Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Сезоната во ПМФЛ официјално започнува денеска, а вицепрвакот Шкендија ќе биде ослабена во првите неколку кола од првенството. Тетовскиот тим ќе биде прз својот прв голман Бабукар Гаје, кој ќе мора да паузира 2-3 недели поради повреда. Тој настапи на првиот меч во Лигата на Конференции против Европа на гости, но потоа беше подложен на лекарски прегледи, кои покажаа дека мора да оди на терапија. Гаје не бранеше на реваншот против Европа, како и ...
Белгиската фудбалска федерација и официјално го именува Марк ван Бомел за нов селектор на националната репрезентација. Поранешниот холандски репрезентативец потпиша договор со важност до завршувањето на Европското првенство во 2028 година и ќе има задача повторно да ја врати Белгија меѓу најсилните европски селекции. Ван Бомел зад себе има богато тренерско искуство, водејќи ги ПСВ Ајндховен, Волфсбург и Ројал Антверпен. Најголемиот успех како ...
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Љуљ, го продолжи договорот со „кралскиот клуб“ до крајот на сезоната 2026/27, објави шпанскиот гигант. Легендарниот шпански дефанзивец пристигна во Реал уште во 2007 година и помина 20 сезони во дресот на мадридскиот клуб, во кои освои дури 29 трофеи: три Евролиги, еден Интерконтинентален куп, девет титули во шпанското првенство, седум Кралски купови и девет Суперкупови на Шпанија. Љуљ, кој има 38 години, е и ...
Екипата на Струга се враќа во Суперлигата, и ќе го заземе местото на Пролет, кој од финансиски причини се откажа од настап во ракометната „елита“. Пролет донесе одлука за истапување, а Струга, која минатата сезона испадна од Суперлигата, сега се враќа. Стружани во меѓувреме добија ново раководство и веќе е сместена во елитното друштво пред предлог пропозициите што во понеделник ќе бидат усвоени на Конференцијата на клубовите. Крадењето ...
Јирген Клоп и официјално беше претставен како нов селектор на германската фудбалска репрезентација, со договор кој ќе трае до јуни 2030 година. Поранешниот менаџер на Ливерпул пред околу десетина дена постигна договор со Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ), а денес беше промовиран на специјална прес-конференција. На почетокот од претставувањето, потпретседателот на ДФБ, Ханс-Јоаким Вацке, упати благодарност до Ред Бул за коректниот однос при ...
Голема акција на Државната агенција за истраги и заштита на БиХ (СИПА) беше спроведена на подрачјето на Бања Лука и Градишка, а меѓу лицата кои беа приведени се најде и претседателот на Управниот одбор на ФК Борац, и познат фудбалер Звјездан Мисимовиќ. Поранешниот босанско-херцеговски репрезентативец е осомничен за злоупотреба на службената положба и перење пари, по што беше приведен во просториите на СИПА каде што ќе даде исказ во рамки на ...
Челси ефикасно го договори потпишувањето на централниот дефанзивец на Кристал Палас, Максенс Лакроа. Францускиот репрезентативец ќе се пресели на „Стемфорд Бриџ“ за сума од 52 милиони фунти (околу 60 милиони евра) и ќе потпише шестгодишен договор – до 2032 година. Се очекува Лакроа денес да ги помине задолжителните лекарски прегледи пред да го потпише договорот. Лакроа беше клучна фигура во почетниот состав на Кристал Палас минатата сезона, ...
Напаѓачот на Ал-Хилал, Карим Бензема, и раководството на неговиот клуб одржаа состанок пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата на Саудиска Арабија . За време на овој состанок се појавија тензии меѓу двете страни, а францускиот напаѓач изјави дека не сака да игра само во Азиската Лига на шампиони. Според изворот, Французинот смета на важна улога во тимот во текот на претстојната сезона, додека претставниците на Ал-Хилал внимателно го ...
Трофејниот тренер и еден од најдобрите во моментов Пеп Гвардиола, нема да биде селектор на Италија, потврдија неколку извори во земјата. Поранешниот тренер на Манчестер Сити, Баерн Минхен и Барселона ја одбил понудата од легендарните Паоло Малдини и Леонардо, кои беа на лична средба со него. „Ви благодарам, ова е чест за мене, но во овој момент не го чувствувам тоа“, им рекол наводно Гвардиола на челниците на Италијанската фудбалска ...
Брегалница на само еден ден пред стартот на новата сезона и утрешниот натпревар со шампионот Вардар во Скопје именуваше тренер на клубот. Враќањето во елитното друштво за штипјани ќе биде со искусниот Никола Кузманов, кој е именуван откако Влатко Костов не се согласи да го води тимот под новонастанатата ситуација во Брегалница. 60-годишниот стратег и во минатото ја водеше Брегалница, а минатата сезона беше помошник во стручниот штаб на ...
