Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Вардар има одличен резултат и водство од 0-1 по првото полувреме на гостувањето против летонската Рига на реванш дуелот од 2. квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА. Со тоа е анулирана предноста на Летонците од Скопје каде Рига славеше со 2-3. „Вардарци“ издржаа во првото полувреме иако се и со голем хендикеп по директниот црвен картон за Филип Најдовски. Вардар до водство дојде во 17. минута по извонредниот гол со волеј-удар на ...
KK Работнички ги засили своите редови за новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига со Дарин Говенс. Говенс зад себе има богата интернационална кариера, настапувајќи во првенствата на Исланд, Израел, Грција, Унгарија, Белорусија, Русија, Франција и Македонија, а во Работнички пристигнува од редовите на ТФТ Скопје. Во својата кариера беше прогласен за МВП на унгарската лига (2017), ја освои шампионската титула во Унгарија (2019) и ...
Европската фудбалска унија (УЕФА) и претставниците на сите 55 национални асоцијации се согласуваат дека ВАР мора да се врати на својата првобитна намена – корегирање само на очигледни судиски грешки и јасно пропуштени клучни ситуации. На состанокот на раководителите на судиите, одржан заедно со претставници на Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ИФАБ), се вели дека долгите и детални проверки на ВАР се знак дека технологијата го ...
Вардар има брзо водство од 0-1 на гостувањето против летонската Рига на реванш дуелот од 2. квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА. Со тоа е анулирана предноста на Летонците од Скопје, но веднаш потоа и голем хендикеп за Вардар по директниот црвен картон за Филип Најдовски. Вардар до водство дојде во 17. минута по извонредниот гол со волеј-удар на Давид Бабунски. Но, веќе во 19. минута директен црвен картон за Најдоски кој ...
Европската фудбалска федерација (УЕФА) брзо реагираше на планот на Џани Инфантино за продажба на акции од Мундуалот, за кој во вторник објавија бројни релевантни медиуми. Фактот дека УЕФА невообичаено брзо издаде соопштение по објавувањето на планот на Инфантино покажува дека дури и во Нион, како што стојат работите, постојат одредени сознанија за планот на првиот човек на светскиот фудбал, но изјавата е првенствено индикација за загриженост ...
Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Бредли Баркола, и дефинитивно се согласил да се пресели во Ливерпул. Оваа одлука следела по разговор со тренерот на англискиот клуб, Андони Ираола, но конечниот договор сè уште се очекува. Сега двата клуба треба да ја договорат висината на отштетата која треба да ја добие ПСЖ. Иако неговиот договор со парискиот клуб е важечки до јуни 2028 година, 23-годишниот Баркола одлучил да не го продолжува. Тој се согласува ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, наводно размислува за продажба на акции од Светското првенство на приватни инвеститори, објавува „Фајненшл тајмс“. Оваа идеја и нејзината потенцијална имплементација веќе се опишани од спортските инсајдери како вистински „нуклеарен удар“ врз фудбалскиот свет. Според истиот извор, ФИФА планира да основа нова компанија која би ја презела контролата врз организацијата и комерцијалните права на Светското ...
Меѓународната асоцијација за фудбалски правила (ИФАБ), потврди дека правилото за замена на идентитет било погрешно применето на неодамна завршеното Светско првенство, што доведе до контроверзното исклучување на швајцарскиот напаѓач Брил Емболо во четвртфиналето против Аргентина. Во појаснување објавено од ИФАБ нагласно е дека протоколот не треба да се користи за едноподруго казнување на симулирањето. Погрешна примена на новото правило За ...
Тетовска Шкендја со популарен потег за реванш дуелот од 2. квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА против словенечки Браво кој се игра во четврток од 20 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. Влезот за натпреварот ќе биде бесплатен, одлучи раководството на „црвено-црните“, како тимот би добил што поголема поддршка за пласман во следната рунда натпревари. Шкендија има негатива од 1-2 од првиот меч во кој што иако поведе во ...
Вистинска сага околу трансферот на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов полскиот Погон Шчечин, која доби нов пресврт. По тврдењата дека сопственикот на Погон, Алекс Хадитаги во последен момент им го ‘грабнал’ Чурлинов на газдата на Видзев Лоџ, Роберт Добзицки, полските медиуми сега објавуваат дека Македонецот воопшто немал намера да потпише за тој клуб. Според тие изјави, поранешниот фудбалер на Барнли бил незадоволен од организацијата ...
Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација, Џани Инфантино, би можел да се појави пред Конгресот на САД. Причината е истрагата за односите меѓу раководството на ФИФА и администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Истрагата ја започна Џејми Раскин, највисокиот демократ во Комитетот за правосудство на Претставничкиот дом. Според британскиот Гардијан, Раскин веќе испратил официјално писмо до Инфантино. Од ФИФА е побарано да достави ...
