Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Доскорешниот хрватски селектор, Златко Далиќ, очекувано експресно најде нов ангажман еден месец по завршувањето на мундијалот. Далиќ ја напушти клупата на Хрватска и јасно стави до знаење дека приоритет повторно ќе му биде селекторски ангажман, одбивајќи неколку клупски понуди во изминатиот период. Од неколкуте опции за селектор најинтересна беше онаа од Обединетите Арапски Емирати, чија федерација неколку години го убедуваше Далиќ да се ...
Интер по долги напори конечно успеа да најде купец за Давиде Фратези, кој во следните 24 часа би требало да си замине од „Џузепе Меаца“. Лацио ќе биде новиот клуб на овој италијански репрезентативец, откако римјаните најдоа заеднички јазик со „нероаѕурите“, договарајќи ги сите детали од овој трансфер. Фратези не криеше дека е незадоволен од минималната минутажа што ја добиваше од Киву минатата сезона, уште помала од онаа што претходно ја ...
Работнички успеа да осигура уште еден значаен потпис за новата сезона, продолжувајќи ја соработката со македонскиот репрезентативец Виктор Ефремовски. Токму Ефремовски беше лидер на „центарци“ во текот на ланската турбулентна сезона, во која тој беше најдобар суперлигашки стрелец, одигрувајќи и меч за паметење против вицешампионот Маџари на кој постигна дури 50 поени. Интерес за одличниот шутер покажаа уште неколку македонски екипи, но тој ја ...
Артим Положани е оптимист дека Шкендија може да ја претвори негативата од еден гол во конечен триумф во двомечот со Хибернијан, со што македонскиот вицепрвак би се пласирал во плејофот за влез во Конференциската лига на УЕФА. Реваншот се игра утревечер со почеток во 20 часот во Скопје, а тетовци веруваат дека како што тоа беше случај во претходната рунда против Браво, истиот успех ќе го повторат и со Хибернијан. Самодовербата е уште поголема ...
Родри јасно стави до знаење дека сака да се пресели во Барселона летово, каталонците веднаш почнаа преговори со Манчестер Сити, но двете страни се уште не успеваат да ги договорат деталите од овој мегатрансфер. Каталонците понудија 60 милиони евра, плус пет преку клаузули, следеше негативен одговор од Сити, но Барса се врати со нова – последна понуда за Родри. Имено, директорот Деко и претседателот Лапорта испратија конечни 65 милиони евра до ...
Интер осигура важен трансфер откако италијанскиот првак конечно успешно ги финишираше преговорите со Тотенхем за Џед Спенс, кој ќе потпише четиригодишен договор со „нероаѕурите“. Италијанскиот шампион беше во потрага по нов бек откако Дамфрис се пресели во Реал Мадрид, прва желба беше Палестра, но италијанскиот дефанзивец на крајот го избра Челси за следна дестинација во кариерата. Потоа вниманието целосно беше насочено кон Спенс, за денеска ...
Еден од најстарите и најпрепознатливи спортски настани во земјава, Меѓународниот ракометен турнир „Струга“, продолжува и ова лето. Од 12 до 15 август, Струга повторно ќе живее со духот на ракометот, традицијата и спортската енергија. Македонски Телеком, како долгогодишен партнер на македонскиот ракомет, ја продолжува својата поддршка на турнирот и оваа година, а настаните ќе може да се следат во живо. Во среда започнува 54. издание на ...
Лео Меси за првпат се појави во јавноста по трагичната смрт на неговиот татко, откако најдобриот светски фудбалер објави долго писмо наменето токму на човекот што му беше од најголема помош во кариерата. „Татко, се уште не можам да поверувам дека те нема. Не можам да го прифатам тоа, или подобро речено – не сакам. Тешко ми е да замислам дека никогаш повеќе нема да те видам, дека веќе нема да разговарае. Знам дека многу патеше, дека вака е ...
Асвел продолжува да се екипира за наредната сезона, а францускиот клуб денеска се пофали со нов потпис, и тоа на новопечен репрезентативец на Македонија. Нејт Сестина и официјално стана нов член на клубот што ќе го води легендарниот Тони Паркер, откако крилниот кошаркар потпиша двогодишен договор со Асвел. Американецот пред две години ги бранеше боите на Фенербахче, минатата сезона беше член на Олимпија Милано со која стигна до двојна круна ...
Феран Торес ги минува последните часови како член на Барселона, откако херојот од финалето на СП 2026 доби дозвола да не присуствува на денешниот тренинг на Ханси Флик, како најава дека преговорите за неговиот трансфер во ПСЖ се во завршна фаза. Феран има договор со Барса на уште една година, двете страни се далеку од наоѓање на заеднички јазик околу продолжување на соработката, што е причината поради која каталонскиот гигант реши да го ...
