Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Од Реплек АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Петар Андреевски, член на Надзорниот одбор (НО) на компанијата се стекнал со 10 акции на Реплек. Тој сега поседува 0,04% од вкупниот број на акции на Реплек. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Настел продаде нови акции во Реплек Што предвидува Бизнис планот на Реплек за 2026 Сава пензиски фонд купи нови акции на Реплек Од Реплек АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Петар Андреевски, ...
Од Алта банка АД Битола (поранешна Стопанска банка Битола) преку Македонската берза информираа дека на 13. јануари истекла важноста на согласноста за именување на Даниела Ѓоршевска за член на Управниот одбор (УО) на Банката. -До финализирање на постапката и пополнување на составот на Управниот одбор, со Одлука од Надзорниот одбор за вршител на должност – член на Управен одбор на Алта банка АД Битола од редот на членовите на Надзорниот одбор ...
Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за трошоците на единиците на локална самоуправа за новогодишно украсување. Истражувањето покажува дека тендери за новогодишно украсување имале 36 општини, а најмногу пари потрошила Општина Штип, 81 илјада евра. Градот Скопје и пет други скопски општини заедно потрошиле 185 илјади евра – сите со една иста фирма. Штип потрошил за украсување 111 денари по жител, а ...
На проценета вредност од над 1,35 милијарди евра се очекуваат инвестициите во нови капацитети за производство и складирање на електрична енергија што се веќе во фаза на реализација. Со Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2025 година, подготвен од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и донесен од Владата, се опфатени 481 објект за производство на енергија со вкупна инсталирана моќност од 1.265,89 MW, при ...
Почнувајќи од годинава, Македонија во следните пет години треба да врати околу 8,8 милијарди евра. Станува збор за долгови од претходни задолжувања кои доспеваат во тој период. Информацијата денеска ја соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. За оваа година долгот кој треба да се врати е 1.563.000.000 евра, плус обврзниците на домашните пазар што доспеваат и се со рочност од една година. Следната година долгот кој треба ...
Оне Македонија пред неколку денови од страна на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) беше избрана за трет мобилен оператор. Таа беше единствената компанија која се пријави на тендерот. За изборот денеска се огласија од Оне Македонија, од каде потсетија дека компанијата има склучено прелиминарен договор со Ериксон за стратешка соработка во планирањето, дизајнот и имплементацијата на новата мрежа, и споделија детали за нивните планови. ...
Денеска во Клубот на пратеници во Скопје ќе се одржи лидерска средба, а инцијатор на истата е премиерот и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На средбата нема да присуствува единствено опозициската СДСМ. Свое присуство на средбата потврдија од опозициските ДУИ и Левица, како и од владејачката коалиција Вреди и ЗНАМ. Според најавеното на средбата на партиите кои имаат пратенички групи во Собранието, треба да се разговара за ...
Фехми Стафа, поранешниот државен правобранител, останува во притвор. Од Основниот кривичен суд информираа дека тој добил нови 30 дена притвор. Како што е познато, тој од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Фехми Стафа, поранешниот државен правобранител, кој заврши во притвор за потпкуп од 50 илјади евра Пецов, за кого Стафа ...
55-годишниот маж кој го скрши стаклото на влезната врата на бугарската Амбасада во Скопје доби притвор од осум дена, информираа од Основниот кривичен суд Скопје. Притворот го побара Основното јавно обвинителство Скопје, кое поведе постапка за него, а како што информираа од таму, истиот го побараа поради опасност од бегство и повторување на кривичното дело. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Обвинителството бара притвор за мажот кој го оштети стаклото на вратата ...
На денешната лидерска средба на која учестуваа премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, која ја иницираше истата, генералниот секретар на ЗНАМ и министер за јавна администрација, Горан Минчев, градоначалникот на Тетово и лидер на Беса, Биљал Касами, од коалицијата Вреди, лидерот на Левица, Димитар Апасиев и на ДУИ, Али Ахмети, генерално сите се согласиле за укинување на техничката влада, информираше Мицкоски. Како што кажа ...
