Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Во американскиот Капитол, посетителите сè уште можат да му оддадат последна почит на починатиот 39-ти американски претседател Џими Картер. За подоцна во текот на денот е планиран официјалниот државен погреб во Вашингтон - неколку дена пред да положи заклетва 47-от претседател. Користејќи објектив рибино око, фотографот на АП, Ендрју Харник, ја создаде оваа необична перспектива во Капитол во Вашингтон: во центарот на сликата е ковчегот на ...
Доналд Трамп им се закани на Европејците уште пред (повторно) да ги преземе должностите на американскиот претседател на 20 јануари. Трамп рече дека ќе воведе високи царини за европските производи, ќе ја намали американската помош за Украина и ќе започне дискусија за тоа како НАТО треба да се финансира во иднина. Со оглед на претстојните турбуленции, би било важно 27-те земји-членки на Европската унија (ЕУ) во оваа ситуација да покажат ...
Трошоците за живот растат, цените на производите речиси секојдневно се менуваат, а нагорниот тренд го следи и инфлацијата. Ова го покажуваат најновите статистички податоци во Северна Македонија. Додека Државиот завод за статистика укажува дека трошоците на животот во 2024 година, во однос на 2023 година, се зголемиле за 3.5 %, а цените на мало имаат пораст од 3.8 %, премиерот Христијан Мицкоски уверува дека Северна Македонија ја очекува ...
На првата собраниска седница во новата година, којашто ќе се одржи в петок (10 јануари) на дневен ред ќе се најдат петте интерпелации коишто беа поднесени од пратеничката група на опозицискиот „Европски фронт“ и од Левица. Станува збор за интерпелацијата за вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, која што е поднесена поради „лошо управување со состојбите кои се случуваат во Северна Македонија, ...
Спектакуларни ледени пејсажи, планини и тундра, уникатен див свет – Гренланд несомнено нуди безброј мотиви за импресивни фотографии и видеа, особено во ерата на социјалните мрежи. Меѓутоа, дали е оправдано да се оди на кратко туристичко патување на Арктикот, регион силно погоден од глобалното затоплување, е прашање за друга дискусија. Јавната полемика околу патувањето на американскиот претприемач Доналд Трамп Јуниор има и други причини: ...
Неколку градови во Северна Македонија се гушат во смог, а за жителите на Струмица повторно е вклучен алармот, откако е надминат прагот на суспендирани честички со големина до 10 микрометри два дена по ред. Градот во текот на зимата се соочува со сериозни проблеми со загадувањето, поради што и пред празниците беа воведени мерки мерки за вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А и Б -Интегрирани еколошки дозволи. Министерството за ...
Извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, во вторникот (7-ми јануари) објави дека гигантот на социјалните медиуми ја прекинува употребата на независна проверка на фактите на своите платформи, почнувајќи од САД. Закерберг тврди дека „проверката на фактите била премногу политички пристрасна и уништила повеќе доверба отколку што создала, особено во САД“. Многу конзервативци долго време ги критикуваа програмите за проверка на фактите како ...
Започнала законската процедура за разрешување на професорот Артан Груби, доцент на Правниот факултет, отсек новинарство на Државниот унуверзитет во Тетово (ДУТ). Според Сафет Емрули, декан на тамошниот Правен факултет, неколкудневното отсуство на Артан Груби од работата на факултетот, а без да даде појаснување за тоа, значело преземање мерки против него. „Од минатата недела наведениот не се појавил на работното место, што значи дека не ги ...
Канадските власти јасно го отфрлија јавниот притисок на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за спојување на Соединетите Американски Држави и Канада . Канадскиот премиер Џастин Трудо, кој ден претходно најави оставка од функцијата, ја отфрли сугестијата на Доналд Трамп дека може да употреби „економска сила“ за да ја направи Канада, 51-ва американска сојузна држава. „Шансите Канада да стане дел од Соединетите Држави се еднакви на ...
Камбаните бијат, голем број верници од рано утрово се во црковните храмови низ земјата, каде со божествена литургија се слави Христовото раѓање. Во пресрет на празникот архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски Синод на МПЦ-ОА до верниците испрати божикно послание. „Денес го празнуваме Рождеството на Синот Божји, но од секого од нас зависи дали Тој ќе се роди и во нас, дали ќе се всели во нашите срца и ...
