Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
МВР сподели информации за злоупотреба на службената положба на неколку лица, меѓу кои и поранешна македонска репрезентативка со иницијали В.Р., која била вмешана за примање поткуп за вадење на лични документи. Според МВР, Пријавените во период од февруари до април 2024 година, заеднички, по претходен договор воспоставиле шема, на начин што организирале и спроведувале постапки за издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка ...
Екипата на Вардар ги продолжува подготовките во својот тренинг камп во Хиподром, пред почетокот на пролетниот дел од сезоната. Во последните денови од престојот во Турција, „црвено-црните“ го ангажираа и Бобан Николов на патот кон титулата, и кон одбрана на трофејот во Купот. Николов истакна дека се чувствува прекрасно што се враќа повторно во Вардар, и дека секогаш сакал да се врати во редовите на „црвено-црните“. Очекува пролетна офанзива ...
Денеска беа извлечени двојките во полуфиналето на Купот на Шпанија. Барселона против Атлетико Мадрид ќе се бори за влез во финалето, додека втората двојка е баскиско дерби – Атлетик Билбао против Реал Сосиедад. Барселона е актуелен освојувач на трофејот, а пред една година го имаа исто така Атлетико како ривал во полуфиналето. Првиот меч заврши 4-4 во Барселона, додека на реваншот „Каталонците“ триумфираа со 0-1. Сосиедад исто така вторпат по ...
Капитенот на женската репрезентација на Македонија, Анџелика Митрашиновиќ објави крај на кативното играње на кошарка. Со посебен посветен текст, една од најдобрите македонски кошаркарки во последните години, официјално ја заврши играчката кариера. „После сите овие години, дојде време да се збогуваме со професионалната кошарка. Од сонување како дете до живеење како професионалец – оваа игра го промени мојот живот на начини што не можам целосно ...
Селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија, Газменд Хисејини го објави списокот на играчи кои се во комбинација за претстојните два контролни дуели против селекцијата на Австрија што ќе се одиграат во Гевгелија. Предводникот на националниот тим на располагање ќе има 16 фудбалери и со овие две средби почнуваат подготовките за настап во квалификациите за пласман на Светското првенство. Натпреварите против репрезентацијата на Австрија ...
Легендарниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти би можел наскоро да биде назначен за технички директор на клубот, тврдат неколку медиуми во Италија. 49-годишниот Тоти ја мина целата кариера во Рома, а откако заврши со кариерата во 2017 година, беше кратко директор на клубот до 2019 година, кога го напушти тимот, и од тогаш нема никаква функција. Со „волчицата“ тој го освои Скудетото во сезоната 2000/2001 година, а исто така освои два Купа и ...
Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), постапувајќи по пријава на Управниот одбор на ФФМ, донесе одлука за изрекување дисциплинска мерка забрана за вршење на функција во траење од две (2) години на Муамед Сејдини, делегат на Собранието на ФФМ, поради сторено дејствие „измама и доведување во заблуда орган на фудбалска организација“, согласно член 84 од Дисциплинскиот правилник. Утврдено е дека Одборот за итност ...
Поранешниот репрезентативец на Англија, Алан Ширер го критикуваше Кристијано Роналдо поради неговото однесување во моментов, и одлуката да бојкотира и да не игра на натпреварите во Саудиска Арабија. Претходно 40-годишниот Португалец го прошушти првенствениот меч против Ал-Ријад, а беше објавено дека не одел на тренинзи. Светскиот ас може да го пропушти и следниот меч против Ал-Итихад. „Не постојат многу луѓе кои заработуваат 400.000 фунти ...
Наполи планира да започне со работа на нов договор со Скот Мектоминај. Клубот има намера да го продолжи договорот со играчот од средниот ред до 2030 година, пренесува „Ла Газета дело Спорт“. Ова прашање во моментов се смета за приоритет за тимот од Наполи. Тековниот договор на 29-годишникот истекува во летото 2028 година. Тој моментално заработува 3 милиони евра плус бонуси, сума што се очекува да се зголеми со оглед на перформансите на ...
Денвер Нагетс имаа многу проблеми со повредени играчи оваа сезона. Тимот од Колорадо го загуби последниот натпревар во НБА лигата против тимот на Њујорк Никс, а новите повреди на играчите повеќе ги загрижуваат поразот. Откако штотуку се врати од повреда на коленото, Никола Јокиќ претрпе искривување на зглобот на гореспоменатиот натпревар , но повредата не треба да го спречи повторно да игра надвор од теренот. Бекот Пејтон Вотсон го истегна ...