САД ги суспендира имигрантските визи за 75 земји, меѓу кои е и Македонија. Одлуката стапува на сила од 21. јануари. Од регионот истата важи и за граѓаните на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора. Суспендирани се и имигрантските визи за Русија, Молдавија, Кувајт, Монголија, Сомалија, Судан, Тунис, Бразил… Причината е да се спречи влез на странски државјани кои би користеле социјална помош и јавни бенефиции во САД, а визите ќе ...
Бројот на елени во Национален парк Галичица од 30 во 2019 година, денеска е зголемен на над 200, информираа од Паркот. Оваа е резултат на функционирањето на репродуктивниот центар и на секојдневната грижа од страна на ренџерот Лазе, заедно со неговите помошници Јане и Кире, велат од таму. Тие секојдневно се на терен – обезбедуваат храна и вода, вршат редовни контроли и се грижат за безбедноста и благосостојбата на елените. Центарот, кој беше ...
И оваа година нуркачите од Нуркачкиот центар Амфора традиционално кај Музејот на вода го запалија василичарскиот оган под вода и ја најавија Стара нова година, информираа од таму на Фејсбук. -Со ова нуркачите од Амфора на православните Христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица и се вклучуваат во организација на Охрид во празнување на претстојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител – Денот на рибарите, велат од ...
Во антивладините протести во Иран, кои започнаа на 28. декември, досега се убиени најмалку 1.850 лица, претежно млади до 30 години, пренесуваат светските агенции. Меѓу убиените се и дестина деца на возраст до три години, како и припадници на силите на режимот. Се стравува дека бројката на загинати е многу поголема. На социјалните мрежи се споделува бројка од над 12.000 загинати. Бидејќи од минатата недела е исклучен интернетот, како и ...
Оне Македонија телекомуникации на унгарската групација Фор-ај-џи е избран за трет мобилен оператор. Очекувањата се дека со влегувањето на трет мобилен оператор на македонскиот телекомуникациски оператор да има пад на цените на услугите, како и побогата понуда. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ „Оне Македонија телекомуникации“ избран за трет мобилен оператор Кога ќе стартува со работа За да стартува со работа Оне Македонија телекомуникации прво треба да го плати ...
Алта банка АД Белград, Србија, купи нови акции на Алта банка АД Битола (поранешна Стопанска банка Битола), информираа од Банката преку Македонската берза. Алта банка Белград купи 7.213 обични акции на Алта банка Битола и сега поседува вкупно 371.944 обични акции или 95,13% од вкупниот број на обични акции издадени од Алта банка Битола. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Алта банка Белград се стекна со нови акции на Алта банка Битола Како работи Алта банка, ...
По 13 години повторно почна со работа нафтоводот Солун – Скопје, кој не беше во функција од 2013 година. Информацијата ја објави грчката државна агенција АНА-МПА, повикувајќи се на изјава на извршниот директор на „Хеленик енерџи“, Андреас Сиамисис. Нафтоводот повторно почнал со работа на 31. декември лани. Според Агенцијата веќе била испорачана првата пратка, а во следниот период ќе следувала и втората. Нафтоводот ќе пренесува дизел-гориво. ...
Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ) за 2024 година. -На територијата на државата Владата има основано 16 Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) и три Индустриски зони со кои управува и е надлежна ДТИРЗ и отпочната е постапка за формирање на нови ТИРЗ на територијата на Општина Куманово и Општина Липково. ...
Поради влошената безбедносна состојба во Иран, македонското Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни. Како што велат од таму, МНР ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на ...
Бугарски државјанин бил пртеран денеска од Македонија, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Изречена му е и едногодишна забрна за влез во земјата откако бил фатен на Граничниот премин Деве Баир со боксирач и транспарент со навредлива содржина. -На 12.01.2026 во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л. (47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик, информираат од таму. -На 11. јануари, осомничениот од омраза ја оштетил влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија, така што со камен го скршил стаклото на вратата и веднаш се одалечил во непознат правец. Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да ...
