Францускиот играч од средниот ред Пол Погба, се повреди на тренинг на Монако во Англија. Откако се врати на терените по повредата на коленото, сега некогашниот фудбалер на Јувентус и на Манчестер Јунајтед. Погба неодамна се врати на терените, но доживеа нова повреда за време на подготовките со неговиот тим на „Островот“. За време на тренингот на „Сент Џорџс Парк“, Пол Погба го повреди левиот бут и мораше да го напушти теренот со помош на ...

Ромелу Лукаку е на чекор од заминување од Наполи и преселба во Фенербахче. Двата клуба постигнале договор за трансфер на белгискиот напаѓач, кој ќе го чини турскиот клуб 6 милиони евра плус дополнителни бонуси. Лукаку веќе ги поминал медицинските прегледи, а преостанува да се завршат последните формалности пред официјализацијата на трансферот. Белгиецот треба да потпише двегодишен договор со Фенербахче, со кој ќе стави крај на својот период ...

Нотингем Форест официјално го потврди трансферот на Усман Диоманде од Спортинг Лисабон. Младиот дефанзивец потпиша договор со англискиот клуб до јуни 2030 година, со опција соработката да биде продолжена за уште една сезона, до јуни 2031 година. За неговиот трансфер, Нотингем Форест ќе му плати на Спортинг 40 милиони евра. Диоманде важеше за еден од најбараните млади дефанзивци на европскиот пазар, а со преселбата во Премиер лигата ќе добие ...

Интер започнува конкретни преговори со Тотенхем за ангажман на Џед Спенс, а италијанскиот клуб наскоро треба да испрати и прва официјална понуда. Според последните информации, „нераѕурите“ повторно ќе се обидат да го доведат англискиот десниот бек, откако интересот за него постои веќе некое време. Спенс е заинтересиран за преселба во Милано, па сега главната одлука е во рацете на Тотенхем, кој треба да ги одреди условите под кои би се ...

УЕФА планира да го промени пристапот кон користењето на ВАР технологијата, откако во последните години видео-судијата често беше во центарот на фудбалските полемики. Роберто Розети, кој е на чело на судиската комисија на УЕФА, смета дека ВАР треба да се користи внимателно и само кога станува збор за ситуации кои навистина можат да влијаат врз конечниот исход на натпреварот. Пред стартот на новата сезона, Розети одржал состанок со претставници ...

ПСЖ постигна начелен договор со Парма за трансферот на Зајон Сузуки. Двократниот европски клупски шампион ќе плати на калчолигашот 35 милиони евра за јапонскиот голман. 23-годишниот чувар на мрежата најверојатно ќе потпише петгодишен договор. Иако Парижаните имаат големи надежи за Сузуки за во иднина, тој нема да биде во плановите на Луис Енрике за следната сезона, бидејќи Шпанецот ќе продолжи да се потпира на Матвеј Сафонов и Лука Шевалие. ...

По двегодишно отсуство, Ник Калатес се врати во грчката репрезентација. 37-годишниот плејмејкер на ПАОК ќе ги брани боите на Грција во претстојниот квалификациски прозорец за Светското првенство. Селекторот Василис Спанулис смета дека доскорешниот играч на Партизан, со своето огромно искуство, може да му помогне на тимот кој се наоѓа во криза. По шокантните порази од Романија и Португалија, освојувачите на бронзениот медал од минатогодишното ...

Елиф Елмас повторно би можел да заигра во Серија А. Македонскиот репрезентативец се најде на радарот на Фиорентина, која размислува за негово ангажирање во текот на летниот преоден рок. Елмас има богато искуство во италијанскиот фудбал, каде што настапуваше за Наполи повеќе од пет сезони, а во 2025 година беше дел и од Торино. По завршувањето на позајмицата во Наполи, тој се врати во Лајпциг, со кој има важечки договор. Токму неговата можност ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се најде во центарот на нов голем скандал што би можел сериозно да ја разниша неговата позиција на чело на кровната фудбалска организација. Според шпанските и латиноамериканските медиуми, Инфантино наводно и понудил помош на Мексиканската фудбалска федерација (ФМФ) при преминот од конфедерацијата КОНКАКАФ во јужноамериканската КОНМЕБОЛ, а за возврат побарал нивна јавна поддршка во борбата за задржување ...

Македонскиот прволигаш Арсими го официјализираше враќањето на Маркел Гони во своите редови. Клубот и фудбалерот ја обновија соработката, со што Гони повторно ќе го облече дресот на тимот каде што веќе остави добар впечаток. Раководството на Арсими верува дека неговото искуство и познавање на тимот ќе бидат одличен поттик за остварување на сезонските амбиции во Првата лига. Гони веднаш ќе им се приклучи на тренинзите на екипата и ќе биде во ...

