Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
ФИФА ја зголеми цената на најскапите билети за финалето на Светското првенство на 19 јули на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд (Њујорк), кои сега чинат 32.970 долари. На страницата за продажба на ФИФА, овие седишта се означени како „прва категорија еден“. Претходно, највисоката цена за истата категорија беше 10.990 долари, а таа опција беше достапна само за корисници на билети за инвалидски колички и лица со пристапни можности. Билетите за ...
Баерн Минхен повторно покажа интерес за крилниот напаѓач на ПСЖ, Бредли Баркола. Спортскиот директор Макс Еберл веќе се распрашал за можноста за трансфер, но одговорот од Париз наводно бил разочарувачки. ПСЖ бара обештетување до 90 милиони евра за својот играч, износ што германскиот шампион не може или не сака да го плати. Баерн и неколку други европски гиганти беа заинтересирани за Баркола и минатото лето, но потоа ПСЖ ја одби продажбата, а ...
Фудбалерите на ПСЖ се пласираа во големото финале на Лигата на шампионите и ќе имаат можност да ја одбранат титулата европски шампион. По враќањето во Париз, тренерот на овој тим закажа заедничка вечера, но сите зборуваат за тоа што на крајот направи Луис Енрике. Екипата на ПСЖ се врати во Париз кратко по натпреварот на „Алијанц Арена“ против Баерн, а играчите се собраа синоќа и покрај тоа што имаа слободен ден. Француските медиуми објавија ...
Антонио Касано откри кога Лионел Меси планира да ја заврши кариерата откако се сретна со аргентинската икона во Флорида. Иако доаѓа до својот 39-ти роденден, се чини дека суперѕвездата на Интер Мајами нема намера да ги закачи копачките наскоро, бидејќи се стреми кон нови успеси во МЛС и потенцијално на меѓународната сцена. Поранешниот италијански репрезентативец неодамна го посети тренинг-кампот на Интер Мајами, каде што помина долго време со ...
Скандал и натаму го тресе Реал Мадрид по физичката пресметка меѓу Ернесто Валверде и Аурелиен Чуамени на вчерашниот тренинг. Иако Валверде негираше дека имало тепачка, изјавата што ја објави Реал сигурно ќе го разочара уругвајскиот играч од средниот ред. Како резултат на тоа, Уругвајецот ќе го пропушти Ел Класико, кое ќе се игра во Барселона во недела, но тој се обиде да ги смири страстите по сè. Валверде издаде соопштение тврдејќи дека ...
Селкторот на хрватската репрезентација, Златко Далиќ тргна на своето традиционално пешачко поклонение од родното Ливно до Меѓугорје. Далиќ тргна на патување пешки, долго 120 километри со своите пријатели, а дури ни дождливото време не ги спречи во нивната намера. Поддршка за поклонението Веста за поклонението беше објавена на фејсбук, заедно со фотографија и порака за поддршка. „Одлучност, вера и исполнување на заветите. Среќно и ...
НБА плејофот продолжи синоќа, а во вториот натпревар видовме две нови победи за домаќините. Детроит Пистонс водат со 2-0 против Кливленд, а Оклахома се со 2-0 против ЛА Лејкерс. Детроит продолжуваат да играат можеби најдобрата кошарка во последните неколку години, а тимот направи уште еден голем чекор кон финалето на Источната конференција откако по вторпат ги победи Кливленд Кавалирс со 107-97. Кејд Канингем повторно беше централна фигура на ...
Стадионот на Бешикташ во Истанбул на 20. мај ќе ги нагости Астон Вила и Фрајбург во финалето во Лигата на Европа, откако двата тима успеаја да ја стигнат негативата на своите противници, и да обезбедат пласман во мечот во кој ќе се борат за пехарот, и за пласман во Лигата на шампионите идната сезона. Импресивно е она кое Астон Вила го направи на реваншот против Нотингем Форест. Откако се стекнаа со негатива по првиот меч, Бирмингем вечерва ...
Кристал Палас и Рајо Ваљекано ќе бијат битка во финалето во Лигата на Конференции. Англискиот тим ја комплетираше успешната сезона на Англичаните во Европа (имаат преставник во финалето во сите три натпреварувања), и во вториот меч го победија Шахтјор, со вкупни 5-2 пласирајќи се во битка за големиот трофеј. Автоголот на Енрике во 25. минута ги згасна и оние најмали надежи за украинскиот тим дека може да дојде до сензација. Егуиналдо во 34. ...
Голем скандал на повидок е во Реал Мадрид, откако извештаите за тепачка помеѓу Чуамени и Валверде се покажаа како точни, а сега „кралевите“ потврдија дека Валверде има трауматска повреда на мозокот, по што и официјално не игра на „Ел Класико“. Уругваецот наводно го извлекол подебелиот крај во овој инцидент, и ќе мора да мирува 10-14 дена. „По денешните прегледи извршени врз нашиот играч Феде Валверде од страна на медицинските служби на Реал ...
