
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Кој ги организираше масовните прослави на Денот на албанското знаме ширум земјата? Среде сите честитки и осуди, остана неодговорено ова клучно прашање, кое е побитно од сите калкулирани, изнудени, извештачени политички пост-фестум паради и изјави со предвидливи нијанси во деновите по прославата. ВЛЕН и ДУИ во првичните реакции сакаа да си ја превземат заслугата и истата ја претстават како манифестација за нивната моќ и поддршка. За ден подоцна, ...
Ќе има ли лидерска средба, што ќе се добие ако ја има, а што ќе се порача ако ја нема? Ова се прашањата што не стивнуваат неколку дена, откако по инцидентите на Денот на албанското знаме, СДСМ предложи итно одржување на средба на лидерите на сите парламентарни политички партии, со цел да се обединат околу една јасна и едноставна порака: Македонија останува стабилна и посветена на мирот, соживотот и почитувањето на различностите. Одржувањето на ...
Дали поради политичките турбуленции Франција е соочена со економска криза? Според некои економисти, земјата треба да е подготвена на тоа. Притоа, работите за француската економија во последно време одеа релативно добро. Се очекува таа годинава да порасне за 1,1 отсто - според прогнозата на германската влада, германскиот брутодомашен производ се очекува да падне за 0,2 отсто. Стапката на невработеност во Франција е 7,4 проценти - што , ако се ...
Според прогнозата на Организацијата за економска соработка и развој, ОЕЦД, економијата во Германија ќе расте побавно во наредната година отколку во која било друга развиена економска земја. Бруто домашниот производ се очекува да се зголеми за само 0,7 отсто, според економските изгледи објавени денеска. Во мај сè уште се очекуваше зголемување од 1,1 отсто „Во 2025 година Германија ќе биде на дното на земјите од ОЕЦД“, вели Изабел Коске, експерт ...
Според прогнозата на организацијата на индустријализираните земји ОЕЦД, економијата во Германија ќе расте побавно во наредната година отколку во која било друга развиена економска земја. Бруто домашниот производ се очекува да се зголеми за само 0,7 отсто, според економските изгледи објавени денеска. Во мај сè уште се очекуваше зголемување од 1,1 отсто „Во 2025 година Германија ќе биде на дното на земјите од ОЕЦД“, вели Изабел Коске, експерт во ...
Тоа беше изборен резултат кој удри како гром од ведро небо. И не само во Романија. Во голема мера непознатиот Калин Георгеску не припаѓаше на ниту една политичка партија, се појавуваше само маргинално во сите анкети на јавното мислење и не учествуваше во ниту една од главните телевизиски дебати во пресрет на претседателските избори. Но, тој беше сè поприсутен на социјалните мрежи - особено на ТикТок. Неговиот канал има 520.000 следбеници и 5,7 ...
Членот 5 е јадрото на НАТО-договорот. Тој ја опишува обврската за сите членки да помагаат во самоодбрана доколку биде нападната друга земја на НАТО. Сепак, секоја членка на НАТО сама одлучува каква помош ќе даде „Ќе го браниме секој квадратен сантиметар од територијата на НАТО“, постојано нагласуваше американскиот претседател во заминување Џо Бајден по рускиот напад на Украина. Украина би сакала да се најде под овој заштитен чадор. НАТО ...
Поразителни податоци за математичката писменост на македонските ученици покажаа и најновите меѓународни тестирања. Во математичка писменост од 58 држави, македонските ученици се на 44 место. Во природни науки, тие се три места подолу, односно на 47 место. Ова го покажуваат резултатите од последното меѓународно ТИМСС тестирање (TIMSS – Trends in International Mathematics and Science Study) што беше спроведено во 2023 година, а во коешто по петти ...
Предлогот на Фискалниот совет за поместување на старосната граница за пензионирање на 67 години и за мажите и за жените, засега ја нема поддршката и од партиите. Од ВМРО-ДПМНЕ се децидни дека ниту партијата ниту Владата не поддржуваат зголемување на старосната граница за пензионирање. „Тоа е веќе кажано и е затворена тема за нас“, порачаа од партијата. Ваквиот предлог предизвика незадоволство и кај опозицијата. Потпретседателката на СДСМ, ...
Иднината на Западен Балкан е во ЕУ и треба да се работи тоа да се постигне. Ова е пораката којашто ја испрати новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта, на вечерата со лидерите на Западен Балкан во Брисел, а на која што присуствуваше и комесарката за проширување на Унијата, Марта Кос. „Иднината на Западен Балкан е во ЕУ. Ајде да работиме за да го оствариме тоа. Ова е пораката што ја испратив, заедно со Каја Калас и Марта Кос на ...
