Свети Константин и Елена црквата ги прогласила за светци и рамноапостолни. Константин е роден во Ниш на 27 февруари 274 година и е син на висок римски старешина. По смртта на татко му во 306 година станал цар. Мајка му Елена многу добра и побожна жена го советувала да не ги напаѓа христијаните туку да ги заштитува зошто тие се добри луѓе. За време на школувањето во царскиот двор Константин со болка во душата гледал како царските војници ги мачат ...

Ин Асоцијација – Скопје, Здружение за едукации и консултации, верифицирана институција за образование на возрасни, одржа свечено доделување на Сертификати на учесниците кои успешно ја завршија програмата „Развивање вештини за емоционална интелигенција“. Оваа обука е верифицирана од Центарот за образование на возрасни и нејзината важност е призната како на национално, така и на европско ниво. Образование отворено за сите – Програмата припаѓа на ...

Под влијание на топлата воздушна маса од југ, односно со потекло од Африка, до крајот на оваа недела во Македонија продолжува топлото време со вистински летни температури на воздухот. Tие на многу места ќе се искачат близу 30 степени, а на повеќе места и ќе надминат 30 степени, додека во Повардарието ќе се искачат до околу 36/37 степени, соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски. „Во Скопје температурата во следните неколку денови ќе се ...

Полицијата во текот на месец мај издала вкупно 21.178 платни налози. Како што информираат од МВР, заради непрописно паркирање биле изречени 5480 прекршоци, за движење со брзина поголема од пропишаната 5458, а пак за управување без возачка дозвола евидентирани биле 2114 прекршоци. Во текот на мај биле санкционирани 527 пешаци, шестмина возачи на електричен тротинет и седум возачи на велосипедисти. Исто така регистрирани биле и 775 прекршоци за ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,33 % во однос на одлуката од 26.05.2025 година. Од 3.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР ...

Општина Велес ги известува граѓаните дека поради подготовките и одржувањето на четвртото издание на Велешките спортски игри, Градскиот парк ќе биде затворен за сообраќај почнувајќи од денес, 2 јуни, од 12 часот, па сè до завршувањето на манифестацијата на 7 јуни. За време на оваа спортска недела, пристап со возила ќе биде дозволен единствено на дистрибутерите кои доставуваат до локалите во паркот, но само со претходно обезбедена пропусница од ...

Велешкиот афористичар Никола Бошков Коки за читателите на Дума.мк подготви седум нови афоризми, инспирирани од секојдневниот живот. Коки повторно потсетува дека вистината најлесно се кажува — низ шега. -Без жени нема живот, а со нив…уште помалку. -Ќе биде голем успех за нашата дипломатија, ако успее да ги увери граѓаните на новиот стратешки партнер, наместо чај, да започнат да пијат, наша домашна, стара, тиквешка…Ж’ТА! -Освен електро шоковите, ...

Двете девојчиња, на возраст од 13 и 14 години, во ист ден, вчера, излегле од дома и не се вратиле. Тринаесетгодишното девојче го нема од вчера, од 08:00 часот. Таткото, Р.Ј.(39) со привремен престој во село Стари Град, општина Чашка, пријавил во Сектор за внатрешни работи дека од домот се оддалечила неговата ќерка А.Ј.(13). Тој се сомнева дека е со лицето А.К. од село Гостиражни, општина Долнени. Исто така, попладнето, во 17:30 часот, пријава во ...

На иницијатива и со помош на Академик Горан Калоѓера, еминентен македонист од Хрватска и голем пријател на Македонија, автор на 25 македонистички книги, од кои две книги за Кочо Рацин, ќе биде издадено фототипно издание на култната книга во македонската литература „Бели мугри“ на Кочо Рацин. На барање на Академик Калоѓера, примероци од книгата ќе се делат бесплатно. Предност ќе имаат соработниците на Калоѓера и библиотеките, училиштата, ...

Територијата на Македонија во текот на оваа седмица ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса која е со потекло од Африка. Во ваква ситуација, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец, соопшти .метео прогнозерот Славчо Поповски. „Сепак повремено, во попладневните часови ќе има услови за изолиран развој на грмотевични конвективни облаци од кои очекувам појава на краткотрајни ...

