Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
ЕКИПА во Сараево, БиХ Горан Бошев Во отсуство на Енис Барди, кој поради повреда го откажа настапот за Македонија на пријателските мечеви против БиХ и против Турција, капитенската лента оди на раката на голманот Столе Димитриевски. Чуварот на мрежата на нашиот национален тим за утре очекува сите играчи да го дадат максимумот за да се дојде до триумф против селекцијата на БиХ, што ќе значи и подобра атмосфера пред следниот „тест“ против Турција ...
Поранешниот македонски репрезентативец Даниел Аврамовски се раздели со турскиот второлигаш Сиваспор. И покрај тоа што беше еден од најдобрите фудбалери на турскиот тим изминатава сезона, Аврамовски и Сиваспор ја прекинаа соработката. Според одредени информации можно е враќање на Аврамовски на домашната фудбалска сцена. Тој во кариерата во домашниот шампионат беше дел од екипите на Македонија ЃП, Работнички, но и Вардар со кого во сезоната ...
ЕКИПА во Сараево, БиХ Горан Бошев Два тест натпревари за проверка на квалитетите, пробување тактички варијанти и воигрување ја очекуваат Македонија на крајот од овој месец мај и почетокот на идниот. Утре во 20:30 часот во Сараево, македонската репрезентација ја игра првата контрола, против селекцијата на БиХ која ја очеува идниот месец настап на Мундијалот. Македонија, пак, под водство на новиот селектор Гоце Седлоски, ја очекува првата ...
Англискиот Кристал Палас, победникот на третото по квалитет европско натпреварување, Конференциската лига, заработи 20,4 милиони евра поради постигнатиот успех. Сепак, оваа награда е сепак помалку од она што го заработува, на пример, најлошиот тим во најсилното европско натпреварување. Имено, тимот на Каират од Казахстан собра 800.000 евра повеќе од победникот на Лигата Конференција, гореспоменатиот Палас, само од учеството во Лигата на ...
Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, им ги врачи дипломатските пасоши на фудбалските репрезентативци пред нивното заминување на Светското првенство. Во таа пригода, министерот Конаковиќ истакна дека врачувањето на пасошите е израз на благодарност за придонесот што го даваат репрезентативците за промоција на Босна и Херцеговина, спортскиот дух и единството на меѓународната сцена. Конаковиќ им посака на ...
Десниот бек на Вардар, Урош Митровиќ, во следните две недели ќе настапува како позајмен играч за екипата на Ал Наџма од Бахреин. Српскиот репрезентативец привремено го напушта Скопје за да му помогне на бахреинскиот тим во борбата за престижната азиска титула. Главниот мотив на овој турнир е обезбедувањето директен пласман на Светското клупско првенство. Ждрепката одлучи десниот бек на „црвено-црните“ и неговиот нов клуб да играат во ...
Лигата на шампионите секогаш носи посебна атмосфера – големи натпревари, врвни играчи и моменти што долго се паметат. А кога ќе дојде време за големото финале, возбудата е уште поголема. Еден натпревар, две екипи и една шанса за европска слава, токму ваквите вечери најубаво се доживуваат во друштво. Како спонзор на Лигата на шампионите, Heineken, во соработка со барови низ целата земја, организира заедничко следење на големото финале. Во овие ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, на денешната прес-конференција го најави претстојниот пријателски натпревар против Македонија. Натпреварот со Македонија ќе послужи како главна проверка за босанскиот тим за уигрување на тактичките замисли и тестирање на новите фудбалски имиња во ротацијата. „Мора да сте сериозни во пристапот. Не треба да се бавите со ранкинг било чив. Не сакам никого да ...
Европската сезона завршува, останува само големото финале на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Арсенал во Будимпешта, кое ќе се игра во сабота во 18 часот. Пред финалето на Лигата на шампионите, добивме два победници на европски натпреварувања кои се дел од Премиерлигата: Астон Вила ја освои Лигата на Европа, а Кристал Палас Конференциската лига. Колку се доминантни англиските клубови оваа сезона покажува фактот дека во следната европска ...
Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, не дозволува прашината да се смири по Фајналфорот. Никогаш не бил толку болен викенд за навивачите на Панатинаикос. Олимпијакос ја освои титулата во Евролигата во салата на најголемиот ривал. Работите не се смируваат во „зелениот“ клуб, поради што на социјалните мрежи се појави слика од дезинфекцијата во ОАКА. Сопственикот Димитрис Јанакопулос исто така не се смирува. Тој повторно се огласи ...
