Српскиот тренер Дарко Рајаковиќ, кој го предводи НБА тимот на Торонто Репторс, уште еднаш ја покажа својата хуманост со голема донација за три детски болници. По одличната дебитантска сезона на клупата на канадскиот тим, кој го водеше до плејофот, Рајаковиќ го исполни ветувањето дадено на почетокот на сезоната. Иницијатива за секоја помош Откако беше именуван за главен тренер на Торонто Репторс, Рајаковиќ започна хуманитарна кампања. Тој вети ...

Најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК е посветена на легендата на Вардар и македонскиот фудбал, Васил Рингов, кој на крајот од минатата година го напушти, помалку неочекувано, овој свет. А, гостин во специјалната епизода посветена на животниот пат на Васил Рингов е истакнатиот македонски новинар и публицист, Срѓан Ивановиќ, автор токму на биографијата за фудбалската легенда – „Фудбал под сенка“, која излезе постхумно, ...

Во периодот од шести до 11 мај во Струмица ќе се одржи развоен турнир на кој покрај Македонија ќе настапат и женските селекции до 16 години на Косово, Сан Марино и Андора. Натпреварите ќе се играат на терените на тренинг центарот Горан Пандев и во Турново. Во првото коло кое е на програмата на шести овој месец се среќаваат репрезентациите на Македонија – Сан Марино (Стадион Пандев) почетокот е закажан за 12 часот додека од 15:30 часот ...

Реванш натпреварите од полуфиналето во Купот на Македонија, ќе ги дадат екипите кои ќе се борат за големиот трофеј. Дали ќе се види очекуваното финале помеѓу Силекс и Шкендија Тетово, или, пак, некој од второлигашите ќе направи изненадување? Тетовска Шкендија, шампионот во Првата лига игра против Шкендија Арачиново, и ќе ја брани минималната предност стекната на мечот во Тетово. Дуелот се игра во Куманово, а тетовскиот тим важи за голем ...

Фудбалот што го прикажаа Пари Сен Жермен и Баерн Минхен во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите беше толку добар што сè друго сега изгледа лошо. Затоа Весли Снајдер, легенда на холандскиот фудбал, рече дека натпреварот на Арсенал против Атлетико Мадрид требало да биде прекинат во 35-тата минута – бидејќи ниту еден од нив не заслужувал да се квалификува во финалето на Лигата на шампионите. „Веќе по 35 минути реков дека УЕФА ...

Баерн Минхен е во преговори со младиот Торнике Кварацхелија, 16-годишниот грузиски талент и брат на далеку попознатиот Хвича Кварацхелија, кој настапува за ПСЖ. Според италијанските медиуми, Баерн и некои други гиганти го следат настапот на младиот фудбалер. Во саботата крилниот напаѓач беше во составот на сениорскиот тим Динамо Тбилиси и тоа за првпат, но не доби шанса за настапи. По овој меч Кварацхелија отпатувал во Германија да се сретне ...

Во помалку возбудливиот реванш од полуфиналето на Лигата на шампионите, Арсенал тесно го победи Атлетико Мадрид со 1-0 и се пласираше во финалето. Букајо Сака постигна гол во 45-тата минута. По натпреварот, тренерот на „топџиите“, Микел Артета, беше еуфоричен. „Беше неверојатна ноќ што ја доживеавме заедно со играчите и сите други од клубот. Чувството е фантастично. Сè што правиме и низ што поминуваме сега има смисла. Гледам среќни и горди ...

Фудбалерот на Наполи, Ромелу Лукаку, се приклучи на тренинзите по повеќе од еден месец отсуство и рехабилитација во Белгија. На крајот на март, Наполи објави дека ја разгледува можноста за отстранување на белгискиот фудбалер од тимот, бидејќи тој не се појави на тренинг кога беше договорено. После тоа, клубот објави дека го задржува правото да преземе дисциплински мерки и да одлучи дали да го задржи играчот во тимот. „Ромелу Лукаку се врати ...

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, бил вмешан во тепачка со соиграч, објави „Атлетик“. Инцидентот се случил во април, кога Германецот се тепал со друг играч од првиот тим во соблекувалната на тренинг-центарот на 15-кратниот европски шампион . Самиот Рудигер ја иницирал тепачката, објасни „Атлетик“. Германецот се извинил за своето однесување, а минатиот петок тој ги поканил сите соиграчи и нивните семејства на вечера. Ова е нов удар ...

Атлетико Мадрид повторно остана без трофејот од Лигата на шампионите, натпреварување кое Диего Симеоне сè уште не го освоил со „јорганџиите“. Откако беа елиминирани од Арсенал во полуфиналето со вкупен резултат 1-2, аргентинскиот тренер изрази жалење за поразот и даде интересна изјава. Прашан за иднината во Атлетико, тој можеби и го најави своето заминување. „Дали имам сила да се обидам повторно? Не, сега сигурно не“, изјави Симеоне. „Нема ...

