Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Фудбалската федерација на Македонија со особена гордост информира дека нашиот национален кондиционен тренер на фудбалските судии, Сашо Даневски, од страна на УЕФА официјално е назначен за главен фитнес тренер на елитните судии во Европа. Со ова назначување, Даневски на 1. јули ќе ја преземе одговорноста за физичката подготовка, мониторингот и развојот на елитните судии на УЕФА, како и лидерска улога во координацијата на кондиционите тренери ...
Поранешниот репрезентативец Тодор Тодороски, кој сега настапува во албанскиот тим Фљамуртари, ќе паузира околу 6-7 месеци, откако ги скина лигаментите на коленото. Тодороски се повреди на натпреварот со Егнатиа пред две недели, и сега го чека долга рехабилитација. Десниот бек дојде во Фљамуртари на почетокот на сезоната од Поли Јаши, а претходно играше за Залаегерцег, Сумгаит, Серед, РАднички Ниш, Осијек, Шибеник и Вардар. 27-годишниопт ...
Нереални скандали го тресат Реал Мадрид. Денес пристигна уште еден, и повторно во главна улога Чуамени со Валверде кои, по она вчера, денеска имале нова жестока физичка пресметка, по која вториот завршил во болница. Вистински хаос владее во Мадрид. Играчите на Реал целосно го изгубија компасот, па вчера се појавија информации за физички конфликт меѓу Чуамени и Валверде. Но, тензиите меѓу двајцата не се смириле и денеска, па ситуацијата ...
Еден од најдобрите македонски фудбалски стратези, Југослав Тренчовски, кој сезонава зад себе остава одлични резултати на клупата на словенечки Радомље, би можел од јуни да ја напушти Словенија, ако се суди според интересот на неколку клубови од регионот, пред се од Србија и од Бугарија. Како што пренесуваат словенечките медиуми, Тренчовски веројатно и го надмина фудбалски нивото на Радомље чија цел и за следната сезона ќе биде опстанок во ...
Селекторот на машката репрезентација на Македонија до 20, Наум Танески, го објави списокот на повикани ракометари за претстојната ЕХФ недела. Собирот на репрезентативците ќе се оддржи на 11 мај. 2026 година (понеделник) во СС “Антон Димитров”, Скопје со почеток во 11 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од ...
Репрезентацијата на Македонија до 16 години следната недела ќе биде дел од меѓународниот меморијален турнир „Миљан Миљаниќ“ што ќе се одржи на терените на Спортскиот центар на Фудбалскиот сојуз на Србија во Стара Пазова. Покрај домаќинот Србија и репрезентацијата на Македонија на турнирот ќе партиципираат националните тимови на Босна и Херцеговина и Црна Гора. Во полуфиналето Македонија на 12 мај се среќава со Црна Гора, а почетокот на ...
Во ПСЖ има нова причина за славје откако „светците“ станаа прв француски клуб со три европски финалиња во ЛШ, со можност да ја одбрани титулата освоена лани. „Светците“ постигнаа пет гола на првиот меч, синоќа имаа поинаков пристап, а најзаслужен за пласманот во ова финале без сомнеж е тренер Луис Енрике, кој постави фантастична тактика со која целосно го неутрализираше атомскиот напад на Баерн. Свесен за тоа е и претседателот на ПСЖ, Насер ...
Арсенал и ПСЖ се пласираа во финалето на Лигата на шампионите со победи во два натпревари против Атлетико Мадрид и Баерн Минхен. Тоа ќе биде голем натпревар во кој ПСЖ ќе се обиде да ја одбрани својата титула, додека Арсенал ќе ја бара својата прва титула во најголемото европско натпреварување во своето второ финале. Сепак, специфичноста на ова финале ќе биде во градовите од каде што доаѓаат клубовите. Имено, ПСЖ и Арсенал доаѓаат од главниот ...
Килијан Мбапе добива критики од сите страни поради променливите игри, но пред се поради проблематичниот однос со тренерот Арбелоа и со соиграчите, па токму францускиот ас е посочен како главен виновник што „кралскиот клуб“ две години по ред не освојува ниту еден трофеј. На листата критичари на францускиот голгетер се приклучи и легендата на Реал, Тони Крос, кој јасно стави до знаење дека проблемите на „кралскиот клуб“ се длабоки и се поврзани ...
Челниците на „Репторс“ се задоволни од шефот на стручниот штаб, Дарко Рајаковиќ, и постојат големи шанси НБА франшизата од Торонто да го продолжи договорот на 47-годишникот од Чачак. Канадскиот „sportsnet.ca“ пишува дека во Торонто има сериозни планови за Србинот, кој беше блиску до влегување во втората рунда од плејофот, и дека продолжувањето на соработката важи и за генералниот менаџер Боби Вебстер. Секако, сè уште не е познато кога и под ...