Во Македонија многу работи останаа исти и по напуштањето на комунизмот, но една работа драстично се смени: одењето во црква. Верата и религијата во комунизмот беа ставени на маргините, а во центарот беше науката, научните достигнувања и социјалните вредности. Денес меѓутоа како општество се соочуваме со навлегување на црквата во сите сфери и она што некогаш се сметаше за ерес а тоа е мешање на црквата со државата, станува наше секојдневие. ...
На мотоспорт-сцената едноставно се нарекува „Рели Дакар“, краткото име на легендарното рели Париз-Дакар. Ниту една друга теренска трка на долги патеки не бара толку многу возачи и опрема. Еднаш релито траеше речиси три недели. Требаше да се поминат околу 10.000 километри. Доколку 50 отсто од учесниците ја постигнеле целта, тоа веќе се сметало за добра оценка. Дури и денес, релито Дакар е сè освен опуштено возење низ песокот. По петти пат - по ...
Почетокот на годината е ветровит, ветерниците работат со полна пареа. И беше сончево. Така, според податоците на Институтот за соларни енергетски системи Фраунхофер, производството на електрична енергија од обновливи извори било 125 отсто во однос на потребите. Вишокот производство доведе до драстичен пад на цената на струјата на берзите. Струјата беше дури и бесплатна неколку часа. Минатата година, обновливите извори покриваа 59 отсто од ...
Еден ден по изненадувачкиот почеток на украинската офанзива во руската област Курск, сè уште многу нешта не се јасни. Киев молчи, исто како и на почетокот на август 2024 година, кога Украина за првпат воено влезе во регионот Курск. Руското Министерство за одбрана во понеделникот (6-ти јануари) објави дека руските сили спречиле „обид за упад“ на украинските сили кон градот Балшое Солдатскоје, кој се наоѓа на 80 километри југоисточно од ...
Според соопштението на Бундесбанк Хановер, постојат многу причини зошто уште се наоѓаат заостанати банкноти и монети од старата германска валута – марката: пролетно чистење, средување стара облека, посетители од странство со преостанати ДМ, расчистување на станови или откритија по смртта на роднините. Еврото како валута постои веќе 23 години. На 1 јануари 2002 година, еврото ги замени националните валути во дванаесет европски земји. ...
На кој начин карикатуристи треба да го сатиризираат Семоќниот? Во комеморација на жртвите од нападот во 2015 година во нивната редакција, францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ распиша конкурс под хаштагот #MockingGod, а победниците се објавуваат на 7 јануари. Професионални новински карикатуристи и цртачи беа повикани да ја нацртаат „најзлобната и најсмешна карикатура за Бог“. Победниците ќе бидат објавени во списанието. Конкурсот ја ...
За негови околности, претежно смирениот канцелар Олаф Шолц беше навистина, а исто така и видно вознемирен. Шолц во неделата во партиската централа на Социјалдемократите (СПД) во Берлин зборуваше за објава на платформата X, во која се наведува дека Шолц планирал средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва пред парламентарните избори во Германија на 23 февруари. Шолц рече дека тоа „е лажна вест. Тоа е крајно непристојно“. И неговиот ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по темелна анализа и експертски консултации решила да не го потпише указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, усвоен на 24-ти декември 2024 година. Известувањето за нејзината одлука стигнало до претседателот на Собранието, Африм Гаши на 31-ви декември. Јавноста дозна за решението на претседателката Сиљановска, од вчерашните партиски реакции на СДСМ ...
Времето е пари. Самиот поглед во должничкиот часовник на Германија го покажува тоа. Виси над влезот на седиштето на Здружението на даночни обврзници во Берлин. Дигитален семафор - црвени бројки на црна позадина. На него секоја секунда се додаваат 3.225 евра нов долг - заклучно со декември. Вкупниот износ на германскиот национален долг е околу два ипол билиони евра. Во меѓународна споредба, ова сè уште изгледа умерено, бидејќи одлучувачки ...
Има одредена иронија во сцената која се одвива на овој горко студен викенд во Вашингтон. Две комбиња со знамиња на Трамп се паркирани два блока западно од Капитолот. Тука наскоро треба да се одржи парада на солидарност за оние кои учествуваа во упадот пред 4 години. Но, само четворица се појавија. „Не знаат каде сме поради оградата“, се жали ко-организаторката Џејми Кроу од Пенсилванија. Фактички договореното место е затворено - безбедносна ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во подкаст интервју ја претстави идејата за можно решение за крајот на војната. Во тричасовен разговор со американскиот подкастер Лекс Фридман, Зеленски шпекулираше за можните услови за добивање покана од НАТО за неговата земја. Во таа прилика тој индиректно направи разлика меѓу територии под контрола на Украина и пет територии во источна Украина кои делумно или целосно се под контрола на Русија. Во ...