Еден од најдобрите кошаркари во последните две децении Леброн Џејмс потврди дека е во тек подготовката на документарен филм за него. Кога филмот ќе биде претставен пред јавноста, публиката ќе може да види досега необјавени снимки од зад сцената, од животот и кариерата на еден од најдобрите играчи во историјата на кошарката. Медиумите во Соединетите Американски Држави подолго време шпекулираа за соработката меѓу Џејмс и ЕСПН, а Леброн во ...

Македонскиот кошаркарски клуб Пелистер продолжува со засилувањата за новата сезона, ангажирајќи уште еден перспективен домашен играч. Најново име во таборот на „зелено-белите“ е 24-годишниот плејмејкер Лука Савичевиќ. Младиот македонски кошаркар го прифати предизвикот да биде дел од амбициозниот проект на битолчани, каде се очекува да донесе дополнителна енергија и креативност во надворешната линија. Со овој трансфер, Пелистер јасно ги ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ФИФА би направила „огромна грешка“ доколку го смени својот лидер Џани Инфантино, кој се најде на удар на критики откако беше отфрлен планот за отворање на светската фудбалска федерација кон приватни инвеститори. „ФИФА би направила огромна грешка доколку, од која било причина, макар и на миг размисли за смена на својот претседател Џани Инфантино“, напиша американскиот претседател на својата ...

Хулијан Алварез ја донесе конечната одлука, напаѓачот на Атлетико Мадрид по секоја цена сака да го напушти клубот, а за тоа, меѓу другото, е виновен Диего Симеоне. Откако не успеа да го најде тренерот Диего Симеоне во клупскиот камп за да разговара со него лице в лице и да побара помош околу своето заминување, 26-годишниот Аргентинец им соопшти на присутните во спортскиот центар дека повеќе нема намера да тренира со тимот и дека не треба ...

Македонскиот ракометен вицепрвак Е. Пелистер забележа уште една победа во рамките на подготвителниот период за новата сезона. Битолчани во неизвесен натпревар успеаја да ги одмерат силите и да слават над тимот на Крка со минимални 34-33. Ова е уште еден контролен дуел за избраниците на новиот стратег Лино Червар, по претходната проверка против репрезентацијата на Катар, која е предводена од Веселин Вујовиќ. „Пелистерци“ ги користат овие ...

Жозе Мурињо уште еднаш покажа колку неговиот тренерски пристап се разликува од оној на неговиот голем ривал Пеп Гвардиола. Пред објавувањето на документарната серија „Мурињо“, Португалецот зборуваше за можноста тренерот да земе подолга пауза од фудбалот и јасно стави до знаење дека таков потег никогаш не бил за него. Пораката на Мурињо беше протолкувана како упатена кон неговиот долгогодишен ривал, кој во текот на својата кариера веќе имал ...

Ендрик нема да ги промени клупските бои летово и најмалку до јануари ќе продолжи да го носи дресот на Реал Мадрид, откако Жозе Мурињо се премисли и реши да му даде шанса на Бразилецот да се докаже меѓу „кралевите“. Откако беше доведен Дијаманде, а Винисиус потпиша нов договор беше објавено дека Ендрик добива зелено светло за нова позајмица, откако во јануари замина на шест месеци во Лион, каде на 21 натпревар постигна осум гола и пет ...

Селекторот на македонската кадетска репрезентација, Дејан Стојановски, по втората победа на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Гевгелија, истакна дека неговите избраници покажале карактер и одлична реакција во второто полувреме против Швајцарија. Македонија славеше со 89:76, во натпревар во кој Швајцарците постигнаа дури десет тројки во првото полувреме, но нашата селекција со одлична одбрана и висок интензитет успеа да направи пресврт ...

Ромелу Лукаку до крајот на оваа седмица би требало да го облече дресот на Фенербахче по успешните преговори што турскиот гигант во изминатите 24 часа ги имаше со Наполи. Екс-шампионот на Италија имаше само еден конкретен услов – да го испрати Лукаку со перманентен трансфер, не дозволувајќи позајмица. Фенербахче го прифати тоа нудејќи шест милиони евра, скромна сума што „наполитанците“ сепак се подготвени да ја прифатат за да го тргнат ...

Тиквеш дополнително се засили во пресрет на новата ракометна сезона откако кавадарчани вечерва го потврдија трансферот на Чамал Абдула. Станува збор за Французин кој настапува на позицијата десен бек, кој пристигнува во македонската Супер-лига од Либија, каде ги бранеше боите на Ал Ахли Бенгази. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без ...