Баерн Минхен заврши извонредна работа со потписот на Луис Дијаз од Ливерпул минатото лето, колумбискиот ас не само што експресно се адаптираше, туку и стана незаменлив дел од атомското трио на баварскиот гигант заедно со Олис и со Хари Кејн. Дијаз имаше 26 гола и 19 асистенции во сите натпреварувања во својата дебитантска сезона во дресот на Баерн, со што баварците заслужено го добија признанието за „трансфер на сезоната 2025/26 во изборот на ...
Крајот на месец мај го означува почетокот на новото поглавје во актуелната кошаркарска сезона – младинската репрезентативна кошарка. Согласно со тоа, дефинирани се и стручните штабови на повеќе наши младински национални селекции кои ова лето ќе ја претставуваат Македонија на европската сцена. Македонската кошарка ќе има свои претставници на четири младински Европски првенства во машка и женска конкуренција. Покрај сениорската репрезентација, ...
Асвел со години важеше за клуб со апсолутно најмал буџет во Евролигата, за што Французите сезонава добија и казна, поради понизок буџет за плати од оној минимално пропишан во правилата на елитното европско клупско натпреварување. Сепак, тие времиња се минато, Асвел најпрвин објави дека останува во Евролигата, а потоа и претстави неколку моќни спонзори од Европа, но и од САД кои придонесоа финансиите веќе да не се никаков проблем за тимот ...
Карло Анчелоти долго време размислуваше, на крајот реши да го вклучи Нејмар на својот мундијалски список, но настапот на бразилската суперѕвезда е доведен во прашање поради повредата што тој ја заработи непосредно пред почетокот на тренинг-кампот на „кариоките“. Нејмар ги собра погледите кон себе откако пристигна со хеликоптер на првиот собир, но веднаш стана јасно дека тој нема да може да му биде на располагање на Анчелоти од стартот на ...
Алисон Бекер ќе продолжи да ги брани боите на Ливерпул откако екс-шампионот на Англија реши да ја затвори вратата и да не дозволи трансфер на бразилскиот голман. Јавна тајна беше дека Алисон преговара со Јувентус, а Ливерпул бараше 15 милиони евра за одличниот голман кој има уште една година од актуелниот договор. „Старата дама“ одби да плати, по што „црвените“ експресно ги завршија преговорите, со напомена дека истите нема да продолжат ...
Црвена Звезда долго време беше во игра за место во плејофот и атак на Ф4 во Евролигата, не само што тоа не се случи, туку белградскиот тим во меѓувреме беше и посрамотен од големиот ривал Партизан губејќи во полуфиналето од АБА-лигата. „Црвено-белите“ најавуваат сериозни промени, за нов тренер се преговара со Василис Спанулис, а веќе е договорено и првото сериозно засилување за играчкиот кадар. Станува збор за Крис Џонс, одличниот американски ...
Барселона врза две титули во низа во шпанската Ла Лига, но каталонскиот гигант е решен да состави уште помоќен тим со кој конечно ќе се искачи и на врвот на Лигата на Шампионите. Веќе е завршен првиот мега-трансфер, Ентони Гордон денеска пристигнува на лекарски прегледи во Барселона, по што ќе следи комплетирање на трансферот вреден 80 милиони евра, но Лапорта и директорот Деко немаат намера да запрат. Каталонските медиуми најавуваат дека ...
Македонската фудбалска репрезентација утрово отпатува за Сараево, каде нашите најдобри фудбалери в петок со почеток во 20.30 часот ќе излезат на мегдан на селекцијата на БиХ. За домаќинот тоа ќе биде прв тест во пресрест на СП 2026, додека за нашиот селектор Гоце Седлоски можност да остави свој печат на тактички план, но и да даде шанса на неколку нови фудбалери, да ги покажат своите квалитети и да се обидат да се наметнат пред септемвриските ...
Македонската кошаркарска федерација со особено задоволство ја информира јавноста дека денес официјално е обновен спонзорскиот договор со Клиниката „Жан Митрев“, со што продолжува успешната и исклучително значајна соработка започната во изминатиот период. Во текот на изминатата една година, нашите национални селекции – како сениорски, така и младински, во машка и женска конкуренција – имаа на располагање врвна здравствена грижа, професионална ...
Енцо Фернандес се наоѓа на излезна врата од Челси откако аргентинскиот репрезентативец јасно ставил до знаење дека очекува летово да му биде дозволено да ги смени клупските бои. Аргентинецот се уште е разочаран од третманот од пред неколку месеци, кога беше суспендиран од клубот на два натпревари поради изјави дадени додека се наоѓаше со својата репрезентација, кога отворено говореше за разочараноста од слабите игри на Челси. Фернандес смета ...