Чаби Алонсо имаше победничко деби на клупата на Челси откако лондонскиот клуб славеше со 6-4 на дуелот со Вестерн Сиднеј, прв натпревар на австралиската турнеја што го играат лондонските „сини“. Мечот мина во знакот на Жоао Педро, кој постигна хет-трик во последните десет минути и му ја донесе победата на својот тим. Саптаев, Есуго и Гитенс беа стрелци на првите три гола за Челси, а Вест Сиднеј секогаш возвраќаше, па преку Луал во 78. минута ...
Мохамед Салах беше на чекор до потпис со Бешикташ, но турскиот клуб на крајот реши да ги прекине сите преговори откажувајќи го овој мегатрансфер што можеше да ги врати „црно-белите“ во борбата за самиот врв. Причина – барањата на агентот на Салах да му биде исплатен огромен бонус за самиот потпис на договорот. Бешикташ ги договори личните услови со екс-голгетерот на Ливерпул, беше предвиден и бонус за агентот, но ситуацијата се промени откако ...
Југослав Тренчовски денеска и официјално беше промовиран во нов тренер на Олимпија, откако 49-годишниот Македонец ја доби довербата на раководството на овој словенечки гигант. Олимпија му врачи отказ на Мишо Бречко и веднаш стана јасно дека Тренчовски е главен фаворит на тимот од Љубљана, пред се поради одличната работа во тимот на Радомље ланската сезона во која нашиот стручњак со лимитиран буџет играше одличен фудбал, во неколку наврати ...
Хируршкиот зафат врз Родри мина без никакви проблеми, по што лекарите прогнозираат брзо враќање на асот на Манчестер Сити на фудбалските терени. За потсетување, Родри одигра мундијал за паметење предводејќи ја Шпанија до светската титула, плејмејкерот беше избран и за МВП на светското првенство, но веднаш потоа беше објавено дека мора да замине на операција на грбот за да го санира проблемот што го мачи веќе последно време. Се стравуваше од ...
Јошко Гвардиол ги разреши сите дилеми околу иднината откако денеска го потпиша новиот договор со Манчестер Сити. Хрватот се наметна како еден од најдобрите дефанзивци во Премиер-лигата во последните години, но пропушти значаен дел од ланската сезона поради тешка повреда на коленото. Гвардиол летово беше желба на гиганти како Реал Мадрид и Баерн Минхен, но хрватскиот репрезентативец покажа лојалност, даде приоритет на преговорите со Сити и ...
Тиквеш ангажираше уште едно ново засилување откако кавадарчани денеска го потврдија трансферот на Бразилецот Жоао Габриел Фереира Сантош, со прекар Ренатињо. Станува збор за 21-годишен дефанзивец кој по минувањето на младинските категории во татковината, ланската сезона замина во Молдавија каде ги бранеше боите на Политехника. Летово тој стана слободен играч, избирајќи го Тиквеш како нова дестинација во кариерата. „Добредојде во црвено-белото ...
Роберто Манчини ќе биде нов селектор на Италија откако раководството на Федерацијата го избра токму екс-кормиларот за наследник на Џенаро Гатузо по хаосот што настана со блокадата на именување на Андреа Пирло за нов селектор и оставките што поради тоа ги поднесоа Малдини и Леонардо. Челниците на федерацијата самите ги презедоа преговорите за нов селектор, веднаш ставија до знаење дека Манчини им е прв фаворит, за денеска да биде потврдено ...
Ракометната Федерација на Македонија денеска го именуваше Игор Марковиќ за нов селектор на женската сениорска репрезентација, а претседателот Александар Стефанов е оптимист дека предводени од овој стратег нашите ракометарки ќе бележат подобри резултати во иднина. „Со големо задоволство го поздравуваме доаѓањето на Игор Марковиќ на селекторската позиција на женската сениорска репрезентација на Македонија. Станува збор за тренер кој зад себе ...
Предолго време Партизан беше тивок на кошаркарскиот пазар, но „црно-белите“ во последните денови и официјално потпишаа неколку нови кошаркари. Откако вчера беше официјализан трансферот на Вилдоза, денеска нов потпис кај вицешампионот на АБА-лигата, и тоа Американецот Дерек Вилис. Станува збор за крилен центар кој доаѓа од редовите на Париз, а кој претходно настапуваше и за Анадолу Ефес, Венеција, Хувентуд… Мниатата сезона тој настапи на 28 ...
