Владиниот коалиционен партнер „Вреди“ ја смирува топката околу промената на државниот грб и химната. Откако поголемиот дел од партиите се изјаснија дека се против оваа идеја, првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити вели дека не се водат преговори во однос на химната и грбот, но и дека нема табу теми во владината коалиција. Според него, во моментот има други теми коишто се во фокусот на владините партнери во Северна ...

Тоа е пресврт на американски начин: Американски претседател кој не му се заканува на Владимир Путин, туку на неговиот колега од Украина? До неодамна тоа беше незамисливо. Пријателот стана непријател, сојузниците стануваат жестоки противници. Оној кој го нарекува Володимир Зеленски диктатор, и ја префрла на нападнатата земја вината за руската инвазија и од старт ја исклучува можноста Украина да стане членка на НАТО, тој не сака мир, туку ...

„Европа не е силна без силна Германија“, рече претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола по распадот на коалицијата на Социјалдемократите, Либералите и Зелените во ноември минатата година. Понатамошни официјални изјави за изборите во Германија се ретки, бидејќи претставниците на Европската Унија генерално не ги коментираат изборите во земјите-членки. Меѓутоа, кога најголемата земја-членка се соочува со можна промена на власта, тоа ...

Колку пати досега сте прочитале наслов „Повторно уништена урбана опрема - искршени клупи и реквизити на игралишта и во детски катчиња“? Секојдневното девастирање на урбаната опрема на јавни површини во Скопје и во други градови - одамна не е вест. Но, вест е дека ќе се кројат сериозни решенија за да се превенираат и запрат вандалските практики. Вчера во Министерството за локална самоуправа се одржа првата средба на новоформираната работна група, ...

Во Корча вчера почнало првото рочиште по тужбата на фондацијата „Бугарска меморија“ од Бугарија, поднесена против македонската партија Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). „Споменатата фондација ја тужи МАЕИ и бара оштета од 10.000 евра и јавно извинување за клевета, бидејќи баравме од албанските власти да ја забрани дејноста на ова фондација во Албанија. Тоа, поради корумпирање на албански функционери за асимилација на ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп во средата го нарече Володимир Зеленски „диктатор без избори“, напаѓајќи го украинскиот претседател кој претходно оцени дека Трамп е под влијание на руските дезинформации. „Замислете, умерено успешен комедијант, Володимир Зеленски, ги убеди САД да потрошат 350 милијарди долари, да влезат во војна која не може да се добие, која никогаш не требаше да почне, а војна која тој, без САД и Трамп никогаш не може да ја ...

На 19 февруари 2020 година, напаѓач мотивиран од екстремно десничарски, расистички убедувања започна со убиства во Ханау, во близина на Франкфурт. Целта беa места поврзани со мигрантските заедници, при што загинаа девет лица, а беа повредени седум други. После тоа, тој ја убил мајка си, а на крајот и себеси. Непосредно пред нападот, сторителот гледал видеа на Јутјуб, вклучително и говори на Бјорн Хеке, еден од најистакнатите водачи на екстремно ...

Уморот јасно му се читаше на лицето на Володимир Зеленски кога вчера попладне застана пред микрофоните во Анкара. Украинскиот претседател предупредува дека сега не треба да се прават грешки, мислејќи на американско-руската средба во Саудиска Арабија. Средбата беше изненадување за Украина, за неа дознале преку медиумите. „Не знам кој останува или оди таму и, да бидам искрен, не ми е ни грижа“, рече Зеленски. „Но, не ми е сеедно што мислат нашите ...

Владината одлука за ограничување на маржите на 102 групи на производи или на над 1.000 прехранбени и непрехранбени производи, предизвика незадоволство кај трговците во Северна Македонија. Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун е сериозно загрижена по одлуката на Владата и бараат итна средба со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ...

Задоволен, американскиот претседател Доналд Трамп зачекори пред микрофоните на неговиот имот во Мар-а-Лаго: „Мислам дека имам моќ да ја завршам оваа војна. Мислам дека оди многу добро“, објасни Трамп. Тој не ги прифаќа критиките од украинската и европската страна поради тоа што првите разговори се одржаа без учество на Украина. Напротив, Трамп се нафрли на украинскиот претседател Володомир Зеленски: „И тогаш слушам 'Оххх, не бевме поканети'. Вие ...

Трансатлантската врска е тешко нарушена од минатата недела. Кристоф Хојсген, претседавач на Минхенската безбедносна конференција, по говорот на потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, рече дека стравува дека „нашата заедничка вредносна основа повеќе не е толку заедничка“. Хојсген ја нарече Конференцијата „европски кошмар“. Не беше само говорот на Венс што го иритираше германскиот политичар. Венс го критикуваше недостатокот на демократија во Европа ...