Филипе Луис имаше успешна играчка кариера како дел од Ајакс, Атлетико Мадрид, Челси… а поранешниот лев тргна одлично и како тренер, бележејќи одлични резултати со Фламенго. Бразилецот освои неколку трофеи со својот клуб, играше и тоа одличен фудбал на клупскиот мундијал минатото лето, но серијата слаби резултати пред неколку месеци придонесе тој да добие отказ од Фламенго. Беше јасно дека бразилскиот стратег нема долго да биде без работа, тој ...
Еван Гесан, напаѓачот роден во Франција кој настапува за репрезентацијата на Брегот на Слоновата коска, испиша историја во европскиот фудбал како прв играч што во една сезона стигнат до два трофеи во натпреварувањата под капата на УЕФА. Имено, овој 24-годишен фудбалер доби медали и за настапот со Астон Вила во првиот дел од сезоната во Лигата на Европа, како и за игрите за Кристал Палас во Конференциската лига, во победите на англиските ...
Бојан Миовски се наоѓа на излезна врата од Глазгов Ренџерс откако шкотскиот гигант пред неколку дена го ангажираше капитенот на Хартс, Лоренс Шенкленд, за свој прв напаѓач за наредната сезона. Ренџерси во своите редови го имаат и Шермити кој играше во одлична форма во последните месеци, како и Рајан Надери, кој дојде на почетокот на годинава на барање на тренерот Дени Рол, што го прави Миовски четврти избор за напажач, па јасно е зошто нашиот ...
Алесандро Бастони во последните месеци беше поврзуван најпрвин со Барселона, од неодамна и со трансфер во редовите на Реал Мадрид. Сепак, претседателот Џузепе Марота во последната изјава за италијанските медиуми јасно стави до знаење дека таа приказна е завршена и најдобриот дефанзивец на Интер ќе остане на „Џузепе Меаца“. „Слободно можам да им кажам на нашите навивачи дека не треба да стравуваат за Бастони. Ние не сме клуб што продава ...
Серхио Рамос сепак нема да се врати назад во Севилја како нов газда на клубот од Андалузија, откако легендарниот дефанзивец се обиде да ги измами акционерите во последен пат менувајќи ги условите од купопродажниот договор. Уште пред дваесетина дена беше објавено дека Рамос го предводи конзорциумот што ќе ги откупи акциите на Севилја. Беше договорено купување на 85% од вкупните акции за вкупно 275 милиони евра, дополнителни 85 милиони евра за ...
Премиерлигашот Кристал Палас продолжува да ја живее најубавата година во постоењето на клубот откако стигна и до третиот трофеј (ФА куп и Комјунити шилд), а прв европски во историјата. Вечерва тимот од главниот град на Англија славеше со 1-0 против шпанскиот Рајо Валјекано во финалето Двата тима исплашени од големината на мечот во кој се наоѓаат одиграа едно потпросечно прво полувреме во кое првата шанса се случи дури во судиското ...
На стадионот Македонски Лавови во Скопје успешно заврши меѓународниот турнир „Њу Старс 2026“, кој уште еднаш покажа дека детскиот фудбал носи посебна енергија, искрени емоции и пријателства што остануваат засекогаш. Во организација на ФК Њу Старс, на турнирот настапија повеќе од 500 деца од различни клубови, градови и држави, во генерациите 2015, 2016, 2017 и 2018. Преку организацијата на овој турнир, ФК Њу Старс, прослави и 15 години ...
Финалната серија од српскотоа ракометно првенство нема да остане во добро помнење на фановите, но на крајот ракометарите на Партизан се радуваа на титулата. Откако навивачите на Партизан го бојкотираа првиот натпревар, се појавија на вториот и по 15 минути и два топовски истрели, ги принудија играчите на двата тима да го напуштат паркетот, а повеќето од луѓето кои што дојдоа да го проследат мечот ја напуштија салата. Паузата траеше повеќе од ...
Финалната серија од српското ракометно првенство нема да остане во добро помнење на фановите, но на крајот Раул Гонзалез и Партизан се радуваа на титулата. Откако навивачите на Партизан го бојкотираа првиот натпревар, се појавија на вториот и по 15 минути и два топовски истрели, ги принудија играчите на двата тима да го напуштат паркетот, а повеќето од луѓето кои што дојдоа да го проследат мечот ја напуштија салата. Паузата траеше повеќе од ...
Ентони Гордон е решен да ја реши својата иднина пред да замине на Светското првенство со репрезентацијата на Англија. Како што пишува Фабрицио Романо, Гордон ги договорил личните услови со Барселона. Во првиот момент, Романо изјави дека работата сè уште не е завршена, но дека Барселона брза да ги заврши преговорите со Њукасл бидејќи Баерн и неколку тимови од Премиер лигата стојат во ред за Гордон. Њукасл, управата на клубот и сопствениците, ...