Јирген Клоп и официјално е нов селектор на германската фудбалска репрезентација. Прославениот стратег, кој во кариерата ги предводеше Борусија Дортмунд и Ливерпул, ја презема функцијата со цел повторно да ја врати Германија во самиот светски врв по разочарувачките настапи на последните три Светски првенства. Клоп на селекторската позиција го наследува Јулијан Нагелсман, кој доби отказ по елиминацијата на Германија од Парагвај во ...
Со натпреварот Тиквеш – Арсими денеска од 17 часот стартува 35-то јубилејно издание на Првата македонска фудбалска лига. Во Кавадарци домашниот тим сака со триумф да ја стартува новата сезона, во која има амбиции за што подобар пласман на прволигашката табела. Кавадарчани со ново раководство, нов стручен штаб и доста промени во играчкиот кадар брка стартни три бода. Не го потценуваат противникот, но од таборот на Тиквеш веруваат дека со помош ...
Арсими новата сезона во Првата македонска фудбалска лига денеска од 17 часот ќе ја започне со гостување кај Тиквеш во Кавадарци. По успешното деби во елитното друштво, тимот во својата втора сезона меѓу најдобрите влегува со јасна цел, пласман во горниот дел од табелата. Во пресрет на првиот натпревар, тренерот на Арсими, Вилдан Салиу, изрази задоволство од сработеното во подготвителниот период. „По неколку недели интензивни подготовки можам ...
Еден од најдобрите домашни кошаркарски клубови, ТФТ Скопје со голем гест се вклучи во акција за помош на загрозените граѓани по прогласената епидемија во Гостивар. Од ТФТ Скопје, преку својата новоформирана фондација, донираа вода за граѓаните на Гостивар како знак на поддршка и солидарност. „Не секоја победа се освојува со кош. Некои победи се освојуваат со срце. Во текот на вчерашниот ден, Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје, преку својата ...
Поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, по речиси 100 дена минати во затворски притвор, од денеска е во домашен притвор. Сејдини пред судот депонирал банкарска гаранција во вредност од 1,15 милиони евра, доволно за судењето по обвинението за проневера на повеќе од 700.000 евра поврзани со изградбата на трибината на стадионот во Охрид, како и за финансиски злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, да го очекува од домашен ...
Со натпреварот меѓу Тиквеш и Арсими денеска од 17 часот стартува јубилејниот 35-ти шампионат на Македонија во Првата фудбалска лига. Од оваа сезона повторно враќање на 10 екипи во елитното друштво како би се концентрирал квалитетот во најсилната домашна лига, што без сомнение ветува далеку понеизвесна битка и за водечките места и за опстанок. Иако, реалноста говори дека бранителот на трофејот Вардар и тетовска Шкендија ќе бидат водечките две ...
Ливерпул се вклучи во трката за Ник Вилијамс, иако Арсенал во моментов е водечки во обидот за неговиот потпис. Арсенал го обнови контактот со крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, а спортскиот директор Андреа Берта ја истражува можноста за трансфер. Вилијамс има клаузула за обештетување во договорот од околу 90 милиони евра, која Арсенал и другите клубови од Премиерлигата можат да ја активираат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...
Евролигата ќе влезе во сезоната 2026/27 со голем број нови лица на клупата на пооделните клубови. Дури 10 од 20 клубови во елитното европско натпреварување го сменија својот главен тренер во споредба со почетокот на минатата сезона, што претставува една од најголемите тренерски промени во последните неколку години. Меѓу клубовите што започнуваат нова ера се Барселона, Реал Мадрид, Панатинаикос, Црвена Звезда, Баерн, Асвел, Виртус, Валенсија, ...
Манчестер Сити подготвува понуда од 90 милиони евра за играчот од средниот ред на Лил, Ајуб Буади. Клубот од англиската Премиерлига веќе се договорил за личните услови на договорот со мароканскиот фудбалер. Буади се согласил на договор до 2031 година, па „граѓаните“ сега се обидуваат да постигнат договор со Лил. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ ...
Фудбалерите на Вележ на бизарен начин загубија на гостувањето од Дунајска стреда во второто квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА. Тимот од БиХ загуби со 1-0 на првиот натпревар, и тоа откако во 59. минута се случи бизарна ситуација која го реши овој дуел. Имено, при изведување гол-аут, Рибиќ му ја додаде топката на Омеровиќ, кој се збуни и ја фати со рака мислејќи дека тој треба да го изведе гол-аутот. Судијата покажа на белата ...