Отпрвин имаше само неколкумина, но потоа дојдоа во толпа: стотици работници во фабриката на Фолксваген во Хановер се собраа пред Портата 3, истакнувајќи постери на кои пишуваше: „Сакате војна, ние сме подготвени!“ и вееја црвените знамиња на моќниот синдикат ИГ Метал. Во својата фабрика во Хановер, Фолксваген произведува лесни транспортни возила, вклучително и електричниот минибус ID.Buzz, наследникот на легендарниот Bulli, кој од производната ...
Предлогот за поместување на старосната граница за пензионирање во Северна Македонија предизвика лавина реакции во јавноста. Синдикатите се загрижени, но Владата смирува дека во овој момент не размислува да ја зголеми старосната граница за одење во пензија на 67 години од 2026 година. Во меѓувреме се прават анализи како да се обезбеди стабилен пензиски фонд. Темата стана актуелна по предлогот на Фискалниот совет за надминување на проблемите со ...
По обидот на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол да воведе воена состојба во Јужна Кореја, во земјата владее голем гнев. Опозициската Демократска партија (ДП) зборува за јасно кршење на Уставот и поднесе барање за постапка за импичмент. За тоа би требало се гласа во наредните три дена, велат пратениците од опозициските партии. Претходно, барања за оставка на претседателот дојдоа од синдикатите. Корејскиот сојуз на синдикати објави дека ...
Историски, Северна Македонија е земја која веќе треба да се нарече созреана држава. Над 30-годишната самостојност на државата создаде основа за раст и развивање на институциите, но исто така и на политиката. Од држава која излезе од еднопартиски систем на Македонија и претстоеше тешка трансформација на сите полиња. Едно од најзначајните сепак беше прифаќањето дека Македонија не е само на Македонците – идеја која и ден денес ги бранува ...
Што се случи досега? Четири години работите во сириската граѓанска војна изгледаа мирни, со прилично статични линии на конфликт - сѐ до офанзивата на северозапад, насочена против трупите на владетелот Башар ал-Асад и заканувачка кон курдското население во регионот. Борците од исламистичката, протурска група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТШ) ја започнаа изненадувачката иницијатива во средата (27.11.). Два дена подоцна, ХТШ го објави заземањето на вториот ...
Сите зборуваат за политичкиот хаос во Франција : Владата на Мишел Барние стравува дека ќе биде загрозена стабилноста на земјата, опозицијата од левицата ја обвинува дека не прави ништо за интересите на мнозинството француски граѓани, а истите критики кои доаѓаат и од опозициската десница. Екстремно десничарската партија Национален собир (РН) на Марин Ле Пен тврди дека премиерот Барние и претседателот Емануел Макрон го предизвикале хаосот. ...
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во Брисел ќе присуствува на неформална работна вечера што за лидерите од земјите од регионот на Западен Балкан ја организира новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта, чиј мандат почна на први декември. Претходно Мицкоски ќе има и одвоена средба со Кошта. Од прес службата на Кошта претходно за медиуми изјавија дека целта на неформалната вечера е претседателот на Европскиот совет да се сретне со ...
Дали Фолксваген е само уште еден обичен германски автомобилски концерн? И дали неговите автомобили се обични автомобили? За генерации Германци, одговорот на ова прашање е сосема јасен: „Не, ова не се обични автомобили“. Марката Фолксваген е втисната во колективната ДНК на Германија со генерации. Без разлика дали станува збор за модели како Буби, транспортерот Були, Голф , Кеди или Пасат, моделите на Фолксваген предизвикуваат спомени и емоции кај ...
Раководството на германската крајно десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД) одлучи да се одвои од својата младинска организација, Млада Алтернатива (ЈА) и на нејзино место да формира нов партиски подмладок. Сојузниот извршен борд на АфД донесе одлука за измена на партискиот статут со што ќе се овозможи таквиот чекор, јави агенцијата ДПА. Дискусијата за создавање нов подмладок трае веќе извесно време, а причината е што младинската ...
Активистите ги повикуваат граѓаните на протести поради енормното загадување на воздухот, особено во текот на зимата. Откако главниот град Скопје, но и останатите градови во внатрешноста речиси секојдевно се обвиткани во густ чад и смог, а граѓаните дишат нечист воздух и во домот и на улица, се бараат итни решенија од надлежните. Голем број смртни случаи Секоја година во Северна Македонија се бележат околу 3.828 смртни случаи предизвикани од ...
