Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Фудбалерите на Ал Хилал забележаа убедлива победа против Ал Охдод од 6-0 во натпреварот од 21. коло од Про лигата, кој беше и прв за Карим Бензема во дресот на тимот од Ријад. На последниот ден од преодниот рок, Французинот од Ал Итихад му се придружи на својот голем ривал, што не наиде на големо одобрување од Кристијано Роналдо, кој дури и протестираше против реализацијата на тој трансфер. Во Ал Хилал малку им беше важно тоа, а уште помалку ...
Со повеќе од 5.900 трансфери на глобалниот пазар, зимскиот преоден рок постави нов рекорд по бројот на завршени зделки, но вкупните износи потрошени за компензации беа пониски од претходната година, објави ФИФА. Зимскиот преоден рок од 2026 година забележа зголемување од три проценти на бројот на трансфери во споредба со претходниот рекорд од 2025 година, кога беа завршени 5.799 трансакции. Иако вкупно беа потрошени повеќе од 1,9 милијарди ...
Поранешниот француски репрезентативец Карим Бензема одлучи да остане во Саудиска Арабија, но направи „предавство“ какво што не можете да се сетите. Го напушти Ал-Итихад и потпиша за другиот голем клуб во земјата, Ал-Хилал. Поради ова, секако, повторно е на столбот на срамот. Поранешниот голгетер на Реал Мадрид ги шокираше навивачите на Ал-Итихад, а по пристигнувањето во Ал-Хилал, рече дека неговиот нов клуб е „Реал Мадрид на Азија“. Бензема ...
Милан одби да го доведе Жан-Филип Матета, тие одлучија да не го направат тоа поради неопходната операција, но Никлас Фулкруг беше доведен од Вест Хем, кој се покажа како солидно засилување, барем засега. Сепак, Милан ќе бара напаѓач и во лето, го споменавме Душан Влаховиќ, но јасно е дека ќе им биде тешко да соберат пари за српскиот напаѓач и се свртеа кон напаѓачот на Фиорентина. Мојсе Кин е нова цел, Алегри е добро свесен за неговите ...
Поранешниот белгиски репрезентативец и член на Челси и Реал Мадрид, Еден Азар за италијанска „Газета“ призна дека можел да оди во Милан или Интер, уште од времето кога бил дел од Лил, меѓутоа потоа се пресели во Англија. Азар рече дека сонот му бил да заигра за Реал Мадрид, и на крајот ја остварил таа цел, и покрај тоа што беше само бледа сенка во таборот на „кралевите“ откако пристигна од Челси како големо засилување и замена за Кристијано ...
Екипата на Шкупи ја чека пеколна битка за опстанок во пролетниот дел во ПМФЛ, а сега трае и драмата околу преземањето на клубот од страна на Беким Бафтијари. Од тимот на Бафтијари сега напоменуваат дека овластувањето кое го добил од Јасин Коњали, моменталниот сопственик на клубот, не опфаќа пренос на акции и сопственост, туку претставување во клубот пред институции. Поради ова, преземањето на клубот се одложува, а Шкупи во пролетниот дел ќе ...
Екипата на Дубаи по голема борба и пресврт во второто полувреме, го урна Реал Мадрид на свој терен. Ова е втора голема победа на овој тим, откако пред неколку дена Дубаи го совлада и Олимпијакос. Реал Мадрид, пак, од друга страна е во серија од три порази. И покрај тоа во голем дел од натпреварот Реал Мадрид го контролираше резултатот, сепак, во третиот период се случи целосниот пресврт. „Кралевите“ имаа +13 на стартот од таа делница, а потоа ...
Иако во последните неколку преодни рока, Роберт Левандовски се поврзува со заминување од Барселона, сепак, може да се случи пресврт. Полјакот на крај да остане во каталонскиот гигант, но новиот договор да биде со далеку пониска плата. Актуелниот договор на 37-годишниот напаѓач е до крајот на сезоната, а сега Барса може да му понуди нова соработка. Наводно тренерот Ханс Флик дал зелено светло да почнат преговорите, и сега се е на самиот играч ...
Грчката кошарка денеска е завиена во црно по веста за ненадејната смрт на Танасис Скуртопулос, кој почина на 60-годишна возраст како последица од срцев удар. Скуртопулос беше селектор на Грција од 2018 до 2020 година, завршувајќи го мандатот како предводник на националниот тим со 18 победи и пет порази. Пред да биде назначен за селектор, ја извршуваше функцијата помошник тренер во Грција. Беше во стручниот штаб на АЕК, Панелиниос, а ги водеше ...
Македонскиот репрезентативец Енис Барди, беше стрелец на убав гол во победата на Коњаспор во рамките од Купот против Алиага од 5-0. Играчот од средниот ред влезе во игра на стартот на вториот дел, а голот во постигна во 81. минута откако од 25 метри упати прецизен, и не толку силен шут, но грешката на голманот придонесоа топката да заврши во мрежата и во тие мигови да биде 4-0 за Коњаспор. Со оваа победа, Коњаспор се најде на втората позиција ...