Италијанскиот фудбал беше обвиен во црно по веста дека Еваристо Бекалоси, легендарната „десетка“ на Интер и еден од најавтентичните уметници со топката што ја имаше Серија А, почина на 70-годишна возраст. Бекалоси почина ноќта помеѓу вторник и среда во болница во неговата родна Бреша, поради компликации предизвикани од тежок мозочен удар што го претрпел во јануари 2025 година. Иако се бореше со месеци, популарниот „Еваристо“ не успеа да се ...

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, ќе има состанок со претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис, во блиска иднина, објави италијанскиот весник „Ил Матино“. Според информациите, Конте е подготвен да го напушти тимот по завршувањето на сезоната доколку не му бидат исполнети условите. Неговото главно барање е да добие целосна доверба и контрола врз спортскиот и техничкиот дел. Стручњакот не е наклонет кон компромиси, иако сака да остане во ...

Тренерот на Баерн, Винсент Компани, ја коментираше изјавата на неговиот колега од Арсенал, Микел Артета, дека играчите од Бундеслигата и Лига 1 се посвежи од оние во Премиерлигата. Баерн и ПСЖ го играат реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, a Koмпани настојува фокусот да биде на теренот, а не на изјавите од околината. „Не сакам премногу да се задржувам на таа изјава. Играв многу години во Премиерлигата. Не верувам дека Артета ...

Оклахома Сити Тандер убедливо ги победија Лос Анџелес Лејкерс со 108:90 во првиот натпревар од второто коло од плејофот во НБА. Максималниот резултат на „Лејкерси“ беше 7:0 на почетокот од натпреварот, од кои Џејмс постигна пет поени. Гостите го одржаа нерешениот резултат до крајот на првата четвртина, кога Оклахома направи серија од пет поени на 26:26, со што стави крај на првата четвртина, а воедно доби на интензитет за дополнително ...

‘Микел Артета и Диего Симеоне ги објавија составите со кои вечерва ќе истрчаат на теренот на реваншот од полуфиналето во Лигата на Шампионите. Артета приреди едно изненадување, давајќи му шанса во средниот ред на младиот Луис Скели, кој ќе стартува пред Зубименди откако Шпанецот имаше многу осцилации во формата во последните месеци. Езе го зазема местото на Едегард како креативец во средниот ред, а Сака и Тросар се избрани како помош за ...

Арсенал има предност од 1-0 по првото полувреме од реваншот од полуфиналето во ЛШ во кој „топчиите“ за ривал го имаат Атлетико Мадрид. Очекувано, ниту овој дуел не донесе премногу шанси и возбудувања, но лондонскиот клуб сепак стигна до водство благодарение на Букајо Сака. По една долга акција Тросар шутираше од десетина метри, Облак успеа да одбрани, но Сака се најде на вистинското место и одбиената топка ја смести во мрежата. Водечкиот гол ...

Арсенал е првиот финалист во Лигата на Шампионите откако „топчиите“ вечерва славеа на реваншот со Атлетико Мадрид со 1-0, еден погодок доволен за ново европско финале за овој клуб, по она загубеното од Барселона во 2006 година. По оние 1-1 во Мадрид, јасно беше дека двата тима ќе играат максимално внимателно на вечерашниот реванш. Првото полувреме мина во претпазлив фудбал на двете страни, но Арсенал сепак успеа да поведе пред самиот крај. ...

Олимпијакос е првиот учесник на евролигашкиот фајналфор сезонава откако грчкиот гигант славеше лесно и на третиот меч во низа на кој за ривал го имаше европскиот вицепрвак Монако (82-105). По двата домашни триумфа, Олимпијакос вечерва беше подобар и на дуелот во „малото кнежевство“, со стил запечатувајќи ја визата за фајналфорот што ќе се игра токму во Атина. Пресудно беше првото полувреме од вечерашниот натревар што избраниците на Барцокас ...

Поранешниот шеф на стручниот штаб на Црвена Звезда, Јанис Сферопулос е на праг на нов ангажман во Евролигата. Како што објавува „Еурохупс“, грчкиот стручњак е многу блиску до преземање на Анадолу Ефес. Покрај Сферопулос, и Василис Спанулис е кандидат за клупата на турскиот клуб. Сферопулос е без работа откако ја заврши соработката со Црвена Звезда на почетокот на тековната сезона. Саша Обрадовиќ го наследи во црвено-белиот табор. Спанулис ја ...

Вардар тргна фуриозно на реваншот со Монпелје, но налетите на „црвено-црните“ беа запрени по инцидентот во кој беше вклучен единствениот класичен десен бек во тимот, Урош Митровиќ. Српскиот интернационалец имаше брутален старт врз Валентин Порт, директен удар во главата со што го раскрвари противникот кој неколку минути лежеше на теренот пред да стане и едвај да се упати кон клупата на Монпелје. Крадењето авторски текстови е казниво со ...

Ракометарите на двократниот европски шампион Вардар имаат позитива од 17-12 на полувреме против Монпелје во реваншот од четвртфиналето во Лигата на Европа и со тоа анулираше половина од негативата од првипт меч. Хорига и Малус се вратија во тимот на Вардар за овој меч, а токму Украинецот беше стрелец на првиот гол за нашиот тим со кој израмни на 1-1 во 3. минута. На голот одличен повторно беше Валах кој за четири минути забележа дури четири ...

