Со клоци и тупанци физички нападната скопската градоначалничка при увид на дивоградба во скопски Чаир. По речиси три часа Арсовска видно вознемирена го напушти ургентниот центар 8 Септември и во деатли го објасни инцидентот. Вели дека по нападот добила и закани по нејзиниот и животот на нејзиното семејство, а нападнати биле и советници и вработени во Град Скопје кои ја придружувале. На местото на инцидентот имало и полициски службеници за кои ...

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска тврди дека денеска при увид и инспекциска контрола на дивоградба во Општината Чаир, таа и екипата која била со неа, биле нападнати прво вербално, потоа физички, со клоци и тоа пред припадници на МВР. Лицето кое, како што вели, најверојатно е сопственик на дивоградбата и се заканувало нејзе и на нејзиното семејство. По нападот, таа се обратила во Ургентниот центар „8-ми Септември“, каде и била ...

На социјалните мрежи е објавено видео од случувањата од инцидентот во Чаир во кој учествувала градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, додека била на увид на терен. На видеото се гледа Арсовска во вербална расправија со едно лице. Кога тој, потоа и се приближува на Арсовска, на лице место доаѓаат припадници на полицијата, коишто веднаш реагираат и го одведуваат човекот. Во реакцијата на полицијата се приведени две лица, кои се ...