Последните случувања во и околу судската власт покажаа дека во Северна Македонија се брише линијата на контролата на моќта, која е сржта на модерните демократии. Таканаречениот Checks and balances принцип исчезнува а со тоа општеството влегува во опасните води на неконтролирана моќ концентрирана само во една институција а тоа е Владата. Владата на седницата во вторникот (18.02) го задолжи Министерството за правда да достави предлог за ...

Оставка од лични причини поднела обвинителката Наташа Крстевска Цалева која на 10-ти февруари беше избрана за јавен обвинител кој ќе раководи со работата на Вишото јавно обвинителство Скопје за време додека трае оддалечување од вршење на функцијата на Вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи. Неофицијално, Советот на јавните обвинители на денешната 18-та седница треба да ја констатира нејзината оставка. Изборот на Крстевска Цалева (не ...

„Ако се утврди тешка дисциплинска повреда самиот ќе се повлечам. Јавноста ќе цени дали ќе бидам разрешен на законит начин“, порача републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски откако премиерот Христијан Мицкоски побара од него да ја напушти функцијата, бидејќи „имал доволно можност да се покаже како безкомпромисен борец за правда“, но дека таа доверба не ја оправдал. Коцевски вели дека ќе се произнесе по предлогот за негово разрешување откако ...

Повторното отворање на прашањето околу потребата за промена на државниот грб, доведе до разногласие во владината коалиција во Северна Македонија. Додека ВМРО-ДПМНЕ и албанскиот коалиционен партнер „Вреди“ го ставаат на маса ова прашање, Максим Димитриевски како лидер на третиот коалиционен партнер во Владата - „ЗНАМ“, смета дека државниот грб во моментов ги задоволува сите потреби и од историски континуитет и од географски континуитет и „ја ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио и неговиот руски колега Сергеј Лавров денеска (18.02.) разговараат околу можниот крај на агресорската војна против Украина, која Русија ја започна пред речиси три години. Разговорот треба да биде подготовка на планираната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин. „Ќе се сретнеме во Саудиска Арабија“, изјави Трамп за печатот само неколку часа по ...

Коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа, дадени неодамна, ја оживеаја идејата што претходно ја промовираа тој и неговиот зет Џаред Кушнер. Неговиот планја позиционира Газа во смисла на потенцијал за недвижен имот, а не нејзината хуманитарна или политичка ситуација. Откако изјави дека САД „ќе го преземат Појасот Газа“ и „ќе го поседуваат“, Доналд Трамп рече: „Имаме можност да направиме нешто што може да биде феноменално ...

Македонскиот пат кон ЕУ започна многу пред да започне евроинтегративниот процес на Албанија, дури и пред Хрватска, но за нас системот на заслуги е бајка, а бајката стана подвижна мета, рече македонскиот премиер Христијан Мицкоски на вчерашниот панел во рамки на Минхенската безбедносна конференција посветен на пристапот на земјите од Западен Балкан кон ЕУ. „Ние сме жртви на билатеризација или да бидам попрецизен, нашето придвижување кон ЕУ е ...

Средбата во Париз не испрати никаков сигнал за пробив. Попрво, Европејците полека го опипуваат патот. Во својата изјава по средбата, германскиот канцелар Олаф Шолц го наведе она што е веројатно најголемиот заеднички именител: „Го поздравуваме фактот дека има разговори за постигнување мир. Но, јасно ни е дека тоа не значи дека може да има диктиран мир и дека Украина мора да го прифати она што ѝ е претставено“. Дебата за мировни сили Но, што значи ...

„Во суштина, мислиме дека ова прашање е прерано во овој момент. Треба да почекаме и да видиме дали и како ќе дојде до мир за Украина“, изјави заменик владината портпаролка Кристијане Хофман во понеделникот во Берлин. Според неа, само тогаш „ќе можеме да зборуваме за условите и да се справиме со тоа како ова може да се структурира“, рече Хофман, исто така во поглед на најавата на британскиот премиер Кир Стармер, кој најави дека неговата земја ...

Европската Унија сака да помогне во евроинтеграцијата на Северна Македонија. Проширувањето ќе се случи, но потребно е што поскоро спроведување на неопходните реформи. Ова е пораката којашто ја испратија во Скопје странските амбасадори по презентацијата на најновите анализи коишто покажуваат дека евроскептицизмот се уште е присутен во земјата, а постои и голем отпор за спроведување на обврската за уставни измени, како еден од главните услови за ...

