Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Поранешниот македонски селектор Марјан Србиновски по неколкугодишна пауза се враќа на тренерскиот занает откако успешниотт стратег беше промовиран за нов шеф на стручниот штаб на Соколи 1933 од Штип. Оваа екипа влегува со сериозни амбиции во новата сезона и веќе аплицираше за испразнетото место во Супер-лигата, а самиот ангажман на Србиновски доволно кажува за желбата штипјани да прераснат во квалитетен колектив и гордост на спортот во овој ...
Барселона доби лоши вести во пресрет на новата сезона, откако Руни Бардаџи заработи сериозна повреда на коленото. Според информациите на италијанскиот новинар Фабрицио Романо, 20-годишниот фудбалер ги повредил предните вкрстени лигаменти за време на тренингот на каталонскиот клуб. Бардаџи не успеал да ја заврши тренинг-сесијата, а по првичните прегледи постоеле сомнежи дека станува збор за сериозна повреда на коленото. Дополнителните ...
Феран Торес е на чекор од преселба од Барселона во Пари Сен Жермен, а трансферот би требало да биде официјализиран во следните неколку дена. Шпанскиот репрезентативец веќе постигнал договор со францускиот шампион за соработка до 2031 година, а во изминатите денови Деко и Луис Кампос ги водеа преговорите околу обесштетувањето. Според информациите на „Марка“, Барселона и ПСЖ се договориле за трансферот, а парижаните подготвуваат понуда вредна ...
Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје ќе има нов домашен терен во сезоната 2026/27. Клубот официјално потврди дека сите домашни натпревари во Македонската кошаркарска лига и АБА 2 лигата ќе ги игра во спортската сала „Т Арена“. Од ТФТ Скопје ја споделија информацијата со своите навивачи, оценувајќи го овој потег како значаен чекор напред во развојот на клубот. Со преселбата на домашните натпревари во „Т Арена“, клубот сака да создаде уште подобри ...
Шпанскиот репрезентативец Мартин Зубименди би можел да го напушти Арсенал по само една сезона помината на „Емирати“. Иако во Лондон пристигна минатото лето од Реал Сосиедад, сè погласни се шпекулациите дека 27-годишниот играч за врска би можел да направи нов трансфер. Најсериозен интерес за неговите услуги покажува Реал Мадрид, но во трката е и Челзи. Последниот збор, сепак, ќе го има Арсенал, со оглед на тоа што Зубименди има договор со ...
Јувентус по поразот од Интер (1:2) во пријателскиот натпревар во Австралија одлучи да реагира на голманската позиција. Искусниот тренер Лучијано Спалети бил незадоволен од настапот на Микеле Ди Грегорио, кој според италијанските медиуми сноси вина за двата примени гола. Затоа Спалети наводно побарал од раководството веднаш да ангажираат нов чувар на мрежата, кој ќе може да ги задоволи критериумите на тимот од Торино, кој планира во ...
Фудбалскиот клуб Тиквеш продолжува со засилувањето на играчкиот кадар за новата сезона, а најново име во тимот е младиот офанзивен играч за врска Мухамед Елмас. 20-годишниот Елмас во Тиквеш пристигнува од Македонија Ѓорче Петров, каде што настапуваше во изминатиот период. Станува збор за фудбалер кој најчесто игра како офанзивен играч за врска, но може да одговори и на позицијата десно крило. Неговата посилна страна е левата нога. Елмас е ...
Во изминатите неколку недели една од главните теми во светскиот фудбал беа преговорите меѓу Винисиус Жуниор и Реал Мадрид околу продолжување на соработката. Додека траеја преговорите, ситуацијата внимателно ја следеше и Арсенал, кој наводно бил подготвен да ги исполни барањата на Реал доколку не дојде до договор со бразилскиот напаѓач. Сепак, на крајот двете страни постигнаа договор, а Реал Мадрид официјално потврди дека Винисиус потпиша нов ...
Виктор Вембањама верува дека е способен да го направи она што само еден човек во историјата на НБА успеал да го направи – да постигне 100 поени во еден натпревар. Ѕвездата на Сан Антонио Спарс одговори на кратки прашања од францускиот креатор на содржини Рукикс. Кога го прашаа дали се согласува со тврдењето дека може да постигне повеќе од 100 поени во еден НБА натпревар, Вембањама кратко одговори: „Да, би можел“, кратко одговори Французинот. ...
Шкендија го комплетираше техничкиот штаб на првиот тим, откако Агрон Мемеди и Дијамант Кадриоли се приклучија на стручниот тим предводен од главниот тренер Артим Положани. Мемеди и Кадриоли ќе бидат дел од стручниот штаб во кој веќе се наоѓаат Куштрим Вока и фитнес тренерот Саимир Фетаи, со што клубот го заокружи тимот кој ќе работи со првиот состав во продолжението од сезоната. Комплетирањето на техничкиот персонал доаѓа по враќањето на ...
