Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, реагираше со соопштение откако беше цел на критики од навивачите. Мбапе се опоравува од повреда и наместо да ги бодри своите соиграчи на натпреварот против Еспањол, беше „фатен“ на јахта со девојка. Навивачите фрлаа дрвја и камења, мислејќи дека такво нешто на средина од сезоната е неприфатливо. Поради тоа Мбапе мораше да издаде соопштение. „Критиките упатени кон него се базираат на претерување со ...

Лигата на шампионите е во својата највозбудлива фаза, каде што секој натпревар носи нова доза адреналин, врвни фудбалски пресметки и моменти што остануваат долго во сеќавање. Полуфиналните реванши ја носат неизвесноста до максимум, а токму на 5 и 6 мај ќе се дознае кои екипи ќе обезбедат пласман во големото финале во Будимпешта, кое ќе се одигра на 30 мај. Ваквите фудбалски вечери најсилно се доживуваат кога се споделуваат во друштво на други ...

Двократниот европски шампион Вардар вечерва пред домашната публика ќе се обиде да направи вистинско спортско чудо во реванш мечот од четвртфиналето од Лигата на Европа на ЕХФ. Пред „црвено-црните“ е огромен предизвик и анулирање на негативата од десет гола по убедливиот пораз од Монпелје на првиот натпревар во Франција. Оптимизмот во таборот на вардарци е поголем по веста дека тренерот Иван Чупиќ за овој решавачки дуел ќе ги има на ...

Легендарниот брко Хозе Пикулин Ортиз почина во вторник, на 62-годишна возраст, по битка со рак на дебелото црево. Тој беше еден од најголемите порторикански кошаркари, чија кариера траеше 24 години, со две децении играње за националниот тим. Својата спортска биографија ја изгради од родниот Аибонит до најголемата меѓународна сцена. Тој беше столб на порториканската репрезентација во периодот од 1983 до 2004 година, со учество на Олимписките ...

Наградната игра „Кој ти брани да одиш во Мексико?“ во организација на Hisense и Gorenje донесе вистинска спортска еуфорија, адреналин и незаборавна атмосфера преку динамичниот настан – натпревар во шутирање пенали, кој ја одбележа втората фаза од кампањата. Просторот беше внимателно подготвен за едно вистинско спортско доживување – со професионално поставен гол, таргети за освојување поени, јасно дефинирани правила и целосна организациска ...

Кошаркарите на Маџари продолжуваат со испишувањето историја за својот тим оваа сезона во елитното друштво. Дебитантот во првата сезона во елитата не само што се проби во Топ 4 екипи во плејофот за титула, туку и славеше на првиот полуфинален натпревар против фаворитот ТФТ, со што дојде на само еден чекор до големото финале годинава во борбата за шампионски трофеј. Па, сосема очекувано и предводникот на тимот, тренерот Миодраг Тодоровиќ не го ...

Навивачите на Реал Мадрид го искажаа својот гнев кон Килијан Мбапе. Додека тимот се соочува со можна сезона без трофеј, францускиот напаѓач беше снимен како се релаксира на јахта со својата девојка, предизвикувајќи лавина од негативни коментари. Каталонскиот клуб има предност од 11 бода на врвот на табелата, а само победата на Реал против Еспањол ја спречи Барселона официјално да ја обезбеди титулата веќе овој викенд. Па гневот на навивачите ...

Арсенал и Атлетико Мадрид ќе се соочат во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите во вторник, 5 мај, во Лондон, откако првиот натпревар остави сè отворено. Мадрид виде два гола, двата од пенал – Виктор Џокерес му донесе водство на Арсенал кон крајот на првото полувреме, но Хулијан Алварез израмни на почетокот на второто полувреме. Екипата на Диего Симеоне изгледаше поопасно како што одминуваше натпреварот, потврдувајќи ја својата ...

Македонскиот ракометен гигант РК Вардар 1961 вечерва го пречекува францускиот тим Монпелје во реванш натпреварот од четвртфиналето во Европската лига на ЕХФ. Пред „црвено-црните“ стои голем предизвик, анулирање на негатива од десет гола (33-23) и борба за место на завршниот Ф4 турнир.Само како убаво потсетување, Вардар низ историјата безброј пати покажал дека знае да се издигне кога е најтешко со посветена игра и страст. Ние типуваме на ...

Од Каталонија доаѓаат информации кои ја изненадија фудбалската јавност. Бразилскиот крилен напаѓач Рафиња ја разгледува можноста да ја напушти Барселона за време на летниот преоден рок, иако има важечки договор до 2028 година. Иако е блиску до освојување на нова титула во шпанската Примера и има целосна поддршка од тренерот Ханси Флик, Бразилецот е, според каталонскиот весник „Спорт“, во фаза на сериозно преиспитување на својата иднина. Во ...

Един Терзиќ е нов тренер на Aтлетик Билбао, објави официјално баскискиот клуб. Тренерот со хрватски корени потпиша договор со баскискиот гигант до 2028 година, а во Шпанија пристигнува по извесно време без работа. Неговиот последен ангажман беше на клупата на Борусија Дортмунд, која ја водеше во 96 наврати во последниот мандат и со тоа стигна до финалето на Лигата на шампионите во 2024 година, каде што беше поразен со 0-2 од Реал. Во својата ...

