Усман Диоманде, фудбалерот на Спортинг Лисабон, ќе стане ново засилување за Нотингем Форест. Англискиот клуб ги договори сите услови за трансферот, за кој на португалскиот гигант ќе му плати 40 милиони евра. Диоманде има 22 години, висок е 190 сантиметри и игра на позицијата стопер. Форест претходно го ангажираше и играчот од средниот ред Ксавиер Шлагер, кој пристигна како слободен играч по истекот на договорот со РБ Лајпциг. Крадењето ...

Фудбалерите на Брегалница стигнаа до првата победа сезонава во домашниот шампионат откако вечерва на домашен терен славеа против Арсими со 4-0 во натпревар од 2. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Домаќините поведоа со 1-0 со погодокот на Мартин Стојанов во 10. минута. До крајот на првиот дел беше и 2-0 откако прецизно за штипјани стрелаше Методи Максимов во 28. минута. Во вториот Мартин Стојанов со својот втор гол во ...

Според шпанските медиуми, Барселона е пред реализација на еден од најголемите трансфери ова лето. Долго време се чинеше дека Родри е поблиску до Реал Мадрид, но спортскиот директор на Каталонците, Деко, со максимална дискреција успеа да ја сврти ситуацијата во своја полза и да го убеди шпанскиот репрезентативец да и даде предност на Барселона. Особено е интересно што речиси ништо не протече во јавноста се додека преговорите не влегоа во ...

Кадетската репрезентација на Македонија претрпе уште еден пораз на ЕП – Б дивизија во Гевгелија откако нашите млади кошаркари вечерва беа убедливо пораззени од Хрватска со резултат 57-112. Хрватите уште еднаш покажаа зошто важат за главни фаворити за пехарот на овој шампионат, одигрувајќи уште еден беспрекорен натпревар во кој не им дозволија на нашите млади кошаркари ниту за момент да се понадеваат на позитивен резултат. Македонија водеше со ...

Поранешниот македонски репрезентативен голман, Един Нурединоски, започнува нов меѓународен предизвик во својата тренерска кариера. Тој е назначен за дел од стручниот штаб на јорданскиот клуб Ал Рамта, каде повторно ќе соработува со хрватскиот стратег Родион Гачанин. Ова е трет заеднички ангажман за Нурединоски и Гачанин, по успешната соработка во клубови од Либија и Саудиска Арабија. Во својата богата голманска кариера, Нурединоски бранеше за ...

Кошаркарот на Мемфис гризлис, Брендон Кларк, почина во мај како последица на комбинираното дејство на хероин и кокаин, соопштија властите во Лос Анџелес. Судскиот вештак на округот утврдил дека смртта на 29-годишниот НБА-кошаркар била случајна. Кларк бил пронајден во бесвесна состојба во спалната соба на куќа во долината Сан Фернандо на 11 мај, а екипата на брзата помош по пристигнувањето можела само да констатира смрт. Во извештајот се ...

Фудбалерите на Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед одиграа нерешено 1-1 на подготвителниот натпревар одигран на стадионот „Улеви“ во Гетеборг. Актуелниот европски шампион поведе во втората минута, кога Ибрахим Мбаје ја затресе мрежата на англискиот тим. Јунајтед возврати во 32. минута. Брајан Мбеумо го постигна израмнувачкиот гол за конечни 1-1. ПСЖ остана без победа и по вториот натпревар од подготовките. Парижаните претходно беа поразени ...

Хорхе Меси, таткото на аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси, почина на 69-годишна возраст во Росарио по долго боледување. Со соопштение и зборови на утеха се јавија веројатно и од најголемиот ривал на Лионел Меси, Реал Мадрид. „Реал Мадрид, неговиот претседател и Управниот одбор длабоко жалат за смртта на Хорхе Меси, таткото на Лео Меси. Нашиот клуб сака да изрази сочувство до Лео, неговото семејство и сите негови најблиски. Нека почива ...

Фудбалерите на Тиквеш стигнаа и до вториот триумф во исто толку натпревари во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига откако денеска на рутински начин славеа на гостувањето кај Башкими со 0-5. Водство за гостите од 0-1 донесе Висдом во 36. минута, а до крајот на првото полувреме беше и 0-2 со погодокот на Лавал во 42. минута. Лавал со својот втор гол во 72. минута зголеми на 0-3. Гостите дојдоа и до 0-4 со погодокот на Попзлатанов ...

Ракометарите на Алкалоид забележаа убедлива победа против екипата на Прилеп со резултат 44-28 во својот прв контролен натпревар од подготвителниот период. Средбата која се одигра во Маврово, каде што тимот на Алкалоид ги одработува летните подготовки, понуди несекојдневен формат. На барање на стручните штабови, со цел да се тестираат сите тактички замисли, натпреварот се играше во три третини по 25 минути. Прилепчани и годинава беа првиот ...

