Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Атлетико Мадрид ги разочара своите навивачи губејќи 0-1 од Селта во првиот дуел што тимот на Диего Симеоне го одигра по несреќната елиминација од Арсенал во Лигата на Шампионите. Тој меч очигледно остави силна трага врз „јорганџиите“ кои одиграа далеку под своите можности, мачејќи се да воспостават контрола и да стигнат до противничкиот гол. Како клучен се покажа мајсторскиот гол на Иглесијас во 62. минута, кога напаѓачот на Селта во манир на ...
Интер на најдобар можен начин покажа зошто е шампион на Италија откако вечерва лесно и убедливо го совлада Лацио на гостински терен, среде Рим со 0-3. „Лацијалите“ беа во одличен ритам, имаа само еден пораз во последните осум рунди, но Интер демонстрираше целосна надмоќ и заслужено стигна до бодовите на овој жежок терен. Работата беше значајно олеснета поради раното водство, по еден аут од десната страна Турам ја спушти топката, а Лаутаро ...
Ракометарите на Охрид стигнаа доогромна победа во дуелот со шампионот Вардар, со резултат 26-24 со што охриѓани се зацврстија на второто место на табелата и се многу блиску до пласман кој им гарантира учество во ЕХФ Европската лига следната сезона. „Вардарци“ се уште „мамурни“ по шампионската прослава и големиот триумф над Пелистер, попладнево не беа на посакуваното ниво, по што вториот пораз сезонава на домашната сцена беше неизбежен. Дуелот ...
Алкалоид прокнижи нови одови во ракометниот плејоф откако на гостински терен го совлада тимот на Тиквеш со резултат 23-30. Кавадарчани му се спротивставија на поквалитетниот противник во првото полувреме, но избраниците на Кире Лазаров во вториот дел влегоа во ритам, се одлепија резултатски и стигнаа до посакуваниот триумф. Тиквеш отвори нешто подобро, поведе со 4-2 и со 6-4, но Алкалоид со четири гола во низа го сврте резултатот во своја ...
Првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ, јавно ја поддржа иницијативата на ФК Вардар јужната од Националната арена во Скопје да го носи името Васил Рингов. Фудбалската легегенда почина пред месеци, по што огромен дел од спортската јавност е со апсолутна поддршка за оваа иницијатива – името на Рингов засекогаш да биде поврзано со стадионот каде имаше блескави моменти во дресот на Вардар. „“Фудбал под сенка“ е неговата биографија, но името на Васил ...
Во пресрет на утрешните натпревари од Прва и Втора МФЛ и завршницата од првенствената сезона, Фудбалската федерација на Македонија преку Одделот за безбедност и интегритет упатува апел до клубовите, навивачите и сите поддржувачи за фер, спортско и достоинствено навивање. ФФМ апелира да не се користат скандирања, пораки или било какви содржини што поттикнуваат омраза, дискриминација или насилство врз основа на верска, национална или расна ...
Динамо Загреб уште еднаш покажа зошто важи за најдобар тим во Хрватска откако лесно и рутински славеше на дербито со Хајдук со 2-0. „Модрите“ играат импресивно во последните неколку месеци, тренд што го продолжија и на денешниот дуел во кој во ниту еден момент не му дозволија на гостинот да се понадева на позитивен резултат. Шампионот поведе со 1-0 со голот на Бакрар во првото полувреме, на 2-0 во вториот дел зголеми Бељо, а домашниот тим не ...
Екипите на Брајтон и на Борнмут не се откажуваат од трката за место во ЛШ, стигнувајќи до нови победи во рамките од 36. коло од Премиер-лигата. Најдобрите пет екипи во Англија имаат загарантирано место во ЛШ, но пласман во елитата може да обезбеди и шестиот во Премиер-лигата, ако Астон Вила заврши петта во Англија, но истовремено и го освои трофејот во Лигата на Европа. Борнмут моментно е на шестото место со 55 бода, четири помалку од ...
Вардар е чекор поблиску до враќање на тронот во ПМФЛ откако „црвено-црните“ славеа на домашен терен над Силекс со 2-1, останувајќи на „плус четири“ во однос на Шкендија на две кола до крајот. Сепак, најавената шампионска фешта на „вардарци“ ќе мора да почека уште една седмица, откако Шкендија славеше на својот денешен меч со Струга ТЛ и ги задржа математичките теоретски шанси за одбрана на трофејот. „Вардарци“ одиграа импресивно на почетокот, ...
Лајпциг на едно коло до крајот успеа да го осигура третото место во Германија и учеството во Лигата на Шампионите следната сезона откако клубот на нашиот Елиф Елмас попладнево славеше над Сент Паули со 2-1. Шлагер го отвори резултатот пред самиот крај на првото полувреме, во вториот дел меѓу стрелците се запиша и капитенот Орбан, за „плус четири“ во однос на ривалите во трката за билет за елитното европско натпреварување. Штутгарт и Хофенхајм ...