Десет години по сензационалниот триумф во Премиер лигата, Лестер Сити се соочува со испаѓање во третата лига откако им беа одземени шест бода поради кршење на финансиските прописи. Последиците се сериозни бидејќи „Лисиците“ паднаа од 17-то на 20-то место во Чемпионшип и се само над зоната за испаѓање благодарение на подобрата гол-разлика. Независен панел утврди дека Лестер го надминал ограничувањето на загубата за нешто помалку од 21 милион ...
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека во јануарскиот преоден рок се завршени рекорден број на трансфери. Месец јануари го одбележаа дури 5.973 трансфери во конкуренција на фудбалери со што бројот на трансфери во однос на минатата година се зголеми за три отсто. Но, и покрај рекордниот број на реализирани трансфери, намален е бројот на потрошени финансии за нивна реализација и тоа за 18 отсто во однос на минатиот преоден рок ...
Фудбалерот на Челси, Џереми Гитенс ќе отсуствува долго време од терените поради повреда на бутниот мускул, пренесе клубот од Лондон. Крилниот играч се повреди за време на мечот со Вест Хем, и го немаше на реванш натпреварот во Лига Купот против Арсенал во вторникот. Менаџерот на Челси, Лиам Росениор не прецизираше колку точно ќе отсуствува Гитенс, но наведе дека ќе отсуствува подолг период. „Изгледа отсуството ќе биде подолго. Има пукнатина ...
Во моментите кога Евролигата се соочува со голем притисок од страна на влезот на НБА лигата на европскиот пазар, засега најсилното кошаркарско натпреварување на „стариот континент“ има и дополнителни проблеми од стана на клубовите. Последен кој влезе во сериозни финансиски проблеми е Монако кој доцни месец и пол со платите на кошаркарите па затоа и тие не ја исклучија можноста за штајк на следниот евролигашки натпревар. Сопственикот на ...
Кај Кристијано Роналдо постои голема незадоволност од начинот на кој Јавниот инвестициски фонд во Саудиска Арабија раководи со неговиот клуб Ал Наср по бомбастичните засилувања кои пристигнаа во конкурентските клубови. Роналдо веќе бојкотираше еден натпревар во знак на протест па неговата иднина во Саудиска Арабија е доведена под знак прашалник особоено ако судиме по последното соопштение на саудиското првенство. „Саудиското првенство е ...
Реал Мадрид има намера да ја доведе ѕвездата на Барселона, Педри, во своите редови. Шпанскиот новинар Сиро Лопез објави дека Реал Мадрид ќе се стреми кон ѕвездата на Барселона, во јуни 2027 година, при што. Флорентино Перез нема да штеди пари. „Играчот што Реал Мадрид сака да го потпише во сезоната 2027/2028 е Педри“, објави Лопез и додаде: „Сите ќе се согласите со мене дека тоа би била вистинска бомба. Би било на исто ниво како трансферот на ...
Изминатата вечер во најсилната кошаркарска лига беа одиграни седум натпревари по кои на победи се радуваа Вашингтон, Орландо, Атланта, Торонто, Шарлот, Сан Антонио, ЛА Лејкерс и Голден Стејт. Најубавите потези на вечерта ги одбележа првиот пик на минатогодишниот драфт кој имаше моќно забивање. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без ...
Андреј Шошкиќ продолжува со одличните настапи во НЦАА лигата. Македонскиот репрезентативец ја продолжи серијата од двоцифрен број постигнати поени, но неговиот клуб Стони Брук доживеа минимален пораз од 75-76 на гостувањето кај Монмут. Шошкиќ овој пат броеше до 18 поени кои сите ги постигна во второто полувреме, одржувајќи го својот клуб во игра до последните секунди. Покрај двоцифрениот број на поени додаде и седум скокови. splash 💦 💻 ...
Кошаркарите на Партизан го победија Панатинаикос убедливо со 78-62 во 27-то коло од Евролигата. Извонредна победа на црно-белите против жесток ривал пред своите навивачи кои враќаат позитивна енергија во црно-белите редови. Исто како и минатата година, Партизан одигра речиси совршено против Панатинаикос и го „прегази“ грчкиот ривал, сето тоа на задоволство на тренерот на белграѓани Пењароја. „Многу се забавував, беше одличен натпревар и им ...
Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостин е едно од најславните имиња на Вардар, Иван Чупиќ, миленикот на „Комитите“ кој во 2017 година ја донесе европската титула за црвено-црните. Чупиќ сега, како тренер на Вардар враќајќи се да ја врати титулата во црвено-црните витрини, неизбежно се осврна и на бројни теми поврзани со најтрофејниот македонски клуб. Меѓу нив, секако, и за неочекуваното заминување на Филип ...
