Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Борусија Дортмунд го осигура второто место на крајот на сезоната во Бундес-лигата откако „милионерите“ на последниот домашен дуел славеа со 3-2 над тимот на Ајнтрахт. Гостите први дојдоа во водство на самиот почеток, но пресуден се покажа финишот на првото полувреме, во кој домашниот тим за помалку од три минути постигна два гола, преку Гираси и Шлотербек. Младиот Игнасио во второто полувреме го постигна својот прв гол во дресот на Борусија ...
Валенсија уште еднаш покажа зошто е најпријатно евролигашко изненадување сезонава откако „портокаловите“ по вторпат во три дена успеаја да слават на гостувањето во Атина против Панатинаикос (86-89), изборувајќи се за мајсторка во оваа четвртфинална серија. Носени на крилјата на феноменалниот Монтеро, кошаркарите на Валенсија одиграа уште еден меч за паметење, не дозволувајќи пеколната атмосфера во „ОАКА“ да им ги замрси сметките на ...
Фенербахче е третиот патник, по Олимпијакос и Реал Мадрид, на фајналфор турнирот од Евролигата откако турскиот гигант славеше во четвртфиналната серија со Жалгирис со 3-1 во победи. Откако пред два дена загуби во драматичниот финиш во Каунас, турскиот тим овојпат излезе како победник од „литванскиот пекол“, и тоа по продолжение од пет минути. Дуелот беше максимално израмнет, а во драматичната завршница Жалгирис имаше водство, но Фенер ...
Бруно Фернандеш е добитникот на престижното признание за најдобар фудбалер во Премиер-лигата за сезоната 2025/26, во гласањето на фудбалските новинари во Англија. Манчестер Јунајтед најверојатно ќе го освои третото место на табелата, но Фернандеш игра извонредно цела сезона, досега постигнувајќи осум гола со дури 19 асистенции. Фернандеш е добитник на оваа награда со само 28 гласа повеќе од второпласираниот Деклан Рајс од Арсенал, на третото ...
Во Реал Мадрид деновиве се случуваат големи потреси. Прво тепачка меѓу Валверде и Чуамени, петиција за заминување на Мбапе, „кртот“ наречен Винисиус… А, следува „Ел Класико“, меч во кој Барса може да ја потврди титулата, додека Реал Мадрид би можел да ја врати самодовербата која е разрушена. Дани Карвахал, Едер Милитао, Ферланд Менди, Родриго и Арда Гулер дефинитивно го пропуштаат натпреварот против Барселона, но тоа не е сè, нема да го има ...
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, веќе прави планови за следната сезона по разочарувачката сезона за клубот. Тој рече дека ќе има промени во составот, но не толку многу како минатото лето. Се чини дека Холанѓанецот нема сомнежи дека ќе биде на „Енфилд“ следната сезона. Слот зборуваше пред утрешниот натпревар со Челси. „Се радувам на следната сезона, па затоа воопшто не сум загрижен. Веројатно ќе има уште еден мал преоден период, но не толку ...
Реал Мадрид го чека мечот со Барселона, кој може да биде решавачки во битката за титулата, односно „Каталонците“ да ја освојат, додека „кралевите“ во моментов се соочуваат со голем број проблеми со тепачки, несогласувања и со петиција за заминување на Мбапе. И додека траат овие скандали, Флорентино Перез веќе одлучил кој ќе биде новиот тренер на клубот идната сезона, откако Алваро Арбелоа не ги оправда очекувањата. А, новинарите од шпанскиот ...
Капитенот на Интер , Лаутаро Мартинез, категорично ги отфрли сите гласини за напуштање на клубот, инсистирајќи дека нема намера да поттикнува интерес од други тимови. Аргентинскиот напаѓач останува целосно посветен на „нероаѕурите“, и покрај тоа што редовно се поврзува со трансфер во уште еден од најголемите европски клубови. 28-годишникот е централна фигура во тековниот проект на миланскиот клуб и јасно стави до знаење дека нема намера да си ...
Капитенот на светскиот шампион Аргентина, Лионел Меси, откри кои други екипи ги смета за фаворити за освојување на Светското првенство во 2026 година, признавајќи дека некои од нив се во подобра форма од светскиот првак. Тој го кажа ова во интервју со аргентинскиот ТВ водител Хоакин Алварез, со кого разговараше на различни теми. „Мора да разбереме дека има и други фаворити кои се пред нас и ќе пристигнат во подобра форма. Франција повторно ...
Со драсконско висока казна, Реал Мадрид се обидува да ги смири тензиите. Така Орелиен Чуамени и Ернесто Валверде, кои имаа жесток конфликт, заработија казни од по 500.000 евра. Двајцата учствуваа во меѓусебна тепачка во која подебелиот крај го извлече Валверде кој доби повреда на мозокот. Со ова завршува целата постапка протов играчите, соопшти клубот. Двајцата се извинија на сите во клубот, а Валверде поради повреда нема да игра на дербито ...