Оштетувањето на кабли со оптички влакна предизвика прекин на интернетот во Финска. Оштетувањето на кабелот е откриено денеска и се случило на копно во Финска. Станува збор за телекомуникациска линија меѓу Финска и Шведска која е оштетена на две различни места. „Ситуацијата ја сфаќаме сериозно“, напиша финската министерка за комуникации Лулу Ране на социјалната мрежа X. Таа додаде дека властите го истражуваат овој случај. Шведска: „Сомневање во ...
„Редовно учество и добитник на грант од Министерството за образование за меѓуетничка интеграција во образованието". Ова е една од придобивките со кои се фали Централното основно училиште „7 Март" од село Челопек, Општина Брвеница, на неговата официјалната веб страница. Нема податок колку средства по таа основа досега се влеале во училиштето. Но, очигледно е дека поддршката траела повеќе години, бидејќи добиените грантови од МОН се наведени со ...
Русија или Европа - во кој правец да се оди? Ова прашање во моментов тера на протести десетици илјади луѓе во Грузија. Сега луѓето протестираат не само во главниот град Тбилиси, туку низ целата земја: од втората по големина метропола Батуми на Црното Море до големиот град Рустави на исток. Мотивирани од нивната претседателка Саломе Зурабишвили, демонстрантите наидуваат на масовен отпор, особено во главниот град Тбилиси. Специјалните сили ...
Бавно, застрашувачки бавно, ама сепак во Македонија расте сознанието дека одложувањето и доведувањето во прашање на преговорите со ЕУ е велепредавство на најзначајните државни интереси. Се повеќе јавни личности, слободно мислечки луѓе, новинари, иако сѐ уште малцинство, предупредуваат погласно, похрабро и аргументирано на катастрофалните последици, доколку потрае самоблокадата на македонските евроинтеграции што ја поставија премиерот Мицкоски и ...
Кризата со пензискиот систем се посилно чука на врата и во Северна Македонија. Алармот е одамна вклучен, по укажувањата дека дупката во ПИОМ никако не може да се пополни, па секоја трета пензија мора да се исплаќа од државниот буџет. Сега ситуацијата е дури и полоша. Академик Абдулменаф Беџети за ДВ вели дека сега секој 2,5 пензионер се финансира од државниот буџет. Поради тоа Фискалниот совет, во кој членува Беџети, иницираше поместување на ...
Можноста за поместување на старосната граница за пензионирање станува повторно актуелна. Овојпат иницијативата доаѓа од страна на Фискалниот совет, државна институција основана од Собранието, којашто предлага зголемување на старосната граница за пензија на 67 години како дел од мислењето за Фискалната стратегија (2025-2029). Овој предлог, којшто е доставен до Собранието на Северна Македонија, предвидува измената да стапи на сила во 2026 година и ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) објави дека цената на електричната енергија ќе се зголеми за најмногу еден отсто од почетокот на 2025 година. Кај домаќинствата и кај најголем дел од малите потрошувачи, ќе има намалување на мрежарината, вклучувајќи го преносот и дистрибуцијата, за седум проценти. До пролет нема да има никакви измени кај дневната евтина тарифа, а потоа ќе се прават анализи дали е можно да има дополнително уште еден час ...
„Франкфуртер алгемајне цајтунг" пишува дека „по бомбашкиот напад на каналот на северот на Косово, од каде што доаѓа водата неопходна за работата на две електрани, косовскиот премиер Албин Курти ја обвини Србија дека е одговорна за експлозијата. Белград ги отфрла обвинувањата. Во меѓувреме косовската полиција уапси осум осомничени лица за време на рациите спроведени на северот на Косово населен со Срби и објави дека запленила и оружје и ...
Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, пред истекот на мандатот поднесе неотповиклива оставка од раководната функција, но и понатаму останува член на Советот. „Нема да дозволам никој да го валка мојот образ и углед“, порача таа, образложувајќи дека одлуката ја носи поради притисоци од власта, но и со цел да го заштити својот углед и семејството. На прес-конференција во Скопје, Дамева посочи дека нема слух за подобрување на состојбите ...
Пред сѐ, војните во Украина и во Појасот Газа, но и растечките тензии во Источна Азија, ја поттикнуваат побарувачката на оружје и воена опрема. Приходите на 100-те најголеми светски производители на оружје во 2023 година достигнаа вкупно 632 милијарди американски долари, што е зголемување од 4,2 проценти во споредба со претходната година. Ова се наведува во најновиот извештај на Шведскиот институт за мировни истражувања СИПРИ, кој ги анализира ...