Акиле Полонара се пензионираше од натпреварувачката кошарка на 34 години поради неговата тековна борба со акутна миелоидна леукемија, откако претходно го победи ракот на тестисите и играше за неколку клубови од Евролигата. „Се обидов со индивидуален тренинг, но сфатив дека е време да се откажам од натпреварувачка кошарка, затоа што никогаш нема да бидам играчот кој што бев некогаш, а сакам да ме памети онака каков што бев. Ќе ми недостигаш, ...

Лука Дончиќ ќе го пропушти и првиот натпревар од второто коло од плејофот против Оклахома Сити Тандер, потврдија Лос Анџелес Лејкерс. Дончиќ останува надвор од терените поради истегнување на тетивата, повреда поради која ги пропушти последните шест натпревари од регуларната сезона и целата серија од првото коло против Хјустон Рокетс. Неговиот настап во остатокот од серијата против Тандер е сè уште неизвесен, но фактот дека неговото отсуство ...

Конечно, после долги години титулата во Премиерлигата би можела да се пресели во витрините на Арсенал. Сега тимот од Лондон има пет бодови предност пред Манчестер Сити со натпревар повеќе, и има големи шанси во последните кола да дојде до трофејот. На „топчиите“ е само да ги добијат сите натпревари до крајот, и без оглед што ќе направи нивниот ривал Сити, тие ќе ја освојат титулата. Екипата на Артета има 76 бодови од 35 меча, а Сити има 71 ...

Денеска беше извршена ждрепката за домаќинство за финалето на ЕХФ Европскиот Куп во кпј настапува Охрид. Ждрепката сакаше првиот меч охриѓани да го играат на гостински терен во Татабања на 23 или 24 мај. Реваншот ќе се игра во Охрид на 30/31 мај, што значи дека во Македонија ќе се додели големиот пехар. Охриѓани ќе се обидат на првиот меч да остварат добар резултат, а потоа на домашен терен со помош на своите навивачи да стигнат до трофејот. ...

Невидениот скандал во режија на Нејмар, може да го остави без репрезентацијата на Мундијалот, а можеби и после него. Според бразилските медиуми, Нејмар за време на тренинг на Сантос му удрил шлаканица на Робсон де Соуза Џуниор, синот на прославениот фудбалер Робињо. Робсон успеал неколку пати да го надмудри Нејмар со дриблинг, а веројатно искусниот фудбалер испровоциран од овие потези, ја загубил контролата и физички го нападнал соиграчот. ...

Медиумите во Шпанија откриваат уште еден скандал поврзан со контроверзниот фудбалер на Реал Мадрид, Винисиус. Камерите снимиле жестока расправија помеѓу Винисиус и Омар Ел Хилали за време на победата на Реал Мадрид од 2-0 над Еспањол. Бразилскиот напаѓач и домашниот дефанзивец влегоа во вербална војна, а Винисиус во еден момент одби да размени дресови. „Престани да зборуваш глупости, подоцна ќе ме прашаш за мојот дрес… Глупав си, само сакаш ...

Манчестер Сити одигра 3-3 против Евертон синоќа во Премиерлигата, и му препушти на Арсенал сега да биде се во негови раце за титулата. Сити имаше предност, а потоа Евертон со три гола успеа да направи пресврт, па избраниците на Пеп Гвардиола мораа на крај да се спасуваат од пораз. Сепак, при водечкиот гол на Евертон се случи несекојдневен момент. Голманот на Сити, Џанлуиџи Донарума во очај го молеше судијата да го поништи погодок. Чуварот на ...

Секој преоден рок во последните 1-2 години, Рафаел Леао го селат од Милан, и на крај Португалецот и натаму останува на „Сан Сиро“. Исто ќе биде и во престојниот трансфер период, со оглед дека уште од сега почнуваат шпекулациите за негова можна следна дестинација. Напаѓачот е на „мета“ на Манчестер Јунајтед, а уште два премиерлигаши се вклучуваат во трката: Челси и Арсенал. Челси иако има многу играчи на таа позиција, сепак, го посакува и Леао ...

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Ферланд Менди, ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната поради повреда, потврди шпанскиот клуб. 30-годишниот Французин ја претрпе повредата за време на победата од 2-0 над Еспањол во 34-то коло од шпанската Ла Лига во неделата. По прегледот, му беше дијагностицирана скината тетива на десната нога. Според информациите доколку Менди се подложи на операција, тој би можел да биде надвор од терените до пет ...

Тешко е деновиве да си навивач на Челси. Тренерски смени, шест порази по ред во Премиерлигата, и далеку од местата кои носат во Европа. „Сините“ вчера на домашен терен загубија од Нотингем Форест со 1-3. Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер ја коментираше ситуацијата во лондонскиот клуб, кој претрпе осум порази во последните 10 меча. „На теренот Челси имаше 5-6 врвни играчи, а загубија од вториот тим на Нотингем. Пред помалку од ...