Денеска и официјално ќе биде означен стартот на новот, 54. издание на традиционалниот Струшки турнир, со што овој езерски град повторно ќе се најде во фокусот на вниманието на домашната јавност. Стружани по неколкуте години во кои едвај врзуваа крај со крај, летово конечно успеаја да состават солиден буџет и квалитетен тим, па претстојните дуели со екипи од самиот врв на мак-ракометот ќе бидат добра можност за домаќинот да ги тестира ...
Стефан Ристовски од денеска и официјално повеќе не е член на Сараево откако тимот од БиХ ја потврди разделбата со македонскиот дефанзивец. Ристовски дојде во Сараево минатото лето од редовите на Динамо Загреб, беше стандарден првотимец во оваа екипа, но сепак беше донесена одлука тој да си замине од „Кошево“. Разделбата беше најавена уште пред еден месец, за Сараево денеска да ја потврди разделбата. „Фудбалскиот клуб Сараево и Стефан ...
Манчестер Сити во следните денови и дефинитивно ќе даде зелено светло за трансферот на Родри во Барселона, но Енцо Мареска јасно стави до знаење дека очекувa „граѓаните“ да донесат адекватна замена за МВП фудбалерот од последниот мундијал. Елиот Андерсон веќе беше доведен за отштета од над 100 милиони фунти од Нотингем Форест, но Мареска е дециден дека англискиот репрезентативец не може да се смета за наследник на Родри, па бара нова ...
Најлегендарниот скок-играч во историјата на НБА-лигата, Дениис Родман, доби неверојатна понуда да мине извесен период со евролигашот Хапоел Тел Авив. Пвиот човек на Хапоел Офер Јанаи, испратил понуда од 100.000 долари до поранешниот ас на Детроит и Чикаго, да дојде и да им ги пренесе на кошаркарите на неговиот тим тајните за успешен скок во кошаркарскиот свет. „Кога дојдов на чело на Хапоел сон ми беше да го вратам клубот во елитата. ...
Наводно оваа продажба е поврзана со учеството во тепачката на Аргентинците по финалето на Светското првенство, кога токму Алмада, Молина заедно со Паредес физички се пресметуваа со играчи на Шпанија. Токму од тука јасно беше дека тие тешко ќе продолжат во Шпанија. Алмада претходно потпиша за Ривер Плејт, а сега заминува и Молина. Атлетико не преговараше премногу за цената и беше јасно дека сакаа што поскоро да се ослободат од Молина, кого на ...
Фудбалската јавност во Бразил е во шок, поради скандалот што се случи во Боливија, каде што локалната полиција спроведе голема операција, а бразилскиот гигант Сао Паоло е во центарот на приказната. Еден од најголемите бразилски клубови е потресен од невиден скандал откако во клупскиот автобус беше пронајдена огромна количина марихуана. Според локалните медиуми, боливиската полиција, за време на рутинска проверка, запрела автобус од Сао Паоло ...
КК Пелистер го формира стручниот штаб за сезоната 2026/27, а клубот продолжува со стратегијата за давање шанса на млади и перспективни македонски тренери. По назначувањето на Тане Спасев за нов тренер на сениорскиот тим, битолчани го продолжија договорот со Владимир Николовски, кој во новата сезона ќе ја има улогата на негов асистент. Од клубот посочуваат дека со изборот на Спасев е одреден правецот во кој сакаат да се движат – да им се даде ...
Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, порача дека неговиот тим има амбиција да продолжи да напредува и да освојува трофеи, откако минатата сезона стави крај на 30-годишното чекање на клубот за голем трофеј. Астон Вила во мај го совлада Фрајбург со 3-0 во финалето на Лигата на Европа, со што Емери ја освои рекордната петта титула во ова натпреварување. За клубот од Бирмингем тоа беше прв голем трофеј по Лига купот во 1996 година. Триумфот во ...
Голманот на Милан, Мајк Мањан, го одложил своето враќање на предсезонските подготовки на тимот, додека во исто време се појавија информации за обновен интерес од саудискиот Ал-Наср. Францускиот голман и минатото лето беше блиску до заминување од Милан, откако Челси испрати сериозна понуда за неговите услуги. Сепак, „росонерите“ тогаш одлучија да не го пуштат еден од своите најважни играчи. Мањан беше убеден да остане во клубот од страна на ...
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, призна дека во овој момент нема јасна слика за тоа на кое ниво се неговите фудбалери. Дел од играчите на францускиот шампион се приклучија на тренинзите минатата недела, додека некои дури завчера се вратија во тимот. Поради тоа, Луис Енрике смета дека ПСЖ сè уште не е во целосен натпреварувачки ритам. Парижаните вечерва ќе се соочат со Астон Вила во натпреварот за Европскиот Суперкуп, кој ќе се одигра ...
