Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Откако САД отворено порача дека мора да го поседува најголемиот остров во светот, Гренланд, дел од Кралството Данска, заради своја национална безбедност, Русија предупреди да не се занемаруваат нејзините интереси на Арктикот. – Сите обиди да се игнорираат интересите на Русија во поларниот регион, пред сè во областа на безбедноста, нема да останат без одговор и ќе имаат многу далекусежни последици, изјави портпаролката на руското Министерство ...
Иран веќе деветти ден е без интернет и ограничена мобилна комуникација. Никој не знае што се случува во земјата и колку загинати има во антивладините протести кои започнаа на 28. декември. Според снимки кои некако стигнале надвор од државата се гледа дека таму повеќе не се протестира, а улиците се преплавени со сили на репресивниот режим. Лица кои успеале да ја напуштат државата за светски агенции велат дека улиците се празни, бидејќи сите ...
Компанијата Филип Морис Интернејшнл (ФМИ) по десетти пат го доби престижното глобално признание „Најдобар работодавач“ (Top Employer), со што компанијата уште еднаш потврди дека е посветена на поставување највисоки стандарди во односот кон своите вработени, информираат од таму. Сертификатот го доделува Институтот за врвни работодавачи врз основа на независна проценка, кој ги препознава глобалните лидери во позитивните практики за човечките ...
Енволед инвестмент Л.Л.Ц. (ENVOLED INVESTMENT L.L.C) со седиште во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати има намера да стекне самостојна контрола директно над Битар холдингс лимитед (BITAR HOLDINGS LIMITED), од Лимассол, Кипар по пат на купопродажба на акции, соопштија од Комисијата за заштита од конкренција. Примарна дејност на Енволед инвестмент е инвестирање во трговски друштва и управување и во Македонија нема поврзани друштва ниту ...
Саша Лекиќ, членот на Надзорниот одбор (НО) на Макпетрол АД Скопје купил 10 обични акции на компанијата, информираа од таму преку Македонската берза. Сега поседува 0,24% од вкупниот број на акции на Макпетрол. Купувањето на акции од страна на менаџмент на компанија покажува дека тие веруваат во нејзиниот бизнис и перспективи. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Саша Лекиќ купи нови акции на Макпетрол Оилко се стекна со нови акции на Макпетрол Убава вест: 30.000 ...
Со акцијата на Комерцијална банка АД Скопје лани е остварен промет од 1,8 милијарда денари и таа е најтргованата акција на Македонската берза лани, покажува годишниот билтен на Берзата. Втора е акцијата на Алкалоид АД Скопје со која е остварен промет од 1,3 милијарда денари, а трета е акцијата на Макпетрол АД Скопје, со која е остварен промет од 503,3 милиони денари. Еве кои се останатите најтргувани акции лани: Со акцијата на Комерцијална ...
Македонија за годинава ја зголеми квотата за странски работници кои може да работат во земјава на 10.000 работни дозволи. Како што е познато ангажирањето на странски работници во земјава е на барање на бизнис-заедницата, која континуирано изминативе години се жалеше на недостаток на работна сила. Одлуката на Владата за зголемување на работните дозволи за странци стапи на сила денеска, а најголемиот дел од квотата – 9.750 дозволи, се наменети ...
ТИТАН Усје е одговорна компанија која, во сите сегменти од своето работење, работи согласно домашната регулатива, велат од компанијата. -Kомпанијата ги применува најдобрите достапни практики во производството и применува технологија идентична со најдобрите компании од цементната индустрија во Европската Унија. Како конструктивен дел на заедницата, ТИТАН Усје целосно ја разбира загриженоста за квалитетот на воздухот во Скопје, но смета дека ...
Петар Петров е нов генерален конзул на Бугарија во Генералниот конзулат во Битола. Тој доаѓа на местото на Николај Димитров, која како што објавија бугарските медиуми предвреме си заминуваа од оваа позиција, а причините за тоа не се познати. Петров е актуелен заменик- амбасадор на Бугарија во Македонија. Во земјава е речиси пет години. Тој е дипломат од кариера со долгогодишно искуство и експертиза во регионот на Западен Балкан, ...
Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражителите од Истражниот центар при Обвинителството, со асистенција на Министерството за внатрешни работи (МВР), вчера до доцните вечерни часови вршеа претреси на 16 локации низ државата, информираа од Обвинителството. -При претресите се пронајдени и времено одземени фиктивна документација, парични средства, оружје и ...