Пред нас е период на значително потопло време со значителен пораст на температурите на воздухот. Македонија во следните денови ќе биде под влијание на топол воздушен бран со потекло од Африка. Сепак, екстремно високи температури на воздухот нема да има што значи дека се работи за умерен топол Африкански бран, информира метео прогнозерот Славчо Поповски. „Времето во следните денови ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со појава на мала до ...

Матурантите на велешката Гимназија од генерацијата 1964/65 година, претпладнево, во училишниот двор го започнаа одбележувањето на 60 години од матурирањето. Најголем број од нив живеат во родниот Велес но дел пристигнаа на средбата и од други градови во државата. По првичните срдечни и другарски поздравувања се фотографираа и планираа да влезат и во училишната зграда во која поминаа четири години од својот живот и секако младост. Не им се ...

Просечната каматна стапка на вкупните депозити во април 2025 година изнесува 2,20 проценти, што претставува годишен раст од 0,38 процентни поени, информира Народната банка. Истовремено, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,11 проценти, што е намалување од 0,40 процентни поени на годишно ниво и 0,04 процентни поени на месечно ниво. Според податоците на Народната банка, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во ...

Територијата на Македонија полека потпаѓа под влијание на најавениот прв топлотен Африкански бран за оваа сезона. Температурите на воздухот започнуваат постепено да растат од викендов. „Во периодот од 2 јуни,понеделник до 8 јуни, недела, ќе имаме многу топло време, а особено топло ќе биде од средината на следната седмица, кога температурите на повеќе места ќе надминуваат 30 степени, додека во Повардарието температурите ќе надминуваат над 35 ...

Педесет и пет годишниот Т.С. од село Виничани, општина Градско, вчера, во 14:00 часот пријави во Сектор за внатрешни работи Велес дека Љ.К. од истото село, со патничко возило „Пежо“ со велешки регистарски ознаки, влегол во неговиот двор и се обидел да ја прегази неговата сопруга Х.С. „ Потоа ги навредувал и им се заканувал него и на неговиот син М.С. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот, ...

Над 15 000 ученици во завршна година од средното образование утре ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од годинашната државна матура – мајчин јазик и литература, кој е задолжителен за сите матуранти. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), за државна матура годинава се пријавени 15 004 кандидати. Од нив, 8816 ученици се од средните стручни училишта, 5966 од гимназиите и 222 од училиштата за уметничко образование. За ...

Премиерата на драмската класика „Галеб“ од Антон Павлович Чехов во режија е на реномираниот македонски режисер Александар Ивановски. Претставата ќе биде изведена на големата сцена на велешкиот театар, а публиката ќе има можност да ужива во едно современо, сензитивно и длабоко психолошко читање на едно од најзначајните дела на светската драматургија. „Галеб“ е драма за уметноста, љубовта, амбицијата и трагичната потрага по смислата на животот. Во ...

Со свеченост што се одржа во фабриката во Велес, компанијата Маркард Македонија го одбележа својот јубилеј – 10 години од основањето. Во присуство на бројни гости, партнери, институции и вработени, беа презентирани најголемите достигнувања на компанијата која денес е еден од најважните индустриски капацитети во земјава, со повеќе од 700 вработени и постојан раст на извозот. Маркард се позиционираше како компанија на доверба, иновација и ...

Во срцето на Велес, четврта година по ред, од 3 до 7 јуни ќе се одржат „Спортските игри Велес“, настан кој прерасна во вистински спортски бренд на градот и пошироко. Градскиот парк и годинава ќе биде центар на спортски возбудувања, дружење и натпреварувачки дух, со учество на спортисти од земјава и од странство. Љубителите на спортот ќе имаат можност да следат натпревари во фудбал, кошарка, одбојка на песок, тенис и новиот адреналински спорт – ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за третиот мерен период за учебната 2024/2025 година. Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: -за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, -за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, -за третиот мерен ...

Ви ги пренесуваме петочните афоризми на велешкиот и македонски афористичар како и сатиричар Атанас Крлевски кои овојпат гласат: „Малку вреди, а многу нѐ чини!“ „Владеев со себе… додека власта не ми удри во главата.“ „Љубовта со Мира? Немирно море!“ „Магарето и со златен самар пак го товараат.“ „Внимавајте на тие кои во сѐ бараат заднина! Можеби го бараат вашиот грб?“ „Малолетноста кај едни е од годините, а кај други од умот.“ „Вистината, освен ...

