Почна со битка против инфлацијата, завршува со фронт против ценовното дивеење. Гаснењето социјални пожари наместо економски развој остави белег и на 2024 година. Веројатно и очекувано, во годината која донесе двојни избори, претседателски и парламентарни, две политички и една техничка влада со тројца премиери. Бремето од политичката битка за власт се покажа претешко за да може да се реализира уште едно ветување за подобар стандард и подобра ...

По уривањето на азербејџански патнички авион со 67 патници на 25 декември, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев бара Москва недвосмислено да ја признае одговорноста за падот. Загинаа 38 патници, а останатите го преживеаја принудното слетување во Казахстан. Алиев смета дека Русија е одговорна за несреќата, иако според него е јасно дека „конечната верзија ќе се знае дури откако ќе се провери црната кутија“. Алиев за азербејџанската државна ...

Високите стандарди и длабокиот пад на 39-от претседател на САД најдобро може да се доловат со четири симболични слики: на парадата по повод неговата инаугурација на 20 јануари 1977 година, Џими Картер го одби традиционалното возење со претседателската лимузина и наместо тоа рутата ја мина пеш рака во рака со неговата сопруга Розалин и неговата ќерка Ејми. Претседателот Картер испрати слична порака и кога сам си го носеше својот багаж до ...

По три месеци во кои никој не ја освои главната награда, во Калифорнија е продаден билет во вредност од околу 1,22 милијарди долари на извлекувањето во петокот вечерта. Идентитетот на добитникот не беше објавен, но е познато каде е уплатено лото ливчето. Ишар Гил ја држи копијата на лото ливчето уплатено на неговата бензинска станица во Котонвуд, близу Сакраменто во Калифорнија. Некој муштерија поминал тука, можеби наточил бензин, уплатил ...

Во многу партии во Германија бројот на членови со години се намалува. Но, сега работите изгледаат поинаку и се повеќе луѓе се зачленуваат во партиите. Многу нови членови се исклучително мотивирани за кампањата за предвремените избори за Бундестагот, кои вчера, согласно очекувањата германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер ги распиша на 23 февруари. Откако се распадна владејачката семафор-коалиција во Германија на 6 ноември, 20.000 луѓе ...

Мултилатералните институции како Светската трговска организација (СТО) не се од особен интерес за Доналд Трамп. Според него, тие се против интересите на САД. „Тој смета дека долгорочната потрага по компромиси во меѓународните организации е чисто губење време“, изјави за ДВ поранешниот германски амбасадор во Пекинг, Михаел Шефер. Два сосема различни погледи на светот се толку спротивставени, што првиот мандат на Доналд Трамп, гледано од ...

„Почнуваме со криминалци, мораме да го направиме тоа. А потоа продолжуваме со другите." Веќе во своето прво телевизиско интервју по победата на изборите, идниот американски претседател Доналд Трамп за Ен-Би-Си њуз јасно стави до знаење дека неговото предизборно ветување дека ќе депортира милиони илегални имигранти не се само празни зборови. Тоа мора да се направи, дури и ако биде многу тешко, рече Трамп. Од првиот ден од неговиот ...

Околу 473 милиони деца ширум светот живеат во области погодени од конфликти. Според годишниот извештај на Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), тоа значи секое шесто дете. Ова е, како што понатаму се наведува во извештајот, кој се базира на најновите глобални статистички податоци, најголема бројка од Втората светска војна. Рекордни бројки Уделот на деца кои денес живеат во конфликтни области е речиси двојно зголемен, од 10 на 19 отсто, ...

Осаменоста станува сѐ поголем проблем во Германија, барем според новото истражување спроведено од една од водечките компании за јавно здравствено осигурување. Околу 60 отсто од Германците често, понекогаш или ретко се чувствуваат осамено, покажува истражувањето кое во средата во Берлин го презентираше Техникер кранкенкасе (TK). Во анкетата спроведена од институтот Форса во текот на мај годинава учествувале 1.403 лица. Се чини дека осаменоста ...

Падот на инфлацијата во многу земји помогна празничниот буџет да не се соочи со дополнително оптоварување, освен кога станува збор за чоколадо! Додека потрошувачите во Германија се снабдуваа со резерви за празниците, локалните медиуми објавија дека детски чоколаден Дедо Мраз чини речиси 50% повеќе. Уште пред почетокот на божиќните набавки британската организација за потрошувачи „Вич“ предупреди дека цените на табли чоколада и на отмени ...

Дали Агенцијата за национална безбедност (АНБ) е институција длабоко партизирана од ВМРО-ДПМНЕ, како што критикуваат од СДСМ, или била партизирана во мандатот на СДСМ, а притоа и тешко злоупотребена за следење на политички опоненти? Од СДСМ повеќе пати реагираа на изборот на новиот директор на АНБ, на неговите стручни квалификации, на именување партиски кадри во граѓанскиот совет за надзор на комуникациите, и изразуваа стравување од можни ...

