
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



По шест години приказни за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, во Северна Македонија повторно се водат дискусии за бегство на ново звучно име. На господинот Артан Груби, му текнало 10 минути пред полицијата да му упадне дома, дека има неодложна и итна работа во Косово. Бидејќи тој како скромен прв вицепремиер во претходниот состав на владата немаше свој автомобил, живееше само од плата, некако баш кога му се приодело на Косово пред ...
На натпреварот за најдобра фризура, кој се одржува секоја година, учествуваа околу 90 бербери. Тие на огромни горештини и проследени со бразилска музика работеа во парк во населбата Мадуреира, во Рио де Жанеиро. Нивни модели беа волонтери. Берберите се обидоа да го дадат најдоброто од себе и да создадат стилови со апстрактни дизајни, или пак полни со детали. „Пред десет години берберите беа нешто што му припаѓа на времето на мојот дедо, никој не ...
Кратко по соборувањето на диктаторот Башар ал-Асад на 8 декември, Германија најави стопирање на обработката на барањата за азил од сириските граѓани. Само 36 часа откако сириските бунтовници го прогласија главниот град Дамаск за ослободен, сојузната влада ги суспендираше одлуките за повеќе од 47.000 барања за азил од Сиријците. Франција, Велика Британија, Италија и неколку други го следеа примерот за неколку часа. Тие одлуки предизвикаа нервоза ...
По информацијата дека високиот функционер на ДУИ, Артан Груби заминал во Косово пред да биде отворена истрагата против него за злоупотреби на 8 милиони евра во Државна Лотарија, во Приштина во вторникот (17.12) отпатува и партискиот лидер Али Ахмети. Причината за посетата е средба со градоначалникот на Приштина, Перпарим Рама, кој според косовските медиуми, треба да му го врачи „клучот на градот“. ДУИ на социјалните мрежи објави видео од ...
Ќе се врати за да докаже дека е „чист како солза", ќе се врати само ако и тој има некој како што Мијалков го имал него за да му ги олеснува судските процеси, или ќе избега како што направи поранешниот премиер Никола Груевски? Ова се трите сценарија што се вртат по прашањето како ќе постапи поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој замина од земјата во „приватна посета", на неодредена локација. За Груби настаните во последните неколку дена се ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на денешната посета (17.12.) на Туурција најави „уште милијарда евра“, кои „се на пат за 2024 година“. Парите, според неа, треба да придонесат за „миграцијата и управувањето со границите, вклучително и доброволното враќање на сириските бегалци“. Покрај тоа, парите ќе бидат искористени за финансирање на здравствената заштита и образованието на бегалците во Турција, објасни Фон ...
Страста за цигарите го исцрпува семејниот буџет. Домаќинствата со пушачи од семејниот буџет издвојуваат дури 13,2 отсто за купување цигари, што е значително зголемување од 10,3% во 2018 година, покажува најновата студија за ефектот на истиснување на потрошувачката на тутун врз буџетот на домаќинствата во Северна Македонија“ на Аналитика Тинк Танк. „Овие трошоци имаат ефект на ’истиснување’ на семејниот буџет што предизвикува пораст на ...
Извештајот на Амнести Интернешнал покажува дека српските власти користат шпионски софтвер за борба против новинарите, политичарите и невладиниот сектор. „Дигитален затвор: Надзор и гушење на граѓанското општество во Србија“ е името на споменатиот извештај, во кој се наведува дека српскиот режим користи форензички алатки за извлекување податоци од мобилни телефони на кои е инсталиран софтвер без никаква правна основа. Српската полиција и ...
До пред неколку недели Сара Вагенкнехт тоа го сметаше за несериозно, а сега го направи и самата – стана кандидатка за канцелар на нејзината партија. По ЦДУ/ЦСУ, СПД, Зелените и АфД, Сојузот Сара Вагенкнехт е петта партија која истакнува ваков кандидат. И тоа и покрај фактот што БСВ со своите едноцифрени вредности во анкетите на јавното мислење „не гледа никаква реална шанса да добие канцеларска функција.“ Што се крие зад потегот и кој воопшто ...
По нешто повеќе од три години на власт, германската влада предводена од социјалдемократот Олаф Шолц го загуби мнозинството во парламентот. Германскиот Бундестаг во понеделникот и изгласа недоверба на владата која, покрај Социјалдемократите, ја сочинуваа и партиите на Зелените и Либералите. Само 207 од вкупно 733 пратеници во Бундестагот и изгласаа доверба на владата, додека 394 беа против. Гласањето во долниот дом на германскиот парламент не ...
