Македонската репрезентација до 19 години загуби со 1-3 во првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Словенија. Гостите поведоа во 26. минута, а стрелец на голот беше Флоријан Межнар. Само пет минути подоцна Денис Виденовиќ зголеми на 2-0. Во 42. минута, Иво Марковски го совлада противничкиот голман и ја намали предноста на Словенците на 2-1. Конечниот резултат беше поставен во 74. минута кога во листата на стрелци ...

Поранешната најголема надеж на шпанскиот фудбал, Ансу Фати, се препороди фудбалски во дресот на Монако. По серија сериозни повреди, неуспешна позајмица во Брајтон и отпишување од Барселона, 23-годишникот се смести меѓу „војводите“ и одигра одлична сезона. Монако сака да го купи од Барса, каде што е под договор до летото 2028 година. Сепак, Фати се надева на уште една шанса во каталонскиот гигант, иако шансите да ја добие се мали. Младиот ...

Оклахома Сити гo победија Сан Антонио со 127-114 изминатава ноќ во финалната серија на Западот, па сега поведоа со 3-2, и се на еден чекор од борбата за шампионскиот пехар. Како што е познато, пак, на Истокот веќе Њујорк Никс успеаја да го „исчистат“ својот ривал и, по 11 последователни победи, се пласираа во големото финале на НБА лигата. Во петтиот натпревар, Оклахома го одбрани својот домашен терен, спречија брејк, предводени од актуелниот ...

Селекторот на САД, Маурисио Покетино, го објави списокот од 26 играчи за Светското првенство 2026. Меѓу клучните играчи се ѕвездата на Милан, Кристијан Пулишиќ, потоа играчот од средниот ред на Борнмут, Тајлер Адамс, и Џо Рејна. Капитен на националниот тим ќе биде играчот од средниот ред на Јувентус, Вестон МекКени. Интересно е што покана доби и Хаџи Рајт, играчот кој се избори за место во Премиерлигата со Ковентри. Таму е и играчот од ...

Tрката за нов претседател на Реал Мадрид официјално започна. Oбјавен e и официјалниот датум кога ќе се одржи гласањето по кое ќе се одлучи судбината на Реал Мадрид. Флорентино Перез и Енрике Рикелме се во трката за нов прв човек, па јасно е дека се очекува голема борба околу тоа кој ќе го води Реал Мадрид. Реал Мадрид објави официјално дека претседателските избори ќе се одржат во недела, 7 јуни, во спортскиот центар Валдебебас. Членовите што ...

Милан го смени тренерот и клучните директори во управата, а на ред во следните денови ќе дојдат и дел од фудбалерите, особено оние најскапите кои одиграа далеку под своите можности оваа натпреварувачка сезона. Прв на листата е Рафаел Леао, најплатениот фудбалер во овој тим на Милан кој беше големо разочарување сезонава. „Росонерите“ пред две години одбиваа 80 милиони евра за да го продаде одличниот Португалецот, но сега ситуацијата е ...

Андреј Јакимовски и Тренто не успеаја да ја комплетираат сензацијата во првото коло од плејофот во италијанскиот шампионат откако тимот на нашиот кошаркар прокоцка предност од 2-1 и ја загуби серијата со шампионот Виртус Болоња со 2-3 во победи. Тренто идеална шанса пропушти пред неколку дена губејќи на домашен терен, но Јакимовски и соиграчите имаат за што да жалат и по вечерашната мајсторка (106-95), особено ако се земат во предвид ...

Џампјеро Гасперини во својата прва сезона како тенр на Рома оствари одличен успех внесувајќи ја „римската волчица“ во Лигата на Шампионите, а управата на клубот се погрижи веднаш да задржи дел од клучните фудбалери во овој одличен резултат. Дониел Мален ќе продолжи да ги брани боите на Рома откако холандскиот голгетер беше целосно откупен од Астон Вила и потпиша договор до 2030 година. Одличниот напаѓач дојде во јануари на „Олимпико“, на 20 ...

Иднината на Бојан Миовски во Глазгов Ренџерс е дополнително доведена во прашање откако шкотскиот гигант денеска го официјализираше трансферот на нов врвен голгетер. Станува збор за Лоренс Шенкленд, шкотскиот голгетер кој доаѓа од редовите на Хартс, каде токму тој беше меѓу најзаслужните што Хартс ја заврши сезоната на второто место, губејќи ја титулата во самиот финиш од дербито во последното коло со Селтик. Шенкленд постигна 20 гола во текот ...

ПСЖ ќе биде комплетен во големото финале од Лигата на Шампионите закажано за сабота против Арсенал откако двајца клучни фудбалери на „светците“ се вратија на тимските тренинзи. Усман Дембеле и Ашраф Хакими ги надминаа проблемите со повредите и од денеска се во целосен тренажен процес, по што е извесно дека тие ќе бидат дел од стартниот тим на ПСЖ на саботното финале во Будимпешта. „Нашиот медицински тим работи одлично, а фудбалерите ...

