Светска банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19 проценти и елиминирање на преференцијални стапки за оние производи и услуги кои не се неопходни, како една од мерките за зголемување на даночните приходи за да се обезбеди консолидација и фискален простор. Според експертите на Светска банка, Северна Македонија може да се справи со растечкиот долг и да обезбеди макроекономска стабилност со подобрување на фискалната состојба преку зајакнување ...

Повеќемина експерти, а меѓу нив и претставници на Венецијанската комисијаќе бидат повикани на подготвителната седница на Уставниот суд, на којашто ќе се расправа околу оспорените одредби од Законот за употреба на јазиците. Ова прашање веќе извесно време предизвикува тензии и препукнувања на политичката сцена во Северна Македонија. ДУИ по неколкудневните собири, ги повлече „стражите за јазикот“од пред Уставниот суд, но најави дека повторно ќе се ...

Проценките на Националниот комитет за спротивставување на насилниот екстремизам и тероризмот се дека 143 граѓани на Северна Македонија (исклучувајќи деца) патувале или се обиделе да патуваат во Сирија или Иракза да се приклучат на терористички групи во изминатите години. Од овие 143 возрасни (133 мажи, 10 жени), се верува дека само четворица останале во камп за раселени лица во североисточна Сирија. До крајот на 2023 година, Северна Македонија ...

Иако ДУИ соопшти дека ја почитува одлуката на Стејт Департментот на САД, не направи ниту еден чекор за тоа и да го демонстрира преку партиско разрешување на нејзините функционери, кои се најдоа на црната листа на САД. Така беше минатата година во случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, а овојпат и со Артан Груби. Додека партијата од Мала Речица со прст не мрдна да покаже дали и како е посветена на битката против корупцијата, освен ...

Ердоган победи во војната за Сирија. Но, ова е победа после која Сирија не постои и допрва ќе треба одново да се изгради. Чудото на Патот кон Дамаск и фактот дека полувековниот режим на Асад се сруши како кула од карти за само недела дена од една поприлично случајна армада, не ја доловуваат грандиозноста на милениумскиот подвиг. Неколку илјадници исламистички бунтовници ѝ наметнаа сосема неочекувана насока на блискоисточната и светска ...

Ужасни слики кружат на интернет по ослободувањето на затворот Седнаја во сирискиот главен град Дамаск, изграден на пет ката длабоко под земјата. На нив се гледаат изгладнети луѓе. Други, пак, стојат во преполнети ќелии. Многу затвореници не можат да се движат и мора да бидат изнесени од затворот. Ослободителите ја снимиле и просторијата во која луѓето во полумрак клечат и лелекаат, очигледно со тешки психички последици по мачењето. Пронајдени се ...

Дека на Балканот добро се најде покажува и најновата ранг листа којашто ја објави гастрономскиот портал за храна и патувања, „Тејст атлас“ (Taste Atlas). Македонската, српската и хрватската се најдоа високо на листата на 100 најдобри национални кујни во светот за 2024 - 25 година. Македонската кујна го зазеде 47. место (со оценка 4,16 од 5), додека подобро се оценети српската кујна, којашто е на 15. место и хрватската кујна на 17 позиција. На ...

Два милиони евра се одлеале од општините и министерствата во Северна Македонија за една година само за адвокатски услуги. Општините и Град Скопје лани потрошиле 67.269.053 денари или 1,1 милион евра за исплати на адвокати, а министерствата за адвокатски услуги дале 62.428.934 денари или еден милион евра. Ова го покажува анализата на Центарот за граѓански комуникации. Истражувањето покажало дека парите што министерствата и општините заедно ги ...

Артан Груби најави повлекување од јавниот живот. Судот во Тирана го регистрира Сали Бериша како Претседател на Демократската партија на Албанија. Два настана во последните 24 часа, поврзани со контроверзните одлуки на американската администрација за нивно санкционирање поради наводна поврзаност со корупција. Интересна е забелешката на амбасадорката Агелер дека одлуката поврзана со Груби е поткрепена со докази, кои таа не може да ги открие поради ...

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара веднаш да се стопира иницијативата за измена на Законот за јавните набавки по скратена постапка. Според нив, предложените законски измени со кои се укинува управната контрола на јавните набавки, што ја спроведува Бирото за јавни набавки, претставуваат сериозно уназадување на заштитата од корупција во услови кога, според оценките на сите релевантни меѓународни и домашни ...