„Откако пристигнаа во Крагуевац, околу 10.000 ентузијастички луѓе се собраа на Плоштадот на слободата пред градското собрание. Тие скокаат, пеат, аплаудираат, веат знамиња и палат факели. Ѓорѓе, 24-годишен студент по јапонски јазик од Белград е пресреќен. Исцрпен, го паркира велосипедот на тревникот. 'Пречекот овде е едноставно нереален', вели Ѓорѓе." Вака известува Оливер Зос, новинар на АРД, првата програма на германскиот јавен сервис, од ...

„Мора прво да го свариме ова“, рече претседателот на Латвија, Едгарс Ринкевичс во однос на ефектот врз Европејците што го предизвикал грубиот американски настап во Минхен во неделата наутро. Сите сега треба прво да дојдат до здив, а потоа да се концентрираат на тоа „што може да го направат“, порача тој и додаде дека беа презентирани „многу јасни изјави“ од САД. Прво, советуваше финскиот претседател Александар Стуб, иронично осврнувајќи се на ...

Мнозинството македонски граѓани по поддржуваат европскиот пат на Северна Македонија. Вкупно 62% од населението дава поддршка на аспирациите за членство во ЕУ, што претставува пораст од два проценти во споредба со претходната година. Овој благ пораст значи запирање на четиригодишниот пад на поддршката за интеграцијата во ЕУ. Во исто време, процентот на евроскептично население останува речиси ист и тој изнесува 11%. Групата на неопределени и ...

По предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преговори за војната во Украина, Франција денеска е домаќин на самит на неколку европски земји, на кој треба да се разгледува ситуацијата во Украина, како и „предизвиците за безбедноста во Европа“. Преглед на најважните прашања на самитот Топ тема е прашањето како Европа да реагира на драстичната промена на курсот во американската политика во однос на Украина. Новата политика на САД се ...

Пред еден месец, една пријателка ми го испрати линкот за напис во ФАЦ, со забелешка дека темата била мистериозна. Насловот и мене ми се стори конспиративен. Повеќе одговара за некој модерен трилер или за роман на Ден Браун. Најреален е како наслов на извештај за масовни гробници од последните балкански војни. Сепак, во насловот, „Масовното убиство во Скупи” (Der Massenmord von Scupi), ме зачуди името на римскиот град. Тоа минато навистина нема ...

Како ќе изгледа политиката на проширување на ЕУ во иднина во атмосфера на безбедносни и економски ризици со кои моментално се соочува Европа? Дали конечно ќе се постигне значителен напредок во мандатот на новата Комисија во однос на интеграцијата на балканските земји? Кои земји се најблиску до членство во Унијата? И како можат да придонесат за стабилизација на ЕУ? Ова беа дел од прашањата за кои се разговараше на панелот на кој присуствуваа ...

Кога двајца политичари се расправаат на телевизија, тоа во најдобар случај е дискусија. Кога се во прашање четворица политичари, па уште и сите кандидати за канцелар, често расправата е како пинг-понг. На двочасовната дебата на германската телевизија РЛ, актуелниот канцелар Олаф Шолц (66) од СПД, како и противкандидатите Фридрих Мерц (69) од демохристијанската Унија, Роберт Хабек (55) од Зелените и Алис Вајдел (46) од АфД, дискутираа и жестоко ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц остро ги критикуваше изјавите на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во корист на АфД и се изјасни против какво било мешање во германската изборна кампања. Политичарот на СПД на Конференцијата за безбедност во Минхен (МСЦ) рече дека националсоцијализмот и неговите монструозни злосторства биле банализирани од редовите на АфД. Произнесувањето против оживувањето на нацизмот од страна на Венс претходно за време на ...

Конференцијата и публикацијата се заклучок од проектот „Иницијативата на Аспен за Западен Балкан: посветеност на напредокот и стабилноста“, кој траеше од април 2023 до декември 2024 година. Проектот собра експерти од целиот регион, кои се обидоа да одговорат на прашањето како да се забрза и ревитализира процесот на помирување на Западен Балкан. „Целите на проектот се промовирање на дијалогот и соработката во регионот, изработување конкретни ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
52%
1028
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
3.13
67%
1027
weather icon

Загреб

19ᴼ / 15ᴼ
1.03
75%
1027
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
63%
1029
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.25
47%
1026
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.51
94%
1029
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
2.68
41%
1023
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
82%
1024
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.6
46%
1025
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.09
61%
1025
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
82%
1026
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
4.12
55%
1026
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941