Куќниот совет што глуми политичка партија со некогашното име сдсм (малите букви се реален одраз на нивното политичко и идеолошко ниво денес!) треба веќе утре да свика нова прес конференција со некој од нивната политикантска академија викана „Прогрес“ и повторно да ни ја раскажат приказната за придобивките од Преспанскиот договор и Договорот со бугарија (малите букви се…), за „бетонираниот јазик“ и идентитет, за придонесот на Шолц итн. Но, притоа ...

Марјан Николовски: Форма на политичко уредување, која не е способна да го заштити поединецот во неговите основни човекови и безбедносни права не може да се нарече држава. И таа треба што поскоро да се напушти, додека се уште постои таква можност. Таквата форма на политичко уредување наблиску се дефинира како мафија. А мафијата, кога-тогаш ќе се судри со секој поединец, а најмногу со оние кои и служат на мафијата. Во држава врвен интерес е ...