„Ние немаме територијални претензии во Сирија. Сакаме само да се погрижиме вистинските сопственици да си ја вратат земјата. Ние таму влеговме само за да го прекинеме владеењето на тиранинот Асад“, беше образложението на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во 2016 година за воената интервенција во Сирија. Но, зад благородните зборови на Ердоган уште тогаш се криеја големи интереси. Анкара од самиот почеток ја поддржуваше опозицијата и одлучно ...

Уставниот суд ќе одржи подготвителна седница и ќе се консултира со експерти пред да расправа за иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците. Предлогот на судијата известител Елизабета Дуковска го поддржаа петмина судии. На седницата на Уставниот суд, кој има вкупно девет члена, не дојдоа судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари. Иако одлуката за оценување на Законот за јазици би можела да се пролонгира и ...

Бунтовниците го запалија мавзолејот на поранешниот сириски претседател Хафез ал-Асад, којшто се наоѓа во неговото родно место Кардаха, во провинцијата Латакија. Хафез ал-Асад 30 години владееше со железна рака, пред неговиот син Башар ал-Асад да ја преземе власта во јули 2000 година. Огромниот мавзолеј на семејството Асад, во кој, меѓу другите, е закопан и братот на Башар ал-Асад, Басел, досега беше постојано под големо обезбедување. Вчера ...

Милиони Сиријци побегнаа од почетокот на граѓанската војна во земјата по 2011 година. Повеќето останаа во Сирија како раселени лица или побараа засолништа во соседните земји како Турција, Либан, Јордан, Ирак и Египет. Кога станува збор за Европа, особено многу сириски бегалци прими Германија. Колку Сиријци живеат во Германија? Според податоците на Сојузниот завод за статистика, на крајот на 2023 година во Германија живееле околу 973.000 Сиријци. ...

И македонските правосудни органи се вклучуваат во расветлување на наводите за корупција поради коишто поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети се најдоа на црната листа на САД. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски оформил предмет за обезбедување докази за евентуална кривична одговорност за лицата ставени на црната листа на САД. Предметот е доставен на постапување до надлежно обвинителство кое ќе издаде соодветни наредби до ...

Се чини дека опозицијата во Македонија постојано се соочува со политички предизвици, кои во континуитет го намалуваат нивниот пристап и привлечност во социјалниот и политички дискурс. И покрај тоа што општествата остануваат заглавени во економска криза, корупција, изолирани во својот национализам, сепак, либералните (условно речено) партии како секој ден да ги дочекуваат се полоши вести. Освен добро познатите причини – замор од власта, ...

Кои се неопходните чекори пред новите избори? Предвремените избори планирани за 23 февруари 2025 година веќе се во фокусот на германската јавност. Но: Нови избори не се можни „туку-така“. Тоа е поврзано со одредени барања и процеси, кои, меѓу другото, се регулирани со членот 68 од германскиот Устав. Важни чекори: Канцеларот мора да побара гласање за доверба на владата во Бундестагот и да го загуби. Претседателот на Германија тогаш мора да го ...

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети не се откажува од својот најблизок партиски соработник - Артан Груби, кој пред неколку дена се најде на црната листа на САД. Од пред Уставниот суд во Скопје, одговарајќи на новинарски прашања, Ахмети рече дека ако се утврди вина, Груби сам ќе се повлече од партиските функции. „Груби е совесен и одговорен, нема потреба партијата да го отстрани, тој сам ќе се повлече од сите партиски ...

Повик до граѓаните да се соберат утрово пред Уставниот суд „во одбрана на албанскиот јазик“, испрати синоќа Демократската унија за интеграција. Партијата молчи за назначувањето на нејзиниот функционер Артан Груби на црната листа на САД, но е гласна со повици и соопштенија пред денешната седница на која Уставниот суд треба да расправа по иницијативи за Законот за употреба на јазиците. Во моментот кога треба да почне седницата на судот, ДУИ закажа ...

Дали Русија, по победата на исламистичките бунтовници во Сирија и бегството на претседателот Башар ал Асад, ќе ги загуби двете воени упоришта во таа земја? Прашањето останува отворено, а одговорот се уште не е на повидок. Портпаролот на рускиот претседател, Дмитри Песков, во понеделникот (9 декември) рече дека е „прерано“ да се зборува за тоа. Руските медиуми објавија дека исламистите кои ја презедоа власта во Сирија, предводени од групата Хајат ...

Шест месеци ДУИ повикуваше да се спроведе меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните триесет години, кој ќе биде транспарентен и независен, со вклучување на меѓународен надзор за да се обезбеди правда и доверливост. А првично во партијата завладеа молк, откако институција на САД, кон кои ДУИ секогаш изразувале максимална доверба, назначи функционер на ДУИ на црната листа поради значителна корупција со прифаќање мито за ...