Командантот на руските трупи за одбрана од напади со радиоактивни, биолошки и хемиски супстанции, Игор Кирилов и неговиот заменик загинаа при експлозија во Москва, соопштија руските власти. Експлозивот бил детониран во близина на домот на Кирилов, во југоисточниот дел на Москва. Според изјава на портпаролката на истражната комисија за случајот, Светлана Петренко, експлозивот бил сокриен во електроскутер во близина на домот на Кирилов. Како што ...
Во ек е големо воодушевување на јавноста во Македонија. Специјална бригада на полицијата, предводена од нашиот Елиот Нес, како во Чикаго во триесеттите години од минатиот век, жестоко тргна во војна против мафијата. Фрчат конференции за медиумите, изјави во директен тв-пренос, вријат социјалните мрежи, ечат на сите страни фалби на новите власти за големите успеси. Се апсат мафиози и нивните босови, убијци, корумпирани политичари, терористи, ...
Со влегувањето на сириските бунтовници во главниот град Дамаск, се стави крај на годините на тиранија на поранешниот владетел Башар ал-Асад, кој беше обвинет за злосторства како тортура и употреба на отровен гас против населението. Според Сириската мрежа за човекови права (СНХР), само од почетокот на граѓанската војна во 2011 година па до денес, до смрт биле мачени повеќе од 15.000 луѓе. Невладината организација, за 98 отсто од тие жртви ги ...
Кои чекори се неопходни до предвремени избори? Веќе сите зборуваат за изборите планирани за 23 февруари 2025 година. Но, предвремени избори во Германија не се „туку-така“ изводливи. За тоа има одредени предуслови и постапка, кои меѓу другото се регулирани во членот 68 од Уставот. Суштински е канцеларот во Бундестагот да го постави прашањето за доверба и таа да не биде изгласана. Потоа сојузниот претседател мора да го распушти Бундестагот и како ...
Поранешен премиер и вицепремиер се дел од поголема истрага којашто се води за злоупотреби во Државната Лотарија. Со истрагата се опфатени уште шестмина, од кои двајца не се достапни за истражните органи. Едниот од нив е поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој во неделата порача дека е на пат во Косово и наскоро ќе се врати дома. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција го повика Груби „ако е чист како солза“ да се ...
Дваесет и едногодишен гостиварец формирал терористичка ќелија во која регрутирал лица и од земјата и во странство. Организацијата функционирала по матрицата на терористичка организација ИСИС и имала намера за изведување на терористички акт на цивилни цели и јавни објекти. Обвинителството информираше дека по неколкумесечна предистражна постапка во соработка со МВР е спроведена акција во струшкиот и гостиварскиот регион. Притоа се приведени три ...
Кога во август 1994-та филмот „Пред дождот” на Милчо Манчевски на фестивалот во Венеција ја освои наградата „Златен лав”, некои германски весници беа изненадени што победил филм од држава која, всушност, официјално „не постоела”. Секако, Македонија во тоа време се поврзуваше со спорот за името со Грција, со провизорното ПЈРМ и со опасноста од меѓуетнички конфликт. Таа беше најдобриот пример за западниот стеретип за Балканот, според кој војните ...
Српските служби наводно инсталирале шпионски софтвер на телефоните на најмалку 13 новинари и активисти во Србија, тврди Амнести Интернешнал повикувајќи се на активисти во извештај кој е објавен денеска (16.12.). Во два случаи софтверот, кој потекнува од израелската компанија Селебрит, бил користен за „отклучување“ на телефоните пред да бидат заразени со шпионскиот софтвер, се наведува во извештајот на Амнести Интернешнал (АИ). Наодите откриваат ...
Полицијата вчеравечер (15.12.) спровела акција на неколку локации низ земјата за приведување на сторители на кривични дела. Чаир и Арачиново во скопскиот регион се дел од локациите каде се вршеле проверки и претреси, а, според неофицијални информации, имало и уапсени, но и дел кои успеале да се избегаат пред да почне акцијата. МВР денеска ќе соопшти детали за акцијата, а според непотврдени информации таа наводно била планирана за друг ден. Но, ...
Легендарниот југословeнски новинар од Хрватска, Миљенко Смоје, некоја година пред да почине (во 1995) раскажа една епизода како почнале неговите проблеми со комунистичките власти во првите години по ослободувањето. Како млад новинар на „Слободна Далмација“ во неговиот Сплит тој напишал една кратка белешка за зголемените цени на кафето во рестораните на сплитската рива. Насловот на тој краток текст за поскапувањето при дружба или осама на ривата ...