Ја имаше судбината за титулата во Премиерлигата во своите раце Манчестер Сити. Меѓутоа се случи неочекуван „кикс“ вчера против Евертон, и само нерешено 3-3. Сега разликата е пет бодови, со тоа што Сити има меч помалку, меѓутоа му препушти на Арсенал сега да ја води битката за трофејот. Манчестер Сити одлично почна, имаше предност, имаше контрола, а потоа огромни киксови во одбраната, и три гола за Евертон. И кога се чинеше дека „граѓаните“ ќе ...

Шок на почетокот од плејоф серијата од полуфиналето на Западот во НБА – Минесота го победи Сан Антонио на гости (104:102). Ентони Едвардс се врати на теренот по повредата, го предводеше тимот и заедно со Руди Гобер и Џејден МекДениелс покажаа дека не случајно ги нокаутираа Денвер и Никола Јокиќ во првото коло од плејофот. Кога ќе ја погледнете статистиката, едноставно е неверојатно што направи Виктор Вембањама , имаше трипл-дабл со блокади . ...

Ветеранот Алексис Санчез е спасител на тимот на Севиља. Тој го постигна единствениот гол вреден победа за тимот против Реал Сосиедад, носејќи златни три бода во битката за опстанок во Ла Лига. Санчез во 50. минута успеа да го постигне погодокот, кој му донесе важна победа на домашниот тим. Најдобро се снајде во шеснесетникот, и го измами голманот на Реал Сосеидад за огромни три бода. Севиља сега за момент избега од опасната зона, и освои 37 ...

Маџари продолжува да испишува историја, дебитантот во првата сезона во елитното друштво најпрвин влезе во Топ 6, сега и во Топ 4, а по вечерашниот триумф над ТФТ тимот предводен од Миодраг Тодоровиќ е на чекор до големото финале. Полуфинале за апсолутни честитки на сите актери, навивачи на двете екипи на трибини, квалитетна кошарка на терен, гинење за секој топка, атракции на двете страни… и драма до самиот крај. Најпрвин продолжение, а потоа ...

Спектакуларен натпревар вечерва одиграа Евертон и Манчестер Сити кој заврши без победник 3-3, и така ги задржа шансите за титула во Премиерлигата. Ова е одличен резултат за тимот на Пеп Гвардиола, ако се има во предвид фактот дека во 81. минута имаа негатива од 3-1. Ова „реми“ го слават и навивачите на Арсенал, кои сега повторно имаат се во свои раце. Иако Манчестер Сити водеше и се чинеше дека ја има контролата на мечот, сепак, Евертон успеа ...

Сонот за пласман во Лигата на шампионите на Рома се претвора во јаве, откако овој тим вечерва ја „растури“ екипата на Фиорентина и ја победи со 4-0. Со тоа „волчицата“ му се доближи на Јувентус на само еде нбод, откако овој тим направи нов „кикс“ и одигра само 1-1 против испаднатата Верона. Домашната екипа го реши победникот за само 32 минути. Манчини во 13 минута донесе предност, истата ја зголеми Весли Франка во 17-тата, а во 34. минута ...

Маџари направи сензација и го победи ТФТ во првиот натпревар од полуфиналниот плеј-оф во кошаркарската Супер-лига со 82-84. Победникот се решаваше дури по продолженијата, откако Маџари и во регуларниот дел „прокоцка“ 11 поени разлика на три минути до крајот на средбата. Мечот мина во неверојатна резултатска „вртелешка“, двата тима се менуваа во водството, за на крајот Маџари да испушти огромна предност. ТФТ со неверојатна серија од 11-0 во ...

Екипата на Тиквеш донесе одлука да ги раскине договорите со тренерот Борче Христов, со неговите помошници Трајче Стојковски, Ванче Шиков, Баже Левков, како и со спортскиот директор Љупчо Трајковски. Целокупното раководење на клубот од утре го презема ко-сопственикот Цезер Браво, кој ќе раководи со тимот до крајот на сезоната. „Клубот ќе продолжи да функционира чесно, професионално и во интерес на сите љубители и поддржувачки на ГФК Тиквеш, со ...

Цеск Фабрагас пристигна во италијанскиот тим Комо во 2022 година како играч додека клубот сè уште беше во Серија Б. По пензионирањето, тој го презеде кормилото на тимот и го водеше до промоција во Серија А. Минатата сезона, без напор го одржа Комо во елитното ниво на италијанскиот фудбал, а оваа сезона ги одведе до полуфиналето на Купот на Италија и сè уште е во трка за место во квалификациите за Лигата на шампионите. Одличната работа што ја ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.75
57%
1020
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
2.24
57%
1021
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.38
48%
1023
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
4.79
64%
1019
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
9.23
49%
1017
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
0.89
51%
1023
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
4.02
48%
1012
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.95
58%
1015
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
4.31
42%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
6.71
90%
1015
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 20ᴼ
1.79
45%
1021
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 24ᴼ
4.87
64%
1013
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Калај

51.97

Бакар

12.52

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.48

Иридиум

253540.09

Злато

131337.93

Паладиум

39545.42

Кобалт

45.39

Сребро

2072.63

Платина

53756.05

Родиум

257205.97