Поранешниот македонски селектор Алек Јончевски има нов ангажман откако потпиша договор со косоввскиот клуб Велазними. Екс-стратегот на МЗТ Скопје со овој потпис се враќа назад во косовската кошарка, каде претходно ги водеше екипите на Трепча и на Башкими. Јончевски минатата сезона беше предводник на Атеморому во унгарското првенство, а во својата интернационална кариера ги има водено и Сласк во Полска, како и српскиот суперлигаш Спартак ...

Минаа повеќе од 40 дена откако Душан Влаховиќ и официјално стана слободен играч по истекот на договорот со Јувентус, но српскиот ас се уште нема договор со нов клуб. Ал Ахли сакаше да го доведе во Саудиска Арабија, Бешикташ преговара интензивно повеќе од еден месец, но проблем во преговорите се – нереалните барања за потпис на Србинот и на неговиот татко Милош Влаховиќ, кој фигурира како aгент на голгетерот. Имено, Милош инсистира на ...

Приоритет за Барселона во овој преоден рок е ангажман на нов врвен голгетер како наследник на Роберт Левандовски, но планот тоа да биде Хулијан Алварез се чини нема да се исполни. Ставот на Атлетико е јасен – Аргентинецот не е на продажба, па иако Алварез се закани и со штрајк мадридскиот клуб децидно ја затвори вратата за негово заминување од Мадрид летово. На каталонците им станува јасно дека оваа мисија ќе заврши неуспешно, па веќе решија ...

Кадетската репрезентација на Македонија со неверојатното издание во второто полувреме успеа да ја совлада Швајцарија (89-76) за своја втора победа на Европското првенство – Б дивизија што се одржува во нашата земја. Успехот е уште поголем ако се знае дека одигравме катастрофлано во првиот дел, во кој речиси цело полувреме имавме двоцифрена негатива, но младите кошаркари покажаа и квалитет и карактер, го свртеа резултатот во своја полза и ...

Флорентино Перез и Жозе Мурињо завршија со шопингот на Реал Мадрид летово откако „кралевите“ се решија да не се активираат на пазарот во потрага по нов фудбалер за врска. Родри беше голема желба на тренерот Мурињо, но откако шпанскиот ас се премисли и ја избра Барселона за следна дестинација во кариерата, „кралевите“ за моменто го насочија вниманието кон Зубименди од Арсенал, играч што го бараа и минатото лето додека настапуваше за Реал ...

Ливерпул вечерва го официјализираше доаѓањето на Роналд Араухо, искусниот уругвајски репрезентативец кој пристигнува на „Енфилд“ од редовите на Барселона. Европските гиганти веќе постигнаа договор, Араухо ќе мине една сезона на позајмица во Ливерпул, а англискиот тим ќе има опција да го откупи неговиот договор со Бара наредното лето. Араухо минатата сезона имаше мала минутажа кај Ханси Флик, што беше причина самиот да побара да ги смени ...

Екипата на Струга ТЛ дополнително се засили во пресрет на третото коло и големото дерби со шампионот Вардар откако стружани попладнево се засили со Кендрим Исмајли. Станува збор за 27-годишен албански фудбалер кој доаѓа од редовите на Теута во Албанија, а претходно има настапувано и за Тирана и за Фљамуртари. Исмајли настапува како лев бек, но по потреба добро се снаоѓа и во средината на теренот, па интересно ќе биде да се види каде стружани ...

Ракометниот клуб Вардар ја објави цената на сезонските билети за натпреварувачката 2026/27, чија продажба ќе стартува наскоро. „Црвено-црните“ обелоденија дека овие билети ќе чинат 4.500 денари, а со нив ќе можат да се следат сите домашни натпревари на македонскиот првак, како во домашното првенство, така и во регионалната лига, но и во најатрактивната Лига на шампионите. „РК Вардар ги информира своите навивачи дека цената на сезонскиот билет ...

Македонската Кошаркарска Федерација денеска ја објави листата на лиценцирани клубови за наредната сезона во суперлигашка конкуренција, листа на која очекувано се најдоа сите предвидени тимови со исклучок на Чаир, кој поради неподмирените обврски кон федерацијата нема да биде дел од елитното друшштво. МКФ воедно ги објави и условите на распишаниот конкурс за пополнување на ова испразнето место, за кое е веќе извесно дека ќе му припадне на ...

Самиот избор на Фабијани за нов тренер на Вардар беше дочекан со огромна недоверба во јавноста, што се покажа апсолутно оправдано со оглед на катастрофалните резултати на „црвено-црните“ на стартот од сезонава. По експресната елиминација од Европа и шлаканицата во мак-дербито со Шкендија, разделбата со потпросечниот тренер беше неижбежна, па сега прашањето што се поставува е – кој ќе дојде на чело на „црвено-црните“ за да го врати Вардар на ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Цинк

3.76