
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Судскиот совет на Република Северна Македонија на седница денеска избра нов претседател на тоа тело, Александар Камбовски, откако претходната претседателка Весна Дамева поднесе оставка на втори декември 2024 година, три дена пред пред истекот на нејзиниот мандат (петти декември 2024 г.) Избор на нов претседател не се реализираше пред крајот на минатата година и беше одложен до комплетирањето на составот со изборот на двајца нови членови од редот ...
Коментарите на интернет форумите на кои луѓе кои бараат виза за Германија не изгледаат многу мотивирачки. „Исклучително е тешко да се добие термин“, пишува еден студент од Мароко на платформата Редит. „Ужас!“ додава Трет кандидат нуди совет: Сè му се одвивало без проблеми кога испратил е-пошта до германската амбасада во која ја пофалил „прекрасната земја со богата култура, прекрасни пејсажи и топло гостопримство“. Дали ваквите трикови навистина ...
Во Германија почна „жешката“ фаза одпредизборната кампања - на 23 февруари ќе се одржат изборите за нов состав во Бундестагот. Десничарската Алтернатива за Германија (АфД), во која германската служба за заштита на редот гледа екстремистички елементи, може да смета на поддршката на една добро позната личност - Илон Маск. Овој близок пријател на Доналд Трамп од пред неколку дена отворено ја поддржува партијата Алтернатива за Германија, а ...
Во внатрешната политика на Словачка, прашањето за Украина веќе подолго време предизвикува тензии. Меѓутоа, премиерот Роберт Фицо, номинално социјалдемократ, а всушност десничарски популист, сега предизвика сериозен дипломатски конфликт поради прекинот на транзитот на гас во Украина. Но, не станува збор за наводна енергетска криза во Словачка, туку за обид да се оттргне вниманието од внатрешните проблеми, како што се драстичната програма за ...
Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, допатува во ненадејна посета на Сирија. Заедно со нејзиниот француски колега Жан-Ноел Баро, а во име на Европската унија, таа сака да разговара со претставниците на привремената влада, која ја формираа бунтовниците. Двајцата политичари меѓу другото имаат намера да се сретнат со водачот на исламистичките милитанти од Хајат Тахрир ал-Шамс (ХТС), Ахмед ал Шара. На 8 декември ХТС стави ...
Ако можеме нешто да предвидиме за 2025-та година, тогаш тоа е дека дефинитивно ќе се санкционира појавата на еден нов политички вид и субјект, изроден од комбинацијата на милијардерскиот технокапитализам на Илон Маск или Силиконската долина и реакционерското и популистичко движење „МАГА" на Доналд Трамп. Станува збор за епохален настан кој ретко кои генерации можат да го доживеат во своето време и предвидува создавање на еден нов културошки, ...
Нападот во Њу Орлеанс на новогодишната ноќ е најновиот во долгата низа случаи во кој возила беа користени како смртоносно оружје. Германија и Кина доживеаја слични напади во последните месеци. Њу Орлеанс, САД, 1 јануари 2025 година Вооружен маж влета со возило во толпа луѓе за време на новогодишната прослава во Њу Орлеанс, убивајќи 15, а повреди десетици луѓе. Федералното истражно биро на САД (ФБИ) соопшти дека го истражува инцидентот како ...
Веројатно најголемиот предизвик е Доналд Трамп, затоа што идниот американски претседател веројатно ќе се откаже од многу нешта кои ѝ беа важни на претходната коалиција во Берлин под водство на канцеларот Олаф Шолц од СПД. „Јасно е дека старата формула оти можеме да се потпреме на САД за нашата безбедност веќе не важи“, оценува за ДВ Торстен Бенер, директор на Институтот за глобална јавна политика во Берлин. Тој додава дека „не беше Трамп ...
„Во огромното мнозинство на места во Германија, новата година започна мирно и радосно“, вака германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер ја сумираше новогодишната ноќ. Истовремено, политичарката од СПД ги осуди сите кои со злоупотреба на пиротехнички средства ги попречувале акциите на полицијата, пожарникарите и итните служби на терен. Сторителите мора да бидат казнети со целосна сила на законот, додаде Фезер. „Ситуации слични на ...
Среде новогодишната ноќ камионче пикап влетува во толпа луѓе во францускиот кварт во Њу Орлеанс, кој е центар на ноќен живот и собиралиште на туристи. 15 лица се убиени, а многу други повредени во нападот. Мртов е и осомничениот сторител, кој беше застрелан од полицијата. Што се знае за него и неговиот мотив? Кој е сторителот? Властите соопштуваат дека осомничениот сторител е 42-годишниот Шамсуд-Дин Џабар, американски државјанин од Тексас роден ...