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ се прости од легендарниот Дон Нелсон. Во неделата навечер, кошаркарската јавност ја прими тажната вест за смртта на 86-годишната НБА-легенда Дон Нелсон. Тој е втор на вечната листа според бројот на победи како тренер и беше еден од највлијателните стратези, почнувајќи од ерата на „Нелибол“ во Милвоки кон крајот на 70-тите години. Потоа ги предводеше Голден Стејт Вориорс, Њујорк Никс и Далас Маверикс. Иако ...
Шкендија и крилниот напаѓач Себастјан Спахиу ја прекинаа соработката. Тетовскиот клуб информираше дека двете страни постигнале договор за предвремено раскинување на договорот, со што Спахиу повеќе нема да биде дел од тимот. Спахиу во изминатиот период беше дел од офанзивниот состав на Шкендија, настапувајќи на крилната позиција и обидувајќи се да придонесе во нападот на тетовскиот тим. Сепак, со договор меѓу клубот и фудбалерот е одлучено ...
Кошаркарската федерација на Македонија, врз основа на важечките одредби од Статутот, Правилникот за натпреварување, Пропозициите за натпреварување, актите со кои се уредува постапката за лиценцирање на клубовите, како и врз основа на одлуката на Управниот одбор на Кошаркарската федерација на Македонија бр. 02-308/7 од 29.05.2026 година, објавува конкурс за доделување „вајлд-карта“ и пополнување на едно (1) испразнето место во Супер лигата – ...
Бредли Баркола би можел да биде главна ѕвезда во финишот на летниот преоден рок. Францускиот репрезентативец се наоѓа на радарот на неколку европски гиганти. Најсериозен интерес за неговите услуги покажуваат премиерлигашите Ливерпул и Арсенал. Лондонскиот клуб повторно го активира интересот за Баркола како приоритет за левата крилна позиција. Оваа одлука доаѓа откако на „топчиите“ им пропадна обидот за ангажман на Винисиус Жуниор. Баркола ...
Претседателите и генералнитр секретари на Азијската, европската и федерацијата на Северна и средна Америка упатија заедничко отворено писмо до „фудбалското семејство“, во кое изразија сериозна загриженост за начинот на кој се раководи со ФИФА и истакнаа дека фудбалот „не му припаѓа на ниту еден поединец или институција“. „Фудбалот е најголемата заедничка страст во светот. Тој не му припаѓа на ниту еден поединец или институција. Им припаѓа на ...
Помпезно најавуваниот аргентински стратег Кристијан Фабијани кој требаше да го одведе скалило погоре македонскиот шампион Вардар, ја завршија својата авантура во Скопје. Како што објавија од најтрофејниот тим во државата тие спогодбено го раскинале договорот со аргентинскиот стратег. Фабијани кој уште од крајот на минатата сезона беше во Скопје, а официјално го презеде клубот на стартот на новата сезона не се прослави на клупата на вардарци. ...
Конечно, разрешена е една голема мистерија во светот на фудбалот. По многу години, Жозе Мурињо конечно потврди дека требало да биде наследник на Сер Алекс Фергусон во Манчестер јунајтед. Најголемиот тренер во историјата на Манчестер јунајтед своевремено откри дека веќе постоел договор според кој, по неговото пензионирање во 2013 година, на тренерската позиција требало да го наследи Жозе Мурињо. Португалецот тогаш го заврши својот ангажман во ...
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Александар Стефанов, денеска во просториите на федерацијата организираше официјален пречек за машката кадетска репрезентација, по нивниот успешен настап на ЕП (EHF EURO 2026). Македонските кадети го завршија шампионатот на високото 9. место во Европа. Со овој пласман, тие обезбедија и директно учество на Светското првенство за кадети, кое ќе се одржи во 2027 година. Првиот човек на ...
Апсолутно не е никакво изненанадување тоталното демолирање, од секаков аспект а не само фудбалски на терен, кое Вардар, како актуелен македонски шампион, го доживеа од страна на Шкендија во првата голема дерби пресметка од новата сезона. Не е никакво изненадување ако се знае за начинот на кој се креираше тимот пред оваа сезона, ако се знае начинот на избор на новиот тренер и новите играчи, ако се знае за онаа срамна летна екскурзија во ...
Словенечкиот кошаркар Ален Омиќ во интервју за „Basketball Sphere“ се осврна на својата богата кариера. Тој говореше на повеќе теми, а посебно внимание привлече со коментарите за македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ. Зборувајќи за периодот поминат во белградска Црвена Звезда, искусниот центар откри со кого имал најдобра соработка. Омиќ без двоумење истакна дека токму поранешниот македонски репрезентативец бил неговиот најдобар соиграч ...