Од денес (08.05.2026)официјално се пуштени во продажба билетите за бараж натпреварот за пласман на Светското првенство 2027 помеѓу Македонија и Словачка. Бараж дуелот ќе се игра 17 мај во недела со почеток во 19 часот во СЦ Борис Трајковски. Билетите ќе се продаваат по цена од 400 и 500 денари. Достапни преку продажната мрежа на MK Tickets и на следниот линк: Македонија – Словачка, 2027 World Men’s Handball Championship qualification ...
Нов скандал ја тресе Премиерлигата, по информацијата дека играчот на Борнмут, Алекс Хименез бил итно отстранет од клубот откако на социјалните мрежи се појавила негова комуникација со девојка која имала помалку од 18 години. Тимот од Премиерлигата се огласи со итно соопштение во кое нагласи дека додека не се реши состојбата, десниот бек ќе биде отстранет од клубот. „Борнмут е свесен за објавите кои циркулираат на социјалните мрежи во кои е ...
Фенербахче повторно ја загуби титулата во домашното првенство, а во тек е целосна реорганизација во спортскиот сектор. Истанбулскиот гигант се раздели со Доменико Тедеско по неуспешна сезона, а во тек е работа за ангажирање на нов стратег. Според турскиот „Фанатик“, Фенербахче воспоставил контакти со неколку познати имиња во европскиот фудбал, меѓу кои се Чаби Алонсо и Фелипе Луис, но во приказната е вклучено и ново име кое привлече најголемо ...
Најдобриот канадски фудбалер Алфонсо Дејвис ќе отсуствува неколку недели поради повреда, објави неговиот клуб Баерн Минхен денеска. Ова веднаш предизвика шпекулации за тоа дали брилијантниот 25-годишен лев бек ќе ја предводи канадската репрезентација на Светското првенство, кое ќе се одржи од следниот месец во САД, Канада и Мексико. Сега се огласија и од канадската репрезентација. „Во близок контакт сме со Алфонсо и остануваме во контакт со ...
Во вториот настап на УЕФА развојниот турнир за фудбалерки до 16 години, репрезентацијата на Македонија загуби од Андора и тоа по подобро изведување на удари од белата точка. По 90 минути натпреварот заврши нерешено 2:2 и според правилата победникот се решаваше не пенали. Гостинките поведоа во 14. минута со погодокот на Бос, а во 79-тата Андора дојде до предност од 2:0. Во завршните десет минути избраничките на селекторката Катерина Милеска ...
Екипата на Тиквеш нема да смее да регистира нови фудбалери на меѓународно и на национално ниво, поради неисполнети обврски кон фудбалерот Филип Михаљевиќ. Михаљевиќ поднесе тужба до светската куќа на фудбалот ФИФА за неисполнети обврски, со што на кавадаречкиот тим нема да му биде дозволено да има нови регистрирани играчи. „Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека, согласно одлука на ФИФА, на ГФК Тиквеш Кавадарци му е ...
И покрај малку послабата сезона, Василије Мициќ ќе остане во Хапоел Тел Авив и во следната натпреварувачка година. Српскиот репрезентативец можеби не ги оправда огромните приходи и статусот на најплатен играч во Евролигата, но порталот „Вала Спорт“ веднаш по елиминацијата од Реал дозна дека нема да ја промени средината. Мициќ двапати во кариерата ја освои титулата во Евролигата со екипата на Анадолу Ефес. Крадењето авторски текстови е казниво ...
Името на Џејлен Браун повторно е во центарот на вниманието во НБА откако Бостон Селтикс беа елиминирани во првото коло од плејофот од Филаделфија 76. Браун го привлече вниманието по поразот со изјави во кои дел од вината ја префрли на судењето, додека сезоната ја оцени како една од своите омилени, и покрај фактот дека Џејсон Тејтум пропушти голем дел од годината. Иако и Браун и претседателот на Селтикс, Бред Стивенс, се обидуваат да ја смират ...
Претседателот на европскиот шампион повторно одлучи да им оддаде почит на сите вработени во ПСЖ. Париз Сен Жермен ќе им обезбеди на сите свои вработени бесплатен превоз и билети за финалето на Лигата на шампионите против Арсенал во Будимпешта. Ова не е ништо ново или сензационално, со оглед на тоа што клубот од Париз веќе го стори тоа претходната година, кога околу 500 луѓе вработени во клубот патуваа на финалето во Минхен, а беа вклучени и ...
Реал Мадрид покрена вонредна дисциплинска постапка против Федерико Валверде и Аурелиен Чуамени по инцидентот. Целата приказна повеќе не се третира како едноставен конфликт меѓу соиграчите, туку како случај што ќе заврши со многу тешки казни за двајцата играчи. Поради се, Реал Мадрид ангажираше посебно лице кое ќе го води случајот и ќе ги утврди сите околности на случајот. Во таква постапка, играчите ќе добијат официјално обвинение и можност ...