Во Загреб се игра големото хрватско дерби меѓу Динамо и Хајдук, домашниот тим веќе ја осигура титулата, но сплитски навивачи дефинитивноо ја добија оваа пресметка – палејќи огромен транспарент на трибината на популарните Бед блу бојси. Се играа десетина минути од дербито кога на трибината на домашните фанови се запали транспарент и во прв момент се чинеше како случајност, инцидент предизвикан од пиротехничките средства на БББ. Дека тоа не е ...
Масимилијано Алегри требаше да биде стратегот што ќе го врати Милан на победнички патеки, но реалноста е сосема поинаква, „росонерите“ лесно ја загубија трката за скудетото, играат крајно непопуларен и здодевен фудбал, а на искусниот стручњак му се замерува што не се ни обидува да игра барем малку поофанзивно. Последните информации говорат дека Алегри сега се наоѓа пред отказ, по недоразбирањата што ги имал со речиси комплетната управа на ...
Се поголем е притисокот врз управата на Ливерпул да му врачи отказ на Арне Слот на крајот од сезонава, а публиката јасно стави до знаење што мисли за холандскиот стратег и на денешното дерби со Челси. Слот при резултат 1-1 реши да го уфрли во игра Исак и тука нема ништо спорно, но навивачите беа бесни кога тој реши да го повлече од игра младиор Рио Нгумоа, младиот ас кој беше единствениот расположен офанзивец во тимот до тој момент. Слот ги ...
Ливерпул продолжи со серијата просечни партии во Премиер-лигата откако „црвените“ попладнево одиграа само 1-1 на домашен терен против Челси. Дуелите на овие тимови досега важеа за дерби, но сега тоа не беше случај, „сините“ имаа шест порази во низа во Премиер-лигата, црна серија што успеаја да ја прекинат токму на „Енфилд“. Откако пред еден месец Игор Тудор ја прекина својата серија катастрофални резултати со Тотенхем токму на овој култен ...
Атмосферата во таборот на Олимпик Марсеј во финишот од сезонава е максимално тензична откако тренерските смени не вродија со плод, а слабите игри на тимот во последните два месеца придонесе управата и стручниот штаб да донесат одлука – фудбалерите наместо дома викендите да ги минуваат во тренинг-комплексот, каде ќе мора и да спијат, се со цел да се зајакне тимскиот дух и да се најде излез од кризата. Идејата е добра, но резултатот е далеку од ...
Реал Мадрид гостува на Барселона во големото шпанско дерби, но наместо најава за натпреварот тренерот Алваро Арблоа бше принуден да одговара на прашања што не се поврзани со случувањата на теренот. Скандалозната тепачка меѓу Валверде и Чуамени беше само „шлаг на тортата“ во периодот на бројни инциденти во Реал Мадрид, се пишуваше многу и за немањето авторитет на Арбелоа врз играчите („Марка“ објави дека најмалку шест првотимци воопшто не ...
Се е подготвено за вториот натпревар од полуфинална серија меѓу Пелистер и МЗТ Скопје, што ќе се игра утре со почеток во 18 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Очекувањата се дека голем број навивачи ќе им дадат поддршка на „пелистерци“ во оваа клучна битка за место во финалето. Кошаркарите од своја страна најавуваат дека се подготвени за големиот предизвик, решени да го дадат својот максимум за да израмнат во оваа полуфинална серија. ...
Користејќи го внатрешен хаос кој владее во Мадрид во последните денови, еден од најмоќните европски клубови гледа совршениот момент да направи спектакуларен потег и да го доведе Винисиус Жуниор. Манчестер Сити внимателно ја следи ситуацијата на Винисиус и е подготвен да ги искористи тензиите што се појавија во Мадрид. Според пишувањата на шпанските медиуми, англискиот шампион верува дека ова е идеално време да се обиде да дојде до бразилската ...
Со пласманот во финалето на Купот, Силекс ја оствари својата цел откако стана јасно дека тимот од Кратово нема да дојде до третата позиција на табелата во ПМФЛ. На кратовскиот тим сега му останува да ги доигра само уште трите натпревари во првенството, а целиот фокус е кон трофејот во Купот и финалето против тетовска Шкендија. Денеска кратовскиот тим му гостува на Вардар. И покрај тоа што бодовите не се императив, од Силекс велат дека нема да ...
Лионел Меси веќе размислува за претстојното Светско првенство, а една од главните теми пред турнирот се однесува на неговиот долгогодишен пријател и ривал, Нејмар. Аргентинецот се осврна на шпекулациите за евентуалното отсуство на Нејмар од натпреварувањето. Меси изрази надеж дека бразилската ѕвезда сепак ќе игра на најголемото фудбалско шоу во светот. „Тешко ми е да бидам објективен на оваа тема, тој ми е пријател. Очигледно би сакал да оди ...
