Групата ДНК и надлежните институции биле виновни за пожарот во т.н. дискотека во Кочани, рече на денешното рочиште адвокатката на обвинетиот Дејан Јованов-Деко, сопственикот на “Пулс“, Ивана Коцевска. Таа во своето излагање рече дека тој не бил монструм, а бидејќи не бил стручно лице, неможел да биде свесен за пропустите во т.н. дискотека. Според неа пиротехниката, поради која избувна пожарот, не била пријавена кај надлежните, ниту кај ...

Одбраната на третобвинетиот за трагедијата во Кочани, Михаил Јованов, кој е син на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, газда на т.н. дискотека „Пулс“, на денешното рочиште меѓудругото посочи дека тој бил обвинет само заради тоа што е син на Јованов. Според неговата адвокатка Ивана Коцевска, тој имал своја фирма „Карго бит ДООЕЛ Кочани“ и не добил никакви овластувања од неговиот татко да презема дејствија во име на фирмата која ја водела т.н. ...

На денешното рочиште за трагедијата во Кочани, одбраната на обвинетиот Гроздан Милковски, сопственикот на објектот во кој работеше т.н. дискотека, кажа дека тој незнаел дека газдата на „Пулс“, Дејан Јованов-Деко, истиот ќе го преадаптира во кабаре/дискотека. Според неговата адвокатка Лидија Ристовска, Милковски не учествувал во градежните активности и не дал согласност за адаптација на внатрешниот простор. Според неа не постоел ниту еден ...

Судијката од Уставниот суд, Јадранка Дабовиќ Анастасовска си поднела оставка, објави порталот Сакам да кажам. За одлуката било известено и македонското Собрание, а неофицијално оставката ја поднела поради лични причини од здравствен аспект и ќе се вратела на професорското место на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Уставниот суд сега останува само со седум од предвидените девет судии. Нив ги избира Собранието. Фото: Уставен суд ...

Целото раководство на СДСМ колективно поднесе оставка, по предлог на претседателот на партијата Венко Филипче. На денешната седница на Извршниот одбор, од функциите се повлекоа заменик-претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари, како и сите членови. Во соопштението се наведува дека, оставките се доставени до Централниот одбор и до Филипче, кој го води процесот на длабоки внатрепартиски реформи. Овој ...

Цената на дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за еден денар, а цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на дизелот ќе изнесува 69,5 денари за литар, Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 75 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 77 денари за литар. За еден денар се намалува и ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе обвинени против три лица за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик, а првообвинетиот од нив се товари и за продолжено – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г., информираа од таму. -Тој подолг временски период на неговиот личен профил на Фејсбук пишувал објави со говор на омраза, навреди и ...

Од денеска камерите на електронскиот систем „Безбеден град“ ќе снимаат сообраќајни прекршоци, а Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе казнува од 1. јануари. До тогаш лицата кои ќе направаат сообраќаен прекршок ќе добиваат само опомена. Првично ќе се евидентираат прекршоци како што се возење со брзина поголема од дозволената, минување на црвено светло, погрешно престројување, изминат рок на важност на сообраќајна дозвола и непрописно ...

Од денеска стартуваше електронскиот систем „Безбеден град“, кој ќе снима сообраќајни прекршоци. Ќе се казнува од 1. јануари, а до тогаш ќе има само опомени. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Ќе се казнува од 1. јануари: Од денеска камерите на „Безбеден град“ снимаат сообраќајни прекршоци Како ќе се казнува? За прекршоците кои ќе бидат документирани преку системот Безбеден град, на сопственикот на возилото со кое е констатиран сообраќаен прекршок, Министерството ...

Во првите 12 часа од пробното функционирање на системот „Безбеден град“ биле регистрирани неверојатни 65.000 прекршоци од кои за поминување на црвено светло 2.800 и за нерегистрирано возило 1.000, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Оваа алармантна бројка уште еднаш ја потврдува неопходноста и оправданоста на системот, од кој очекуваме значително подобрување на сообраќајната култура, зголемена безбедност за сите ...

Наместо денеска, газдата на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, добил ново одложување за издржување на затворската казна од 10 години за сообраќајната несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица, за на 17. декември, објави порталот Сакам да кажам. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Ремзи Мифтари и Дурмиш Белули, осудени во мај за несреќата кај Ласкарци, се уште не се во затвор, Мифтари е недостапен за полицијата Причината е што сега требало да го оперира од кила ...