Раководителот на скаутинг службата при Фудбалската федерација на Македонија, Николче Новески зедно со членот на скаутинг секторот, Владимир Томовски деновиве учествуваа на еден од најпознатите Скаутинг семинари во фудбалот – „Таленд ИД“, кој во организација на УЕФА, како и на Норвешката фудбалска асоцијација, се одржа во Осло, Норвешка. За првпат, со доаѓањето на новото раководство на ФФМ, е формирана скаутинг-службата во Македонија која ...
Поранешниот селектор на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, наскоро би можел да има нова работа, откако изминатава есен ја напушти српската репрезентација. Сега има повик од гигантите од Тунис, тимот на Есперанс. Актуелниот тренер Махер Канзари е под голем притисок, пред отказ, а тунискиот клуб го гледа решението во Пикси. Есперанс е најпознатиот клуб во Тунис, кој бил шампион 34 пати, а во последните девет години освоил титули дури осум пати. ...
ЛА Лејкерс ја победија Филаделфија со 119-115 во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата, но потенцијално беа без Лука Дончиќ. Словенечкиот кошаркар мина нешто повеќе од 15 минути во играта, но мораше да го напушти теренот предвреме поради болка во ногата. А, до тогаш постигна 10 поени со 3/10 шут од поле, и имаше четири скока, две асистенции и пет изгубени топки. Остин Ривс беше најефикасен во тимот на Лејкерс со 35 поени, Леброн Џејмс ...
Кошаркарите на Јута Џез доживеаја уште еден пораз во НБА лигата, овој пат на гости кај Атланта Хокс со 121-119. Но, главна тема од мечот е Јусуф Нуркиќ бидејќи е неверојатно што челниците на клубот му прават на кошаркарот од БиХ. Нуркиќ пристигна во Јута минатата година откако кратко играше за Шарлот Хорнетс, но се чини дека нема да остане долго во клубот од Солт Лејк Сити. Иако Нуркиќ игра во одлична форма оваа сезона, очигледно е дека тоа ...
Новото засилување на Манчестер Сити , Антоан Семењо, ќе влезе во историјата на англискиот фудбал, станувајќи првиот играч кој стигнал до финалето на Карабао Купот во истата сезона во која веќе бил елиминиран од натпреварувањето со друг тим. Ова беше овозможено откако правилата беа променети пред почетокот на сезоната, така што играчите кои играле за еден клуб можат да играат за друг во следната фаза од натпреварувањето, но мора да биде ...
Фудбалерите на Аталанта го победија Јувентус со 3-0 и се пласираа во полуфиналето на Купот на Италија. Аталанта успеа да поведе во 27. минута со голот од пенал на Џанлука Скамака кој ја презеде одговорноста и постигна гол за водство на својот тим од 1-0. Јувентус немаше ниту еден удар кон голот во второто полувреме, а Аталанта успеа да искористи две добри шанси за да го реши победникот. Прво, во 77. минута, а Марио Пашалиќ во 85. минута беше ...
Фудбалерите на Атлетико Мадрид се пласираа во полуфиналето на Кралскиот куп, откако славеа против Бетис со убедливи 0-5 на гостински терен. Во центарот на вниманието беше Адемола Лукман, бидејќи нигерискиот интернационалец го имаше своето деби за тимот од шпанската престолнина на оваа средба. Зимското засилување од Бергамо ги оправда очекувањата, одговарајќи со гол и асистенција за третиот и четвртиот гол на Атлетико. Освен него, меѓу ...
Баерн Минхен продолжува со одличната серија во Евролигата победувајќи и во 27. коло, овој пат против Монако со 91-82 пред домашните навивачи. Одлична партија повторно имаше, согласно минутажата, Нено Димитријевиќ кој за само 15 минути игра заврши со 11 поени, три скока и три асистенции. Најдобар во победничкиот тим беше Обст со 19 поени, а Мајк заврши со 12 постигнати поени. На Монако, не му помогна ниту одличниот Џејмс кој заврши со 30 поени ...
Кошаркарите на Партизан го победија Панатинаикос убедливо со 78-62 во 27-то коло од Евролигата. Извонредна победа на црно-белите против жесток ривал пред своите навивачи кои враќаат позитивна енергија во црно-белите редови. Исто како и минатата година, Партизан одигра речиси совршено против Панатинаикос и го „прегази“ грчкиот ривал. Предноста во еден момент беше и +28 во корист на црно-белите, кои ја забележаа својата деветта победа во ...
Огромна трагедија во Турција. Загина навивач на тимот на Коџаелиспор во кој настапува македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, откако падна од трибина за време на натпревар во турскиот Куп. Навивачот Харда Качмаз го загуби својот живот во болницата во Коџаели, откако не се избори по падот од трибина за време на натпревар. „За жал го загубивме Харда… Искрено сочувство до неговото семејство, најблиските и нашата навивачка заедница. Никогаш ...