На крајот од годинава можеби треба да ги релаксираме читателите од грубоста на политиката, од истото па истото што се случува, од фатаморганите, од измамите, од лажните ветувања, од doppelgänger-ите, од лажните пророци, од уште полажните херои... и малку да напишеме некој збор за филозофијата. Всушност за филозофијата во политиката. Може да изгледа нерелаксирачки, но во основа е попријатно од примитивноста на македонската политика. Како мал ...

За време на неговиот прв претседателски мандат, Доналд Трамп водеше кампања против ТикТок. Еден ден пред да ја преземе функцијата во вторпат, на кинеската социјална мрежа, поради безбедносни причини, и се заканува забрана во САД. Но, сега, новоизбраниот претседател на САД интервенира во спорот со сосема поинаков мотив. Тој имено го повика Врховниот суд на САД да ја запре имплементацијата на федералниот закон за ТикТок кој би довел до забрана ...

Словачка е подготвена да биде домаќин на можни преговори за мир во Украина. „Ние нудиме такви преговори на словачко тло“, изјави министерот за надворешни работи Јурај Бланар во петокот на онлајн сервисот Фејсбук. Претставниците на сите страни во конфликтот „а со тоа и Русија“ мора да учествуваат во разговорите, нагласи Бланар. Рускиот претседател Владимир Путин ден претходно изјави дека Словачка предложила да служи како „платформа“ за мировни ...

Дали оваа луксузна јахта „Принцес С65“ е заглавена среде парк на Рајна? Не! Всушност, таа ќе биде транспортирана до „Boot Düsseldorf", најважниот саем за бродови, чамци и за спортови на вода во светот. Подготовките за „Boot Düsseldorf 2025", кој започнува за нешто помалку од три недели, веќе влегоа во завршна фаза. Од 18 до 26 јануари иновации во оваа гранка повторно ќе бидат претставени во главниот град на германската покраина Северна Рајна ...

Поддржувачите на Зоран Милановиќ имаа што да видат едно неделно утро кон средината на декември 2024 година. На почетокот на изборната кампања во преполната сала во Загреб, актуелниот претседател на земјата членка на ЕУ и кандидат на претстојните претседателски избори (29 декември 2024 година) се претстави на за него вообичаениот борбен начин. Откако публиката го поздрави Милановиќ со громогласен аплауз, тој остро ги нападна премиерот Андреј ...

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер најави распуштање на Бундестагот. Со својата одлука Штајнмајер го расчистува патот за планираните нови избори на 23 февруари, ден што претходно го договорија лидерите на пратеничките групи на СПД и Унијата. Во тешки времиња како сегашните, за стабилноста е потребна ефикасна влада и сигурно мнозинство во парламентот, изјави Штајнмаер. „Затоа сум убеден дека новите избори се вистинскиот пат за ...

Заканите на Трамп дека ќе го врати Панамскиот канал под контрола на САД или неговото инсистирање Америка да го купи Гренланд, можеби само наликуваат на помпезниот медиумски имиџ и пристап на новиот американски претседател, но во суштина, настапот на Трамп е мотивиран од сериозни геополитички интереси. Во првиот случај целта е да се избегне други странски земји, почнувајќи од Кина, да воспостават контрола над еден од најважните поморски ...

Откако Собранието во средината на декември не го усвои годишниот извештај за работата на Судскиот Совет, кој беше дочекан со низа критики за политички нарачани одлуки, станаа сѐ погласни шпекулациите дека во почетокот на 2025 година може да бидат разрешени членовите на овој совет кои се избрани од Собранието. И завчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, индицира дека таква разврска не е исклучена. „Ние размислуваме за неколку потези ...

„Тоа е економија, глупав!" - со тој изборен слоган, Бил Клинтон победи на претседателските избори во САД во 1992 година. А може да важи и за кратката кампања на германските политички партии за сојузните парламентарни избори во февруари следната година. Германските граѓани во моментов не се преокупирани со ништо друго освен со кризата во економијата, која делумно е последица на војната во Украина. Луѓето се плашат од губење на работни места и ...

САД, исто како Азербејџан, не исклучуваат промашен удар на руските сили за противвоздушна одбрана како причина за падот на азербејџанскиот патнички авион во Казахстан. Според претставник на американската влада, првичните индикации укажуваат на соборување, објавија меѓу другите Си-Ен-Ен и Еј-Би-Си Њус. Доколку се потврдат првичните индикации, може да се претпостави дека слабо обучени руски единици можеби ја згрешиле целта кога се бранеле од ...