Бидејќи адвокатката на обвинетиот поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски, Сузана Јошевска Анастасовска, стана член на Судскиот совет, е одложено утрешното рочиште за трагедијата во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани. Џаферовски ќе треба да си најде нов адвокат. Судењето ќе продолжи на 26. јануари, информираа од Основниот кривичен суд Скопје. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Јошевска Анастасовска и Кадри Шахиновиќ избрани за ...
„Оне Македонија телекомуникации“ на унгарската групација „Фор-ај-џи“ е избран за трет мобилен оператор, информираа од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Операторот беше единствениот кој се јави на тендерот за избор на трет мобилен оператор во Македонија. За да стартува со работа во следните 10 денови, компанијата треба да го плати еднократниот надоместокот за трите фреквенциски опсези, во вкупен износ од 8.020.003 евра. Компанијата ...
Бројот на загинати во антивладините протести во Иран драстично порасна. Досега загинаа над 500 лица, од кои најмалку 490 се демонстранти, претежно млади, меѓу кои и деца, а најмалку 48 се членови на иранските безбедносни сили. Над 10.000 лица пак се уапсени. Од четвртокот минатата недела во земјата е исклучен интернетот и мобилната комуникација, па се стравува дека бројот на загинати е поголем. И покрај тоа протестите поради економската ...
Од денеска стартуваат зимските распродажби во Грција. Истите ќе траат до 27. февруари, а со распродажбите намалени цени ќе имаат облеката, обувките, аксесоарите и апаратите за домаќинство. Пристапот до Грција периодов е проблематичен поради протестите на грчките земјоделци, па границата за влез во земјата е често затворена, а од утре е најавен и штрајк на такстите. Ако не успеете да ги фатите зимските распродажби нови ќе има од 13. јули. Како ...
Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со новата одлука цената на Еуросупер БС-95 ќе биде 70,50 денари за литар, а на Еуросупер БС-98, 72,50 денари за литар. Цената на Еуродизелот (Д-Е V) останува иста и тој понатаму ќе се продава за 64,50 денари за литар. За ...
Двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид минатата година опслужија 3,5 (3.475.288) патници, што е зголемување од 9% во однос на 2024 година, информираат од таму. Во 2025 година двата аеродроми опслужија 26.500 летови, што е за 4% повеќе во однос на истиот временски период, од јануари до декември, 2024 година. „Успехот што го постигнавме во 2025 година не е случаен. Тој е резултат на јасна ...
Бугарската амбасада во Македонија објави снимка од видео надзор на која се гледа како е скршено стаклото на влезната врата на Амбасадата во Скопје. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Скршено стаклото на вратата на бугарската Амбасада во Скопје На неа се гледа како непознато лице со рака го крши стаклото. За инцидентот остро регираше бугарското Министерство за надворешни работи, а истиот го осуди и македонското Министерство за надворешни работи и надворешна ...
Кандидатот на опозициската коалиција Национална алијанса за интеграција, предводена од ДУИ, Валбон Лимани, победи на повторените избори за градоначалник во Општина Гостивар, кои се одржаа вчера. Тој е кадар на поделената Алијанса за Албанците од крилото на Арбен Таравари. Лимани според податоци на Државната изборна комисија (ДИК) од преброени 99,97% од гласовите освои 64,48%, а неговиот противкандидат Невзат Бејта од владејачката коалиција ...
На повторените избори за градоначалник, кои се одржаа вчера, во Општината Маврово и Ростуше, победи кандидатот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и нејзината коалиција, Онер Јакупоски. Во Општина Врапчиште нов мандат доби кандидатот на коалицијата Национална алијанса за интеграција на ДУИ, Исен Шабани. Во Општина Центар Жупа пак за градоначалник е избран Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците. Тоj беше единствен кандидат, а доби подршка од ...