Малку повеќе од еден месец пред почетокот на Светското првенство, најдобриот стрелец во историјата на уругвајската фудбалска репрезентација, 39-годишниот Луис Суарез, изјави дека е отворен за евентуално враќање во „небесно синиот“ тим, иако објави крај на својата репрезентативна кариера во септември 2024 година по конфликт со тренерот Марсело Биелса. Пред повеќе од година и пол, Суарез го обвини Биелса дека создава раздор во тимот и дека се ...
Шарлот го продолжи договорот со главниот тренер Чарлс Ли по сезоната во која тимот оствари најголем напредок во историјата на франшизата, со дури 25 победи повеќе од претходната година. Клубот не објави детали за новиот договор, но раководството рече дека Ли бил „одличен во поставувањето на темелите на тимот“ и создавањето средина каде што играчите можат да се развиваат. Шарлот ја заврши сезоната со 44 победи, по само 19 претходната година, и ...
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, му потврди на клубот дека сака да ја продолжи соработката со него. Германскиот стручњак ги прифати условите на новиот договор што ќе го задржи на клупата на Барселона до 2028 година, со можност за продолжување за уште една сезона. Шпанските медиуми објави дека агентот на Флик, Пин Захави, пристигнал во Барселона на преговори со клубот. Откако пристигна во каталонскиот клуб во мај 2024 година, Флик освои две ...
Голем број фудбалери од Ирска се приклучија на кампањата со која се повикува на бојкот на натпреварот против Израел што треба да го играат во Лигата на нации. Здружението „Ирски спорт за Палестина“ испрати отворено писмо до Фудбалската асоцијација на Ирска обвинувајќи го Израел за геноцид во Палестина, кршејќи ги статутите на УЕФА и ФИФА за дозволување на клубовите да играат домашни првенства надвор од нивната територија. Ирска треба да го ...
Центарот за Едукација на тренери на ФФМ го комплетираше вториот Модул од УЕФА Ц курсот (11 та генерација). Модул исполнет со интензивна агенда – полагање на практичен испит согласно УЕФА конвенцијата за 25/26 со која на 33 кандидати им се даде можност да ги применат своите идеи, теми и принципи за подготовка и одржување на фудбалски тренинг за категорија до 12 години .УЕФА Ц лиценцата за фудбалски тренери претставува основна база на Центарот ...
Кризата во „кралскиот клуб“ добива драматични размери откако во јавноста протекоа информации за физичка пресметка меѓу Федерико Валверде и Аурелиен Чуамени. Иако Уругваецот демантира дека завршил во болница по инцидентот, медиумите во Шпанија брујат за целосен раздор во соблекувалната. Според „Мундо Депортиво“, фокусот сега е насочен кон откривање на „предавникот“ кој ги изнесува внатрешните тајни. Главниот сомнеж паѓа врз Винисиус Жуниор, за ...
Кошаркарите на Пелистер мора експресно да го остават зад себе поразот од првиот меч со МЗТ Скопје и максимално фокусирании да влезат во вториот дуел од оваа полуфинална серија што е на програмата в недела. Домашниот терен и поддршката од верните навивачи во салата „Боро Чурлевски“ ќе биде значаен адут во битката за победа, а кошаркарите се решени да прикажат уште подобра игра од онаа во „Јане Сандански“ во средата. Според искусниот Бобан ...
Селекторoт Кире Лазаров го објави скратениот список од 20 ракометари кои ќе бидат во конкуренција за претстојниот двомеч со Словачка во баражот за пласман на СП 2027. Жарко Пешевски нема да може да му помогне на националниот тим на овие две пресметки, во комбинација не е ниту Мартин Серафимов, а интересно е што шанса како трет голман добива Васил Гогов од Вардар пред Иван Галевски од Алкалоид. Првиот дуел од двомечот меѓу Словачка и ...
Тетовска Шкендија се пласираше во финалето на Купот на Македонија откако триумфираше на гостувањето против Шкендија Арачиново со 0-2, со два гола во самиот финиш од натпреварот. Токму случувањата на дуелот сериозно го привлекуваат вниманието на домашната фудбалска јавност, пред се поради сомнителните активности на дел од домашните фудбалери, кои како што вчера пишуваше Инфоспорт., според неофицијалните информации, одбиле да истрчаат на терен ...
Ракометарите на Пелистер доживеаја вистински дебакл (34-19) на гостувањето од Вардар во дерби пресметката која и дефинитивно им ја осигура титулата на „црвено-црните“. Сето тоа предизвика огромен револт кај најверните навивачи на Пелистер, „Чкембарите“ кои синоќа кратко испратија порака до своите миленици: „Играте како „пи*ки“. Но, „Чкембри“ веќе денеска и со комплетно соопштение преку својата официјална страница испратија прашања до ...