Шкендија ја продолжи победничката серија на стартот од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, откако вчера славеше со 0-2 на гостински терен против Вардар во големото дерби одиграно во Скопје. Херој на тетовскиот тим беше интернационалецот Фабрис Тамба, кој се покажа како „џокер“ од клупата. Откако првиот дел заврши без голови, Тамба влезе во игра на почетокот на второто полувреме и за само 20 минути комплетно го реши победникот. ...
Англискиот фудбалер Трево Чалоба премина од Челси во Комо, соопштија англискиот и италијанскиот клуб. Како што беше објавено, Чалоба (27) потпиша договор со клубот до јуни 2031 година. Финансиските детали за трансферот на искусниот дефанзивец не се официјално објавени, но се шпекулира колку длабоко во џебот посегнал Сеск Фабрегас за новиот предводник на одбраната. Италијанските и англиските медиуми тврдат дека станува збор за обештетување од ...
Еден од највлијателните тренери во историјата на НБА и петкратен шампион како играч на Бостон Селтикс, Дон Нелсон почина на 86-годишна возраст. Веста ја потврди неговото семејство во неделата, соопштувајќи дека Нелсон починал мирно, опкружен со своите најблиски. Нелсон остави длабока трага и како играч и како тренер. Тој помина 14 сезони како кошаркар во НБА, од кои 11 во дресот на Бостон Селтикс. Со легендарниот тим освои пет шампионски ...
Дербито во ПМФЛ му припадна на тимот на Шкендија. Тетовскиот тим со три бода се врати од гостувњето кај актуелниот првак, откако славеше со 0-2 на најголемиот македонски стадион, Националната Арена „Тодор Проески“. По мечот свое видување даде тренерот на тетовци, Артим Положани… „Мислам дека ова беше целосно заслужена победа и ова е исто така заслуга на момците, бидејќи одиграа исклучително добар натпревар. Првото полувреме, почетокот на ...
Тотенхем продолжува со големите инвестиции на трансфер-пазарот и е на чекор до уште едно звучно засилување. Лондонскиот клуб е во напредни преговори со Манчестер Сити за трансферот на бразилското крило Савињо. Доколку биде постигнат договор, Тотенхем за 22-годишниот Бразилец би можел да плати околу 65 милиони евра. Савињо пристигна во Манчестер Сити како голем талент, а неговите настапи во англискиот фудбал го привлече вниманието на Тотенхем, ...
Тренерот на Манчестер Сити, Енцо Мареска, зборуваше за иднината на Родри, кој во последниот период се поврзува со трансфер во Барселона. Шпанскиот репрезентативец наводно веќе го информирал Манчестер Сити дека сака да го продолжи патот во Барселона, а каталонскиот гигант е во преговори за неговиот потпис. Сепак, „граѓаните“ досега одбиле понуда од околу 45 милиони евра за 30-годишниот играч за врска. По пријателскиот натпревар против Атлетико ...
Трабзонспор започна преговори за ангажман на Дарвин Нуњез од Ал Хилал, а трансферот би можел да биде реализиран како едногодишна позајмица. Според информациите од турските медиуми, челниците на Трабзонспор веќе воспоставиле контакт со саудискиот клуб. Потпретседателот на турскиот тим, Ибрахим Шахинкаја, наводно треба да отпатува во Саудиска Арабија со цел директно да преговара за реализација на трансферот. Трабзонспор е подготвен да плати ...
Несекојдневна и за малку опасна ситуација го одбележа натпреварот меѓу Коритиба и Шапекоензе во бразилскиот шампионат. Фудбалерот на Коритиба, Џеси Марањао, се најде во центарот на вниманието откако постигна гол, но прославата за малку можеше да заврши со сериозна повреда. По погодокот, Марањао тргна кон трибините за да го прослави голот со навивачите. Во еуфоријата, сепак, не забележа дека пред него има отворена дупка. Фудбалерот зачекори ...
Лукас Дињ и официјално се враќа во Пари Сен Жермен, откако францускиот гигант ја активираше откупната клаузула во неговиот договор со Астон Вила. Искусниот лев бек се враќа во Париз по десет години, а трансферот изнесува околу 6 милиони фунти. Дињ веќе има тригодишен период во дресот на ПСЖ, во кој настапуваше пред да ја продолжи кариерата во Рома, Барселона, Евертон и Астон Вила. „Клубот многу се промени, достигна ново ниво. Неверојатно е ...
Немили сцени по дербито помеѓу Вардар и Шкендија по последниот свиреж. Во главна улога беа аргентинците, особено Кастањеда кој тргна да се пресметува со некој од играчите на гостинскиот тим. Веднаш дотрчаа и други играчи, па настана хаос на теренот. Се вклучија и неколку неслужбени лица. Сега дисциплинецот ќе има многу работа, и ќе има санкции за инволвираните во овој случај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на ...