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Дарко Чурлинов на најдобар можен начин ја оправдува улогата која му ја даде полскиот Погон Шчечин, кој овој трансфер прозорец го доведе во своите редови. Во само вториот натпревар за новиот тим, Чурлинов веќе се запиша во листата на стрелци откако погоди во 17. минута за водство од 1-0 на мечот против Лублин. Pogoń Szczecin 1-0 Motor Lublin – Darko Čurlinov 17' (Ekstraklasa) byu/4gjdtokurwa insoccer ...

Трансферот на Мохамед Салах во Трабзонспор, по речиси една деценија помината во Ливерпул каде што 34-годишниот Египќанец се стекна со статус на клупска легенда е една од главните трансфер-саги ова лето, а таа се уште не е завршена. Египќанецот потпиша двегодишен договор според кој ќе заработи дури 17 милиони евра, а клубот успеа да ја покрие таа сума преку продажбата на дресови, иако добивката ја поделија на половина со Салах. На стадионот ...

Брегалница иако претрпе пораз од шампионот Вардар во првото коло, со играта не разочара. Дури во некои моменти беше и подобар од „црвено-црните“, но на крајот остана без бодови. Сега на ред за штипјани е дуелот со Арсими кој ќе се игра на домашен терен и во вечерен термин, што ќе биде дополнителен мотив да се стигне до трите бода. „Полека се консолидиравме, направивме поконкурентна екипа, се надеваме на добра игра и на првите бодови во новата ...

Капитенот на Арсими, Арѓенд Гафури, очекува неговиот тим да покаже подобро издание на гостувањето против Брегалница во рамките на второто коло од Првата фудбалска лига. По неуспешниот старт на сезоната, тој верува дека екипата ги надминала слабостите и е подготвена за новиот предизвик. „Не го започнавме првенството онака како што посакувавме и свесни сме дека резултатот од првото коло не беше во согласност со нашите очекувања и очекувањата на ...

Барселона не се откажува од намерата да го доведе Родри на „Камп Ноу“ и испратила втора, подобрена понуда до Манчестер Сити за шпанскиот репрезентативец. Првата понуда на каталонскиот клуб била одбиена, но Барселона веднаш реагирала со нова понуда, надевајќи се дека ќе успее да постигне договор со англискиот шампион. Според последните информации, Сити за услугите на 30-годишниот играч за врска бара околу 80 милиони евра. Родри, пак, наводно ...

Кошаркарскиот клуб Кожув продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а најново засилување е 30-годишниот српски бек Стефан Симиќ. Симиќ е висок 193 сантиметри и зад себе има богато искуство од настапите во српската кошарка. Во кариерата го носел дресот на Мега Баскет, Слобода Ужице, Младост Земун и Вршац, а има играно и во Црна Гора за Сутјеска. Новиот кошаркар на гевгелискиот клуб во 2020 година го освои Купот на Кошаркарската лига ...

Македонската женска јуниорска репрезентација ја запиша првата победа на Европското првенство од Дивизијата „Б“, откако во натпреварот од групата за пласман убедливо ја совлада Норвешка со 67:41. По несреќниот пораз од Азербејџан, македонските кошаркарки влегоа во мечот со голема мотивација и желба да покажат дека имаат квалитет и карактер за победнички настап. Тоа го потврдија уште од првите минути. Македонија одигра фантастична прва ...

Рома официјално ја потврди новата соработка со Лоренцо Пелегрини, кој ќе остане на „Олимпико“ и во следниот период. Триесетгодишниот офанзивен играч за врска, чиј претходен договор истече во јуни, потпиша договор на 1+1 година. Пелегрини е продукт на младинската школа на Рома, а во клубот се врати во 2017 година од Сасуоло. За „волчицата“ досега одигра 349 натпревари, постигнувајќи 62 гола и запишувајќи 63 асистенции. Тој долго време ја ...

Хорхе Меси, таткото на аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси, почина на 69-годишна возраст во Росарио по долго боледување. Според аргентинските медиуми, Хорхе починал синоќа околу 22 часот во болница во својот роден град. Хорхе имаше исклучително важна улога во кариерата на својот син. Тој беше покрај Лионел уште од најраните денови, а особено значајна беше неговата поддршка во периодот кога семејството се соочуваше со финансиски ...

Динамо Загреб продолжува да го гради тимот со млади и перспективни фудбалери, а најновото засилување пристигнува од еден од најголемите европски клубови. Хрватскиот гигант го договори ангажманот на 19-годишниот Ноа Нсоки, млад француски крилен напаѓач кој досега беше дел од системот на Пари Сен Жермен. Нсоки на „Максимир“ пристигнува без обесштетување, што претставува особено интересен потег за Динамо, имајќи предвид дека станува збор за ...