Европската демократска партија (ЕДП) се спојува со Демократската унија за интеграција (ДУИ). Одлуката за спојување, како што информираа од партијата била донесена на Централното собрание на ЕДП. ЕДП е дел од коалицијата на ДУИ, Национална коалиција за интеграција, а ја предводи Аријанит Хоџа. Пред да ја формира ЕДП, Хоџа беше заменик претседател на Беса, која сега е дел од коалицијата Вреди. Фото: Хоџа/Фејсбук Европската демократска партија ...
Раководството на поделената Алијанса за Албанците (АА) од крилото на Арбен Таравари поднело колективна оставка, информираа од таму. Истата бил поднесена пред Собранието и Конгресот на крилото. До одржувањето на седница на Собранието на крилото, кое треба да се одржи следниот месец и кое треба да ги констатира оставките, и до одржувањето на Конгресот, кој треба да се одржи најкасно есенва годинава, со крилото ќе управувал актуелниот ...
Осум лица кои се осомничени во истрагата за финаниски криминал во Управата за јавни приходи (УЈП) добија притвор од по 30 дена, информираа од Основниот кривичен суд. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ 20 лица го оштетиле државниот буџет за 4,8 милиони евра: Осомничени Србин, сопственици и управители на фирми и вработени во УЈП Како што велат од Судот прифатено е барањето на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое ја води ...
По министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој вчера најави позитивно изненадување за Македонија од САД за визниот режим во наредните шест месеци, и премиерот Христијан Мицкоски денеска најави добри вести од стратешкиот партнер на земјава, во следните денови. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Откако САД ги замрзна иселеничките визи за Македонија, Муцунски најавува изненадување во следните 6 месеци Најавата следи откако САД пред ...
Откако САД отворено порача дека сака да го преземе најголемиот остров во светот, Гренланд, дел од Кралството Данска, на Гренланд доаѓаат војници од Шведска, Норвешка, Германија и Франција. И Данска го зајакнува своето присуство на островот со распоредување на војници, бродови и летала. Американскиот претседател Доналд Трамп изминатиов период повеќе пати посочи дека Гренланд и треба на САД за национална безбедност и дека бил важен за Златната ...
САД од 21. јануари ги суспендира имигрантските визи за 75 земји. Меѓу земјите за кои важи оваа одлука, како што информираа од Стејт департментот, е и Македонија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ САД ги суспендира имигрантските визи за Македонија За кои визи се однесува одлуката Одлуката се однесува само за имигрантски визи. Истата не важи за студентските, туристичките и бизнис визите, кои се и најбарани. Причината за одлуката е да се преиспита дали граѓаните ...
За време на примирјето во окупираниот Појас Газа, Палестина, кое стапи на сила во октомври лани, од страна на Израел се убиени над 100 деца, соопшти Фондот за деца на Обединети нации УНИЦЕФ. Според УНИЦЕФ, 60 од децата се момчиња, а 40 девојчиња. Како што информираа од таму смртните случаи се главно предизвикани од воздушни напади и напади со беспилотни летала, но се регистрирани и загинати деца од огнено оружје, како и од неексплодирани ...
На јавната берзанска аукција се продадени акциите на Стопанска банка АД Битола (сега Алта банка АД Битола) кои државата ги заплени од фирмата ,,Ексико”, во сопственост на поранешниот директор на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, за случајот „Империја„, кој го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО). ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Државата продава 7.213 акции во Алта банка Битола Станува збор за 7.213 ...
Од вкупно склучени 32 договори за новогодишно украсување на општините, дури 15 се со Линк Медиа Плус, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Истите се во вкупна вредност од 37.825.726 денари, или 615.052 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ За новогодишно украсување општините потрошиле 785 илјади евра, дури 78% од парите ги добила една фирма Тоа, како што е посочено во истражувањето, покажува дека Линк Медиа Плус добила 78% од ...
Уника АД Скопје има ново име – Сигал Иншуренс Груп АД Скопје. Информацијата од Сигал Иншуренс Груп ја соопштија преку Македонската берза. Од таму посочуваат дека новото име на Друштвото нема да влијае врз правниот континуитет, правата и обврските на Друштвото. Оваа следи откако во јуни лани албанското друштво Сигал Бизнис Центар се стекна со 90% индиректна сопственост во Уника АД Скопје и Уника Лајф АД Скопје, по повлекувањето на Uniqa ...