Македонскиот ракометен гигант РК Вардар 1961 вечерва е пред нов историски момент – освојување на шампионската титула и враќање на тронот во домашниот шампионат. Во СЦ Јане Сандански следува натпревар со огромен влог, дуел против вечниот ривал Пелистер, во најголемото македонско ракометно дерби. Како партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија верува во победничкиот дух на тимот и типува на нов триумф и ...
Сопственикот на фудбалскиот клуб Андора, Жерар Пике, е суспендиран на шест натпревари од страна на шпанската фудбалска федерација поради приговор на судењето за време на натпревар во втората лига на Шпанија. Здружението, исто така, и забрани на поранешната ѕвезда на шпанската репрезентација и тимот на Барселона да ја извршува функцијата сопственик на клубот во следните два месеци. Инцидентот се случи откако Андора беше поразена од Албасете со ...
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) му изрече глобална суспензија на фудбалерот на Бенфика, Џанлука Престијани, па тој би можел да ги пропушти првите два натпревари од Светското првенство доколку биде во репрезентацијата на Аргентина. Пред две недели, Европската фудбалска унија (УЕФА) го суспендираше Престијани на шест натпревари, од кои три натпревари се условни, поради лошо однесување за време на дуелот против Реал Мадрид во плејофот ...
Контроверзноста околу натпреварот Баерн Минхен и ПСЖ беше предизвикана од ситуацијата во првото полувреме што се случи во шеснаесетникот на гостите. Витиња, во обид да ја исфрли топката, го удри соиграчот Жоао Невес во раката. За многумина, тоа беше пенал „чист како солза“, особено затоа што Невес малку ја тргна раката од телото во моментот кога ја допре топката. За судијата Жоао Пинеира (уште еден Португалец во овој случај), сепак, немаше ...
Вардар игра извонредна сезона, „црвено-црните“ беа несреќно елминирани од Монппелје, но вечерва од 19 часот ќе имаат можност тоа разочарување да го претворат во славје, и тоа шампионско, свесни дека бод на дербито со Е. Пелистер им ја носи титулата прваци на Македонија. „Црвено-црните“ доминираат од самиот почеток на сезоната, заслужено се први и им недостига само еден бод за да стигнат до трофејот, но мотивот титулата да се осигура против ...
Килијан Мбапе добива критики од сите страни поради променливите игри, но пред се поради проблематичниот однос со тренерот Арбелоа и со соиграчите, па токму францускиот ас е посочен како главен виновник што „кралскиот клуб“ две години по ред не освојува ниту еден трофеј. На листата критичари на францускиот голгетер се приклучи и легендата на Реал, Тони Крос, кој јасно стави до знаење дека проблемите на „кралскиот клуб“ се длабоки и се поврзани ...
Усман Дембеле го повлече вистинскиот потег кога реши да ја напушти Барселона и потпиша за ПСЖ, францускиот ас се закити и со „Златната топка“, а синоќа го постигна клучниот гол за „светците“ за пласман во ново финале од Лигата на Шампионите. Еуфорично славејќи го големиот успех, Дембеле сепак по мечот изненади со објавата на социјалните мрежи, цитирајќи поранешен соиграч од Барселона. Младиот Гави пред неколку години со брутална изјава ги ...
Патникот во Супер-лигата ќе биде решен со мајсторка откако кошаркарите на Бутел славеа на синоќешниот дуел со Струмица со резултат 85-77, израмнувајќи на 1-1 во финалната серија од прволигашката конкуренција. Струмичани рутински го добија првиот меч на домашен терен, но Бутел покажа карактер, јасно ставајќи до знаење дека немаат намера да се откажат без борба. Дуелот беше максимално интересен и неизвесен, а „бутелци“ беа подобар ривал во ...
Поранешниот германски репрезентативец Никлас Зиле ја шокираше фудбалската јавност обелоденувајќи дека на крајот на сезонава ќе ја заврши кариерата. Зиле има само 30 години, но честите повреди придонесоа тој да не може да продолжи со професионалниот фудбал. „Сакам да објавам дека летово ја завршувам кариерата… Она што го почувствував кога докторот ми го прегледа коленото по повредата со Хофенхајм… Само го погледнав и климнав со главата… и тој ...
Луис Енрике може да биде горд на себе и на своите фудбалери по големиот успех, елиминацијата на Баерн Минхен и пласманот во големото финале од Лигата на Шампионите. Првиот дуел го доби со атомски напад, но синоќешниот реванш беше тактичка бравура на Енрике, кој најде начин да го неутрализира баварскиот гигант и да стигне до билет за финалет. „Среќни сме, пресреќни. Животот на тренерот не е лесен, трпевме критики по крајот од лигашкиот дел. ...
