
Скопје
37ᴼ /
37ᴼ



2024 година донесе многу тешки моменти за човештвото - војната во Украина продолжи со несмалено темпо, немаше траен прекин на огнот меѓу Израел и Палестинците, а конфликтот се прошири дури и во Либан. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во својата новогодишна порака најави дека неговата земја ќе стори сѐ за да стави крај на руската агресивна војна во 2025 година. „Нека 2025-та биде наша година. Година на Украина. Знаеме дека мирот нема да ...
На 1-ви јануари 2025 година Полска го презема од Унгарија претседавањето со Советот на ЕУ во времетраење од шест месеци. Со тоа за ЕУ завршува едно турбулентно полугодие во кое наместо да дејствува како неутрален посредник, унгарскиот премиер Виктор Орбан беше на курс на конфронтација со Брисел и ги дразнеше своите партнери со своеволна „мировна мисија“ и непланирани посети на Москва, Киев и Пекинг. „Претседателството на Полска со ЕУ ќе биде ...
„Заедно за мирна новогодишна ноќ“ – пишува на плакатот на влезот во „Дити-Треф“. Просторијата во која се одржува состанокот е исполнета до последно место. Тука се собраа жители на маалото во берлинската населба Кројцберг наречено Вернер-Дитман, млади мајки, пензионери и постари жени. Причината е доаѓањето на т.н „маалски менаџер“ Али Хатаб. Присутните го познаваат него и уште неколку лица од противпожарна станица Урбан во главниот град на ...
На преминот од 2024 во 2025 година, се проценува дека на Земјата живеат 8,156 милијарди луѓе. Тоа е околу 82 милиони луѓе повеќе од пред точно една година (8,083 милијарди), објави Германската фондација за светско население (ДСВ). За споредба - сличен број луѓе во моментов живеат во Германија, односно околу 84 милиони луѓе. Бројката од 8 милијарди луѓе ширум светот беше надмината во ноември 2022 година. Обединетите нации (ОН) очекуваат дека ...
Германскиот канцелар Олаф Шолц повикува на единство во пресрет на новата година - и на што поголем одзив на граѓаните на претстојните избори за Бундестагот. Секој што ќе погледне во денешниот свет знае „какво огромно достигнување претставуваат слободните и тајните избори“, вели Шолц во своето новогодишно обраќање, чиј текст е однапред објавен. Тој апелира до Германците да не дозволуваат на изборите некој од надвор да влијае врз нив. „ За тоа ...
Што напиша американскиот технолошки милијардер во својот текст? Откако Илон Маск денови претходно на неговата платформа Х пиша дека само (во делови како десно екстремна оквалификуваната) АфД може да ја спаси Германија, советникот на Трамп за време на предизборната кампања за парламентарните избори во Германија закажани за 23 февруари, уште еднаш излезе со истиот став во неделникот „Велт ам Зонтаг“. Во гостинскиот коментар тој пишува дека ...
Обвинителството треба да го повика на распит првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, бидејќи во изјава за јавноста кажа дека знаел за локацијата на Артан Груби, порача вицепремиерот задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи. Тој потенцира дека Обвинителството има законска обврска да го повика Ахмети. „Али Ахмети изјави дека има сознанија за локацијата на Артан Груби, по кого има меѓународна потерница. Јавното обвинителство, врз основа на оваа јавна ...
Лидерите ширум светот изразија тага поради смртта на поранешниот американски претседател Џими Картер. Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот наследник Доналд Трамп го пофалија Картер како човек кој им го подобри животот на многумина. Со сочувство и морална јасност, тој водеше кампања за искоренување на болестите, се залагаше за мир, промовираше граѓански и човекови права, слободни и фер избори, помош за бездомниците и најсиромашните, ...
Според Источниот, или како обично се нарекува кинескиот календар, влегуваме во годината на змијата. Не е прецизирано дали се работи за обична водена змија , отровница мамба, поскок, кобра, или пак за смок, или голем питон. Источните астролошки толкувања предвидуваат дека 2025 ќе биде година на остриот ум, на лукавството, на сензуалноста и скриената моќ. Ќе била таа судбоносна и пресвртна година. За тие што веруваат во хороскопските знаци во ...
Во август 1999 година Владимир Путин беше назначен за премиер на Руската Федерација. На преминот од 1999 кон 2000 година го наследи болниот претседател Борис Јелцин. Уште при преземањето на функцијата, Путин изјави дека Русија е и ќе остане велесила. Во Европа повеќе го сметаа за реформатор кој треба да ја реорганизира хаотичната Русија од дивите 1990-ти години. Во јуни 2001 година, американскиот претседател Џорџ Буш по нивниот самит го нарече ...