За справување со пожарите во летниот период Владата со Оперативниот план за 2025 година предвидува вработување на 400 пожарникари. Со оваа мерка како Владата сака да постигне навремена и брза реакција на спречување на пожарите кои се најприсутни во летниот период,. „Пожарникарите даваат натчовечки напори за борба со огнената стихија, ризикувајќи ги сопствените животи за да спасат други човечки животи, животната средина и други материјални добра. ...

Територијата на Македонија во периодот од 2 јуни, понеделник, до 8 јуни, недела, ќе биде зафатена од првиот поголем топлотен бран од Африка за оваа сезона. Температурите на воздухот ќе бележат голем пораст, а времето ќе биде многу постабилно и релативно суво. Сепак, можни се сосема мали исклучоци, односно, услови за сосема мало и краткотрајно дестабилизирање на атмосферата, кое може да услови локална појава на сосема краткотраен дожд, соопшти ...

Четиристотини метри должински од улица во Долно Маало на село Мелница, денска, бетонирана е исто како и крак од улица „Кочо Рацин“во населба Чашка, долг 200 метри. Финансиските средства обезбедени се од Програмата за градежно уредување за 2025 година на Општина Чашка во која се предвидени 15 милиони денари. Градоначалникот Горан Стојановски најавува реконструкција со општински пари и на улици во други 10 населени места на територијата на ...

ООУ„Рајко Жинзифов“ за прв пат реализираше Еразмус+ проект. Проектот: Подобрување на глобалните перспективи, поттикнување на образовната извонредност и културна размена овозможи шест ученици, со менторките Александра Здравковска, наставничка по математика и Весна Јанковска, одделенска наставничка да претстојуваат седум денови во основното училиште „Платон“ во градот Катерини во Р. Грција заедно со уште осум наставници на велешкото училиште. ...

Во раните утрински часови, околу 01:10 часот по полноќ, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес го лишиле од слобода 45-годишниот Б.Ј. од Велес. Според информациите од Сектор за внатрешни работи Велес, тој бил затекнат во подрумска просторија од зграда на улицата „Благој Ѓорев“, каде со употреба на сила влегол во просторот и извршил оштетување на предмети. За случајот веднаш бил известен јавен обвинител, а по целосно ...

Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, рано утрово, во 01:10 часот, го лишиле од слобода Б.Ј.(45) од Велес. „Тој бил затекнат во подрумска просторија во зграда на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, каде влегол со употреба на сила и извршил оштетување на предмети. Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од СВР Велес. Убавка Јаневска Сподели: Поврзано: Тагови: ...

Започнаа геодетските мерења за трасирање на нов цевковод за наводнување, како дел од големиот проект за искористување на водите од Хидросистемот „Лисиче“. Со овој систем ќе се опфатат околу 3.500 хектари земјоделски површини во поширокиот регион на Велес. Цевководот, кој ќе започнува од селото Лисиче и ќе поминува низ Голозинци, Еловец, Чашка, Отиштино, Сливник, Клуковец, Горно Оризари, а ќе завршува во Раштани, ќе има и секундарни мрежи за ...

Во просториите на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес, во топла и инспиративна атмосфера, синоќа се одржа промоцијата на поетската збирка „Скршена тишина“ од македонската поетеса Елизабета Бандиловска. Ова е нејзино четврто поетско дело, со кое авторката уште еднаш ја потврди својата препознатлива позиција на македонската книжевна сцена. На промоцијата, стиховите од збирката беа интерпретирани и толкувани од промоторите д-р Мито Спасевски ...

Младите волонтери од Општинската организација на Црвен крст – Велес оваа година реализираа пет мали, но мошне значајни проекти во рамки на програмата „Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности“. Станува збор за група од 32 ученици на возраст од 14 до 17 години кои во јануари. годинава поминале низ циклус на три обуки, по што од февруари започнале со теренска работа и директна реализација на своите идеи. -Проектите ги опфаќаат ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
36%
1026
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.09
44%
1028
weather icon

Загреб

27ᴼ / 24ᴼ
0.51
49%
1028
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
41%
1028
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.43
28%
1026
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 23ᴼ
1.54
68%
1028
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
8.05
38%
1023
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
20%
1023
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
34%
1024
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
3.13
35%
1026
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
3.6
47%
1026
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
7.72
31%
1025
Currency

61.535

Currency

51.9943

Currency

70.894

Currency

34.5854

Currency

37.7485

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976