Гласни реакции доаѓаат од сите страни околу изданието на Португалецот Пинеиро и неговите одлуки на синоќешниот мегадуел меѓу Баерн и ПСЖ, во кој сите спорни ситуации беа решени во корист на гостите од Франција. Во Баерн очекувано се жалат на недосудениот пенал како и на црвениот картон што не му беше покажан на Мендеш откако Пинеиро измисли играње со рака на Лаимер во раната фаза на акцијата, но критики за португалскиот арбитар доаѓаат и од ...
ПСЖ ќе го игра второто финале во низа во Лигата на Шампионите, а „светците“ мора да бидат горди на своето издание во дефанзивата со која целосно го неутрализираа моќниот напад на Баерн Минхен. Баварците израмнувачкиот погодок го постигнаа во 94. минута, а ПСЖ покажа дека покрај беспрекорниот напад поседува и извонредна дефанзивна дисциплина. „Ова беше неверојатен дуел, уште една магична ноќ за ПСЖ. Играме против фантастичен тим, на кој треба ...
Големо е разочарувањето во таборот на Баерн по синоќешната елиминација од ПСЖ во полуфиналето од Лигата на Шампионите, а едногласен е ставот дека главен виновник не е тренерот ниту фудбалерите, туку португалскиот судија Жоао Пињеиро. Се појави објаснување дека контроверзниот пенал за очигледното играње со рака на Жоео Невеш правилно не е досуден, бидејќи правилата налагаат дека кога топката последен ја удира фудбалер од истиот тим, пенал се ...
Кошаркарите на ТФТ не успеаја преку АБА2 да влезат директно во елитното друштво, но македонскиот вицепрвак има нова шанса за такво нешто, преку баражот со претпоследниот тим од АБА1, српскиот претставник Борац Чачак. Серијата се игра до две победи, Борац ја има предноста на домашен терен почнувајќи од вечерва во 20.30 часот, но во таборот на ТФТ владее оптимизам дека ќе може да се замрсат сметките на фаворитот. Впрочем, скопскиот клуб во АБА2 ...
Сан Антонио израмни на 1-1 во полуфиналето на Западната конференција против Минесота откако спарси издоминираа во овој втор меч, славејќи со преубедливи 133-95. Домаќините влегоа максимално мотивирани, прашањето на победникот решавајќи го во првите две четвртини што „мамузите“ ги добија со 24-17 и со 35-18. Убедливото водство и осигураната победа придонесе тренерите да ја поделат минутажата во второто полувреме, па така Вембањама реализираше ...
Фудбалерите на актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен се пласираа во ново финале во Лигата на шампионите откако вечерва ремизираа на реваншот против Баерн Минхен на „Алијанц арената“ 1-1. По феноменалниот натпревар одигран пред осум дена во Париз кој заврши со победа на „светците“ од 5-4, неверојатен старт имаше и овој дуел откако гостите стигнаа до водство од 0-1 со погодокот на Усман Дембеле уште во 3. минута на асистенција на Квича ...
Кошаркарките на Бадел ја спасија првата меч топка откако славеа на третиот натпревар од финалната серија против Крива Паланка на домашен терен со 71-69 и намалија на 2-1 во финалната серија во шампионатот на Македонија. Гостинките напаѓачки подобро го отворија натпреварот и по десет минути игра имаа предност од 19-24. По израмнетиот втор период Крива Паланка успеа ја пауза меѓу двете полувремиња да замине со позитива од шест поени 37-43. ...
Актуелниот европски клупски шампион Пари Сен Жермен е пред пласман во ново финале во Лигата на шампионите откако има предност и на реваншот против Баерн Минхен во полуфиналето. Грузискиот интернационалец Квича Квараскелија повторно е во прв план. Тој беше асистент на голот на Усман Дембеле за 0-1 во 5. минута. Со оваа асистенција тој стана првиот фудбалер во историјата на елитното натпреварување кој на седум меча во низа во нокаут фазата ...
Ракометарите на Барселона рутински ја завршија работата што ја почнаа минатата недела на гостувањето кај Нант во Франција откако вечерва на домашен терен во реваншот славеа со убедливи 31-21. Каталонците уште од самиот старт го контролираа мечот и веќе на пауза имаа позитива од 15-12. Во вториот дел разликата само се зголемуваше за конечни 31-21. Алеиш Гомзе со 10 гола беше убедливо најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Тибо ...
Трет натпревар и трет брејк во серијата меѓу Панатинаикос и Валенсија откако вечерва шпанскиот тим славеше на гостувањето кај атинските зелени со 87-91 и со тоа намали на 2-1 во четвртфиналната серија во Евролигата. Гостите од Шпанија изненадувачки стигнаа до рутинска победа во ОАКА откако во ниту еден момент од натпреварот не дојде до знак прашалник нивниот триумф. Натпреварот го одбележа и исклучувањето на двајцата тренери поради ...