Претседателството на Виктор Орбан со Советот на ЕУ завршува. Номинално, секогаш земја-членка на ЕУ го презема шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ, но во случајот на Унгарија може слободно да се каже дека претседаваше една личност бидејќи во унгарската владина политика исклучиво Орбан се слуша. Тој ги одредува темите, наративот и донесува одлуки, некогаш и до најситни административни процеси. Така беше и за време на овогодинешното ...
Некои можеби ќе бидат изненадени од германската статистика дека денешните потрошувачи имаат најмалку три полначи со кои ги напојуваат своите електрични уреди. Можеби објаснувањето е во зборот „најмалку“ или тоа се корисници кои ревносно ги фрлале своите постари уреди. Бидејќи, има многу граѓани кои имаат полна фиока полначи - од оние за малку постари дигитални фотоапарати до смартфони и лаптопи, со различен напон, често со различна јачина и ...
(извадок од романот „Простување“ од Кица Колбе) Со силата на лириката Евреинот Паул Целан во „Фугата на смртта” го изрази незамисливото во името Аушвиц. Ја пишувал од 1944 до 1945. По војната, во 1947, првпат е објавена во превод на романски, а 1948 на германски. Токму поради лириката на Паул Целан, верував долго (и уште верувам) дека уметноста е посилна од разорната сила на злото. Зашто таа не дозволува да се заборави страдањето. И, сепак, ...
Почна со битка против инфлацијата, завршува со фронт против ценовното дивеење. Гаснењето социјални пожари наместо економски развој остави белег и на 2024 година. Веројатно и очекувано, во годината која донесе двојни избори, претседателски и парламентарни, две политички и една техничка влада со тројца премиери. Бремето од политичката битка за власт се покажа претешко за да може да се реализира уште едно ветување за подобар стандард и подобра ...
По уривањето на азербејџански патнички авион со 67 патници на 25 декември, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев бара Москва недвосмислено да ја признае одговорноста за падот. Загинаа 38 патници, а останатите го преживеаја принудното слетување во Казахстан. Алиев смета дека Русија е одговорна за несреќата, иако според него е јасно дека „конечната верзија ќе се знае дури откако ќе се провери црната кутија“. Алиев за азербејџанската државна ...
Високите стандарди и длабокиот пад на 39-от претседател на САД најдобро може да се доловат со четири симболични слики: на парадата по повод неговата инаугурација на 20 јануари 1977 година, Џими Картер го одби традиционалното возење со претседателската лимузина и наместо тоа рутата ја мина пеш рака во рака со неговата сопруга Розалин и неговата ќерка Ејми. Претседателот Картер испрати слична порака и кога сам си го носеше својот багаж до ...
По три месеци во кои никој не ја освои главната награда, во Калифорнија е продаден билет во вредност од околу 1,22 милијарди долари на извлекувањето во петокот вечерта. Идентитетот на добитникот не беше објавен, но е познато каде е уплатено лото ливчето. Ишар Гил ја држи копијата на лото ливчето уплатено на неговата бензинска станица во Котонвуд, близу Сакраменто во Калифорнија. Некој муштерија поминал тука, можеби наточил бензин, уплатил лото и ...
Во многу партии во Германија бројот на членови со години се намалува. Но, сега работите изгледаат поинаку и се повеќе луѓе се зачленуваат во партиите. Многу нови членови се исклучително мотивирани за кампањата за предвремените избори за Бундестагот, кои вчера, согласно очекувањата германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер ги распиша на 23 февруари. Откако се распадна владејачката семафор-коалиција во Германија на 6 ноември, 20.000 луѓе се ...
Мултилатералните институции како Светската трговска организација (СТО) не се од особен интерес за Доналд Трамп. Според него, тие се против интересите на САД. „Тој смета дека долгорочната потрага по компромиси во меѓународните организации е чисто губење време“, изјави за ДВ поранешниот германски амбасадор во Пекинг, Михаел Шефер. Два сосема различни погледи на светот се толку спротивставени, што првиот мандат на Доналд Трамп, гледано од денешна ...
„Почнуваме со криминалци, мораме да го направиме тоа. А потоа продолжуваме со другите." Веќе во своето прво телевизиско интервју по победата на изборите, идниот американски претседател Доналд Трамп за Ен-Би-Си њуз јасно стави до знаење дека неговото предизборно ветување дека ќе депортира милиони илегални имигранти не се само празни зборови. Тоа мора да се направи, дури и ако биде многу тешко, рече Трамп. Од првиот ден од неговиот претседателски ...