Поранешниот портпарол на Владата, Мухамед Хоџа е предложен за министер за животна средина и просторно планирање на местото на Изет Меџити, а пратеникот и поранешен министер за здравство Беким Сали за министер за европски прашања, на местото на Орхан Муртезани. Предлогот на Владата, бил испратен до Собрание за новите министри од ВРЕДИ. „Согласно Деловникот на Собранието, предлозите ќе бидат распределени на понатамошна постапка. За денот на ...

Љупче Почивалец, кадар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, е новиот градоначалник на Општина Радовиш. еМагазин во серијал ќе Ви ги престави новоизбраните градоначалници во поголемите општини, од кои дел се нови лица, а дел се реизбрани. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Каков имот пријавил Љупче Почивалец, новиот градоначалник на Радовиш Кој е Почивалец Роден е во 1981 година. Тој е дипломиран правник. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. ...

Компанијата „Aгна“ од Албанија сака да го купи македонскиот „Мако маркет“ ДОО Скопје. Информацијата ја соопштија од Комисијата за заштита на конкуренцијата. „Мако маркет“ е друштво за трговија на големо и мало, кое нуди услуги на трговија на големо со стоки за широка потрошувачка, како и производство на кондиторски производи и пуканки. Присутно е на целата територија на Македонија преку логистички центар, производствен погон и развиена ...

Пратеникот од поделената Алијанса за Албанците (АА) од крилото на Зијадин Села, Илир Демири, ќе делува како независен. За одлуката веќе го известил претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, соопштија од неговиот Кабинет. Пред неколку дена од АА на Села информираа дека ја напуштаат коалицијата со ДУИ, а крилото на Арбен Таравари, пак останува. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Илир Демири од АА, кој ќе делува како независен пратеник Таравари ...

Љупче Почивалец е новиот градоначалник на Општина Радовиш. еМагазин во серијал ќе Ви престави каков имот пријавиле новоизбраните градоначалници во поголемите општини, од кои дел се нови лица, а дел се реизбрани. Каков имот пријавил На свое име има недвижен имот во Радовиш, а недвижен имот пријавил и на име на родителите. Вози “мерцедес„ ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Каков имот пријавил Петар Јанков, новиот градоначалник на Струмица Каков имот пријавил Митко ...

Фокус објави дека Агенцијата за управување со одземен имот на јавно наддавање по електронски пат ќе продава конфискувано земјиште на поранешниот директор на поранешната Управа за разузнавање и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков во Морани. Информацијата на Фокус ја пренесе и еМагазин. На објавата на Фокус реагираше Мијалков, кој вели дека вистината е дека никогаш не го поседувал и немал никаква поврзаност со тоа земјиште и заради тоа не ...

На престојното Собрание на акционери на винарската визба Тиквеш АД Кавадарци на 29. декември една од предлог-одлуките е исплата на дивиденда, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Вкупната сума за оваа намена е 324.208.453 денари бруто, а е обезбедена од акумулираната добивка од 2017 и 2018 година. Истата, како што информираат од таму, ќе се исплаќа – дел во акции преку издавање емисија на акции по пат на приватна понуда наменета за ...

Државниот завод за статистика соопшти дека индустриското производство во октомври 2025 година е зголемено за 2,8% во однос на октомври лани. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен бележи опаѓање од 0,2%, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 0,4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација зголемување од 26,5%. Според главните индустриски групи, производството во ...

Горан Герасимовски доби уште еден мандат да ја води скопската општина Центар. еМагазин во серијал ќе Ви престави каков имот пријавиле новоизбраните градоначалници во поголемите општини, од кои дел се нови лица, а дел се реизбрани. Каков имот пријавил На свое име пријавил стан во Скопје. Вози „сеат леон“. Пријавил и хартии од вредност, како и денарски и девизни депозити. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Каков имот пријавил Петар Јанков, новиот градоначалник на ...

Документарецот на Тамара Котевска, “Приказната за Силјан”, освои награда од публиката за најдобар документарец на фестивалот Coronado Island Film Festival во Калифорнија, САД, информираа од Агенцијата за филм. Филмот е македонски кандидат за Оскар. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како се создаваше приказната за „Силјан“, македонскиот кандидат за Оскар: Од украдени материјали, до снимки од луѓе со штркови пред кооперација Трумф во Венеција: Филмот на Тамара ...