Во калифорнискиот крајбрежен град Малибу, пламенот на шумскиот пожар се проширил од ридската заднина до плажите. Според градската управа затворени се делови од познатиот автопат на Пацифичкиот брег. Илјадници жители ги напуштиле погодените области во текот на ноќта, меѓу кои и бројни познати личности како пејачката и актерка Шер, актерите Мира Сорвино и Дик Ванд Дајк. Неколку илјади домаќинства се без струја. Универзитетот Пепердајн објави на X ...

Државата доби на тацна цврста трага за да го оконча скандалот со прислушувањето на начин кој е достоен на институции кои водат сметка за својот углед. Сега на потег е обвинителството и судството. ВМРО-ДПМНЕ која негираше вмешаност на своите функционери во скандалот, сега има шанса да го заврши тоа што не го заврши претходната влада. Да го затвори досието со прислушувањето на законит начин. Ако сака да веруваме во декларациите за чесност и ...

Брзиот пад на режимот на Башар ал Асад во Сирија по успешното напредување на исламистичката милиција Хајат Тахрир ал Шам (ХТС), што во превод значи „Организација за ослободување на Левантот“, ќе ги преуреди односите на Сирија со соседите. ХТС управуваше со последното големо опозициско упориште во Сирија во северозападниот регион на земјата Идлиб пет години, но додека се фокусира на консолидирање на својата власт во сирискиот главен град Дамаск, ...

Во пресрет на седницата на Уставниот суд кој во среда, 11 декември, треба да расправа за оспорените одредби од Законот за употреба на јазиците, државниот врв во Северна Македонија повика на смиреност и воздржаност. „Како партиски, лични или субјективни, одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни и лидерите на партиите и политичарите треба да се воздржат од коментар. Најмалку што можат да сторат е да го остават Уставниот суд да работи ...

Поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети се ставени на американската црна листа поради политичко мешање и обиди за оцрнување на судството во државата, информираше на прес-конференција во Скопје амбасадорката на САД, Анџела Агелер. Со мерките се опфатени и нивните семејства на кои им е забранет влез во САД. Во Вашингтон се разгледуваат и дополнителни санкции. Значаен чекор во борбата против корупцијата „Стејт ...

Повеќе лица се приведени во акција на полицијата и Јавното обвинителство, поради сомнеж за сторен криминал од 6,5 милиони евра во ЕСМ и РЕК „Битола“. Полицијата трага по поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, за кои постојат информации дека веќе извесен период е надвор од земјата. Премиерот Христијан Мицкоски се надева дека тој во најскоро време ќе биде пронајден. На прес-конференција во Владата порача дека надлежните органи имаат ...

Има работи кои ни остануваат во сеќавање до крајот на животот, или барем додека не служи здравиот разум. Првпат влегов во Богородичната црква Нотр Дам д` Пари пролетта деведесетитте години на минатиот век. Тоа беше денот „Д“ кога многумина мислевме дека е историски датум за спасување на Југославија. За Французите позначајно беше отворањето на тенискиот турнир Ролан Гарос. Тоа беа првите ударни вести во сите медиуми. Тој ден последниот премиер на ...

Американскиот Стејт Департмент ги стави на „црната листа“ поранешниот вицепремиер и висок функционер на ДУИ, Артан Груби и судијата во Апелацискиот суд Енвер Беџети. Според соопштението на американското министерство за надворешни работи, двајцата биле вмешани во „значителна корупција“ со прифаќање мито за уривање на судските процеси против поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Мијалков, меѓу првите, уште во 2022 година се најде на црната ...

Таа е во голема мерка поразена во Сирија, но Исламската држава (ИД) продолжува да претставува закана за мирната иднина на земјата. Барем тоа е ставот на администрацијата на претседателот на САД, Џозеф Бајден, која поради тоа нареди масовни воздушни напади врз џихадистите. Колку сериозно ја сфаќаат оваа закана, покажува веќе и арсеналот на ангажираните авиони. Во нападите во централниот дел на земјата учествуваа тешки бомбардери Б-52, како и ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
6.17
23%
1019
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
3.6
34%
1022
weather icon

Загреб

26ᴼ / 24ᴼ
2.06
33%
1023
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
4.63
43%
1020
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
3.22
35%
1020
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 24ᴼ
3.6
42%
1023
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
5.14
48%
1015
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
25%
1015
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
4.63
16%
1018
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
2.06
33%
1020
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 23ᴼ
2.24
33%
1023
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
8.75
34%
1018
Currency

61.53

Currency

53.3801

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60