Претседателот на воздухопловната асоцијација, Јенс Бишоф, очекува поскапување на цените на билетите за авионски превоз. „Пристигнувањата и полетувањата во Германија стануваат значително поскапи“, рече претседателот на Сојузната асоцијација на германската авијациска индустрија (BDL) за весниците на медиумската групација Функе. Воздухопловната такса, која е зголемена од мај, е веќе пресметана. Но, од јануари таксата за безбедносни проверки на ...
„Божиќниот спектакл“ во Радио Сити Музик Хол е несомнено еден од највпечатливите божиќни спектакли во светот и е нешто што не смее да се пропушти за сите оние кои сакаат целосно да уживаат во празничната предбожиќна атмосфера во Њујорк. Радио Сити Музик Хол, архитектонска скапоценост во срцето на Менхетен, обезбедува совршена кулиса за овој спектакуларен настан. За време на празниците, култното место се трансформира во блескава зимска земја на ...
Низ цела Германија веќе наголемо се печат божиќни колачи – крцкави и суви, или полнети со крем. Не е важно кој тип ќе го изберете, речиси за сите рецепти е потребен путер, а за некои и прилично големо количество путер... Ваквите колачи ќе бидат значително поскапи овој Божик. Во однос на минатата година, путерот поскапе за цели 38,9 проценти и сега чини од 2,39 евра нагоре. Експертите очекуваат и натамошен раст на цените, меѓу другото и затоа што ...
И покрај тековните протести, изборното собрание во Грузија го избра ултрадесничарскиот екс-професионален фудбалер Михаил Кавелашвили за нов шеф на државата. 53-годишниот кандидат од владејачката партија Грузиски сон немаше конкуренти. Пратеник е од 2016 година. Поради уставниот амандман усвоен во 2017 година, за прв пат претседателот повеќе не беше избиран директно од народот, туку од 300-члено тело составено од пратеници и локални политичари. ...
Таканаречениот фламинго тест го мери времето колку некој човек може да издржи да стои на една нога, со цел брзо и јасно да се процени процесот на стареење. Во една студија, објавена во списанието PLOS ONE научниците истражуваа до кој степен чекорењето, силата или рамнотежата може да послужат како брзи показатели за стареење, без да користат сложени инструменти. Во истражувањето учествувале 40 здрави луѓе - 20 под 65 години и 20 над 65 години - ...
Во услови на влошена државна криза во Јужна Кореја, парламентот го суспендираше претседателот Јун Сук Јеол од функцијата. Премиерот Хан Дак Су привремено ќе ги преземе должностите шеф на државата додека Уставниот суд конечно не одлучи за импичментот, судиите имаат 180 дена рок за да донесат одлука. Со 204 гласа „за“, предлогот доби јасно мнозинство на пленарната седница. Покрај 192-те пратеници од опозицискиот табор, потребни беа најмалку осум ...
Поранешниот рудар Јирген Јакубајт работи во рудникот за обука Реклингхаузен, каде постои оригинална градежна копија на рудник за јаглен. Тој прави сѐ за да се погрижи рударството да остане во сеќавањето на луѓето. Јирген Јакубајт сега слегува во рударската јама, каде ги води посетителите низ мрачните тунели и им покажува колку тешка била работата тука. „Ако не го правиме ова, за десет години никој нема да знае што е рударство“, вели Јирген. Во ...
ДУИ продолжува „силно да ги осудува последните случувања во Уставниот суд“, обвинувајќи дека „моноетничките интервенции во повеќеетничка држава создаваат опасен преседан“. Од Мала Речица велат дека одлуката за продолжување на процесот на проценка на уставноста на Законот за употреба на јазиците, и покрај бојкотот од судиите од албанската и турската заедница, претставува загрижувачки показател за недостаток на почит кон еднаквоста и меѓуетничката ...
Денеска, 14 декември ќе се одржи изборот на претседател на Грузија, но ова гласање е сѐ освен нормално. Расположението е напрегнато. Околу две недели во земјата секојдневно се одржуваат масовни протести против кои властите применуваат насилство. Во заднината на протестите е сѐ поголемата конфронтација меѓу опозицијата и владејачката партија Грузиски сон. Таа започна со парламентарните избори во октомври и кулминираше кога владата неодамна објави ...
Набрзо по објавувањето на новите прописи во здравството, владата на Словачка се соочи со бран на лутина и цинизам од лекарите на интернет. „Лекарите бараат од владата уредно финансирање на болниците – а тие одговараат со принудна работа“, стои во една од пораките испратени до премиерот. „Имам уште десет смени од по 24 часа. Затворот не би бил казна, туку добредојдена пауза“, додава еден колега. Одлуката за отказ од работното место ќе ја повлече ...