Настел ДООЕЛ Скопје, продолжува да продава акции кои ги поседува во Реплек АД Скопје. Како што информираа од Реплек преку Македонската берза, фирмата продала нови 35 акции. Сега Настел поседува вкупно 15.143 или 5,84% од вкупниот број на акции на Реплек. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Настел продолжува да продава акции на Реплек Што предвидува Бизнис планот на Реплек за 2026 Сава пензиски фонд купи нови акции на Реплек, Настел повторно продаде Настел ДООЕЛ ...

Од Сава пензиско друштво АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Петар Талески не е повеќе член на Управниот одбор (УО), откако поднел оставка заради остварување на работен однос во Сава Ре, д.д. Љубљана, Словенија. Во УО сега се Снежана Станковиќ, која е претседател и Татјана Бојковска, член. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Смени во Надзорниот одбор на Сава пензиско друштво Од Сава пензиско друштво АД Скопје преку Македонската берза информираа ...

На фри-шопот на грчкиот граничен премин со Македонија, Евзони, веќе не се продаваат цигари и тутун, пренесуваат локалните медиуми. Одлуката стапила на сила од 31. декември, а истата била донесена поради израмнување на цените со тие во Грција, со што фри-шопот ја изгубил предност, како и поради регионални мерки против шверцот и нелегалната трговија со тутун. Фото/АИ На фри-шопот на грчкиот граничен премин со Македонија, Евзони, веќе не се ...

На Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, македонската делегација ја предводи премиерот Христијан Мицкоски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Мицкоски ќе ја преставува Македонија: Утре почнува Светскиот економски форум во Давос Од Владата не соопштија кој се е во македонската делегација, а првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, сам информираше дека и тој ќе учествува на Форумот. Во Давос се и министерот за надворешни работи и ...

Акционерското друштво за приредување игри на среќа во државна сопственост – Државна лотарија на Република Северна Македонија, најостро реагира на тенденциозните, малициозни и клеветнички обиди на одредени критички настроени медиуми да креираат искривена и неоснована перцепција за законитоста, професионалноста и институционалниот интегритет на работењето на Друштвото, реагираат од таму. Реакцијата Ви ја пренесуваме во целост: “Друштвото се ...

Македонски Телеком ја претстави новата верзија на апликацијата Телеком МК со нов, модерен и прегледен дизајн и едноставен пристап за сите, информираат од таму. Апликацијата е дизајнирана да овозможи поедноставно, побрзо и поинтуитивно корисничко искуство и за лицата со попреченост. Во оваа насока направени се повеќе промени: текстот е поголем и поконтрастен, сите елементи се приспособени за гласовно читање (voice-over), а со апликацијата ...

Просечната месечна исплатена нето-плата за вработен во ноември 2025 година изнесувала 45.961 денар, што претставува зголемување од 9,4% во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак изнесувала 69.141 денари. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности ...

Податоците на Народната банка покажуваат дека во декември лани на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 10,1%, во поголем дел поради растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при раст и на депозитите на корпоративниот сектор. На годишна основа, пак вкупните кредити се зголемени за 13%, како резултат на растот на кредитите кај двата сектора, со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор. Повеќе инфо ОВДЕ. Податоците на ...

И покрај сите факти и докази кои потврдуваат дека компанијата работи согласно домашната регулатива и кои беа јасно потврдени од страна на релевантните институции, продолжуваат нападите кон ТИТАН Усје, велат од компанијата. „Овие напади не само што се тенденциозни, бидејќи не се засновани на факти, туку на произволни толкувања, тие истовремено отвораат и дилема, од кои причини и мотиви неосновано „прстот“ се посочува само кон една компанија, ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) откри детали за истрагата за судијата на Апелацискиот суд Скопје, Ѓоко Ристов, и му поднесе кривична пријава. Како што е познато во домот на неговите родители во Неготино, во ѕид беа најдени 350 илјади евра. -На 20.01.2026 Единицата за корупција во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против Ѓ.Р. (53) од Неготино, со живеалиште во Скопје, поради ...