Македонската репрезентација ги продолжува подготовките за двата контролни натпревари против Босна и Херцеговина во Сараево и Турција во Истанбул, а во националниот тим по пауза поради повреда се враќа дефанзивецот Јован Манев. Фудбалерот на Нови Пазар истакнува дека за него претставува чест што повторно е дел од националниот состав и порача дека Македонија ќе оди на победи на двата натпревари. „Нè очекуваат натпревари против квалитетни ...

Динамо Загреб е на прагот да заврши фантастичен трансфер откако „модрите“ влегоа во завршна фаза од преговорите со Мислав Оршиќ, одличниот крилен фудбалер кој со години беше миленик на навивачите. Откако доминацијата на домашната сцена беше потврдена со импресивна двојна круна, сега погледите се целосно насочени кон влез во Лигата на Шампионите. Звонимир Бобан е убеден дека играч со квалитетите и искуството на Оршиќ ќе биде драгоцен во ...

Навивачите на Панатинаикос, клубот со најголем буџет во неодамна завршената сезона во Евролигата, се многу незадоволни. Не само што тимот на Ергина Атаман не се пласираше во завршната четворка, туку мораа да го гледаат својот најголем ривал како ја освојува титулата континентален шампион во нивната сала. Поради сето ова, јасно е дека позицијата на турскиот стручњак во ПАО е доста загрозена. Секако, европските медиуми веќе шпекулираат за ...

Во последните месеци, една од главните теми беше учеството на Иран на Светското првенство, односно проблемот со доаѓањето на репрезентацијата на земјата во САД. Иран е во војна со Израел и САД, кои се една од трите земји домаќини на претстојното Светско првенство, но очигледно е дека Мексико и Канада немаат проблем да бидат домаќини на фудбалери од оваа земја. Сепак, Иран ќе игра натпревари од групната фаза во САД, но базата на ...

Украинскиот лев бек Дмитро Хорига нема да биде дел од утрешната шампионска прослава на ракометарите на Вардар. Иако „црвено-црните“ се подготвуваат за подигнување на пехарот во домашното првенство, Горига веќе ја напушти Македонија и официјално беше промовиран како нов играч на саудискиот клуб Ал Калиџ. Ракометарот замина на кратка позајмица во Саудиска Арабија, каде ќе настапува до истекот на неговиот актуелен договор со Вардар, кој е со ...

Реал Мадрид направи важен потег кон создавање состав за претстојната сезона. По две години без трофеј, во Мадрид не одлучија да го намалат персоналот, па како што објави Фабрицио Романо, беше постигнат усмен договор со германскиот репрезентативец Антонио Рудигер. Германецот пристигна во Реал во 2022 година и со клубот ги освои Лигата на шампионите, Ла Лига, Кралскиот куп, Шпанскиот суперкуп, Интерконтиненталниот куп и Светското клупско ...

Ракометарите на ГРК Охрид со сигурна победа над Тиквеш од … го завршија настапот во најдобрата за нив сезона во историјата на ракометната Суперлига на Македонија. Охриѓани одлично го отворија натпреварот и веќе на пауза меѓу двете полувремиња имаа сигурна предност од 12-17. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од … Дури четворица ракометари на Охрид постигнаа по четири гола (Јасухира, Софкоски, ...

Младиот и суперталентиран ракометар Андреј Георгиев е нов член на Еурофарм Пелистер 2, откако денеска официјално потпиша договор со битолскиот клуб за следната сезона. Георгиев важи за еден од најголемите проекти од младинската школа на битолчани. Тој го привлече вниманието на јавноста со блескавите партии во кадетските категории, а неговиот раскошен голгетерски потенцијал кулминираше на квалификацискиот турнир за Ф4 во Лигата на шампионите, ...

Легендарниот македонски фудбалски стратег, Ѓоко Хаџиевски, испиша нова златна страница во својата кариера, обезбедувајќи сензационален опстанок за тимот на Спартак Варна во бугарската елита. Овој голем спортски успех предизвика вистинска еуфорија меѓу навивачите и раководството на клубот, кои во македонскиот тренер видоа вистински спасител. Дека спортот ги урива сите политички бариери доказ е и потегот на навивачите на Спартак, кои сплотени ...

Најголемото македонско фудбалско име во историјата, Дарко Панчев уште еднаш, ја потенцираше својата нескриена приврзаност за двата клуба кои, како што нагласувал многупати досега, единствено вистински му значат во животот – Вардар и Црвена Звезда! Онака искрено, Панчев го доловува за јавноста значењето да дојдеш до врвот и трофеите со клубови кои онака емотивно, ти се на срцето. Тоа е сонот, без сомнение, на секој спортист. „И сега ако би ...

Лука Модриќ замисли многу поинаков крај на неговата епизода во Милано. Наместо идеално збогување пред полните трибини на „Сан Сиро“, по сезона во која ќе играше важна улога во успешен проект, крајот беше обележан со разочарување и спортски неуспех. Како што пишуваат италијанските медиуми, сликата на уморен и фрустриран играч соочен со фактот дека целите не беа остварени ќе остане во сеќавањето. Неуспехот во борбата за место во Лигата на ...