Инвалидитетот на раката кај 13-годишно дете, настанат како последица на тешка повреда од петарда, не ги разбуди родителите од зимскиот сон. И по новогодишната ноќ, која наликуваше на војна со петарди, нивната употреба продолжува и понатаму. Полициските билтени се полни со информации за заплена на големи количини пиротехнички средства низ градовите во земјата, но продавачите и натаму наоѓаат разни начини да ги испорачаат. За жал, меѓу најчестите ...
Заврши новогодишната прослава по плоштадите низ Македонија, на Универзитетската клиника за гинекологија во Скопје во првата минута од Новата 2025 година се роди и првото (машко) бебе во земјата, а по бучната ноќ од петарди и огномети, осамна тивок ден во кој секојдневието се враќа во претходната рутина. Претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата, ...
По турбулентната 2024, Владата влегува амбициозно во 2025 година. Со прв буџет скроен по сопствена мерка, се планира поттикнување на економскиот развој и подобрување на условите за живот на граѓаните. Се планираат инвестиции, засилени реформи, повисоки плати и пензии, но не и зголемување на старосната граница за пензионирање. Во интервјуто за Дојче веле, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска зборува како би се реализирал планот ...
Кога датум за колумна ти е 1-ви или 2-ри јануари, практично нема што друго да пишуваш освен за претходната година, и за прогнозите за наредната. Така, доследно на традицијата, време е да се осврнеме на 2024 - година на сериозни политички промени, во светот, и особено во Македонија. Целосна променана политичкиот амбиент, на дискурсот, но, би рекол, и на стратегијата за развој и планот за тоа каде треба да оди државата во следната деценија. ...
По што ќе ја памтат граѓаните на Македонија 2024 година, чии последни часови ги одбројуваме пред доаѓањето на 2025? Мини анкета со граѓаните открива различна лепеза на настани, но за два од нив постои општ консензус - тоа е големиот триумф на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори, како и на нивната кандидатка Гордана Сиљановска Давкова на претседателските избори. Меѓу „пазлите“ што го сочинуваа сложниот мозаик на 2024 година, нашите соговорници ...
На крајот на секоја година во Северна Македонија се прави рекапитулар на претходната и се испишува листа на очекувања од новата година. Вообичаено тоа се здравје, среќа, успех и други стереотипни зборови кои впрочем ги разменуваме и кога си честитаме со семејството и пријателите. Резимето на оваа социјална норма е сепак дека кога ќе се сумира секоја година, излегува дека граѓаните повторно не биле среќни, а според лични согледувања не биле ни ...
2024 година донесе многу тешки моменти за човештвото - војната во Украина продолжи со несмалено темпо, немаше траен прекин на огнот меѓу Израел и Палестинците, а конфликтот се прошири дури и во Либан. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во својата новогодишна порака најави дека неговата земја ќе стори сѐ за да стави крај на руската агресивна војна во 2025 година. „Нека 2025-та биде наша година. Година на Украина. Знаеме дека мирот нема да ...
На 1-ви јануари 2025 година Полска го презема од Унгарија претседавањето со Советот на ЕУ во времетраење од шест месеци. Со тоа за ЕУ завршува едно турбулентно полугодие во кое наместо да дејствува како неутрален посредник, унгарскиот премиер Виктор Орбан беше на курс на конфронтација со Брисел и ги дразнеше своите партнери со своеволна „мировна мисија“ и непланирани посети на Москва, Киев и Пекинг. „Претседателството на Полска со ЕУ ќе биде ...
„Заедно за мирна новогодишна ноќ“ – пишува на плакатот на влезот во „Дити-Треф“. Просторијата во која се одржува состанокот е исполнета до последно место. Тука се собраа жители на маалото во берлинската населба Кројцберг наречено Вернер-Дитман, млади мајки, пензионери и постари жени. Причината е доаѓањето на т.н „маалски менаџер“ Али Хатаб. Присутните го познаваат него и уште неколку лица од противпожарна станица Урбан во главниот град на ...
На преминот од 2024 во 2025 година, се проценува дека на Земјата живеат 8,156 милијарди луѓе. Тоа е околу 82 милиони луѓе повеќе од пред точно една година (8,083 милијарди), објави Германската фондација за светско население (ДСВ). За споредба - сличен број луѓе во моментов живеат во Германија, односно околу 84 милиони луѓе. Бројката од 8 милијарди луѓе ширум светот беше надмината во ноември 2022 година. Обединетите нации (ОН) очекуваат дека ...
