредено со земјите од Европската Унија заостануваме и во однос на можноста да ги загрееме домовите. Ова може да се види од бројките на Евростат. Ако мал број Финци, Чеси, Словенци, Естонци имаат таков проблем, во Македонија, голем дел од населението не може да си дозволи соодветно загревање на домот во зима. Како што објави Фактор, меѓу 25 и 30 проценти од македонското население живее во енергетска ...

Министерката за труд „ги израдува“ пензионерите кои со душа чее да добијат вистинско зголемување на нивните примања. Рече дека не е предвидено линеарно зголемување на пензиите, затоа што, како што рече, мора да се води сметка за стабилноста на пензискиот систем. Оваа недела се очекува да биде готов извештајот на работната група за пензиите, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. – Очекувам оваа недела да биде ...

Кардиологот Сашко Кедев кој е член на МАНУ го освои и врвот на Чо Ју кој е негов 8ми врв над 8000 метри. Чо Ју е висок 8,201 метри и е шеста највисока планина на светот. Експедицијата во која бил кардиологот го освоила овој врв завчера на 2 Октомври само пет дена по минување на тибетската граница. Чо Оју е шестата највисока планина во светот на 8,184 метри надморска височина. Чо Оју на тибетски значи „тиркизна божица“. Планината е најзападниот ...

Нема ден, а народот да не замине во минус во банка. Граѓаните се повеќе посегнуваат по минусите како начин на преживување во овие тешки времиња на високи цени, но и не толку високи плати за најголем дел од граѓанството, анализира Фактор. Најновите податоци на Народна банка на Македонија говорат дека дека во август сме имале драматичен месечен раст на негативните салда на тековните сметки за дури 13 проценти, односно за тој процент се зголемиле ...

Зошто пресудите на Европскиот суд за човекови права и слободи не важат за Бугарија, прашува професорката Гордана Силјановска Давкова која сега е народен претставник во Собранието од редовите на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Силјановска забележува дека не само Бугарија туку и целата ЕУ толерира неспроведување на 16 судски пресуди на Судот за човекови права кои се однесуваат на Македонците. ,,Во членот 6 став (2) на Договорот за ЕУ пишува: „ ЕУ ...

Наслов на денот и на нашето секојдневие, вели новинарката Жанета Трајкоска која констатира дека вест на денот вчера биле „молерисани занимални во една скопска населба за што на промоција на „кречењето“ се појавила безмалу целата влада, пратеници, градоначалник… „Премиерот Димитар Ковачевски, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, пратениците Дарко Каевски и Моника Зајкова и ...

Управниот одбор на ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје, денеска држеше седница во ходник бидејќи салата им била заклучена. Една од точките на дневен ред беше предлог за разрешување на в. д. директорот Драган Илиевски „поради лошата (неподобрена) финансиска состојба на претпријатието“, па затоа членовите се сомневаат дека ова е направено по негова наредба за да се блокира работата и да не се донесе одлуката за разрешување, објави СДК. На ...

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека Косово е нападнато и ја повика меѓународната заедница да воведе санкции кон Србија за да не се повтори анексијата по моделот на Крим. Османи разговараше со новинарката на Си-Ен-Ен, Кристијан Аманпур, само еден ден по интервјуто на српскиот претседател Александар Вучиќ, пренесува Нова.рс. Османи не ги коментираше барањата на Белград за формирање Заедница на српски ...

Целосна поддршка на барањата на Струковиот синдикат на контролорите на летање (ССКЛ) кој најави штрајк за 12 октомври, соопшти денеска Здружението на контролорите на летање на Македонија (ЗКЛМ). Контролорите на летање на 12 октомври ќе штрајкуваат – од 11 до 17 часот нема да се опслужуваат воздухоплови „Најавениот штрајк од ССКЛ е кулминација на претходните наши континуирани заеднички барања за подобрување на целокупното функционирање на М-НАВ, ...

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека засега не е отворена дискусија кој би бил кандидат за претседателските избори, но е убеден дека победник ќе биде кандидат предложен од СДСМ, се разбира со поддршка од „партнерите“… Прашање што циркулира во јавноста е дали кандидатот на СДСМ за претседател на државата може да биде Соран Заев, кој пред неколку дена се појави како иден член на „стратешкиот тим“ на партијата… Оаква дискусија воопшто не била ...

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, ги отфрла озборувањата дека тој, всушност, ја чува премиерската фотеља за поранешниот шеф на СДСМ и екс премиер Зоран Заев, откако на социјалните мрежи и низ медиумите процилкулира фотографија на Заев во штабот на партијата како иден член на „стратешкиот тим“, што и да значи тоа. „Во СДСМ никој никому не чува фотелја, затоа што претседател на партијата се избира преку гласање од страна на сите ...

Новинарот ИВор Мицкоски реагира на јавно искажаната намерана градоначалникот на Арачиново (Општина која не собира данок и која добива помош од Влада за самоодржливост) за изградба на Музеј на УЧК, без да наведе од каде пари, каде ќе биде сместен и со која цел… „А да идеме директно со Музеј на ДУИ и да не се зае*аваме, можеме наместо воштени фигури да има дел “реално потребен затвор” за криминалци кои 20 години не се симнале од власт“ – предлага ...

„Министре Спасовски, некако вашите ставови изгледа никој не ги зема во предвид. Што би рекол вашиот идол од лидер Ковачевски – ‘Никогаш, освен еднаш и сега втор пат’ не се случило министер на Влада да гласа ЗА одредено решение, а потоа пред медиумите да кажува дека е ПРОТИВ.“ – му реагира Драган Ковачки, пратеник во Собранието на Македонија и член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по повод ...