Судскиот совет синоќа одлучи да му го одземе имунитетот на судијата Ѓоко Ристов од Апелацискиот суд Скопје, откако во домот на неговите родители во Неготино во ѕид беа најдени 350 илјади евра. За одлуката „за„ гласаа 10 присутни членови на седницата на Советот. По тоа на барање на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука тој да оди во куќен притвор и му го одзеде ...

Парите кои беа пронајдени во домот на родителите на осомничениот судија Ѓоко Ристов од Апелацискиот суд Скопје не биле негови. Во записникот при претресот во Неготино, кога во ѕид беа најдени 350 илјади евра, родителите рекле дека тоа биле нивни пари. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Позади ѕидна плочка, во алуминиумски ролни спакувани 350.000 евра: МВР поднесе кривична за судијата Ристов и откри детали од акцијата Информацијата за ТВ 24 ја соопшти адвокатот ...

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека вчера во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишиле од слобода А.Ј. (49) од селото Присојница, Општина Маврово и Ростуше, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик. -Според пријавеното од Н.А. од село Калиште, Општина Врапчиште, А.Ј. – вработен во Основен суд Гостивар, го контактирал неговиот пријател ...

На поранешниот директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи, кој беше обвинет дека побарал и примил поткуп од 20 илјади евра, денеска Основниот кривичен суд Скопје му изрече затворска казна од четири години. Тој беше обвинет за примање поткуп и награда за противзаконито влијание. Вработениот во установата, Блерим Амити, пак доби затворска казна од една година и десет месеци. Арифи и Амити во ...

Денеска на седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата беа утврдени предлозите за нов претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија (ДИК). Опозициската СДСМ за претседател го предлага Бојан Маричиќ, кој е дипломиран правник и магистер по меѓународно и европско право и современи европски студии, кој е и поранешен вицепремиер за европски прашања, од Скопје. За член пак го предлага Борис Кондарко, ...

Истрагата за осомничениот судија од Апелацискиот суд Скопје, Ѓоко Ристов, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја почнало пред една година и во овој период за него не биле користени посебни истражни мерки (ПИМ), информираа денеска од таму. Како што е познато Ристов е осомничен за „противправно стекнување и прикривање имот“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“, откако во домот на неговите родители ...

Синдикалната минимална кошница за еден месец пораснала пораснала за 921 денари, информираа денеска од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според ССМ минималните месечни трошоци на четиричлено семејство во јануари изнесувале 66.413 денари. Доколку семејството живее во изнајмен стан од 60 метри квадратни, минималните трошоци изнесуваат 81.788 денари. Од вкупните месечни минимални трошоци, 24.211 биле потребни за храна и пијалоци, а за ...

Македонската ракометна репрезентација ја победи Романија со гол во последната секунда, при што натпреварот заврши 24:23. Со овој триумф, Македонија ќе има полесен пат во баражот за пласман на Светското првенство идната година. За Македонија да оди во следната фаза на ЕП, Данска треба да ја победи Португалија со 18 голови разлика, и оттука мали се шансите да се продолжи понатаму. Фото/Unsplash Македонската ракометна репрезентација ја победи ...

Во Иран се уште нема интернет и има ограничување на мобилната комуникација, а од земјата сепак стигнуваат информации, пред се од активисти и граѓани кои успеале да ја напуштат земјата. Се претпоставува дека бројот на загинати во антивладините протести, кои почнаа на 28. декември се брои во илјадници, информација која ја потврди и власта, а како што пренесуваат повеќе светски медиуми, од семејствата на загинатите, режимот бара пари за да им ги ...

На една година пред истекот на мандатот, претседателот на Бугарија, Румен Радев, поднесе оставка. До изборот на нов претседател, земјата ќе ја води потпретседателката Илијана Јотова. Како што пренесуваат бугарските медиуми, тој најверојатно ќе формира нова партија, која ќе учествува на предвремените парламентарни избори. Оваа беше негов втор мандат како претседател. Тој ќе мора да поднесе барање до Уставниот суд за предвремено прекинување на ...

