Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Членот на Надзорниот одбор на Макпетрол АД Скопје, Саша Лекиќ, купи нови акции на компанијата, информираа од таму преку Македонската берза. Тој купил 5 обични акции и сега поседува 0,25% од вкупниот број на акции. Купувањето на акции од страна на менаџментот на компанија покажува дека тие веруваат во нејзиниот бизнис и перспективи. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Андреја Јосифовски купи нови акции на Макпетрол Оилко се стекна со нови акции на Макпетрол ...
Од Стопанска банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека согласно одлуката за именување од страна на Надзорниот одбор и добиената согласност од Извршниот одбор на Народна банка од 26. јануари, Емилија Стојанова Ивановска е именувана за генерален директор за управување со ризици и член на Управниот одбор (УО) на Банката. Таа ќе има мандат од 1 година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Владимир Тренески именуван за член на УО на Стопанска банка ...
Од ПроКредит банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Стевче Кузмановски е реизбран за член на Управниот одбор (УО) на Банката. Членови на УО се и Емилија Спировска, Маја Михајлова и Милан Дамчевски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Дрис Нор реименуван за член на на НО на ПроКредит Банка Јованка Јолеска Поповска реименувана за член на НО на ПроКредит Банка Како работела лани ПроКредит банка Од ПроКредит банка АД Скопје преку Македонската берза ...
И денеска, четврти ден по ред, продолжуваат блокадите за товарниот сообраќај на граничните премини во Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Хецеговина поради системот за влез и излез (ЕЕС) во Шенген зоната на Европската унија (ЕУ). Транспортните превозници најавија дека блокадите ќе траат седум дена. Бараат ЕУ да им дозволи да престојуваат во Шенген зоната повеќе од предвидените 90 дена во период од 180 дена и да добијат посебен статус, а ...
Во соработка со Стопанската комора, Народната банка организираше работилница за деловната заедница. Целта, како што информираат од таму, била компаниите да се запознаат одблизу со новите услови и начинот на извршување на прекуграничните плаќања во евра, како и со конкретните придобивки од членството на земјата во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). „Ова е прва ваква работилница наменета за деловната заедница, на која присуствуваа ...
Црногорските транспортери, кои заедно со колегите од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина три дена ги блокираа граничните премени заради системот за влез и излез (ЕЕС) од Шенген зоната на Европската унија (ЕУ), денеска ги прекинаа блокадите. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Четврти ден блокади на граничните премини заради правилата за влез и излез во Шенген зоната Македонските и транспортерите од Србија и Босна и Херцеговина засега продолжуваат со ...
Руската приватна компанија Лукоил ја продава меѓународната единица Лукоил Интернешнл ГмбХ на американската инвестициска фирма Карлајл груп, со која бил постигнат договор, информираа од таму. Оваа следи после неколку обиди на Лукоил да ја продаде Лукоил Интернешнл ГмбХ, откако поради војната во Украина, САД и воведе санкции. Засега нема детали за сумата, а договорот ги исклучува средствата во Казахстан и сè уште бара одобрение од ...
Брисел ги прифатил возачите од Македонија како професионалци, информираше министерот за транспорт Алекасандар Николоски. „Само што добив одлични вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е тоа што го баравме. После протестите и силната офанзива изминатиот период Брисел ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на ...
Македонските транспортери од вечерва во 20 часот се повлекуваат од блокадите на товарниот сообраќај на граничните премини. Заедно со колегите од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, тие, заклучно со денеска, четри денови го блокираа товарниот сообраќај поради правилата за влез и излез во Шенген зоната, бараќи да ги третираат како професионалци, а не како туристи и мигранти, за да можат повеќе да престојуваат службено во Зоната. Одлуката ...
Телевизијата Телма објави дека е запрена истрагата за шест полициски службеници, кои беа осомничени за предизвикување општа опасност за трагедијата во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани. При истрагата било утврдено дека дека нивните овластувања не биле поврзани со контрола на противпожарни мерки, туку за проверка на сообраќајната безбедност и паркинг просторот на објектот, па според Основното јавно обвинителство, тие можат да се гонат за друго ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. „Истото, може да се ...
Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) заработи кривична пријава за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од Управата за финансиска полиција, информираа од таму. -Пријавениот М.Б. во својство на претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна ...
Поранешниот градоначалник на Општина Кичево, Фатмир Дехари заработи нова кривична пријава од Одделението за внатрешни работи Кичево, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР). -ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д. (52) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против Ф.А. (62) од с. Зајас, А.Н. (38) од с. Србица, Х.Б. ...
Откако од Управата за финансиска полиција информираа дека поднеле кривична пријава за „Злоупотреба на службената положба и овластување“ за претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Марко Бислимоски, со реакција се јавија од РКЕ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кривична за Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика од Финанската полиција Бислимоски ја ...
Од Општината Охрид денеска преку соопштение се огласија за низата неправилности кои Државна ревизија ги констираа во работењето на Општината за периодот од 2019 до 2024 година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Дивоградби и на Галичица, делење субвенции без програма, хотели без дозвола: Ревизија на работењето на Општина Охрид Од таму велат дека станувало збор за сеопфатна анализа на работењето во повеќе мандатни периоди, а не исклучиво на актуелната локална ...
Откако денеска Управата за финансиска полиција му поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Марко Бислимоски, на прес конференција посочи дека ќе го следи процесот, дека ќе ги стави на располагање сите информации до надлежните институции, посочувајќи дека не ја прекршил законската регулатива ...
Претседателот на Управниот одбор на Макпетрол АД Скопје, Андреја Јосифовски, купи нови акции на компанијата, информираа од таму преку Македонската берза. Тој купи 104 обични акции и сега поседува 3,40% од вкупниот број на акции. Купувањето на акции од страна на менаџментот на компанија покажува дека тие веруваат во нејзиниот бизнис и перспективи. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Членови на менаџментот на Макпетрол купија акции на компанијата Саша Лекиќ купи ...