МЗТ Скопје продолжува да го гради ростерот за новата сезона, а најново засилување е македонскиот репрезентативец Петар Бошалески. Дваесет и двегодишниот бек-шутер, висок 197 сантиметри, денеска официјално стави потпис на договорот со актуелниот македонски кошаркарски првак. Бошалески ги помина сите младински национални селекции, а летово ги запиша и првите два настапи за сениорската репрезентација на Македонија во првата фаза од ...
Уште пред и официјално да ја преземе тренерската палка во Реал Мадрид, додека траело Светското првенство, тренерот на „кралевите“ Жозе Мурињо имал контакти со крилниот напаѓач Винисиус Жуниор, и го терал да остане. Сагата околу иднината на Бразилецот заврши пред неколку дена, со потпис на нов договор, но многу се шпекулираше на негово заминување во Арсенал, пред последната година од истекот на договорот. Сега шпански извори тврдат дека Мурињо ...
Пол Погба би можел да ја заврши својата кратка авантура во Монако, откако францускиот клуб го информирал играчот за намерата да го раскине договорот. Според францускиот медиум „Нис-Матен“, раководството на Монако веќе започнало преговори со Погба за постигнување финансиски договор за разделба. Една од опциите е клубот да му ја исплати целата плата што му следува според актуелниот договор, кој е со важност до летото 2027 година. Монако, ...
Холандската репрезентација и натаму е во потрага по селектор, откако Роналд Куман си поднесе оставка по неуспехот на Мундијалот 2026 година, и елиминацијата од Мароко во 1/16 финалето. Се споменуваше Арне Слот како најсериозен кандидат, но тој ја отфрли можноста да стане селектор, откако изјави дека целта му е да работи во клупскиот фудбал. Имаше уште некои имиња кои циркулираа, како што е и искусниот Луј ван Гал, но и со него засега нема ...
После болниот пораз и елиминацијата од Хапоел Бер Шева, веќе почнаа шпекулациите за тоа кој ќе биде новиот тренер на Црвена Звезда. Дејан Станковиќ веќе нема што да бара на „Маракана“, откако вчера по исклучувањето, откако се упати во соблекувалната, „полуде“ кон навивачите и гестикулираше. Тоа фановите сигурно нема да му го заборават, а и после мечот тој во соблекувалната се збогувал со играчите и со стручниот штаб. Сега веќе почнаа ...
Цеље е на чекор до испишување на клупска историја откако словенечкиот првак го елиминираше Арарат и се пласираше во плејофот за влез во Лигата на Шампионите. Словенците имаа негатива од првиот меч, но пресуден се покажа финишот на денешниот реванш, најпрвин „резервистот“ Дукули погоди во 83. минута за 1-0, за Вербич три минути подоцна да стрела прецизно за 2-0 и да го одведе Цеље на еден чекор до сонот наречен ЛШ. Противник во плејофот на ...
Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо сега е подготвен да заплива и во кошаркарски води, и тоа како ко-сопственик на францускиот првак Монако кој се наоѓа во сериозни финансиски проблеми. „Кнезовите“ се наоѓаат пред исчезнување од кошаркарската мапа откако не добија лиценца за натпреварување во француското првенство, а им се заканува и исклучување од Еврокупот, откако веќе останаа без билет за Евролигата. Спас гледаат токму во Роналдињо, ...
Црвена Звезда е елиминирана во третото квалификациско коло за ЛШ по денешниот шокантен пораз на домашен терен од Хапоел со 0-2, на кој „црвено-белите“ воопшто не ја оправдаа фаворитската улога. Дејан Станковиќ повторно покажа тактичка немоќ, српскиот стратег ги загуби нервите, па по приговорите кон судијата доби директен црвен картон при резултат 0-0, а потоа при напушањето на теренот влезе и во конфликт со навивачите. Имено, додека фановите ...
Црвена Звезда доживеа ново европско фијаско откако српскиот првак беше елиминиран во третото квалификациско коло за ЛШ, губејќи ги и двата меча од израелскиот Хапоел Бер Шева. Првиот дуел заврши со минимални 1-0 за Израелците, „црвено-белите“ беа суперфаворити на реваншот на преполниот стадион во Белград, но се случи спротивното. Хапоел беше тимот што одигра подобар меч на „Рајко Митиќ“, знаеше да ги искористи своите шанси и славеше со 0-2, ...
Кадетската репрезентација на Македонија претрпе пораз од на дуелот со Украина во последното коло од групната фаза на ЕП 2026 – Б дивизија што нашите млади кошаркари ја играа во Гевгелија. Со скор од две победи и три порази, Македонија го освои четвртото место во групата, зад Хрватска, Исланд и Украина, па до крајот на шампионатот ќе разигрува за пласман во Скопје. Македонија сосема солидно парираше во првото полувремме, стартните десет минути ...