Арсенал официјално го потврди трансферот на бразилскиот репрезентативец Бруно Гимараеш, кој пристигнува од Њукасл Јунајтед и потпиша долгорочен договор со лондонскиот клуб. Гимараеш на „Емирати“ доаѓа како едно од највлијателните имиња во средниот ред во Премиер лигата. 28-годишниот Бразилец во Арсенал ќе го носи дресот со број 39, а на новите соиграчи ќе им се приклучи веднаш. Бруно ја започна професионалната кариера во својата татковина. ...

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, стави крај на шпекулациите околу иднината на Хулијан Алварез и порача дека клубот нема намера да се раздели со аргентинскиот напаѓач. Иако Алварез наводно изразил желба да го напушти „Метрополитано“ ова лето, ставот на Атлетико е јасен – клубот сака да го задржи еден од своите најважни фудбалери. За услугите на Алварез најголем интерес покажува Барселона, а како можни опции за негов трансфер се ...

Големата нетрпеливост меѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук повторно е во центарот на вниманието, откако на социјалните мрежи се појави видео од жестока пресметка на аеродромот во Загреб. Според првичните информации, на аеродромот дошло до физички конфликт меѓу припадници на двете навивачки групи – „Бед Блу Бојс“ и „Торцида“. Наводно, навивачите на Динамо чекале на аеродромот група навивачи на Хајдук, кои се враќале од гостувањето во ...

Екипата на Беласица најави дека натпреварот против Работнички во недела ќе се игра под рефлектори, односно во вечерен термин од 19:30 часот. Од струмичкиот тим најавија дека кога ќе има можност, и други натпревари ќе се играат во вечерен термин на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без ...

Наводите за приватниот живот на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, повторно се најдоа во центарот на вниманието откако истрага на британскиот весник „Дејли Телеграф“ објави дека жена, која наводно била во врска со Инфантино, добила шестцифрена отпремнина од УЕФА додека тој бил генерален секретар на европската фудбалска асоцијација. Инфантино беше генерален секретар на УЕФА од 2009 до 2016 година, пред да биде избран за претседател на ...

Њукасл Јунајтед ја разгледува можноста да го ангажира данскиот репрезентативец Пјер-Емил Хојбјерг од Марсеј. „Страчките“ во 31-годишниот играч за врска гледаат потенцијална замена за Бруно Гимараеш, кој е пред трансфер во Арсенал за обештетување од 75 милиони фунти. Хојбјерг има богато искуство во Премиер лигата, каде што претходно го носеше дресот на Саутемптон и Тотенхем. Данецот во моментов е член на Марсеј, но францускиот клуб би можел да ...

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, сака дополнително да ја засили позицијата лево крило, а откако не успеа да го убеди Винисиус Жуниор да го напушти Реал Мадрид, лондонскиот клуб сега се насочи кон нова голема мета – Кенан Јилдиз. Не е првпат турскиот репрезентативец да се поврзува со Арсенал, иако досега не дошло до конкретни преговори меѓу клубовите. Јилдиз целосно е по вкусот на Артета, кој го гледа како идеално засилување за офанзивниот ...

Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, ги критикуваше клубовите од Бундеслигата дека не прават доволно за да ја промовираат лигата во странство преку странски турнеи. 72-годишникот зборуваше на крајот од предсезонската турнеја на тимот од Минхен во Азија. „Интернационализацијата не е нешто што еден клуб може да го постигне сам. Тоа е задача на која сите ние како Бундеслига мора да работиме заедно, а самата лига мора да игра многу ...

Италијанскиот гигант Милан, пројавува сериозен интерес кон аргентинскиот репрезентативец Леандро Паредес, соопштуваат медиумите во Италија и во Аргентина. „Росонерите“ веќе стапиле во контакт со Аргентинецот за евентуален трансфер. Моменталниот член на Бока Јуниорс, ужива статус на ѕвезда во клубот, и нема намера да го напушти тимот. Но, евентуална добра понуда би можела да го премисли аргентинскиот репрезентативец. Според информациите, се ...

Откако Роналд Араухо одлучи да го напушти тимот и да се пресели во Ливерпул, во Барселона веднаш започнаа да размислуваат за негова замена. Како едно од можните решенија неочекувано се појави името на Кристијан Ромеро. По заминувањето на Араухо, Ханси Флик сака да го засили стоперскиот дел од тимот, особено затоа што Ерик Гарсија го гледа како конкуренција за Жил Кунде на десната бековска позиција. Тоа значи дека на стоперските позиции во ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07