Ако сакате шарени работи, фестивалот на мраз и снег во Харбин е вистинското место за вас. Таму се одржува по 26-ти пат и се смета за најголемиот фестивал на мраз во светот. Градот Харбин во североисточна Кина - дури и ако можеби не е познат низ целиот свет - не е мал град. Впрочем, има околу десет милиони жители. Привремениот забавен парк малку потсетува на Дизниленд - но само навечер. Доколку остане доволно ладно, паркот ќе остане отворен до ...

Во текот на ноќта кон четврток (26.12.) фински иследници се качија на танкер за нафта на Балтичкото Море. Бродот пловел под знаме на Куковите Острови и се наоѓал сомнително близу кабелот за струја Естлинк 2 помеѓу Естонија и Финска, кој одеднаш добил прекин. „Испративме патролен брод до танкерот и утврдивме дека сидрата не беа на место. Затоа имавме причина да веруваме дека нешто чудно се случува“, изјави заменик-шефот на граничната стража, ...

„Без оглед дали станува збор за почетник или за искусен скијач – Македонија нуди по нешто за секого и е инсајдерска тајна која привлекува сѐ повеќе љубители на зимски спортови“, пишува германскиот весник „Манхајмер морген“, кој посебно се осврнува на скијачките центри Кожув и Попова Шапка. Еве што пишува весникот: „Кожув: Најголемиот скијачки центар во Македонија Скијачкиот центар Кожув се наоѓа на југоистокот на Македонија, во близина на ...

Неделата наскоро може повторно да стане работен ден за сите, доколку таков договор постигнат работниците и работодавачите, најави од собраниската говорница премиерот Христијан Мицкоски. Одлуката треба да биде донесена на следната седница на Економско-социјалниот совет на Северна Македонија. „Мое лично мислење е дека треба да им биде овозможено во недела да работат на сите оние кои ќе постигнат договор со работодавачите и ќе добијат двојно или ...

Време е за храбар ЕУ исчекор, по примерот на оној од 2004 година, што ќе означи реунификација, односно реинтеграција на нашиот регион, повика во своето годишно обраќање пред пратениците во Собранието претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова. „Балканот е природен дел на Европа: географски, историски и културно. Европската идеја е уникатна политичка филозофија подржана од сите политички актери, партии, но и граѓани во ...

Покрај истрагата за нападот на божиќниот панаѓур во Магдебург, се истражуваат и грешки во работата на полицијата. Од Министерството за внатрешни работи во Магдебург потврдија дека едно полициско возило не било на предвидената локација. Според Министерството, во моментот на нападот полициски возила биле распоредени на четири конкретни точки околу божиќниот пазар. Но, едно возило се наоѓало на просторот за таксисти на булеварот Ернст-Ројтер, ...

Украинците вчера (25 декември,2024) по вторпат го прославија Божиќ според новиот календар, што е уште еден чекор кон бришење на руското влијание во земјата. Повеќето Украинци се православни христијани, а независната православна црква на Украина, основана во 2018 година, одлучи минатата година да премине од традиционалниот јулијански календар, кој се користи во Русија и според кој Божиќ е на 7 јануари, на Грегоријанскиот календар. Русија ...

Иако во партиската програма на Алтернатива за Германија (АфД), за која ќе се разговара овој јануари, на прво место е политиката против миграцијата и имиграцијата, постои и реченицата: „Сметаме дека е неопходно Германија да ја напушти Европската унија и да воспостави нова Европска заедница“. Таа „заедница“ би била нешто како „Европа на разни нации“ која би имала само заеднички пазар и би претставувала „заеднички економски и политички ...

Иако фотографијата пренесува зимска идилична атмосфера, снегот во Босна и Херцеговина и Хрватска предизвика големи пречки во сообраќајот. Во БиХ, поради големиот снег, затворени се седум патишта и тоа за секаков вид возила. Делови од земјата имаат проблеми и со снабдувањето со електрична енергија, поради тоа што има оштетувања на мрежата од снегот и бурата. Во Хватска беше затворен дел од автопатот кој води кон брегот. На други патишта има ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
100%
1006
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
94%
1007
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
1.54
91%
1007
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
83%
1007
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.09
93%
1006
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 5ᴼ
1.26
97%
1008
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
2.24
75%
1006
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1007
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
93%
1007
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
94%
1005
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
0.45
92%
1006
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
80%
1006
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.07

Рутениум

45750.51

Злато

159436.20

Сребро

2497.79

Цинк

3.29

Кобалт

64.04

Бакар

11.83

Калај

46.06

Иридиум

215504.98

Паладиум

54077.56

Родиум

336779.07

Платина

67484.42