Околу 473 милиони деца ширум светот живеат во области погодени од конфликти. Според годишниот извештај на Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), тоа значи секое шесто дете. Ова е, како што понатаму се наведува во извештајот, кој се базира на најновите глобални статистички податоци, најголема бројка од Втората светска војна. Рекордни бројки Уделот на деца кои денес живеат во конфликтни области е речиси двојно зголемен, од 10 на 19 отсто, од ...
Осаменоста станува сѐ поголем проблем во Германија, барем според новото истражување спроведено од една од водечките компании за јавно здравствено осигурување. Околу 60 отсто од Германците често, понекогаш или ретко се чувствуваат осамено, покажува истражувањето кое во средата во Берлин го презентираше Техникер кранкенкасе (TK). Во анкетата спроведена од институтот Форса во текот на мај годинава учествувале 1.403 лица. Се чини дека осаменоста ...
Падот на инфлацијата во многу земји помогна празничниот буџет да не се соочи со дополнително оптоварување, освен кога станува збор за чоколадо! Додека потрошувачите во Германија се снабдуваа со резерви за празниците, локалните медиуми објавија дека детски чоколаден Дедо Мраз чини речиси 50% повеќе. Уште пред почетокот на божиќните набавки британската организација за потрошувачи „Вич“ предупреди дека цените на табли чоколада и на отмени чоколадни ...
Дали Агенцијата за национална безбедност (АНБ) е институција длабоко партизирана од ВМРО-ДПМНЕ, како што критикуваат од СДСМ, или била партизирана во мандатот на СДСМ, а притоа и тешко злоупотребена за следење на политички опоненти? Од СДСМ повеќе пати реагираа на изборот на новиот директор на АНБ, на неговите стручни квалификации, на именување партиски кадри во граѓанскиот совет за надзор на комуникациите, и изразуваа стравување од можни ...
На крајот од годинава можеби треба да ги релаксираме читателите од грубоста на политиката, од истото па истото што се случува, од фатаморганите, од измамите, од лажните ветувања, од doppelgänger-ите, од лажните пророци, од уште полажните херои... и малку да напишеме некој збор за филозофијата. Всушност за филозофијата во политиката. Може да изгледа нерелаксирачки, но во основа е попријатно од примитивноста на македонската политика. Како мал увод ...
За време на неговиот прв претседателски мандат, Доналд Трамп водеше кампања против ТикТок. Еден ден пред да ја преземе функцијата во вторпат, на кинеската социјална мрежа, поради безбедносни причини, и се заканува забрана во САД. Но, сега, новоизбраниот претседател на САД интервенира во спорот со сосема поинаков мотив. Тој имено го повика Врховниот суд на САД да ја запре имплементацијата на федералниот закон за ТикТок кој би довел до забрана на ...
Словачка е подготвена да биде домаќин на можни преговори за мир во Украина. „Ние нудиме такви преговори на словачко тло“, изјави министерот за надворешни работи Јурај Бланар во петокот на онлајн сервисот Фејсбук. Претставниците на сите страни во конфликтот „а со тоа и Русија“ мора да учествуваат во разговорите, нагласи Бланар. Рускиот претседател Владимир Путин ден претходно изјави дека Словачка предложила да служи како „платформа“ за мировни ...
Дали оваа луксузна јахта „Принцес С65“ е заглавена среде парк на Рајна? Не! Всушност, таа ќе биде транспортирана до „Boot Düsseldorf", најважниот саем за бродови, чамци и за спортови на вода во светот. Подготовките за „Boot Düsseldorf 2025", кој започнува за нешто помалку од три недели, веќе влегоа во завршна фаза. Од 18 до 26 јануари иновации во оваа гранка повторно ќе бидат претставени во главниот град на германската покраина Северна Рајна ...
Поддржувачите на Зоран Милановиќ имаа што да видат едно неделно утро кон средината на декември 2024 година. На почетокот на изборната кампања во преполната сала во Загреб, актуелниот претседател на земјата членка на ЕУ и кандидат на претстојните претседателски избори (29 декември 2024 година) се претстави на за него вообичаениот борбен начин. Откако публиката го поздрави Милановиќ со громогласен аплауз, тој остро ги нападна премиерот Андреј ...
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер најави распуштање на Бундестагот. Со својата одлука Штајнмајер го расчистува патот за планираните нови избори на 23 февруари, ден што претходно го договорија лидерите на пратеничките групи на СПД и Унијата. Во тешки времиња како сегашните, за стабилноста е потребна ефикасна влада и сигурно мнозинство во парламентот, изјави Штајнмаер. „Затоа сум убеден дека новите избори се вистинскиот пат за ...