Двократниот европски шампион Вардар славеше на домашен терен против Монпелје со 27-24, но не успеа да ја надокнади негатива од десет гола од првиот меч одигран во Франција и со тоа во четвртфиналето на Лигата на Европа ја заврши годинашната авантура на стариот континент. Хорига и Малус се вратија во тимот на Вардар за овој меч, а токму Украинецот беше стрелец на првиот гол за нашиот тим со кој израмни на 1-1 во 3. минута. На голот одличен ...

Вардар не успеа во чудесниот камбек, да стигне до билет за фајналфор турнирот во ЕХФ Лигата на Европа. „Црвено-црните“ се соочија со огромна негатива од Франција, бркаа минус десет против силниот Монпелје. И не се предадоа… одиграа моќно, мотивирано, најдобро што можат… и стигнаа до „плус седум“ на дваесет минути до крајот, но не можеа да ја пробијат таа граница. За жал, „штетата“ беше направена на првиот меч во Франција, на кој „вардарци“ ...

Иван Чупиќ не го криеше разочарувањето откако Вардар не успеа да стигне до билет за Ф4 во ЕХФ Европската лига, откако „црвено-црните“ вечерва славеа над Монпелје, но недоволно за да се надополнат оние „минус десет“ од првиот натпревар во Франција. Стратегот на „вардарци“ мора да биде задоволен од покажаниот карактер на својот тим, воедно и потенцираше дека лекцијата научена од овој двомеч ќе биде добредојдена за настапите во ЛШ наредната ...

Елиф Елмас ги минува последните месеци во Неапол откако раководството на Лајпциг ги прекина преговорите со Наполи околу останувањето на македонскиот репрезентативец на стадионот „Диего Армандо Марадона“. За потсетување, Елмас минатото лето пристигна во Наполи на позајмица со клаузула за откуп во висина од 16 милиони евра. Проблемот е во тоа што Aурелио де Лаурентис веќе ставил до знаење дека нема намера да плати толкава сума, барајќи ...

Енис Барди е херојот на Коњаспор во пласманот во големото финале од Купот на Турција, откако токму македонскиот капитен беше човек на одлука во полуфиналето со Бешикташ што неговиот тим по продолжение го доби со 0-1. ВАР му поништи гол на Барди во финишот од регуларниот дел од натпреварот, но нашиот ас беше перфектен при досудениот пенал во 98. минута, матирајќи го голманот на Бешикташ. Барди и соиграчи пред Бешикташ го елиминираа и гигантот ...

Хапоел Тел Авив не дозволи Реал Мадрид да слави со максимални 3-0 во четвртфиналната евролигашка серија, откако израелскиот тим славеше на денешниот прв домашен дуел (одигран во Бугарија) со 75-69, намалувајќи на 2-1 и останувајќи во игра за место на фајналфор турнирот. Првите две средби во Мадрид минаа во доминација на „кралевите“, кои полни со самодоверба влегоа и во денешниот трет дуел, контролирајќи ги играта и резултатот во првиот ...

Ракометарите на Охрид продолжија со одличните изданија откако вечерва славеа на гостувањето против Алкалоид со резултат 26-27, прв триумф на охриѓани во салата „Автокоманда“. Носени на крилјата на драматичниот европски триумф над Целје, ракометарите на Охрид одиграа квалитетни 60 минути во кои имаа контрола над резултатот и сосема заслужено стигнаа до цел плен на овој дерби дуел. Алкалоид може да жали што не го одржа темпото по одличниот ...

За прв пат по операцијата, Модриќ се појави во Миланело, а италијанските медиуми не објавија дали 40-годишниот хрватски фудбалер правел некаков тренинг или само ги посетувал своите соиграчи. Модриќ се повреди на 26 април на натпреварот помеѓу Милан и Јувентус по судир со противничкиот играч Локатели. Набргу потоа, тој беше подложен на операција на јаболчницата, а првите информации од Милан велеа дека сезоната на Модриќ е завршена. Во ...

Манчестер Сити и Фил Фоден постигнаа усмен договор за нов договор за англискиот репрезентативец. Претходниот истекуваше во летото 2027 година, а новиот ќе важи до 2030 година, со можност за продолжување за уште една година. Производот на академијата на Сити, Фоден го имаше своето деби за првиот тим во 2017 година, на 17 години. До денеска, тој одигра 365 натпревари за „граѓаните“, освои шест шампионски титули, Лигата на шампионите, два трофеи ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.75
57%
1020
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
2.24
57%
1021
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.38
48%
1023
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
4.79
64%
1019
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
9.23
49%
1017
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
0.89
51%
1023
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
4.02
48%
1012
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.95
58%
1015
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
4.31
42%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
6.71
90%
1015
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 20ᴼ
1.79
45%
1021
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 24ᴼ
4.87
64%
1013
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Алуминиум

3.48

Калај

51.97

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Злато

131337.93

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Платина

53756.05

Сребро

2072.63

Кобалт

45.39

Паладиум

39545.42

Бакар

12.52