Барселона ќе влезе во изборната кампања за неколку дена пред изборите што ќе се одржат на 15 март. Жоан Лапорта ќе поднесе оставка следната недела за да се кандидира за повторен избор, на кој е јасен фаворит. Досега, тројца кандидати изразија намера да се кандидираат: Виктор Фонт (главниот ривал на Лапорта, кој беше втор на претходните избори), Хави Вилахоана и Марк Сирија. Во Барселона има клучна фигура која би можела да има големо влијание ...
Не само во Англија, туку и во Италија сè погласно се зборува за иднината на играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали. Откако на самиот крај од зимскиот преоден рок се појавија шпекулации за можен трансфер на италијанскиот репрезентативец во Арсенал, денес реномираниот италијански весник „Газета дело Спорт“ објавува дека Тонали е една од главните трансфер-цели на Јувентус за летниот период. Според весникот, шансите Јувентус да го ...
Марк-Андре тер Штеген, голманот на Џирона кој е позајмен од Барселона, доживеа уште една тешка повреда, поради која го чека долга пауза, веројатно до крајот на сезоната, а и сонот за настап на Мундијалот во Германија е се чини завршен. Некои медиуми јавија дека Тер Штеген дури и размислува за пензија по серијата на повреди, но тој рече дека ќе се врати. „Повеќето од вас не ме познаваат лично, па затоа сакам да споделам нешто со вас. Јас сум ...
Баерн Минхен официјално го објави продолжувањето на договорот на Серж Гнабри . Баварците и германскиот репрезентативец ќе продолжат заедно до 30 јуни 2028 година. Неговиот претходен договор истече ова лето. Според извештаите, 30-годишниот Гнабри се согласил на значително намалување на платата во својот нов договор и сега ќе заработува околу 15 милиони евра по сезона, во споредба со претходните 18 милиони евра. Тој е дел од Баварците од 2017 ...
Кристијано Роналдо го продолжува бојкотот и ќе пропушти втор натпревар по ред за Ал Наср. Славниот Португалец е незадоволен од својот статус во Саудискиот инвестициски фонд, кој управува со сите клубови и кој, според Роналдо, го фаворизира Ал Хилал. Доколку ситуацијата не се промени, Роналдо ќе ја напушти Саудиска Арабија и покрај огромните приходи. Последната капка беше трансферот на Карим Бензема од Ал Итихад во Ал Хилал. Роналдо објави ...
Карим Бензема ќе го носи дресот на Ал Хилал до 2027 година, откако францускиот напаѓач се пресели во најголемиот клуб во Азија од Ал Итихад. За Реал Мадрид настапуваше од 2009 до 2023 година, а оваа сезона во саудиската ПРО лига постигна осум гола на 14 натпревари. „Среќен сум што сум тука. По првиот тренинг, среќен сум што сум дел од овој тим. Ал Хилал е клуб со богата историја. Освоија многу трофеи. Малку е како азиски Реал Мадрид. Се е ...
Три селекции во машка, и една во женска конкуренција, денеска, во Фрајзинг, каде беше извршена официјалната ждрепка, ги дознаа противниците за претстојните европски младински првенства. Машката кадетска репрезентација на Македонија, која ќе биде и во улога на домаќин, на ЕП од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години, кое од 6. до 15.август ќе се игра во нашиот главен град, ќе биде дел од групата „Б“. Покрај нашата селекција, во ова ...
Хрватскиот интернационалец Анте Будимир во последните години е еден од најдобрите фудбалери на Осасуна. Со своите голови за Осасуна, Будимир се профилираше како еден од најдобрите напаѓачи во Ла Лига. Хрватскиот напаѓач оваа сезона постигна 12 гола на 24 настапи во Примера и Купот на кралот, што не остана незабележано во Каталонија. Според шпанските медиуми, Барселона е заинтересирана за неговите услуги. Каталонскиот гигант сака да го доведе ...
Ливерпул по освоената титула во Премиерлигата потроши 450 милиони евра на засилувања за уште посилен состав, но наместо да продолжат да ги радуваат своите фановите, „црвените“ ги разочараа со очајната сезона. Ливерпул е далеку од одбрана на титулата па шанса за трофеј гледа само во Лигата на Шампионите и ФА Купот. Сепак трофеј не е во планот на Арни Слот, судејќи по неговата последна изјава. „Како тренер можете да ја освоите Лигата на ...
Владата на Германија не го поддржува бојкотот на Светското првенство кое треба да се одржи во јули во три држави од кои една е Соединетите американски држави. Дел од политичарите покренаа иницијатива за бојкот поради политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, но до тоа нема да дојде, потврдија од највисоката извршна власт. Државната секретарка за спорт, Кристин Шендерлајн вели дека спортот треба да зближува и да не биде под ...