Трае продажбата на билети за Светското првенство. Претседателот Доналд Трамп самоуверено истакна дека продажбата на влезници е неверојатна и дека САД ги рушат сите рекорди. И покрај тоа што тој тврди дека билетите одат одлично, бројките покажуваат нешто друго. Голем број на карти и натаму се достапни, особено за натпреварите на кои играат и САД, која ќе ја има поддршката од домашната публика. Покрај тоа, американските хотелиери предупредуваат ...
Кристијано Роналдо стигна до 971-иот гол во кариерата откако вечерва беше стрелец на еден погодок за својот тим во победата од 2-4 над Ал Шабаб. Португалецот го постигна третиот гол за својот тим, а другите три ги постигна неговиот сонародник Жоао Феликс. Роналдо со тоа направи уште еден чекор кон неверојатниот подвиг во кариерата – 1000 голови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и ...
Трета победа на кошаркарите на Реал Мадрид во пресметките со Хапоел Тел Авив, и пласман на „фајнл-форот“ во Атина. Кралевите вечерва славеа во Ботевград со 87-81, и така дојдоа до вкупни 3-1 во серијата, осигураа пласман меѓу најдобрите четири тима. „Кралевите“ само во првата четвртина имаа проблеми со противникот, кога имаа и негатива на неколку пати, а потоа во финишот од првата делница го презедоа водството, и не го испуштија до крајот. ...
Ракометарите на Вардар ја вратија титулата од Суперлигата во своите витрини откако вечерва славеа на домашен терен против најголемиот ривал Е. Пелистер со убедливи 34-19. По три години зелено бела доминација, ракометот во Македонија повторно е црвено-црн. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА ...
Прекината е доминацијата на Е.Пелистер во македонскиот шампионат. После три години трофејо од Битола, се сели во Скопје во редовите на Вардар. Лани ја испуштија во последните моменти од мечот, но во оваа сезона „црвено-црните“ на доминантен начин дојдоа до неа, а претходно го освоија и пехарот во Купот, за да ја заокружат успешната сезона. Гоце Георгиевски смета дека Вардар имал притисок од ланската сезона, но дека во оваа покажале ...
И официјално Вардар ја врати шампионската титула во своите витрини, откако вечерва им беше потребен само бод во дербито со Е.Пелистер, но тие успеаја да дојдат до убедлива победа од 34-19. Вардаровиот тренер Иван Чупиќ, е среќен што неговиот тим успеа на најголемото дерби да го потврди враќањето на шампионската круна, заокружена со двојна титула со оглед дека претходно Вардар го освои и Купот. „Секогаш може повеќе. Во ваков амбиент против ...
Титула освоена со убедлив триумф од 34-19 и тоа против најголемиот ривал Е.Пелистер. Вардар и да посакуваше, не можеше на подобар начин да го запечати трофејот во домашниот шампионат. Носен на крилата на Јака Малус сезонава, „црвено-црните“ имаа успешна сезона со двојна круна, и 1/4 финале во ЕХФ Европскиот Куп, а Словенецот најавува добри работи и следната сезона. „Никој не очекуваше ваква сезона на Вардар, не само јас, туку и цела екипа. Со ...
Ракометарите на Вардар ја вратија титулата од Суперлигата во своите витрини откако вечерва славеа на домашен терен против најголемиот ривал Е. Пелистер со убедливи 34-19. Натпреварот почна со погодок на Дејан Манасков за водство на гостинот од 0-1. Домашните возвратија со серија од 3-0, па по четири минути игра резултатот на семафорот изнесуваше 3-1. Радивојевиќ врза два гола па многу брзо пелистерци се вратија во егал 3-3. Следуваше нова ...
Комплетирани се учесниците на ракометниот фајнл-фор во Лигата на шампионите сезонава. Со победата над Пик Сегед и во вториот натпревар, екипата на Магдебург стана вториот германски тим кој се пласираше во Келн, и ќе бори за трофејот во најелитното европско клупско натпреварување. Германскиот тим вечерва славеше со 45-37, и со вкупни 80-65 се пласираше меѓу најдобрите четири. Магдебург само во првите моменти имаше негатива, а потоа го презеде ...
Феноменална партија имаше Ненад Димитријевиќ за Баерн во победата на својот тим над Лудвигсбург во 33 коло во регуларниот дел од германското првенство. На крајот „Баварците“ славеа триумф од 86-78 во меч во кој доминираа целосно, и го решија победникот уште по првото полувреме. На крајот македонскиот интернационалец го заврши мечот со 19 поени, и осум асистенции, и четири скока во 32 минути минати на паркетот. Воедно, тој беше и најефикасен ...