Од Макстил АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Одборот на директори (ОД) на компанијата на вонреден состанок одржан на ден 26. јануари го избрал Димитар Цветковски, неизвршен член на ОД за претседател на ОД, а Марија Дуковска – Павловска за извршен член и генерален директор. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој се е во Одборот на директори на Макстил Промени во менаџментот на Макстил Од Макстил АД Скопје преку Македонската берза информираа дека ...
Настел ДООЕЛ Скопје продолжува да продава акции кои ги поседува во Реплек АД Скопје. Како што информираа од Реплек преку Македонската берза, Настел продал нови 20 акции. Сега поседува 15.123 или 5,83% од вкупниот број на акции. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Настел продолжува да продава акции на Реплек Што предвидува Бизнис планот на Реплек за 2026 Сава пензиски фонд купи нови акции на Реплек Настел ДООЕЛ Скопје продолжува да продава акции кои ги поседува ...
Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Општина Охрид, за 2024 година. Констатирани се состојби, неправилности и неусогласености во работењето на Општината и поради нивното значење изразено е мислење со резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и неповолно мислење за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики на ...
Денеска од 17 часот Сојузот на синдикати на Македонија во Скопје ќе протестира за минимална плата од 600 евра и зголемување на сите останати плати за 100 евра. Истиот ќе почне пред Работничкиот дом, каде е зградата на ССМ, а ќе заврши пред Владата. Подршка на протестот најавија синдикати од образованието, културата, медиумите, индустријата, трговијата, полицијата… Фото: Фејсбук/Слободан Трендафилов Денеска од 17 часот Сојузот на синдикати на ...
Денеска, трет ден по ред, продолжуваат блокадите за товарниот сообраќај на граничните премини во Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Хецеговина поради системот за влез и излез (ЕЕС) во Шенген зоната на Европската унија (ЕУ). Транспортните превозници најавија дека блокадите ќе траат седум дена. Бараат ЕУ да им дозволи да престојуваат во Шенген зоната повеќе од предвидените 90 дена во период од 180 дена и да добијат посебен статус, а не да ...
Македонија2025 објави отворен повик за проектот ЛИДЕР, кој по 18. пат ќе се одржи од 14 до 27. април 2026 година во Скопје. Проектот се реализира во соработка со Ivey Business School – Western University, кои ја организираат оваа програма уште од 1991 година. Програмата претставува десетдневна MBA (Master of Business Administration) обука, која ги охрабрува и поттикнува македонските претприемачи да развиваат локални бизнис-решенија што ...
Премиерот Христијан Мицкоски е во фокусот на јавноста поради неговата колекција на часовници. Како што стои во неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија, тој во 2015 и 2016 година се стекнал со часовници вредни 3.208.254 денари или 52.400 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Мицкоски има часовници вредни 52 илјади евра За телевизијата ТВ 21, вели дека никогаш не криел дека е љубител на убави часовници, а најавува и дека во периодот ...
Поранешниот министер за правда и за евроинтеграции од редовите на СДСМ, Бојан Маричиќ е избран за претседател на Државаната изборна комисија (ДИК), на местото на Борис Кондарко, од истата партија. Собранието со 83 гласа „за“ ги избра и другите членови на новиот состав на ДИК. За нов потпретседател е избран Абдуш Демири, а за членови се избрани Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Димитрие Шеху. ПОВРЗАНИ ...
По објавувањето на извештајот на Државна ревизија за работењето во Општина Охрид, Основното јавно обвинителство Охрид отвори предистрага и оформи предмет, информираа од Основното јавно обвинителство. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Дивоградби и на Галичица, делење субвенции без програма, хотели без дозвола: Ревизија на работењето на Општина Охрид Извештајот на Ревизија откри бројни неправилности во работењето на Општината во 2024 година. Меѓу друго во истиот ...
Поддршката за членството на Македонија во Европската унија (ЕУ) значително се зголемува во 2025 година, при што јавното мислење покажува јасни знаци на намалена апатија и посозреано разбирање на европската интеграција како процес на реформи и усогласување со европските стандарди, покажуваат резултатите од најновите истражувања на јавното мислење спроведени од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје, во соработка со Фондацијата ...
Денеска во македонското Собрание со 62 гласа ,,за” и еден “воздржан“ за нови членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација беа избрани Лимко Бејзароски и Наташа Амдиу. Кандидатката Џихан Ахмед, чии излагање предизвика бура од реакции во јавноста, вчера ја повлекла својата пријава Комисијата има седум члена, а по повлекувањето на Ахмед сега има шест избрани членови. Денеска во македонското Собрание со 62 гласа ,,за” и еден ...
На прогласувањето на најдобрите за 2025 година од страна на Kарате Федерацијата на Македонија (КФМ), „Макпетрол“ се закити со седум признанија. На свечената промоција на КФМ беа избрани најдобрите спортисти, тренери и клубови за изминатата година. Kаратистите на скопската екипа и на овој избор повторно се најмногубројни и најдобри во највозрасните категории. „Макпетрол“ беше прогласен за најдобар клуб во сениорска конкуренција, а Петар ...
Нападите со преземање кориснички профили претставуваат една од најсериозните закани во крипто-светот, често резултирајќи со изгубен пристап, променети безбедносни поставки и испразнети салда. Наместо директно да ги напаѓаат блокчејн мрежите, измамниците ги таргетираат корисниците преку фишинг линкови, малициозен софтвер, напади поврзани со замена на SIM картичките, лажни разговори со „Binance поддршка“ и техники на социјален инженеринг, со ...