Изминатата вечер во најсилната кошаркарска лига беа одиграни седум натпревар по кои на победи се радуваа Њујорк, Минесота, Бостон, Милвоки, Сан Антонио, Мемфис и Кливленд. Најубавитге потези на вечерта ги одбележаа атрактивни додавања и уште поатрактивни забивања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ...
Македонскиот суперлигаш Бутел Скопје денеска претстави две нови засилувања во имињата на левиот бек Христијан Ѓурмешевиќ и кружниот напаѓач Матеј Марковски. Ѓурмешевиќ е младински репрезентативец на Македонија и доаѓа од редовите на Мулти Есенс, а Марковски досега ги бранеше боите на Аеродром. Претходно скопскиот тим се засили со искусниот Мице Шилегов од Вардар Неготино. Тројцата би можеле да го имаат своето деби на натпреварот со Струга. ...
Манчестер Сити се пласираше во уште едно финале откако го совлада Њукасл Јунајтед во двомечот во Лига купот на Англија. „Граѓаните“ за титула ќе се борат против Арсенал, а тренерот Пеп Гвардиола има голема замерка за правилата во првенството бидејќи не може да смета на новото засилување Марк Гехи. Дефанзивецот дојде од Кристал Палас меѓу двете полуфинални средби со Њукасл, не можеше да настапи ниту на синоќешниот реванш, а според правилата во ...
Преодниот рок за трансфери во НБА-лигата истекува вечерва, па клубовите ги повлекуваат последните потези за формирање на ростерите во пресрет на клучниот дел од сезоната. Голден Стејт долго време беше поврзуван со офанзива по Јанис Адетокумбо, но „воините“ се откажаа од оваа намера, на крајот успевајќќи да го ангажираат Кристапс Порзингис од Атланта хоукс. Во размена за Порзингис челниците на Голден Стејт во Атланта ги испратија Џонатан ...
Огромните финансиски проблеми со кои се соочува КК Гостивар од стартот на сезонава се на добар пат да бидат решени, откако општина Гостивар донесе одлука да стане акционер во овој спортски колектив. Гостиварци утрово се пофалија со договор за соработка со оптшината, нешто што не беше случај со години наназад, во обид да го стабилизираат клубот. „Кошаркарскиот клуб Гостивар и Општина Гостивар, предводена од градоначалникот Г-дин Валбон Лимани, ...
Садио Мане уште еднаш покажа дека не само што е врвен фудбалер, туку и неверојатна личност откако сенегалскиот ас пријатно го изненади уметникот кој десетина дена претходно му направи неверојатен портрет. Имено, на социјалните мрежи се појави фотографија од портрет на Садио со пехарот од Купот на Африкански Нации, и тоа изрезбан во дрво. Самиот голгетер беше импресиониран, па успеа да го најде уметникот, давајќи му неверојатен подарок. Имено, ...
Маџари е едно од најпријатните изненадувања во Супер-лигата оваа сезона, но скопскиот клуб претрпе убедлив пораз на домашен терен од Пелистер во рамките од 14. рунда во тлитното друштво. Неколку дена по убедливата победа над Куманово, избраниците на тренерот Миодраг Тодоровиќ беа надиграни од битолскиот клуб, кој во второто полувреме успеа да се одлепи и на крајот да слави убедлива победа. Младито стратег е убеден дека овој пораз ќе биде ...
Столе Димитриевски уште еднаш покажа зошто заслужува да биде прв голман на Валенсија, откако Македонецот блесна на синоќешниот дуел со Атлетик Билбао во Копа дел реј. Нашиот голман имаше низа одлични интервенции, од кои најимпресивна дефинитивно беше онаа со која го запре пеналот на еден од гостинските фудбалери. За жал, и тоа беше недоволно Валенсија да се пласира во полуфиналето откако Атлетик со гол во 96. минута славеше со 1-2 на ...
Интер ја продолжи успешната серија резултати со победата над Торино, со која „нероаѕурите“ се пласираа во полуфиналето од Копа Италија. Кристијан Киву ја продолжи традицијата да го ротира тимот за куп-нзтпреварите, шанса добија дел од помладите фудбалери кои максимално ја оправдаа довербата. Токму Бони и Диуф беа стрелци на погодоците со кои Интер стигна до посакуваниот резултат. „Не сум новинар ниту пак играм фантази фудбал за да ги оценувам ...
Кристијано Роналдо денеска го прославува својот 41. роденден, но Португалецот и на оваа возраст покажува зошто важи за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Последните години ги минува во Саудиска Арабија, каде изврши тотална фудбалска револуција. За жал, во последните денови Кристијано е на насловните страници од поинакви причини, поради штрајкот и незадоволството од третманот што одредени клубови го имаат од саудиските власти на ...