Фудбалерот на Интер Мајами и аргентински репрезентативец, Лионел Меси, не е сериозно повреден. Клубот од Мајами објави дека има истегнување на мускулот на тетивата на левата нога. Додаде дека враќањето ќе зависи од брзината на неговото закрепнување. Меси се повреди на вчерашниот натпревар од МЛС лигата помеѓу Интер и Филаделфија Унион (6:4). Аргентинските медиуми предвидуваат пауза од околу 10 дена, но додаваат дека Меси ќе биде подготвен за ...

ФИФА во понеделник потврди дека Иран го преместил планираниот тренинг камп за Светското првенство од САД во Мексико, наведувајќи ја војната на Блискиот Исток и загриженоста за безбедноста на тимот. Иран првично избра спортски комплекс во Тусон, Аризона, како де факто седиште на националниот тим за време на Светското првенство, но земјата побара промена откако САД и Израел извршија заеднички напади врз Иран кон крајот на февруари. ФИФА го ...

Хулијан Алварез е главна тема на фудбалската јавност утрово бидејќи се појавија информации дека наводно побарал трансфер од Атлетико Мадрид и се знае во кој клуб аргентинскиот репрезентативец сака да ја продолжи кариерата. Алварез пристигна во Атлетико од Манчестер Сити пред две години за 75 милиони евра, што беше одличен потег бидејќи стана главен играч на тимот. Аргентинецот има две одлични сезони во дресот на Атлетико, но навивачите на ...

Објавата на извршниот директор Миленко Неделковски, ги зовре страстите кај поранешниот македонски репрезентативец и поранешен тренер на Вардар, Срѓан Захариевски. Неделковски повторно со негативна провокација притоа секогаш невкусно злоупотребувајќи ја позицијата во Вардар, овојпат кон екс-тренерите на Вардар, кои, пак, самиот ги поставуваше Срѓан Захариевски, Горан Петрески и Горазд Михаилов. И сето тоа испратено со фотографија во која е ...

Откако доживеа целосно „фијаско“ во штотуку завршената сезона во Премиерлигата, и стана еден од најслабите тимови кои ја одбранил титулата, Ливерпул тргнува по освежувања на тимот со цел да ја го врати шампионскиот трофеј на „Енфилд“. Според информациите, Ливерпул веќе го договорил трансферот на напаѓачот Јан Диоманде од Лајпциг. Фудбалерот би требало да потпише за англискиот гигант, иако за него интерес покажува и ПСЖ. Во меѓувреме, на ...

Легендарниот српски кошаркар Милош Теодосиќ, се враќа во Црвена Звезда и ќе го преземе раководењето со целокупниот спорски сектор на „црвено-белите“, пишуваат српските медиуми. Теодосиќ, кој има едногодишна пауза зад себе откако активно учествуваше во составувањето на тимот за тековната натпреварувачка година на крајот од минатата сезона, се враќа во клубот и на позиција каде што многу навивачи на црвено-белите го посакуваа. Сега, во моментот ...

Нема долго време Масимилијано Алегри да биде без работа. Само еден ден откако го напушти Милан, сега се поврзува со преземање на Наполи. Искусниот Алегри доби отказ од „росонерите“ откако не успеа да обезбеди учество во Лигата на шампионите идната сезона. Меѓутоа тој, сепак, ќе учествува во најелитното европско натпреварување доколку се случи да го преземе тимот кој до неодамна го водеше Антонио Конте. Алегри е една од варијантите, а Андони ...

Чистката што ја презема сопственикот на Милан, Герини Кардинале, дефинитивно нема да заврши со отпуштање на директорите Џорџо Фурлани, Игли Таре, Жофре Монкада и тренерот Масимилијано Алегри. Се очекува клубот да се раздели со голем број играчи ова лето, пишува „Газета дело Спорт“. Најконвертибилниот играч а кој се шпекулира зазаминување од „Сан Сиро“ дефинитивно е напаѓачот Рафаел Леао. Турските гиганти Галатасарај и Фенербахче покажуваат ...

Хрватскиот стратег, Игор Тудор е понуден на два клуба од Серија А. Тудор е големо име во Италија. Освен што играше за Сиена и Јувентус речиси десет години како играч, во својата тренерска кариера тој раководеше со четири италијански клуба Удинезе, Верона, Лацио и Јувентус, па сега повторно е посакуван од два клуба, иако не се истакнуваат нивните имиња. Неговиот последен ангажман беше во Тотенхем, каде што беше на клупата од средината на ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
2.1
91%
1017
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
3.13
91%
1021
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
0.99
78%
1022
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
3.11
90%
1016
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
6.16
90%
1015
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
0.42
92%
1024
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
0.45
53%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.07
80%
1015
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.29
84%
1016
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 19ᴼ
4.47
79%
1010
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
4.02
76%
1020
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
3.07
90%
1012
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Бакар

12.52

Сребро

2072.63

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Платина

53756.05

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Паладиум

39545.42

Рутениум

48965.59

Злато

131337.93

Алуминиум

3.48

Калај

51.97