Србија влезе во новата година со политичка криза каква што не памети владата на Александар Вучиќ. Додека претседателот ја заострува ситуацијата во секојдневните „обраќања“ - зборува за вмешаност на странски служби и за „лојалисти“,тврдокорното екстремно крило во неговата партија кое наводно во црквата му се колне со крв – нема сомнеж дека универзитетите остануваат блокирани. Неодамнешниот собир на Славија, најмасовниот од петти октомври, како ...
Годината 2025 е јубилејна за Баухаус во Десау. Од 1925 до 1926 траела изградбата на прочуеното здание на школата, по проектот на архитектот и директор на Баухаус, Валтер Гропиус. Затоа времето од септември 2025 до декември 2026 ќе биде исполнето со јубилејна програма. 100 години слават во 2025 и куќите за професорите на Баухаус, изградени повторно по проектна Валтер Гропиус. Белите вили, со чиста геометриска форма и многу светлина поради ...
Прашањето од насловот на овој текст може да изгледа несоодветно, па дури и еретичко во нацијата, во која со години дијаболично се повторува дека „не нѐ бива, но сега ќе нѐ биде“, а во исто време е полна со предрасуди кон нашите соседи кон исток и кон запад за наводната наша доминантност, а нивна подреденост во многу аспекти од животот – од економијата, образованието, прозападните корени, развојот, прогресивноста и што уште не. Ние сме во ...
Сојузниот претседател на Австрија, Александер Ван дер Белен, е навикнат на политички кризи. Тој веќе ја навигираше земјата и по таканаречениот скандал од Ибица. Со стоичка смиреност, Ван дер Белен ја води земјата и низ новата политичка криза во Австрија. „Ако нешто научив за време на мојот мандат како сојузен претседател на Република Австрија, тоа е дека секогаш има нови ситуации“, рече 80-годишниот пред да одговори што ќе се случува наредно ...
Борба против нелегалното доселување и промовирање на посакуваната имиграција. Подобро справување со сајбер напади, јакнење на владеењето на правото и демократијата наспроти непријателите од внатре и од надвор – тоа се задачите со кои ќе се соочи новата сојузна влада на внатрешнополитички план во 2025 година, без разлика кој ќе ја предводи по предвремените избори во февруари годинава. Но, ако се прашаат политичарите кои во изминатите години ...
Само неколку демонстранти се собраа во Дума, предградие на Дамаск. Ги нема ни стотина затоа што стравот уште владее. Самите тешко можат да поверуваат дека можат да протестираат во Сирија без веднаш да бидат собрани од слугите на режимот. Во рацете држат или фотографии од луѓе за кои не се знае каде се или знамиња на новата Сирија. „Тука сме и ја зборуваме вистината. Звучи лудо: можеме дури и да протестираме овде во Сирија“, ни вели Селин ...
Според Гинисовата книга на рекорди, таа важеше за најстарата личност на светот: Јапонката Томико Итока почина на 116-годишна возраст, како што јави јапонската јавна телевизија НХК, повикувајќи се на општината на нејзиниот роден град Ашија во префектурата Хјого. Итока таму живееше во пензионерски дом шест години во добро здравје. Таа починала на 29 декември 2024 година, но веста беше објавена дури сега. Според НХК, Итока е родена на 23 мај ...
Најголемиот германски производител на автомобили, Фолксваген, планираше да затвори погони во Германија, што никогаш до сега не се случило во историјата на концернот. Додуша, во пресрет на божиќните празници беше постигнат договор со синдикатите, но тој предвидува укинување на 35 илјади работни места и намалување на производството за околу една четвртина. Единствената придобивка е што нема да има директни отпуштања и затворања на фабрики. Но, ...
Ранлива Украина, Русија која ја поттикнува војната и нарцисоиден Доналд Трамп - и во новата 2025 година тоа се најголемите предизвици за Европската унија. Освен тоа, има и внатрешни проблеми, како што се забавената економија, високото задолжување и ограничената способност за дејствување во двете најголеми земји-членки, Германија и Франција. Значи, изгледите не се розови. Што е следно за новиот ЕУ-тим во Брисел? Претседателот на Советот на ЕУ, ...