Шкендија загуби со 2-1 од словенечки Браво во првиот натпревар од второто квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА. Тетовци поведоа во 11. минута со голот од пенал на Ендрит Красниќи, но домашните успеаја да свртат сè со головите на Копатин и Станковиќ. И покрај поразот, Шкендија создаде неколку добри шанси за гол, додека квалификациите остануваат отворени за реваншот што се игра за една недела во Скопјe. „Им честитав на момците за ...
Сплитски Хајдук триумфираше со 2-0 пред своите навивачи против Пафос во првиот натпревар од 2. квалификациско коло за Лигата на Европа. Иако многумина веруваат дека Пафос ја има улогата на фаворит во овој двомеч, екипата на Хајдук покажа дека никој не треба толку лесно да ги отпишува. Мечот го одбележа и феноменалниот слободен удар на Микеле Шего во 56. минута со кој го отвори резултатот. ПОГОДОК КОЈ ВРЕДИ ДА СЕ ПОГЛЕДНЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК ...
Екипата на Струга ТЛ на само еден ден пред почетокот на новата сезона, остана без столбот во одбраната, Маудо Ламин Жарже. Високиот дефанзивец се пресели во Азербејџан, и во новата сезона ќе го носи дресот на Шафа од оваа земја. Потпиша двегодишен договор. Жарже една и пол сезона го носеше дресот на Струга ТЛ, и со добрите игри го сврте вниманието кон себе, а азебејџанскиот тим го ангажираше во своите редови. За стружани одигра 34 натпревари ...
Ќе мора Шкендија да брка негатива во Скопје на реваншот против словенечкиот тим Браво, откако вечерва во Љубљана тетовскиот тим беше поразен со 2-1. Иако поведоа, избраниците на Артим Положани мораа да се помират со пораз, и покрај тоа што не искористија добри шанси да дојдат барем до нерешено и поволен резултат пред вториот меч на Националната Арена „Тодор Проески“. А, добро почна тетовскиот тим од мечот во Љубљана. Уште во 10. минута ...
Едно од најголемите изненадувања во Лигата на Конференции денеска го направи екипата на Малишева од Косово, која на свој терен го совлада шкотски Хибернијан со 2-0. Токму победникот од овој натпревар ќе игра со подобриот од двомечот Браво – Шкендија. Малишева, предводен од поранешниот тренер на Шкендија, Томас Брдариќ го изненаду фаворитот, а македонскиот интернационалец Валмир Нафиу беше еден од стрелците. Нафиу влезе во вториот дел и го ...
21-годишното десно крило Костадин Капсаров е нов фудбалер на битолски Пелистер. Левоногиот фудбалер во битолскиот тим доаѓа од редовите на Брегалница. Роден во Струмица, Капсаров потекнува од фудбалската школа на Академија Пандев (подоцна АП Брера), а потоа играше во Беласица и Детонит. Во јануари оваа година се сели во Брегалница. Не доби многу шанса за настап во штипскиот тим, и сега го облече дресот на Пелистер, како засилување за ...
Имаше предност тетовска Шкендија на „Стожице“ во Љубљана во мечот против Браво во првиот меч од второто квалификациско коло во Лигата на Конференции. Красниќи погоди од белата точка и успеа да донесе предност за тетовските „црвено-црни“, во таа 11. минута. Сепак, Копатин успеа да израмни во 19. минута по додавање на Аринце. Тетовци имаа уште една добра шанса преку Нзенге во финишот, но успеа Рожман со крајни напори да одбрани во корнер. ...
Играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг ќе отсуствува подолго време. За потсетување, холандскиот играч од средниот ред претрпе повреда на коленото за време на Светското првенство во 2026 година. Барселона објави дека на играчот му е дијагностициран скинат медијален колатерален лигамент на десното колено . Според „Ас“, закрепнувањето на играчот ќе трае 5-6 месеци, што значи дека тој нема да се врати на теренот до јануари 2027 ...
Прескап е Пеп Гвардиола за Италијанците, па веројатно ќе се свртат кон ново решение. Гвардиола бара годишна плата од 20 милиони евра, а Италија е подготвена да му даде 10. Одговорот ќе се чека до вторник, а во меѓувреме Италија преговара со неколку други имиња. Федерацијата призна дека е во преговори и со искусниот Карло Анчелоти, кој во моментов е селектор на Бразил. „Не можам да откријам што се случува. Едно од имињата е она за кое ...
Ал Хилал продолжува со големи планови во преодниот рок, а новата голема цел на саудискиот гигант е напаѓачот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле. Според информациите на новинарот Саша Таволиери, Ал Хилал веќе ги започнал првите разговори со претставниците на францускиот репрезентативец, кого го гледа како приоритетно засилување за продолжението на летниот преоден рок. По ангажирањето на Крисенсио Самервил од Вест Хем, клубот од Ријад сака ...