Германскиот канцелар Олаф Шолц повикува на единство во пресрет на новата година - и на што поголем одзив на граѓаните на претстојните избори за Бундестагот. Секој што ќе погледне во денешниот свет знае „какво огромно достигнување претставуваат слободните и тајните избори“, вели Шолц во своето новогодишно обраќање, чиј текст е однапред објавен. Тој апелира до Германците да не дозволуваат на изборите некој од надвор да влијае врз нив. „ За тоа ...
Што напиша американскиот технолошки милијардер во својот текст? Откако Илон Маск денови претходно на неговата платформа Х пиша дека само (во делови како десно екстремна оквалификуваната) АфД може да ја спаси Германија, советникот на Трамп за време на предизборната кампања за парламентарните избори во Германија закажани за 23 февруари, уште еднаш излезе со истиот став во неделникот „Велт ам Зонтаг“. Во гостинскиот коментар тој пишува дека ...
Обвинителството треба да го повика на распит првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, бидејќи во изјава за јавноста кажа дека знаел за локацијата на Артан Груби, порача вицепремиерот задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи. Тој потенцира дека Обвинителството има законска обврска да го повика Ахмети. „Али Ахмети изјави дека има сознанија за локацијата на Артан Груби, по кого има меѓународна потерница. Јавното обвинителство, врз основа на оваа јавна ...
Лидерите ширум светот изразија тага поради смртта на поранешниот американски претседател Џими Картер. Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот наследник Доналд Трамп го пофалија Картер како човек кој им го подобри животот на многумина. Со сочувство и морална јасност, тој водеше кампања за искоренување на болестите, се залагаше за мир, промовираше граѓански и човекови права, слободни и фер избори, помош за бездомниците и најсиромашните, ...
Според Источниот, или како обично се нарекува кинескиот календар, влегуваме во годината на змијата. Не е прецизирано дали се работи за обична водена змија , отровница мамба, поскок, кобра, или пак за смок, или голем питон. Источните астролошки толкувања предвидуваат дека 2025 ќе биде година на остриот ум, на лукавството, на сензуалноста и скриената моќ. Ќе била таа судбоносна и пресвртна година. За тие што веруваат во хороскопските знаци во ...
Во август 1999 година Владимир Путин беше назначен за премиер на Руската Федерација. На преминот од 1999 кон 2000 година го наследи болниот претседател Борис Јелцин. Уште при преземањето на функцијата, Путин изјави дека Русија е и ќе остане велесила. Во Европа повеќе го сметаа за реформатор кој треба да ја реорганизира хаотичната Русија од дивите 1990-ти години. Во јуни 2001 година, американскиот претседател Џорџ Буш по нивниот самит го нарече ...
Претседателството на Виктор Орбан со Советот на ЕУ завршува. Номинално, секогаш земја-членка на ЕУ го презема шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ, но во случајот на Унгарија може слободно да се каже дека претседаваше една личност бидејќи во унгарската владина политика исклучиво Орбан се слуша. Тој ги одредува темите, наративот и донесува одлуки, некогаш и до најситни административни процеси. Така беше и за време на овогодинешното ...
Некои можеби ќе бидат изненадени од германската статистика дека денешните потрошувачи имаат најмалку три полначи со кои ги напојуваат своите електрични уреди. Можеби објаснувањето е во зборот „најмалку“ или тоа се корисници кои ревносно ги фрлале своите постари уреди. Бидејќи, има многу граѓани кои имаат полна фиока полначи - од оние за малку постари дигитални фотоапарати до смартфони и лаптопи, со различен напон, често со различна јачина и ...
(извадок од романот „Простување“ од Кица Колбе) Со силата на лириката Евреинот Паул Целан во „Фугата на смртта” го изрази незамисливото во името Аушвиц. Ја пишувал од 1944 до 1945. По војната, во 1947, првпат е објавена во превод на романски, а 1948 на германски. Токму поради лириката на Паул Целан, верував долго (и уште верувам) дека уметноста е посилна од разорната сила на злото. Зашто таа не дозволува да се заборави страдањето. И, сепак, ...
Почна со битка против инфлацијата, завршува со фронт против ценовното дивеење. Гаснењето социјални пожари наместо економски развој остави белег и на 2024 година. Веројатно и очекувано, во годината која донесе двојни избори, претседателски и парламентарни, две политички и една техничка влада со тројца премиери. Бремето од политичката битка за власт се покажа претешко за да може да се реализира уште едно ветување за подобар стандард и подобра ...