„Лукоил Македонија“ доби забрана за учество на тендери за јавни набавки во Македонија, откако македонското Министерство за одбрана ѝ издало негативна референца, објави Радио Слободна Европа (РСЕ). Забраната ќе важи шест месеци, а истата стапила на 17. декември лани. Фирмата нема да може да учествува на тендери за јавни набавки објавени од училишта, општини и државни институции. Како што велат од Министерството за РСЕ, причината е што ...
Државниот завод за статистика соопшти дека во ноември лани се одобриле 304 градежни дозволи, што претставува зголемување од 16,9 отсто во споредба со истиот период претходната година. Планираната вредност на предвидените градби достигнува 5.400.888.000 денари, што е за 27,1 отсто повеќе во однос на ноември претходната година. Најголем број градежни дозволи, односно 110, се издадени во Скопскиот регион. Следуваат Полошкиот со 55, Вардарскиот ...
Стопанска банка им овозможува на своите клиенти кои поседуваат дигитална електронска идентификација OneID да ги ажурираат своите лични податоци во Банката лесно, брзо и безбедно, во секое време и без посета на филијала, информираат од таму. Постапката е едноставна: започнува со посета на веб-страницата id.stb.com.mk и паралелно користење на мобилната апликација OneID. Со оваа нова дигитална услуга, Банката им овозможува едноставен и удобен ...
Досега ниту еден македонски државјанин од македонските власти не побарал помош за евакуација од Иран, поради влошената безбедносна состојба таму. Информацијата денеска ја соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Тој вели дека сите ресурси биле подготвени доколку има потреба од евакуација. Македонија нема резидентно дипломатско-конзуларно претставништво во Иран. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ МНР ги повика македонските ...
Македонскиот министер за надворешна политика и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, откако САД привремено ги суспендираше иселеничките визи за Македонија и други 74 земји, најави изненадување во визната политика на САД за земјава во следните шест месеци. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ САД ги суспендира имигрантските визи за Македонија – Оставете малку на времето и на нашата комуникација, на фактот што имаме одлична соработка со нашиот стратешки партнер и она ...
Македонија, која периодов на меѓународната сцена подржа повеќе ставови на САД, верува дека ќе се најде решение во согласност со меѓународното право за Гренланд, кој е дел од Кралството Данска, а САД сака да го преземе. Оваа денеска го кажа министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, прашан за нашата позиција и дали ќе дадеме поддршка на САД, кој е наш стратешки партнер. Тој рече дека земјата внимателно ја следеле ...
Во Иран во антивладините протести досега се убиени најмалку 2.400 лица, пренесуваат светските агенции. Најголем дел се млади под 30 години, а меѓу убиените има и деца, како и припаници на силите на репресивниот режим. Се стравува дека бројот на загинати се движи од над 12.000 до 20.000 лица. Овие бројки кои веќе се споделуваат во дел од светските медиуми и на социјалните мрежи неможе никој да ги потврди, бидејќи во земјата се уште е исклучен ...
Преку 10. еврообврзница, Македонија вчера се задолжи за милијарда евра. Министерството за финасии успешно ја реализираше аукцијата за издавање на еврообврзницата, која беше издадена во две транши од по 500 милиони евра со рок на достасување од 4 години и од 8 години. Каматните стапки за двете транши изнесуваат: 3,875% за траншата со рок на достасување од 4 години и 4,750% за траншата со рок на достасување од 8 години. Со оваа еврообврзница, ...
Настел ДООЕЛ Скопје, акционер со над 5% во Реплек АД Скопје продолжува да продава акции кои ги поседува во компанијата. Како што информираа од Реплек, преку Македонската берза, Настел продал нови 88 акции. Настел сега поседува вкупно 15.178 или 5,86% од вкупниот број на акции на Реплек. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Настел продаде нови акции во Реплек Што предвидува Бизнис планот на Реплек за 2026 Сава пензиски фонд купи нови акции на Реплек Настел ДООЕЛ ...
Комерцијална банка АД Скопје на 12. јануари продаде 558 сопствени акции по пат на јавна понуда, информираа од Банката преку Македонската берза. Истите се продадени за 15.568.758 денари или над 253 илјади евра. Банката ги продаде акциите заради исполнување на законската обврска за оттуѓување на сопствени акции во утврден рок. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Комерцијална банка со намалена добивка во третиот квартал Колку пари чувале граѓаните и фирмите во ...