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Ферланд Менди, би можел да отсуствува повеќе од една година поради повреда на квадрицепсот. Тој го напушти теренот по само 14 минути од натпреварот против Еспањол минатиот викенд. Според првичните извештаи, се очекуваше Менди да отсуствува околу пет месеци, но се чини дека повредата е потешка отколку што првично се сметаше. Некои медиуми во Шпанија одат чекор понатаму и пишуваат дека е доведено во прашање и ...
Бразилецот Рафиња повторно се најде во центарот на шпекулациите за можно заминување од Барселона, по новите приказни за интересот на клубовите од Саудиска Арабија. Но, бразилскиот репрезентативец одлучи јавно да одговори на гласините кои го следат од неговото пристигнување во Каталонија. „Откако дојдов во Барселона, од првиот ден имаше шпекулации за моето заминување. Не мислам дека луѓето сакаат да ме видат тука. Особено медиумите… Има еден ...
Ракометарите на Вардар имаат предност од 18-12 на полувреме против Е. Пелистер во македонското Ел класико и се на само 30 минути до враќање на титулата која ја чекаат три години. Натпреварот почна со погодок на Дејан Манасков за водство на гостинот од 0-1. Домашните возвратија со серија од 3-0, па по четири минути игра резултатот на семафорот изнесуваше 3-1. Радивојевиќ врза два гола па многу брзо пелистерци се вратија во егал 3-3. Следуваше ...
ФИФА и Фанатикс потпишаа долгорочен ексклузивен договор според кој Топс, во сопственост на Фанатикс, ќе биде производител на картички за размена, фигурини и игри за Светското првенство и други настани на ФИФА, почнувајќи од 2031 година. Со овој потег, завршува децениската соработка со компанијата Панини, чии икони се обележани од генерации фудбалски фанови. Финансиските услови на договорот не се откриени, но извор запознаен со договорот ...
Манчестер Сити ќе го промени името на стадионот „Етихад“ овој викенд кога ќе го пречека Брентфорд во натпревар од Премиерлигата. Во сабота, стадионот привремено ќе го носи новото име „Градот во заедницата“ како дел од промоцијата и признавањето на официјалната хуманитарна организација на клубот. Како дел од акцијата, хуманитарната фондација „Град во заедницата“ (CITC) ќе биде присутна на неколку начини во текот на денот на натпреварот. ...
ПИШУВА: Драган Томовски Еден од најистакнатите домашни фудбалски работници и аналитичари, Драган Томовски, од свој агол, но погледнувајќи единствено од страната на фудбалот, ги анализира актуелните глобални но и домашни фудбалски текови… ============================================================== Големината на Луис Енрике не е само во трофеите што ги освоил, туку во начинот на кој успеа да спои две работи што ретко одат заедно — врвна ...
Најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК е посветена на легендата на Вардар и македонскиот фудбал, Васил Рингов, кој на крајот од минатата година го напушти, помалку неочекувано, овој свет. А, гостин во специјалната епизода посветена на животниот пат на Васил Рингов е истакнатиот македонски новинар и публицист, Срѓан Ивановиќ, автор токму на биографијата за фудбалската легенда – „Фудбал под сенка“, која излезе постхумно. ...
Апелацискиот суд на ЕХФ ја потврди одлуката на Ракометниот суд во случајот против македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Пред Европското првенство 2026, ЕХФ ги тргна двајцата судии од Македонија од листата на судии за шампионатот, поради наводна манипулација со прикачените видео снимки од таканаречениот „Повеќестепен тест за кондиција“. Врз основа на експертската анализа на партнерот за интегритет на ЕХФ, „Спортрадар“, Ракометниот ...
Тетовска Шкендија се пласираше во финалето на Купот на Македонија откако вчера славеше на гостувањето против Шкендија во Арачиново со 0-2, со два гола во второто полувреме. По израмнетиот прв дел во кој арачиновци демонстрираа дека воопшто не се инфериорни против фаворитот, нештата се променели во второто полувреме, пишува Инфоспорт. Според неофицијалните информации, како што пренесува „Инфоспорт“, на полувремето имало незадоволство кај пет ...
Откако вчера насрнаа еден на друг, Аурелиен Чуамени и Федерико Валверде денес завршија повторно во клинч во соблекувалната на клубот. Според извори блиски до кралскиот клуб, сè започна кога Валверде одбил да се ракува со својот соиграч за време на тренингот, па избувнал хаос во соблекувалната. Дошло до сериозна тепачка по која Валверде морал да оди во болница поради посекотина на лицето. Ситуацијата можела да излезе уште повеќе надвор од ...