На најмалку 128 лица се зголеми бројот на загинати во пожарот во станбениот комплекс во Хонг Конг, Кина, со осум кули, а околу 200 лица се уште се водат за исчезнати. Десетици лица се хоспитализирани, од кои дел се во тешка состојба. За пожарот засега се уапсени три лица од градежна компанија, а се уште не е позната причината за истиот. Во комплексот живеат околу 4.600 лица. Се верува дека градежната компанија грубо ги занемарила ...

Она на што во минатото се гледаше како на „суровинска база“ за технолошки развој, денес во Европската унија е во центарот не само на економските, туку и на стратешките безбедносни политики. Рударството и преработувачките капацитети станаа критично неопходни за постигнување на климатските цели, како и целите на дигиталната и енергетската транзиција на земјите членки. На десеттата конференција за критични минерали, Европската унија најави нов ...

„Реплек“ ја отвори својата подружница – КА информативен центар, наменет за информирање за производите на компанијата на база на медицински канабис, информираат од таму. Центарот е прв од ваков вид во државата и претставува уште еден пионерски чекор во сегментот на производи на база на канабис, кои компанијата прва ги воведе на домашниот пазар, уште во 2016 година. КА информативниот центар е дел од определбата на „Реплек“ континуирано да ...

Од понеделник, 1. декември, поскапува цената на топлинската енергија за домаќинствата во Скопје. Истата, како што информираше денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Марко Беслимовски, се зголемува во просек за 5,9%. За корисниците кои се снабдуваат преку најголемиот систем (ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Снабдување и ЕСМ Производство) поскапувањето е во просек за ...

Долгодишниот новинар Мишко Иванов, последните години препознатлив на пошироката јавност по неговата наградувана емисија „Патот на успехот“, во рубриката „На кафе со“ на еМагазин, за првпат раскажува за неговиот пат на успехот, за приватниот живот и за неговата професионална кариера. Мирно детство кај булките покрај шините Роден е во Штип во 1978 година. Како што вели самиот потекнува од работничко семејство. И мајка му Милка и татко му Живко ...

Пред неколку години му правев друштво на колега кој правеше репортажа во Јасен, каде богаташи и политичари за пари убиваат животни. Се шокирав кога ни беше објаснето дека „фациве“ си седат во куќички од каде нишанат скриени, во животните, додека тие доаѓаат да јадат и пијат вода на пункт. Истото деновиве им се случува на Палестиците во Појасот Газа кои доаѓаат да земат храна и вода од малиот број на пунктови. Ги нишанат Израелците од сите ...

Благодарение на бројни граѓани од целиот свет кои ги преплавија социјалните мрежи со фотографии на изгладнети деца од Појасот Газа, кои не потсетија на гладните во Африка од осумдесетите години на минатиот век, бројните познати светски музичари и други културни уметници, но и на бројните протести низ целиот свет, Израел, конечно дозволи влез на хуманитарна помош во окупираната територија. Колку ќе трае тоа никој незнае. Тоа што се знае е дека ...

Уште не стивнале реакциите за инцидентот на кошаркарскиот натпревар помеѓу Македонија и Романија во Куманово, на кој навивачии скандираа „смрт за Шиптари“, „гасни комори“, „за чиста Македонија“…, а се случи нов. На фудбалскиот натпревар помеѓу ФК Шкендија и ФК Карабах навивачи скандираа „Голема Албанија“, „Чамерија“ и „Илирида“. Нема никаква дилема дека овие инциденти не се случајни. Се е тоа во сценариото за кампања за престојните локални ...

Постојат многу вистини за туризмот, но една е основната: без промоција нема туризам! Колку и да е убава една дестинација, ако никој не знае за неа, таа останува само скриено богатство, а не туристички производ. Тоа е посебно истакнато денес во ера на дигитализација, ефтини летови и лесна достапност на која било дестинација. Денес, ништо не се случува случајно! Не е доволно да имаш планини, езера, културно наследство или уникатна гастрономија ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
81%
1008
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
9.26
65%
1005
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
5.14
92%
999
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
7.72
80%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.71
95%
1014
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.79
97%
999
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
5.66
80%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
39%
1000
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
87%
1000
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
4.12
92%
1014
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
4.12
97%
1005
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
66%
1015
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

49.78

Алуминиум

3.06

Бакар

12.10

Родиум

339190.38

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Цинк

3.37

Злато

159322.70

Паладиум

56617.46

Сребро

3663.67

Иридиум

221848.72

Кобалт

64.04