Жена на возраст од 75 години од Македонија, вчера се удавила на една од плажите во близина на Неа Каликратија на Касандра, првиот крак на Халкидики, Грција, пренесуваат грчките медиуми. Откако била извлечена од морето итно била повикана Брза помош, по што била пренесена во болницата во блискиот град Неа Мудања. Таму лекарите само констатирале дека починала, пренесува iefimerida.gr. За нејзината смрт се води предистражна постапка од страна на ...
Во Волос, Грција, ќе се одржи Балканското првенство во атлетика за сениори и сениорки, на кое како дел од македонската атлетска репрезентација ќе настапи и нашиот Андреас Трајковски, кој ќе се натпреварува во дисциплината скок во далечина. Трајковски ќе настапи вечерва во 19:50 часот, а конкуренцијата ќе биде исклучително силна. Во финалето ќе настапат и двајца од најдобрите светски скокачи во далечина – олимпискиот шампион Милтијатис ...