Црногорскиот ракометен стратег Игор Марковиќ е изборот на раководството на РФМ за нов селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија. Одлуката да не се продолжи соработката со Кристијан Грчевски беше донесена пред неколку месеци, во меѓувреме беа контактирани неколку домашни и странски стратези, по што изборот падна врз Марковиќ, стратег кој годинава ги предводеше младинските репрезентативки на Црна Гора до петото место на СП. ...
Дубаи зема земав по освоената титула во АБА-лигата, па овој амбициозен проект сега со сите сили тргнува по што подобар пласман во Евролигата. Во тој правец беа ангажирани неколку квалитетни засилувања, а денеска беше официјализиран уште еден топ-трансфер. Станува збор за Мамади Дијаките, одличниот крилен центар кој доаѓа од редовите на Басконија. За овој кошаркар од Гвинеја се интересираа уште неколку евролигаши, но тој ја избра понудата на ...
Кадетската ракометна репрезентација на Македонија отпатува за Белград, каде од утре ќе го стартува својот настап на Европското првенство што ќе се одржува во главниот град на нашиот северен сосед. Горан Кузманоски го избра најдоброто што го има во моментов во оваа генерација, но пред „црвено-жолтите“ е исклучително тежок предизвик со оглед на фактот дека во групата ќе се сретнеме со Франција, Словенија и со Шведска. Прв ривал на Македонија ...
Ако сака Вардар и натаму да остане во Европа, тогаш вечерва на гостувањето во Летонија нема друг избор. Мора да дојде до триумф над Рига, за да ја анулира предноста од првиот меч во Скопје, кој го загуби со 3-2, и сега ќе мора да брка победа по секоја цена. „Црвено-црните“ загубија уште еден европски натпревар пред своја публика, но на гостински терен против Купс покажаа дека знаат да изненадат. Токму таква игра и таков резултат им треба и ...
Сега и официјално. Зинедин Зидан е нов селектор на Франција, откако француската федерација го потврди прославениот фудбалер на „триколорите“ за нов предводник. Ова за Зидан е прв селекторски предизвик, откако во минатото го водеше со успех тимот на Реал Мадрид, до три трофеи во Лигата на шампионите. Зидан го истакна своето задоволство што ќе ја води француската репрезентација. „Честопати го кажував: нема ништо поголемо од француската ...
Тетовска Шкендија на почетокот на новата сезона би можела да остане без столбот во одбраната Имран Фетаи. За репрезентативецот на Македонија има интерес од романскиот тим Динамо Букурешт, кој е во преговори со тетовската екипа за ангажман на младиот стопер. 23-годишниот Фетаи со добрите игри минатата сезона во ПМФЛ и во Лигата на Конференции, се наметна и во репрезентацијата на Македонија, за која досега има три настапи, во бараж мечот со ...
Македонскиот шампион Вардар ги започна подготовките за новата сезона, а еден од најискусните ракометари во тимот, Милан Лазаревски, порача дека „црвено-црните“ повторно ќе атакуваат на сите трофеи. Лазаревски истакна дека во Вардар амбициите секогаш се најголеми, без разлика на предизвиците, и дека токму високите цели се двигателот на напредокот. „Вардар секогаш има највисоки амбиции. Понекогаш изгледа дека тие се над нашите можности, но само ...
Спортскиот директор на германската репрезентација, Руди Фелер, остро го критикуваше стилот на игра на Аргентина, оценувајќи дека „гаучосите“ не треба да бидат пример за останатите национални селекции. Иако Аргентина стигна до финалето на Светското првенство 2026, каде по продолженија загуби од Шпанија со 1-0, Фелер смета дека нивниот начин на игра не заслужува толку пофалби. „Германија треба да игра подобро во дефанзива. Многумина ја ...
Барселона не се откажува од намерата да го доведе аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез и подготви значително подобрена понуда за негов трансфер од Атлетико Мадрид. Според шпанските медиуми, каталонскиот клуб првично понудил 100 милиони евра, но понудата била експресно одбиена од „јорганџиите“, кои јасно ставиле до знаење дека не сакаат да се разделат со еден од своите најважни фудбалери. Сепак, тоа не ја обесхрабрило Барселона. Најновите ...
И покрај големите амбиции да биде ангажиран Пеп Гвардиола, а потоа и Карло Анчелоти, сепак, Италија ќе добие селектор повратник на клупата. Пропадна и можноста Андреа Пирло да ја преземе клупата, поради рекламирање на руска обложувалница, па така сега изборот се сведе на Антонио Конте или Роберто Манчини. Двајцата веќе беа на клупата на Италија. Конте ја предводеше селекцијата од 2014 до 2016, и се реши да ја напушти клупата после Европското ...