Јавното претпријатие за државни патишта склучи договор за ангажирање на фирма за одржување на хигиена, со друштвото за производство, трговија, транспорт и услуги Ланд-сервис ДОО Скопје. Договорот е во вредност од 26.280.960 денари или 427.333 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 3,8 милиони евра склучи ЈП за државни патишта со „Сафеге“ Договор од 6,5 милиони евра склучи ЈП за државни патишта со Гранит Договор од 1,3 милион евра склучи ЈП за ...

Стопанска банка од денеска на своите клиенти им го овозможува Apple Pay за брз, едноставен и безбеден начин на плаќање со своите Visa и MasterCard платежни картички користејќи Apple уред, информираат од таму. За користење на Apple Pay и дигитализација на VISA и MasterCard платежните картички, потребно е клиентите да ја преземат бесплатната мобилна апликација Apple Wallet, а поради засилената автентикација мора да се и активни корисници на ...

Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 1,50 денари, а цената на Еуродизелот (Д-Е V) се зголемува за два денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 72 денари за литар, на Еуросупер БС-98, 74 денари, а на дизелот, 66,50 ...

Обвинителот од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, Анел Фидоски, денеска од страна на Советот на јавните обвинители, беше избран за нов шеф на ОЈО Скопје. Тој беше избран на функцијата со седум гласа, а за позицијата конкурираа и досегашниот шеф Гаврил Бубевски, и Тања Трајчевска, Дејан Петрески и Спасенка Андонова. Со 10 гласови „за“ Бесир Алиу, пак беше избран за нов шеф на ОЈО Тетово. Обвинителот од Основното јавно обвинителство ...

Денеска во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција бил сослушан судијата од Апелациониот суд Скопје, Ѓоко Ристов, кој е осомничен во истрагата која ја води оваа Обвинителство, информираа од таму. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ 350.000 евра најдени во домот на судијата Ѓоко Ристов од скопска Апелација, биле скриени во ѕид Како што е познато во домот на неговите родители во Неготино во ѕид беа пронајдени 350 илјади евра. Од ...

Откако од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција побараа куќен притвор и мерки на претпазливост за судијата Ѓоко Ристов од Апелациониот суд Скопје, по пронаоѓањето на 350 илјади евра во домот на неговите родители, од Основниот кривичен суд информираа дека го добиле предлогот, но чекаат одговор од Судскиот совет, оти Ристов има судски имунитет. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Ѓоко Ристов сослушан, Обвинителство бара куќен ...

На својата конституитивна седница жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2024 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс, што се одвиваше од 15 декември минатата година до 15 јануари годинава, пристигнаа 45 романи. Жири-комисијата, во состав Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Иван ...

Македонската ракометна репрезентација синоќа одигра нерешено (29:29) со Португалија во вториот меч на Европското првенство. Следниот натпревар Македонија, која е во групата Б, го игра утре, со Романија. Во втората фаза од првенството одат две репрезентации кои ќе освојат најмногу бодови. Македонија засега има еден. Првенството се игра во Данска, Норвешка и Шведска. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Македонија го почна Европското ракометно првенство со пораз од ...

Со по еден златен и сребрен, како и два бронзени медали, се закитија каратистите на „Макпетрол“ на интернационалниот турнир „Гранд при Кроација“. На турнирот во хрватскиот град Риека настапија 1.270 каратисти со 1.571 натпреварувачки влезови од 26 држави, односно 233 клубови. Данило Божовиќ (-84 кг.) освои злато одличје во сениорска конкуренција. Јована Мицовска (У21, -61 кг) се избори за сребро, додека Стефан Стојановиќ (+84 кг.) се закити ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
57%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
3.09
60%
1015
weather icon

Загреб

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
61%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
52%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.1
86%
1017
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
81%
1015
weather icon

Атина

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
73%
1010
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
71%
1012
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
46%
1012
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
78%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
56%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
89%
1009
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Кобалт

3.86

Злато

144593.23

Калај

43.91

Иридиум

258288.78

Сребро

2179.44

Паладиум

44753.84

Платина

61858.04

Алуминиум

3.19

Цинк

0.00

Рутениум

56199.51

Бакар

10.65

Родиум

353658.21