Како што наближува крајот на сезоната во ПМФЛ, комбинаториките во борбата за подобри позиции стануваат погласни, при што секоја страна јасно знае кон што цели. ФК Пелистер како прволигашки клуб со голема традиција е повеќе од локален бренд, но оваа година имаше слаб старт на сезоната и се уште го нема потврдено опстанокот во елитното друштво за следната година. Оттука, целта на битолските „зелено-бели“ е јасна и недвосмислена, а резултатите ...
Иако Јирген Клоп, потоа и Дидие Дешамп и Зинедин Зидан, се спомнуваа како можни тренери на Реал Мадрид, сепак ниту еден од нив не е прв избор на Флорентино Перез. Имено, претседателот на Реал Мадрид го сака Жозе Мурињо на клупата на овој тим од следната сезона. А, не е тајна дека Мурињо има огромна желба да се врати во Реал Мадрид бидејќи не се прослави многу во својот прв мандат. Сепак, Мурињо се одлучил да постави дури девет услови по ...
Домашното првенство влегува во самата завршница, со првите натпревари од 31. коло. Лидерот Вардар до 74 бода на своето конто од 16 часот на Арената Тодор Проески го пречекува Силекс и во рацете ја има првата меч топка за освојување на шампионската титула. Доколку „црвено – црните“ победат, а второпласираната Шкендија на домашен терен не успее да слави против Струга ТЛ, во натпревар кој се игра во истиот термин од 16 часот, тогаш Вардар ќе го ...
Ракометарот на Е.Пелистер, Дејан Манасков го има најубавиот гол во сезоната 2025/206 во Лигата на шампионите, одлучи ЕХФ. Манасков по асистенција на голманот со скок успеа да го совлада еден од најдобрите голмани на денешницата, Емил Нилсен во последните мигови од мечот во групната фаза од натпреварувањето во ЛШ. Погледнете го најубавиот гол за сезоната 2025/26 во најелитното натпреварување на Манасков. Крадењето авторски текстови е казниво ...
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот донесе неколку интересни одлуки кога станува збор за заминувања и пристигнувања ова лето од клубот, по сезоната која не е баш за паметење. Ливерпул го сака играчот од средниот ред на Аталанта, Едерсон, на „Енфилд“ ова лето, но јасно е дека тој нема да биде единственото засилување. Имено, Алисон Бекер е еден од играчите кои ќе го напуштат Ливерпул ова лето. Најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Јувентус. ...
Струга ТЛ, на три кола до крајот на првенството, гостува на Шкендија денска од 16 часот во Тетово, во дуел кој како и секогаш последниве години предизвикува сериозен интерес кај фудбалските фанови, поради квалитетот на двете екипи. Капитенот Буњамин Шабани вели дека во Тетово очекува фудбалски спектакл и квалитетна игра од двете екипи. „Дерби натпревар против многу квалитетен тим. Мислам дека ќе биде многу интересен натпревар и убав меч за ...
Неверојатна бројка од 60 милиони потписи на онлајн-петицијата за Килијан Мбапе да си оди од редовите на Реал Мадрид која ја покренаа навивачите на кралскиот клуб. До вчера вечер имаше околу 50 милиони потписи, но веќе утрово бројката достигна нешто помалку од 60 милиони потписи на навивачи на Реал од целиот свет кои бараат Мбапе да го напушти клубот. Сето тоа, само јасно потврдува, што мислат поддржувачите и фановите на Реал околу односот на ...
Виктор Вембањама приреди уште една маестрална игра. Со 39 поени и 15 скока, тој синоќа ги предводеше Сан Антонио Спарс до победа од 115-108 против Минесота Тимбервулвс во Минеаполис. Спарс славеа во третиот натпревар и со тоа поведоа со 2-1 во серијата од второто коло од плејофот на НБА лигата. Вембањама шутираше 13 од 18 од поле и 10 од 12 од линијата за слободни фрлања и додаде пет блокади, доминирајќи во рекетот во текот на целата вечер. ...
Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски со неговиот Битигхајм следната сезона ќе играат во најсилната германска Бундеслига. По поразот вчера на третопласираната екипа во второлигашката конкуренција, Битигхајм и пред денешниот свој натпревар во 31. коло од шампионатот веќе обезбеди место во Бундеслигата следната сезона. Мартин Томовски, кој имаше фантастична сезона, е една од клучните фигури за овој успех на Битигхајм. Крадењето ...
Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Сефер Емини е херојот во победата на Сондерјиске во 31. коло од плеј-офот во Суперлигата на Данска. Емини беше стрелец на единствениот гол на мечот за победа од 0-1 на Сондерјиске на гостувањето против Виборг. Македонскиот фудбалер стрелаше во 49.минута за големи три бода на неговиот тим. Ова беше негов втор гол за својот тим во шампионатот на Данска. Емини беше стартер на мечот играјќи до ...