Најмалку 21 лице загина, а десетици се повредени во тешка автобуска несреќа во Италија, во близина на Венеција. Автобусот во кој се превезувале голем број луѓе синоќа малку пред 20 часот излетал од надвозникот „Либерта“ во Местре, близу Венеција, и откако летал 10 метри паднал на железничка пруга и се запалил. Според последните информации, загинале најмалку 21 лице, од кои некои се јагленисани, а 18 се повредени. Возачот последен бил извлечен ...

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави дека Украина може да се приклучи на Европската унија во 2030 година „доколку двете страни си ја завршат домашната задача“. „Украина и другите земји-кандидати мора да спроведат реформи, да се борат против корупцијата и да ги исполнат законските услови. Нам во ЕУ треба да ни биде јасно што сакаме да постигнеме заедно, кои се нашите приоритети и на што сакаме да трошиме пари. И ние мора да ги ...

Во историјата наназад секогаш кога Бугарија се обидувала да го асимилира македонскиот народ или да го негира македонскиот идентитет позади таа акција секогаш стоела поддршката од Русија односно руските интереси на Балканот, така било и за време на Санстефанскиот договор кога практично денешна Македонија ја добива Бугарија како подарок, а е резултат на оној договор кој го направиле министрите за надворешни работи на тогашната Русија и Отомаската ...

Воспитувачка во градинката „Димче Мирчев“ во Велес им давала на дечињата да консумираат чад од електронски цигари. Тоа траело извесно време се додека неколку од децата не се пожалиле на болки во градите и им раскажале на родителите што се случувало. Родителите, како и вработени и раководител на објектот дале заверени изјави заверени изјави. Информнацијата е точна, изјавила директорката на градинката Маја Велинова за телевизија Телма. ...

СДСМ има и државнички и државотворен капацитет. Партијата е отворена за секого и секогаш, без разлика кој на каква позиција се наоѓа во партијата или во државата. Јас од прв ден се држам до тоа, одговори вечерва во „Тема на денот“ во дневникот на Сител, премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски на новинарско прашање за враќањето на Зоран Заев во СДСМ односно за одржаниот координативен состанок на стратешкиот тим на партијата. – Се ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените” оствари средба со туристички работници кај автопатот Кичево Охрид каде беше потенцирано дека е приклучен, од секој од нас ќе зависат промените, и тоа што го гледаме на јавните мерења акламативна е поддршката за промени во Македонија на политичката сцена. Мицкоски истакна дека автопатот Кичево – Охрид не е приоритет на оваа влада, туку се ...

Началникот на германската армија, генерал Карстен Бројер, предупреди дека војната во Украина може да ескалира и повика на зголемување на одбранбените способности на Германија и НАТО, јави ДПА. Бројер, кој е главен инспектор на Бундесверот, спомена дека некои знаци во поставувањето пред анексијата на Крим во 2014 година и минатогодишната инвазија на Украина од страна на Русија, тогаш не биле земени предвид, а требало. „Германија не беше во ...

На полицаец во ПО Арачиново му било дозволено да не доаѓа на работа, а земал плата без да бидат поднесени извештаи за попреченост за работа. -Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција достави кривична ...

Контроверзниот бизнисмен Милан Радоичиќ кој според сопствените тврдења е организатор на вооружениот конфликт во Бањска во Косово, при што загинаа четири лица, денеска е уапсен, соопшти српското Министерство за внатрешни работи. „Полициски службеници на Управата за криминалистичка полиција извршија претрес во станот и другите простории на Милан Радоичиќ, кој е задржан до 48 часа“, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија. Радоичиќ со ...

Поранешната пратеничката Солза Грчева со критики за концесијата на ХЕЦ Чебрен и Тец Тиквеш. „ Поклонувањето на Чебрен и ТЕЦ Тиквеш е неспоредливо поголема зделка и поголема штета во насока на распродажба на природните ресурси, одошто Окта. Неспоредливо! Ова е век на борба за природни ресурси, пред се на ВОДА. А тие сега со овој проект ќе ја наводнуваат Грција со наша вода. Нам не ни треба толкава брана за акумулација од фотоволтаиците, и ...

ВМРО-ДПМНЕ денеска од Охрид ја почна акцијата која што има наслов „Важно е! Од тебе зависат промените“. -Акција со која што планираме да ја поминеме цела Македонија директно од терен да разговараме со граѓаните, организации, здруженија, целни групи и да слушнеме од прво лице што е она кое што претставува акутен проблем, што е она кое што недостасува, и за истото да понудиме решенија кое што ќе биде содржано во програмата која што ќе биде дел од ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.37
68%
1011
weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1015
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
1.53
79%
1016
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.77
75%
1013
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
4.81
70%
1013
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
0.86
90%
1015
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
1.34
67%
1009
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.26
87%
1010
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.81
80%
1010
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
3.58
67%
1014
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
0.45
64%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
63%
1011
Currency

61.53

Currency

54.6759

Currency

72.612

Currency

35.112

Currency

39.2593

Currency

65.5344

Currency

7.55213

Currency

0.65447

Currency

0.37501

Currency

0.52482

Currency

1.41065

Currency

0.64521

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15452.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1047.45

Злато

104068.10

Бакар

9.36

Паладиум

30157.40

Платина

31054.37

Родиум

172810.26

Цинк

2.62